тајван – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 09:44:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тајван – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тензично на Тајван: 43 кинески воени авиони и седум бродови во близина на островот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tenzichno-na-tajvan-43-kineski-voeni-avioni-i-sedum-brodovi-vo-blizina-na-ostrovot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tenzichno-na-tajvan-43-kineski-voeni-avioni-i-sedum-brodovi-vo-blizina-na-ostrovot/#respond Wed, 01 Nov 2023 09:44:47 +0000 https://kurir.mk/?p=895266

Тајван денеска објави дека 43 кинески воени авиони биле забележани околу островот во последните 24 часа. Според соопштението на Министерството за одбрана, забележани се 43 кинески авиони и седум бродови. 37 авиони ја минале демаркационата линија, се додава во соопштението. Во текот на изминатата година, Пекинг ги засили воените активности околу Тајван, кој го смета за своја територија. Според локалните медиуми, бродови и авиони биле забележани помеѓу 06:00 часот во вторникот по локално време и 6:00 часот во среда. Меѓу откриените авиони се шест „Су-30“, 16 борбени авиони „Шенјанг Ј-16“ и четири „Ченгду Ј-10“, потоа четири бомбардери „Ксиан Х-6“, како и извидувачки авиони, авиони за досипување на гориво и беспилотни летала.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tenzichno-na-tajvan-43-kineski-voeni-avioni-i-sedum-brodovi-vo-blizina-na-ostrovot/feed/ 0
Тајван: Во близина на островот регистрирани се 43 кинески авиони и седум бродови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajvan-vo-blizina-na-ostrovot-registrirani-se-43-kineski-avioni-i-sedum-brodovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajvan-vo-blizina-na-ostrovot-registrirani-se-43-kineski-avioni-i-sedum-brodovi/#respond Wed, 01 Nov 2023 07:40:24 +0000 https://kurir.mk/?p=895172

Тајван соопшти дека во изминатите 24 часа регистрирани се 43 кинески воени авиони околу островот. Во соопштението на тајванското Министерство за одбрана се наведува дека 37 авиони ја преминале демаркационата линија. Исто така се посочува и дека во близина на Тајван се забележани и седум кинески бродови. Кина од минатата година ги интензивира воените активности околу Тајван, што ја смета за своја територија.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajvan-vo-blizina-na-ostrovot-registrirani-se-43-kineski-avioni-i-sedum-brodovi/feed/ 0
Тајфунот Коину предизвикува рекордни ветрови во Тајван https://arhiva.kurir.mk/makedonija/tajfunot-koinu-predizvikuva-rekordni-vetrovi-vo-tajvan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/tajfunot-koinu-predizvikuva-rekordni-vetrovi-vo-tajvan/#respond Thu, 05 Oct 2023 06:26:11 +0000 https://kurir.mk/?p=885350

Рекордни ветрови поради тајфунот Коину се регистрирани во Тајван, соопшти централната метеоролошка служба на островот. На островот Орхидеи, како што посочуваат, синоќа биле измерени ветерови до 95,2 метри во секунда, што е нов рекорд за Тајван. Ова е еквивалентно на ветрови од 342,72 километри на час. Тајванските власти вчера откажаа повеќе од 100 меѓународни и домашни летови и затворија училишта во делови од јужниот дел на островот пред очекуваното пристигнување на тајфунот Коину, вториот што ја погоди земјата за еден месец. Повеќе од 200 луѓе се евакуирани поради страв од лизгање на земјиштето на југот на островот, 190 луѓе се повредени, но нема загинати. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/tajfunot-koinu-predizvikuva-rekordni-vetrovi-vo-tajvan/feed/ 0
Најмалку пет жртви во експлозија во фабрика во Тајван https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-pet-zhrtvi-vo-eksplozija-vo-fabrika-vo-tajvan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-pet-zhrtvi-vo-eksplozija-vo-fabrika-vo-tajvan/#respond Sat, 23 Sep 2023 06:57:43 +0000 https://kurir.mk/?p=880904

Најмалку пет лица, вклучувајќи пожарникари и работници, загинаа, а повеќе од 100 луѓе се повредени во експлозија во фабрика во јужен Тајван, соопштија денеска локалните власти. Несреќата се случила доцна синоќа во фабриката на производителот на топчиња за голф, Launch Technologies Co, лоцирана во округот Пингтунг. Операциите за пребарување и спасување продолжија во текот на ноќта и до раните утрински часови денеска, пренесе ДПА повикувајќи се на државната Централна новинска агенција (CNA). Причината за пожарот и експлозијата сè уште е непозната и во тек е истрага, соопштија властите. Тајванскиот претседател Цаи Инг-вен и премиерот Чен Чиен-Џен изразија сочувство до семејствата на загинатите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-pet-zhrtvi-vo-eksplozija-vo-fabrika-vo-tajvan/feed/ 0
Тајван забележал 68 кинески воени авиони и 10 воени бродови во близина на островот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajvan-zabelezhal-68-kineski-voeni-avioni-i-10-voeni-brodovi-vo-blizina-na-ostrovot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajvan-zabelezhal-68-kineski-voeni-avioni-i-10-voeni-brodovi-vo-blizina-na-ostrovot/#respond Thu, 14 Sep 2023 07:14:54 +0000 https://kurir.mk/?p=877855

Тајван денеска соопшти дека Кина кренала 68 воени авиони и распоредила 10 воени бродови во близина на островот за неколку часа. -Шеесет и осум авиони на Ослободителната народна армија и 10 бродови на кинеската морнарица се забележани околу Тајван, се вели во соопштението на тајванското Министерство за одбрана. Тајпеј вчера соопшти дека за само неколку часа биле забележани 35 воени авиони, од кои некои се упатиле кон западниот Пацифик за да му се придружат на кинескиот носач на авиони Шандонг како дел од „заедничката поморска и воздушна вежба“. Во текот на викендот, американски и канадски воени бродови поминаа низ тајванскиот теснец. Претходно оваа недела, Кина испрати поморска формација предводена од носачот Шандонг на југоисточниот дел на Тајван. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajvan-zabelezhal-68-kineski-voeni-avioni-i-10-voeni-brodovi-vo-blizina-na-ostrovot/feed/ 0
Тајван: Обука на кинеска формација во Западниот Пацифик https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajvan-obuka-na-kineska-formatsija-vo-zapadniot-patsifik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajvan-obuka-na-kineska-formatsija-vo-zapadniot-patsifik/#respond Mon, 11 Sep 2023 07:08:53 +0000 https://kurir.mk/?p=876812

Кинеската поморска формација предводена од носачот на авиони „Шандонг“ денеска отплови 60 наутички милји према југоистокот на Тајван и влезе во западниот Пацифик заради обука, соопшти тајванското Министерство за одбрана. Министерството соопшти дека забележало и 11 кинески воени авиони, вклучително и ловци Ј-16, во зоната за идентификација на противвоздушната одбрана на Тајван до 5:40 часот по локално време и дека неговите сили обезбедиле „соодветен одговор“, пренесуваат хрватските медиуми. „Шандонг“ учествуваше на кинески воени вежби околу Тајван во април, кои оперираат во Западниот Пацифик. Тој во јуни пловел и низ тајванскиот теснец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajvan-obuka-na-kineska-formatsija-vo-zapadniot-patsifik/feed/ 0
Тајфунот Хаукуи го погоди Тајван https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajfunot-haukui-go-pogodi-tajvan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajfunot-haukui-go-pogodi-tajvan/#respond Mon, 04 Sep 2023 06:22:38 +0000 https://kurir.mk/?p=874219

Тајфунот Хаикуи го погоди Тајван со поројни дождови и силен ветер, оставајќи најмалку 226.000 домаќинства без електрична енергија и голем број повредени, соопштија денеска властите. Според тајванскиот Централен центар за итни операции (CEOC), Хаикуи го поминал јужниот дел на Тајван и влегол во Тајванскиот Теснец и денеска се движи кон јужните делови на Кина. Силниот ветер корнеше дрвја во источниот и јужниот дел на Тајван и го прекина снабдувањето со електрична енергија. Ветерот достигна брзина од 150 до 190 километри на час. Невремето предизвика и лизгање на земјиште и поплави. Тајванскиот министер за внатрешни работи Лин Ју-Чанг, кој го предводи ЦЕОК, денеска ги повика жителите да останат на готовност за можни катастрофални поплави во некои планински области поради поројниот дожд во изминатите четири дена. Според ЦЕОК, најмалку 78 лица се повредени во сообраќајни несреќи, меѓу кои и возачи на скутери и возачи на автомобили кои биле погодени од паднати дрвја. Најмалку 226.000 домаќинства на островот останаа без струја. Околу 8.000 жители беа евакуирани, а 1.916 луѓе беа сместени во јавни засолништа за време на тајфунот Хаикуи. Се очекува невремето да трае до утре.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajfunot-haukui-go-pogodi-tajvan/feed/ 0
Евакуирани 3 илјади луѓе во Тајван поради закана од тајфунот Хаикуи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuirani-3-iljadi-luge-vo-tajvan-poradi-zakana-od-tajfunot-haikui/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuirani-3-iljadi-luge-vo-tajvan-poradi-zakana-od-tajfunot-haikui/#respond Sun, 03 Sep 2023 07:25:15 +0000 https://kurir.mk/?p=873944

Речиси три илјади луѓе се евакуирани, а сите домашни летови се откажани додека Тајван денеска се подготвува за пристигнувањето на тајфунот Хаикуи, кој ќе донесе обилни дождови и силен ветер во јужните и источните делови на островот. Се прогнозира дека Хаикуи ќе стигне до планинскиот и ретко населен југоисточен Тајван денеска доцна попладне. Во сите градови на споменатиот дел од островот, наставата е откажана, а работниците добија слободен ден. На граѓаните им се препорачува да избегнуваат излегувања, особено патувања на планина или на брегот, стои во соопштението од Кабинетот на тајванскиот претседател. Тајван ќе биде погоден од тајфун од категорија 1 или 2, што е послаб од тајфунот Саола што вчера ги погоди Хонг Конг и јужната кинеска провинција Гуангдонг. Тајванската Влада соопшти дека досега се евакуирани 2.868 жители, главно во јужниот и источниот дел на земјата. Двете водечки домашни авиокомпании, UNI Air и Mandarin Airlines, ги откажаа сите летови за денеска, а откажани се и фериботите до околните острови. Армијата мобилизираше војници и опрема за да помогнат во евакуацијата на населението, а потоа и во санирањето на последиците од невремето. Откако ќе го помине јужниот дел на Тајван, тајфунот Хаикуи ќе се упати кон Кина.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuirani-3-iljadi-luge-vo-tajvan-poradi-zakana-od-tajfunot-haikui/feed/ 0
Кинез пливал 10 часа за да избега на Тајван https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kinez-plival-10-chasa-za-da-izbega-na-tajvan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kinez-plival-10-chasa-za-da-izbega-na-tajvan/#respond Tue, 01 Aug 2023 08:49:20 +0000 https://kurir.mk/?p=862267

Кинез пливал речиси 10 часа од кинеската провинција Фуџијан до тајванските острови Мацу во обид „да избега кон слободата“. Тој притоа побарал помош од туристи на островот Бејган, вториот по големина од островите, откако го каснала пчела. Туристите ги известиле тамошните власти кои пристигнале на местото на настанот и потврдиле дека се работи за нелегален кинески имигрант, пишува „Индипендент“. Растојанието меѓу полуостровот Хуангки во Фуџијан и островот Бејган е околу 12 километри. Надлежните потврдија дека кинескиот државјанин бил пренесен в болница на островот, и оти неговите повреди не се сериозни. Бегалецот со себе носел храна, облека, лекови и пари. Тој им кажал на надлежните дека, во потрага „по слобода“, тргнал на патешествието од полуостровот до архипелагот Мацу. Тајван има самопрогласена самоуправа откако се отцепи од Кина во 1949 година, по граѓанска војна. Кина, инаку, ги засили своите воени активности околу Тајван последниве години, тврдејќи дека Тајван е обврзан да се обедини со Пекинг, доколку е потребно и со сила, и дека нема право самостојно да одржува надворешни односи. Инаку, ова не е прв ваков случај. Пред три години, 45-годишен кинески државјанин бил фатен откако пливал седум часа за да стигне до островот Кинмен во Тајван поради „политичкото опкружување“ во Кина. И тој бил уапсен поради нелегален влез во Тајван.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kinez-plival-10-chasa-za-da-izbega-na-tajvan/feed/ 0
Кина е категорично против продажбата на американско оружје за Тајван https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-e-kategorichno-protiv-prodazhbata-na-amerikansko-oruzhje-za-tajvan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-e-kategorichno-protiv-prodazhbata-na-amerikansko-oruzhje-za-tajvan/#respond Wed, 05 Jul 2023 05:46:35 +0000 https://kurir.mk/?p=852769

Кина категорично се спротивставува на продажба на оружје од САД за Тајван и упати остри предупредувања на кон Вашингтон, соопшти кинеското Министерство за одбрана, пренесуваат британските медиуми. -САД ги игнорираат главните стравувања на Кина, со сила се мешаат во внатрешните работи на Кина и намерно ги зголемуваат тензиите во Тајванскиот теснец, изјави портпаролот на војската на Пекинг. Американскиот Стејт департмент ја одобри потенцијалната продажба на муниција и логистичка поддршка за две одделни зделки, вредни 440 милиони долари, а минатата недела соопшти Пентагон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-e-kategorichno-protiv-prodazhbata-na-amerikansko-oruzhje-za-tajvan/feed/ 0