тајна средба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Jan 2023 11:59:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тајна средба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Директорот на ЦИА минатата седмица имал тајна средба со Зеленски https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-tsia-minatata-sedmitsa-imal-tajna-sredba-so-zelenski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-tsia-minatata-sedmitsa-imal-tajna-sredba-so-zelenski/#respond Fri, 20 Jan 2023 11:59:00 +0000 https://kurir.mk/?p=789708

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс тајно се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски на крајот од минатата недела во Киев за да разговара за тоа, според него, што планира Русија во наредните недели и месеци, јави Вашингтон пост. Според весникот, која се повикува на американски официјални претставници и други познати извори под услов да останат неименувани, Зеленски и високите украински разузнавачи изразиле загриженост за време на состанокот, особено за тоа колку долго Киев може да се потпира на помошта од Вашингтон и другите западни сили, посебно откако во САД Републиканците сега го контролираат Претставничкиот дом на Конгресот, а меѓу делови на американското општество поддршката за помош на Украина се намалува. Барнс ја нагласил „итноста на моментот на бојното поле“, но истакна дека „во одредена фаза ќе биде потешко да се добие помош“. Според изворите, Зеленски и неговите соработници се под впечаток дека поддршката на американската влада за Украина останува силна и дека итно финансирање од 45 милијарди долари за Украина одобрено од Конгресот во декември минатата година ќе продолжи најмалку до јули или август оваа година. Сепак, Киев не е толку сигурен во изгледите Конгресот да одобри нова помош од милијарди долари, велат изворите на кои се повикува весникот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-tsia-minatata-sedmitsa-imal-tajna-sredba-so-zelenski/feed/ 0
Јанушев: Дали Заев е на прав пат да направи бизнис по принципот на Глобал? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-dali-zaev-e-na-prav-pat-da-napravi-biznis-po-principot-na-global/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-dali-zaev-e-na-prav-pat-da-napravi-biznis-po-principot-na-global/#respond Sun, 02 Feb 2020 13:36:42 +0000 https://kurir.mk/?p=298219

Додека здравството тоне, а пациентите се незадоволни, Зоран Заев договара зделки со сомнителни бизнисмени за кои веќе постојат истраги во земјите од ЕУ, обвини денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на прес конференција поврзана со вчерашната објава на медиумите за наводна тајна средба на Заев со контраверзен магнат. Самиот факт што средбата била тајна, подвлекува Јанушев, говори дека требало да се договори нешто во интерес на Заев. – Така беше и за необјавената средба со Биг Мајк, по што следеше скандалозниот закон за опојни дроги, така е и со оваа средба со либискиот бизнисмен Али Гафур, а за да биде уште поскандалозно, зад ова стои и поранешниот премиер на Малта Јосеф Мускат кој замина од власт поради контраверзиите со убиството на новинарка на Малта, рече Јанушев. Тој истакна дека за бизнисменот Гафур во Малта се водени истраги за сомнителни инвестиции, по што праша, дали Заев на тајната средба во 2018 година договарал сличен аранжман на Гафур и во македонското здравство? Кој е уделот на Заев, поточно на фирмите на семејството Заеви во еден ваков вносен бизнис? Дали Зоран Заев бил на прав пат да направи бизнис по принципот на Глобал? Уште за колку сомнителни договори на Заев ќе дознава јавноста, праша Јанушев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-dali-zaev-e-na-prav-pat-da-napravi-biznis-po-principot-na-global/feed/ 0