тајност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Oct 2020 10:37:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тајност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трамп ја отстрани ознака за тајност од документите за Русија и имејл скандалот на Хилари Клинтон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-ja-otstrani-oznaka-za-tajnost-od-dokumentite-za-rusija-i-imejl-skandalot-na-hilari-klinton/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-ja-otstrani-oznaka-za-tajnost-od-dokumentite-za-rusija-i-imejl-skandalot-na-hilari-klinton/#respond Wed, 07 Oct 2020 10:37:22 +0000 https://kurir.mk/?p=413403

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека им дал овластување на институциите да ги декласифицираат документите поврзани со истрагата за Русија и скандалот со електронската пошта на Хилари Клинтон, негова противничка на претседателските избори во 2016 година. Откако американските медиуми објавија дека белешките на поранешниот директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Бренан, доставени до Конгресот од страна на Националната разузнавачка управа (ДНИ), наведуваат дека Хилари Клинтон го спомнала планот за доведување на Трамп во врска со Русија, сè со цел да се сврти вниманието од нејзиниот скандал со е-пошта, пристигна првата реакција на американскиот претседател. „Го одобрувам отстранувањето на ознаката за тајност од сите документи поврзани со руската игра (истрага), што е најголемото политичко злосторство во историјата на САД. Исто така, го давам истото овластување за скандалот со е-пошта за Хилари Клинтон. Документите нема да бидат уредени”, рече Трамп. . Американската телевизија Фокс Њуз, која дошла до белешките кои директорот на националната разузнавачка служба Џон Ретклиф ги презентирал на Конгресот, а кои сè уште не се споделени со јавноста, објавиу дека Бренан го информирал поранешниот претседател Барак Обама за планот на Клинтон да го поврзе Трамп со Русија. Во белешките се забележува дека Бренан напишал дека „еден од советниците за надворешна политика на Клинтон предложил производство на скандал насочен кон дискредитација на Трамп, во контекст на дејствување на руски безбедносни служби кои работат во корист на Трамп, а Клинтон го одобрила“. Во белешките на Бренан,исто така, се наведува дека на 28 јули 2016 година, Обама побарал од него да собере докази дека има каква било врска помеѓу кампањата на Трамп и Русија. Против Клинтон беше покрената истрага за користење на сопствена електронска адреса за дипломатски работи за време на нејзиниот мандат како шефица на Стејт департментот. Откако Трамп победи на изборите во ноември 2016 година, имаше тврдење дека Русија е вклучена во изборите во САД во корист на Трамп. Обвинувањата подоцна прераснаа во истрага, а пензионираниот генерал Мајкл Флин, советник за национална безбедност на Трамп, мораше да даде оставка поради обвинувањата дека имал врски со Русија. Истрагата, предводена од обвинителот Роберт Мулер, откри дека Русија се обидела да интервенира на изборите, но не беше утврдено дали Трамп имал корист од тоа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-ja-otstrani-oznaka-za-tajnost-od-dokumentite-za-rusija-i-imejl-skandalot-na-hilari-klinton/feed/ 0
Ако односот мора да биде тајност, тогаш таму не припаѓаш https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/ako-odnosot-mora-da-bide-tajnost-togash-tamu-ne-pripagjash/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/ako-odnosot-mora-da-bide-tajnost-togash-tamu-ne-pripagjash/#respond Thu, 30 Jul 2020 14:07:39 +0000 https://kurir.mk/?p=383858

Американката Regina Brett e писателка, добитничка на Пулцерова награда, позната по своите колумни во кои го преиспитува значењето и тајните на животот. И се чини дека таа жена знае што зборува, нуди добри темелни, информативни и прецизни ставови. Регина во својот живот поминала низ разни важни и тешки искуства: како самохрана мајка, растела дете 18 год, поминала рак на дојка на 41 год, но постигнала голем успех и импресивна кариера. Во 45 год, конечно ја пронашла вистинската љубов. Денес ви нудиме неколку нејзини совети и мисли. Можеби не се сите за вас, но прочитајте ги со отворен ум и помислете на момент за длабочината на нејзините размислувања. – Во моите дваесети и триесети, ги менував мажите како чорапи. А всушност секогаш излегував со еден те ист маж, кој има различни лица и имиња. Така не размислував се’ додека една врска не ме однесе на терапија. Млад, згоден дечко ми се удвараше на работа, воодушевен што може да биде со мене. Се вртеше околу мене три месеци. Токму кога бев подготвена да го пуштам во животот, ми рече дека тој викенд не може да биде со мене, бидејќи кај него доаѓа неговата вереница. Негова што? Приказна на мојот живот. Зошто таа приказна ми се повторува? Таа ноќ кога му реков да си оди, плачев и му се дерев на Свемирот: ‘Зошто ги привлекувам мажите кои се зафатени? Свемирот ми одговори: ‘Затоа што се плашиш од оние кои се слободни’. Советничката која ми ги излечи најтемните и најдлабоки рани, ми даде основни правила за односите со мажите. Лесно се паметат а основата им е сигурност. Ми посочи на 4 работи на кои морам да внимавам, а првата е најважна. Тајност. Дали односот може да има јавна осуда? Ако односот мора да биде тајност, таму не припаѓаш. Штетност. Ти прави штета или таа врска те деградира тебе или твоите деца на било кој начин? Чувства. Дали сте во тајна врска за да ги избегнете болните чувства? Го менува таа врска вашето расположение? Празнина. Недостасува ли посветеност и грижливост? Ова беше одлична почетна точка. Со време јас сама создадов свој сопствен попис за врска: – Тргајте се од мажи кои се недостапни- зафатени. Тоа ги вклучува и оние кои не ги привлекувате, свештеници, географски непосакувани мажи, женети, мажи кои се плашат на другите да им кажат дека се во врска со вас, бидејќи ќе ги избркаат потенцијални нови врски. -Нема тајни. Имам многу драга пријателка чии маж ја изневеруваше со години. Тоа не беше афера, туку стил на живот. Во меѓувреме, тие заедно одеа на терапија за да го спасат својот брак. Тој се преправаше дека учествува во тоа и никогаш не покажуваше причина за сомнеж дека постои друга жена, се додека тоа не излезе на виделина и бракот заврши. Уште една пријателка имаше тајна врска со оженет маж, чекаше со години тој да ја остави својата жена и да се ожени со неа. Јас постојано и’ зборував: ‘Ако се омажиш за маж кој ја изневерува својата жена, која е гаранцијата дека нема и тебе да те изневерува. Истото важи и за мажите. Не бидете нечии туѓ краткорочен наем. Сакате афера или врска? – Чувајте се од зависност. Ако некој е закачен за алкохолот, коцкањето, дрога, секс, работа и сл., таа личност не е достапна. Освестете ги своите внатрешни потреби, пронајдете ги и поправете ја својата скршена душа. Ако сакате некој кој треба да се смени или поправи, прашајте се, зошто треба тоа да го правите. Ако мислите дека можете да ја спасите неа или него, размислете повторно. – Биди своја. Биди ти 100%. Еден маж со кој бев во врска, ми рече дека сакал се’ кај мене, освен тоа што сум духовна. Постои нешто такво? Па, што очекуваше тој, да верувам повеќе во него отколку во своите уверувања? Она што јас го сметам за моја најдобра особина, тој не може да ја толерира. Не сакам некој кој ќе ме толерира. Сакам некој кој ќе ме слави. – Кажете му на светот што сакате. Но, прво кажете си себе си што сакате. Запишете го тоа. Почнете од некои физички особини: висина, тежина, потоа напишете она што вие го посакувате- се’ испуштете од себе. Нека желбите полетаат во свемирот. Потоа седнете во тишината на својата душа, продрете до сржта и прашајте: ‘Што јас навистина сакам?’ Потоа направете попис. На крајот на листот запишете: ова и нешто подобро. Потоа ставете го листот во кутијата и не обрнувајте внимание повеќе на него. – Игнорирајте ја надворешноста. Украсната хартија на подарокот обично не дава назнаки за тоа што е внатре. Понекогаш украсната хартија е подобра од подарокот. Некогаш пак, најдобрите подароци доаѓаат без украс. Не ги игнорирајте кратките ќелави дечки или буцмасти мечиња. Пред да ги отпишете, размислете што навистина сакате. Немојте да пропуштите нежен тип со меко срце само поради набилдан фраер полн со себе. Добро срце трае подолго од плочки на стомакот. Прашајте било која омажена жена над 40. -Создадете подобра себе. Живот, кој е толку добар, што не е важно дали ќе влезе некој во него. Прифатете секоја прилика за нови пријатели, запознајте нови луѓе, испробајте нови авантури. Живејте живот од своите сништа, наместо да трагате за мажи од соништата. Наместо тоа станете прво свој партнер. Бидете најдлабока, најдобра, најверна верзија своја. Станете си самите себе привлечни. Постои некој за секој. Ако се обидувате да станете некој друг, оној господин ‘вистински’ можеби нема да биде заинтересиран, бидејќи ја бара онаа личност која некогаш сте биле. извор: alternativainformacije]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/ako-odnosot-mora-da-bide-tajnost-togash-tamu-ne-pripagjash/feed/ 0