тајни агенти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Dec 2017 13:45:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тајни агенти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ова е најелитниот одред на израелските тајни агенти: Палестинците се плашат само кога ќе го слушнат нивното име… https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-e-najelitniot-odred-na-izraelskite-tajni-agenti-palestincite-se-plashat-samo-koga-kje-go-slushnat-nivnoto-ime/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-e-najelitniot-odred-na-izraelskite-tajni-agenti-palestincite-se-plashat-samo-koga-kje-go-slushnat-nivnoto-ime/#respond Mon, 25 Dec 2017 13:45:44 +0000 http://kurir.mk/?p=2141

„Мустарибен“ ги означува познатите израелски тајни агенти кои што се маскираат во Арапи и извршуваат мисии иако се опркужени со илјадници Палестинци. Облечени како арапски демонстранти, овие тајни агенти на Израел се толку професионални, што дури зборуваат со ист акцент во зависност од регионот и ги познаваат сите традиции на Палестинците. Кога се во акција, лицата ги прекриваат со марами, протестираат против израелската војска и дури фрлаат камења кон израелските војници. Сето тоа има една цел - да ги привлечат останатите демонстранти што е можно поблиску до редовите на израелската војска. Тогаш, тие со молскавична брзина, наеднаш започнуваат да пукаат во воздух или да ги апсат Палестинците. Го зграпчуваат првиот демонстрант што ќе се најде во нивна близина и го соборуваат на земја. Во тој момент реагира израелската војска и ги приведува уапсените Палестинци, додека останатите демонстранти бегаат и извикуваат „Мустарибен“. Овие специјални тајни агенти минуваат низ ригорозни обуки во кои што буквално ги учат да размислуваат како Палестинците. Нивната главна мисија, според зборовите на израелскиот безбедносен експерт Ентоан Шалат, вклучува собирање на информации, апсење на Палестинци и останати други анти-терористички операции. „Првата „Мустарибен“ единица е основана во 1942-ра година пред самото основање на Израел. Единицата била дел од елитната дивизија на Хаганах вооружените сили кои што подоцна станаа самото јадро на израелската армија“, раскажува Шалат и додава дека за овие агенти не се знае многу затоа што делуваат во апсолутно строга тајност. Доколку се разоткрие нивното делување, тогаш веднаш сите агенти се распуштаат и се формира нова единица. „Агентите мора да зборуваат Арапски како тоа да им е мајчин јазик. Мора да ги усовршуваат арапските дијалекти за да се прилагодат во средината во која што се испратени, без разлика дали тоа е Газа, Западниот брег, како и Јемен или Тунис“, раскажува Шалат. Обуката вклучува изучување на културолошките и верските обичаи и трае 15 месеци. Истата се состои од оперативна работа на терен, возење на возила, пукање со снајперска пушка, агентите учат како да се движат и однесуваат во палестинско опкружување, а секако интензивна е обуката на употреба на огнено и ладно оружје. Во последните две седмици, после одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел, ситуацијата ескалираше. Избија масовни демонстрации во Појасот Газа и на Западниот брег, демонстранти се судрија со израелската полиција, па тоа значеше дека е време за активација на тајните агенти. Група на „Мустарибен“ се уфрли меѓу демонстрантите и уапси тројца Палестинци, а тоа беше забележано и од камерите на новинарските екипи. Откако се дозна во јавноста за оваа тајна израелска единица, Палестинците станале многу повнимателни за време на демонстрациите и судирите со израелската армија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-e-najelitniot-odred-na-izraelskite-tajni-agenti-palestincite-se-plashat-samo-koga-kje-go-slushnat-nivnoto-ime/feed/ 0