тајна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Sep 2022 17:30:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тајна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Која е тајната на животот? Одговорот на Пауло Коелјо ќе ви биде лекција на сите! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koja-e-tajnata-na-zivotot-odgovorot-na-paulo-koeljo-kje-vi-bide-lekcija-na-site/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koja-e-tajnata-na-zivotot-odgovorot-na-paulo-koeljo-kje-vi-bide-lekcija-na-site/#respond Thu, 29 Sep 2022 17:30:40 +0000 https://kurir.mk/?p=739189

Светската слава Пауло Коелјо  ја достигна со книгата „Алхемичарот“, која неправедно е предмет на подбив, затоа што сите манекенки ја издвојуваат оваа книга како нивна омилена книга. Луѓето им робуваат на предрасудите, па со години се сметаше дека манекенките се глупави и дека она што го читаат сигурно исто така е глупаво. Ниту манекенките се глупави, ниту пак „Алхемичарот“ е книга за потценување. Во своите книги тој изнесува многу животни вистини и со своите зборови и реченици им помага на милиони луѓе ширум светот. Кога го запрашале за тоа која е тајната на животот, тој рекол: „Тајна на животот се состои во тоа седум пати да паднете, но осум пати да станете!“ И затоа, не е важно што ви носи животот, туку важно е подготвени да ги дочекате сите проблеми и тешки моменти!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koja-e-tajnata-na-zivotot-odgovorot-na-paulo-koeljo-kje-vi-bide-lekcija-na-site/feed/ 0
Тајната на долгите врски – Една работа ја игра главната улога: Марк Менсон открива за што станува збор! https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/tajnata-na-dolgite-vrski-edna-rabota-ja-igra-glavnata-uloga-mark-menson-otkriva-za-shto-stanuva-zbor/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/tajnata-na-dolgite-vrski-edna-rabota-ja-igra-glavnata-uloga-mark-menson-otkriva-za-shto-stanuva-zbor/#respond Wed, 03 Aug 2022 13:52:30 +0000 https://kurir.mk/?p=713527

Како што нема две исти личности, така и две љубовни врски не можат да бидат исти, сите се различни и посебни на свој начин. Сепак, постои едно нешто што е заедничко за паровите кои остануваат заедно подолго од другите. Марк Менсон, автор на книгата “The Subtle Art of Not Giving a F**k” тврди дека тајната за долга и среќна врска лежи во способноста на парот да се досадува заедно. – „Најискрено верувам дека на паровите треба да им биде што е можно подосадно. Можеби звучи навистина чудно, но ако ги погледнете среќните постари парови кои се заедно 60 години, тоа не е затоа што земале приватни авиони ил отишле на неверојатни патувања. Тоа е затоа што можеле и да се досадуваат заедно“ – вели Менсон. Ако таквите парови можеле да поминуваат години и години заедно, да седат дома, да разговараат за истите досадни работи, да гледаат телевизија – тогаш тоа е добро. – „Важно е луѓето да разберат што сакам да кажам, особено денес, бидејќи многу луѓе не сакаат да им биде досадно. Сите сакаме интересни животи. Но, во многу случаи ова не е добро за романтичната врска“ – тврди Менсон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/tajnata-na-dolgite-vrski-edna-rabota-ja-igra-glavnata-uloga-mark-menson-otkriva-za-shto-stanuva-zbor/feed/ 0
Откриена е големата тајна на Тома Здравковиќ и српската актерка: Со години се обидуваа да ја сокријат, но оваа е правата вистина https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkriena-e-golemata-tajna-na-toma-zdravkovikj-i-srpskata-akterka-so-godini-se-obiduvaa-da-ja-sokrijat-no-ovaa-e-pravata-vistina/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkriena-e-golemata-tajna-na-toma-zdravkovikj-i-srpskata-akterka-so-godini-se-obiduvaa-da-ja-sokrijat-no-ovaa-e-pravata-vistina/#respond Wed, 20 Oct 2021 09:14:46 +0000 https://kurir.mk/?p=582446

Лилјана Благојевиќ е позната актерка зад која стои долга, беспрекорна кариера полна со признанија и одлични улоги како во театарот така и во филмовите. Сепак, малкумина знаат дека Лилјана никогаш немала желба да биде актерка, туку дека тоа било чиста случајност и сплет на околности. Има многу интересни работи поврзани со неа, вклучително и една за Тома Здравковиќ поради што таа долго време се срамеше. Здравковиќ и ја посвети неговата најубава песна, а нивното запознавање е многу интересно. Во основно училиште, таа беше член на актерскиот тим, одеше на часови по глума со Бата Миладиновиќ, но никогаш не сакаше тоа да биде нејзиниот животен избор. Лилјана се за заљуби во хемија во основно училиште и одлучи тоа да биде нејзиниот избор. Се запишала на Технолошкиот факултет и сакала да се вработи во Галеника. Меѓутоа, кога првпат отишла на пракса во фабриката каде што сакала да работи, сфатила дека тоа не е она што го таа замислувала. Таа не можеше да се биде цел ден во чизми и заштитна облека, па набргу го напушти факултетот и се врати на својата прва љубов, односно глумата. Во третата година од студиите, ја доби својата прва улога во филмот Дали се сеќаваш на Доли Бел, а потоа и улогата во серијата Доктор од селото, каде го запозна славниот Тома Здравковиќ, кој ја напиша музиката за оваа серија. Лилјана веќе беше сериозна актерка, но шармантниот Тома не криеше дека таа му е симпатична. Иако никогаш немало љубовна врска меѓу нив двајца, тоа не го спречи Тома да и ја посвети песната-За Лилјана. Таа тогаш стана многу популарна, дури и ја запираа на улица за да ја прашаат за терапија бидејќи глумеше докторка во серијата. Лилјана Благојевиќ знаеше дека песната и е посветена неа, но молчеше за тоа со години. Неколку години подоцна, таа изјави дека не е среќна што Тома и ја посветил песната. Вистина е, стиховите од таа песна ми се посветени мене. Веројатно му бев драга и мила, па го инспирирав да ја напише-За Лилјана, срамежливо изјави актерката во една прилика. Лилјана го напушти Белград и сега живее на село, а еве како изгледа сега: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkriena-e-golemata-tajna-na-toma-zdravkovikj-i-srpskata-akterka-so-godini-se-obiduvaa-da-ja-sokrijat-no-ovaa-e-pravata-vistina/feed/ 0
„Откако се венчавме немаме секс. Тој има неверојатно оправдување, но еден ден сфатив сè“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/otkako-se-venchavme-nemame-seks-toj-ima-neverojatno-opravduvanje-no-eden-den-sfativ-se/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/otkako-se-venchavme-nemame-seks-toj-ima-neverojatno-opravduvanje-no-eden-den-sfativ-se/#respond Wed, 05 Aug 2020 15:36:14 +0000 https://kurir.mk/?p=386760

Жена (40) не може да поднесе дека сопругот ја избегнува за секс, а тоа почнало да се случува непосредно откако стапиле во брак. Во брак се веќе две години, а нејзиниот сопруг својата незаинтересираност за секс ја оправдува со богатите искуства во минатото, кои го ‘истрошиле’. „Нашиот сексуален живот беше одличен пред венчавката. Сега вели дека не може да се возбуди, но забележав дека понекогаш се буди со ерекција. Двајцата сме во 40-те години. Го сакам, но не ми се допаѓа што пие и пуши. Постојано гледа филмови за возрасни, а јас копнеам за секс. Иако носам предизвикувачка долна облека и правам сè што можам за да го возбудам, тој ми вели дека се ‘истрошил’ со 100-на девојки со кои бил претходно“, се пожалила жената, а психологот за неа имал совет. „Не наседнувај на тоа, бидејќи твојот сопруг само измислува оправдувања. Не се истрошил. Алкохолот и пушењето му пречат во неговите сексуални реакции и се закана за неговиот нагон. Губењето либидо многу веројатно е предупредување за потенцијално сериозен здравствен проблем. Исто така, филмовите за возрасни имаат негативно влијание на сексот во реалниот живот“, гласел одговорот од психологот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/otkako-se-venchavme-nemame-seks-toj-ima-neverojatno-opravduvanje-no-eden-den-sfativ-se/feed/ 0
Бред Пит ја откри тајната на Квентин Тарантино https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bred-pit-ja-otkri-tajnata-na-kventin-tarantino/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bred-pit-ja-otkri-tajnata-na-kventin-tarantino/#respond Mon, 20 Jan 2020 09:09:29 +0000 https://kurir.mk/?p=292121

На синоќешното доделување на наградите на американското Здружение на актери во Лос Анџелес, Бред Пит е прогласен за најдобар спореден глумец за улогата „Беше еднаш во Холивуд“. Во говорот, тој откри една тајна за режисерот на филмот – Квентин Тарантино, околу неговиот „фетиш“ да снима женски стапала… – Би сакал да им се заблагодарам на моите колеги: Лео (ди Каприо), Марго Роби, стапалата на Марго Роби, стапалата на Маргарет Квејли, стапалата на Дакота Фенинг… Сериозно, Квентин обожава да ги собува жените, рече Бред откако ја прими наградата. Наградата за главна машка улога ја доби Хоакин Феникс, кој истата му ја посвети на својот починат колега Хит Леџер. И двајцата се прославија со улогата на антагонистот „Џокер“. Наградите за женска главна и споредна улога, отидоа кај Рене Зелвегер за филмот „Џуди“ и Лора Дерн за „Брачна приказна“. Најдобрата актерска екипа, според американските глумци, ја има јужнокорејскатапродукција „Паразит“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bred-pit-ja-otkri-tajnata-na-kventin-tarantino/feed/ 0
Најголемите тајни на хороскопските знаци https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/najgolemite-tajni-na-horoskopskite-znaci/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/najgolemite-tajni-na-horoskopskite-znaci/#respond Sun, 25 Aug 2019 15:28:19 +0000 https://kurir.mk/?p=233143

Секој хороскопски знак има своја тајна која најверојатно не сака да ја сподели со другите. Сите хороскопски знаци си имаат свои доблести и маани, но и некои нагласени несигурности. Во продолжение прочитајте ги најголемите несигурности на секој хороскопски знак. Овен Делуваат самоуверено, но полни се со сомнежи и самите на себе си наметнуваат притисок дека мораат да бидат најдобри. Бик Се плашат од секоја промена во животот затоа што се плашат од непознатото и од сѐ она на кое не се навикнати. Близнаци Го кријат своето лошо расположение и тага затоа што сакаат да остават впечаток дека постојатно се среќни и задоволни. Рак Никогаш целосно не им верува на луѓето во својот живот. Лав Тие сакаат постојано да им бидат потребни на другите, затоа што така се чувствуваат посилно и подобро. Девица Сакаат сите постојано да им потврдуваат дека се добри во она што го работат. Вага Едноставно не знаат да им кажат „не“ на луѓето. Шкорпија Имаат огромен страв од неуспех. Стрелец Патат заради себичноста на другите луѓе, но се прават дека сѐ е во ред. Јарец Постојано ја преиспитуваат сопствената вредност и се прашуваат дали се доволно добри. Водолија Потајно се плашат дека луѓето всушност не ги прифаќаат такви какви што се. Риби Наместо да се соочат со проблемите или луѓето кои ги предизвикуваат истите, тие претпочитаат да бегаат од конфликтни ситуации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/najgolemite-tajni-na-horoskopskite-znaci/feed/ 0
Психолозите ја открија тајната: Прочитајте ги луѓето за само 7 секунди! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/psiholozite-ja-otkrija-tajnata-prochitajte-gi-lugjeto-za-samo-7-sekundi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/psiholozite-ja-otkrija-tajnata-prochitajte-gi-lugjeto-za-samo-7-sekundi/#respond Tue, 19 Mar 2019 17:14:40 +0000 https://kurir.mk/?p=176509

За да прочитате некој човек, потребни ви се само неколку секунди. Што може да заклучите по само седум секунди? Психолозите ви ги откриваат триковите со кои ќе можете да ги прочитате луѓето за кратко време. Книгите не треба да се судат според кориците, но науката покажала дека ние го правиме токму тоа. Луѓето се склони уште во првите седум секунди по запознавањето да создадат слика за личноста. И иако понекогаш таа слика е погрешна, ние сепак се држиме за неа прилично долг период. Какви заклучоци донесуваме за толку кратко време? Доверливост Потребна ни е само десетинка од секунда за да процениме дали можеме да веруваме некому. Истражувањето е спроведено помеѓу студенти: една група имала 100 милисекунди за да оцени привлечност, агресивност, симпатичност, доверливост и уште неколку карактеристики и се тоа од гледање на лицето на познати актери, додека пак другата група не била временски ограничена. Размислувајќи за карактеристиките, на некои им било потребно повеќе, а на некои помалку време, освен кога во прашање била доверливоста – и двете групи го процениле тоа во ист временски период. Финансиската состојба Вашата облека може да го открие вашиот статус. Истражувачите откриле дека луѓето кои носат брендирана облека се перцепирани како помоќни и побогати луѓе. Сексуална ориентација Дали сте знаеле дека е потребна само една секунда за да процениме каква е сексуалната ориентација на луѓето? Интелигенција Дали некој ќе ве доживее како интелигентна личност зависи и од вашиот начин на комуникација, односно одржувањето на контакт со очи за време на разговорот. Контактот со очи додека зборувате со некого е многу важен. Оддава впечаток на интелигентна личност, а најспособните меѓу нас знаат тоа да го искористат и да го претворат во предност. Склоност кон промискуитет Едно истражување покажало дека Британците поинаку ги доживуваат жените со тетоважи, односно ги сметаат за помалку привлечни и попромискуитетни од жените кои немаат тетоважи. Очигледно некои предрасуди никогаш не стареат. Доминантност Иако многу мажи очајуваат кога косата ќе почне да им опаѓа, истражувањето на Универзитетот во Пенсилванија покажало дека немаат причина за очајување, бидејќи мажите без коса се окарактеризирани како подоминантни од оние кои имаат коса. Авантуристички дух Изгледот не е единственото нешто коешто им го привлекува вниманието на луѓето, некои впечатоци се создаваат како резултат на начинот на кој се движите. Луѓето кои одат поопуштено ги доживуваме како луѓе кои сакаат авантури.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/psiholozite-ja-otkrija-tajnata-prochitajte-gi-lugjeto-za-samo-7-sekundi/feed/ 0
Откриени 5 тајни на жените кои никогаш не се дебелеат и живеат најдолго- погледнете кои се https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/otkrieni-5-tajni-na-zenite-koi-nikogash-ne-se-debeleat-i-ziveat-najdolgo-poglednete-koi-se/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/otkrieni-5-tajni-na-zenite-koi-nikogash-ne-se-debeleat-i-ziveat-najdolgo-poglednete-koi-se/#respond Wed, 26 Dec 2018 17:27:53 +0000 https://kurir.mk/?p=145434

Жителите на Јапонија во последните 25 години го држат светскиот рекорд како жени со најдолг животен век, а во просек живеат 84 и пол години. Освен тоа, речиси никогаш не се дебелеат. Во продолжение дознејте која е тајната на нивната долговечност и младоликост. Јапонската писателка Наоми Моријама е авторка на книгата ‘Japanese Women Don’t Get Old or Fat’ (Јапонките не стареат и не се дебелеат) во која се откриени тајните на долговечноста и вечната младоликост на „чудесните” Јапонки. Жените во Јапонија се хранат исклучително здраво, а јапонската култура налага сервирање на мали порции. Нивната исхрана претежно се состои од риба, алги, овошје, соја, ориз, зеленчук и зелен чај. Освен што е здрава, оваа храна има и анти-ејџ ефект поради кој Јапонките секогаш изгледаат младолико. Наоми Моријама во својата книга открива 5 тајни за фантастичниот изглед на Јапонките. 1.Жените во Јапонија речиси секогаш јадат оброци подготвени дома кои претежно се состојат од риба на скара, ориз, варен зеленчук, супа, зелен чај и овошје. Јапонките конзумираат дури 10% од вкупната конзумација на риба во светот, а ја сочинуваат само 2% од светската популација. 2.Храната се вари или се прави на скара, а наместо леб Јапонките јадат ориз. Вообичаениот јапонски појадок го сочинуваат парче риба, ориз, тофу, алги, супа, млад лук, омлет и зелен чај, се’ во мали порции. 3.Слатките десерти се реткост во јапонската кујна, а и кога се јадат секогаш се работи за мали количини. Не е дека Јапонките не сакаат чоколади и колачи – едноставно се свесни за последиците и штетните нуспојави на слаткото по здравјето. 4.Родителите ги учат своите деца да јадат бавно и да го ценат секој залак. Поради тоа Јапонците никогаш не ја полнат чинијата до врвот и не сервираат големи порции, а секој вид храна се послужува одвоено. 5.„Вежбањето е дел од секојдневната рутина во Јапонија, а за да го одржат здравиот начин на живот, Јапонците изградија цела култура на возење велосипеди, пешачење и трчање”, заклучува Наоми Моријама во својата книга.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/otkrieni-5-tajni-na-zenite-koi-nikogash-ne-se-debeleat-i-ziveat-najdolgo-poglednete-koi-se/feed/ 0
Која е тајната на луѓето кои изгледаат како никогаш да не се уморни? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koja-e-tajnata-na-lugjeto-koi-izgledaat-kako-nikogash-da-ne-se-umorni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koja-e-tajnata-na-lugjeto-koi-izgledaat-kako-nikogash-da-ne-se-umorni/#respond Sun, 25 Nov 2018 18:02:57 +0000 https://kurir.mk/?p=131763

Се чини дека некои од вашите колеги или пријатели стануваат многу рано наутро, а потоа имаат енергија и за работниот ден, а и за сите обврски потоа. А, вие изгледа како едвај да чекате да стигнете дома и да се препуштите на попладневната дремка. Што е различно? Која е тајната на овие луѓе кои изгледаат како никогаш да не се уморни? Тие вежбаат Вообичаено, голем дел од луѓето кога се уморни, го прескокнуваат тренингот и забораваат на физичката активност. Но, овие луѓе вежбаат. Често тие вежбаат наутро, кога всушност ги зголемуваат нивоата на енергија, а го намалуваат стресот. Гледаат смешни видеа Науката вели дека само едно триминутно смешно е доволно за да ја обнови вашата енергија и да ги зголеми нивоата на вашата продуктивност. Тие се фокусираат на нештата кои едвај чекаат да се случат Наместо да се нервираат што мораат целиот сончев ден да го поминат во канцеларија, тие размислуваат за нештата кои ги восхитуваат. Го планираат викендот или пак одморот. Поминуваат време во природа Иако станува збор само за прошетка до продавницата за да купат Кока Кола, овие луѓе поминуваат време надвор. Промената на околина им помага да ја победат својата напнатост и поспаност. Наоѓаат време за себе Тие одредуваат дел од денот кога ќе поминат време правејќи ја нивната омилена активност, без оглед на тоа дали станува збор за јадењето на нивниот омилен сладолед или пак читањето на нивната омилена книга. Остануваат хидрирани Тие пијат вода во текот на целиот ден. Се исклучуваат Земаат дел од денот кога целосно се исклучуваат од технологијата, од постојаниот звук на известувања на нивниот телефон или компјутер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koja-e-tajnata-na-lugjeto-koi-izgledaat-kako-nikogash-da-ne-se-umorni/feed/ 0
Прото-ренесансен сликар го скрил ѓаволот во фреска во базилика, и тоа седум века останало тајна https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/proto-renesansen-slikar-go-skril-gjavolot-vo-freska-vo-bazilika-i-toa-sedum-veka-ostanalo-tajna/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/proto-renesansen-slikar-go-skril-gjavolot-vo-freska-vo-bazilika-i-toa-sedum-veka-ostanalo-tajna/#respond Wed, 07 Nov 2018 07:42:35 +0000 https://kurir.mk/?p=124524

Кога ќе погледнете кон таванот на базиликата „Свети Франциско“ во гратчето Асизи во Италија, сигурно не очекувате да го видите лицето на ѓаволот. Сепак, во фреската на куполата на црквата токму ликот на Луцифер е скриен меѓу облаците. Ренесансните уметници имале чудна смисла за хумор. Микеланџело во Систинската капела скрил мноштво „тајни знаци за предноста на науката пред верата“, а Леонардо скрил – жена во „Тајната вечера”. Слично на тоа, и познатиот сликар Џиото во 13. век го сместил ѓаволот во сликата што ја опишува смртта на Свети Франциско од Асизи, но така што ако не се доближите до таванот, нема да го забележите. Стручните лица го откриле тоа дури кога базиликата е подложена на реставрација по силен земјотрес во 1997 година. Приближно 700 години „шегата“ на Џиото останала тајна. Со длабоки очи, остар нос, лукава насмевка и рогови, сатаната се појавува во фреската на која е прикажана смртта на Свети Франциско. Но, според стручните лица, ни Џиото не очекувал некој да го види тоа бргу по создавањето на сликата. Всушност, официјалната верзија на приказната е дека уметникот со ова сакал „да се пошегува“, но и да се одмазди. Ликот на „сатаната“ најверојатно припаѓа на човек, кого Џиото го познавал, но неговиот идентитет засега останува тајна. Мистериозната фреска е уникатна поради уште една причина. Таквата сликарска техника, според доскорешните научни сознанија, почнала да се користи околу 1460 година, речиси два века по смртта на Џиото. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/proto-renesansen-slikar-go-skril-gjavolot-vo-freska-vo-bazilika-i-toa-sedum-veka-ostanalo-tajna/feed/ 0