Таки Фити – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 23 Jan 2021 11:10:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Таки Фити – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пукна брука: Ги плаќаат за да ги бранат после ги шират преку соопштенија, Таки Фити и Беџети се шират од МОН кога ја фалат Мила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pukna-bruka-gi-plakjaat-za-da-gi-branat-posle-gi-shirat-preku-soopshtenija-taki-fiti-i-bedzeti-se-shirat-od-mon-koga-ja-falat-mila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pukna-bruka-gi-plakjaat-za-da-gi-branat-posle-gi-shirat-preku-soopshtenija-taki-fiti-i-bedzeti-se-shirat-od-mon-koga-ja-falat-mila/#respond Sat, 23 Jan 2021 10:55:31 +0000 https://kurir.mk/?p=458810

Денеска се одржа дебата на членовите за општетсвени науки на МАНУ и на Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ со претставници на МОН, Бирото за развој на образованието и на работната група што ја изготви концепцијата за основно образование. Очигледно дека министерката за образование и наука Мила Царовска е исплашена дали ќе биде прифатен образовниот концепт па затоа таа реши преку ресорното минисрство да праќа соопштенија каде јасно се гледа дека се во нејзина одбрана. Едни од тие кои беа на страната на Царовска се Таки Фити и Абдулменаф Беџети, па затоа МОН испрати соопштенија по медиумите каде јасно се гледа дека само тие двајца го бранат и поддржуват нејзниот концепт. „Не можеме да ги отфрлиме фактите. Учениците мора да знаат факти, бидејќи науката се гради со факти, но тоа не е куп на факти, туку факти коишто се меѓу себе поврзани, причинско-последичните врски, критичко размислување во логична и конзистентна целина. Без тоа не можеме. Поврзување на работите, односно имплементирање на она што во тие национални стандарди, како што ги вика стратегијата, е означено како претприемништво.“, рече академик Фити. Наспроти него пак Беџети го изјави следново: Ми останува да повикам на поддршка на оваа иницијатива, бидејќи знаеме колку е комплексно, колку е тешко да се влезе во ваков комплексен зафат. За поздравување е тоа што првпат, дури и при расправа за еден реформски зафат во основно образование, се повикуваат дури и институции од највисоки образовни и научни области како што се претставниците на МАНУ. Но за да биде одбраната уште поголема МИА (Македонска информативна агенција) ги превзема тие соопштенија кои се во одбрана на Царовска. МИА тоа го прави затоа што нејзиниот директор Драган Антоновски важи за симпатизер на владејачката парија. Имено како што беше пренесено по порталите неодамна Антоновски беше виден како присуствува на партиска трибина на СДСМ. Директорот на Медиумската Информативна Агенција, Драган Антоновски учествувал на програмската трибина „Агенда 20 – 24 – Отворена Власт”, организирана од партијата што го номинира за директор на МИА која треба да биде непартиска и непристрасна агенција. За настапот на Антоновски информација беше објавена и на партискиот сајт на СДСМ. Имено МИА која треба да служи како информативна агенција за сите граѓани, со ова покажува дека е партиски послушник на СДСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pukna-bruka-gi-plakjaat-za-da-gi-branat-posle-gi-shirat-preku-soopshtenija-taki-fiti-i-bedzeti-se-shirat-od-mon-koga-ja-falat-mila/feed/ 0
МАНУ: Регулаторните тела не се ефикасни, служат за вработување партиски кадри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manu-regulatornite-tela-ne-se-efikasni-sluzat-za-vrabotuvanje-partiski-kadri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manu-regulatornite-tela-ne-se-efikasni-sluzat-za-vrabotuvanje-partiski-kadri/#respond Wed, 12 Feb 2020 13:02:23 +0000 https://kurir.mk/?p=302949

Регулаторните институции во земјава не се ефикасни, ниту доволно транспарентни, најчесто служат за политички раскусурувања и згрижување партиски кадри, а не ретко „меко преговараат“ и со бизнисите поради што носат решенија штетни за општеството. Потрошувачите, во меѓувреме, се тотално немоќни, без скоро никаква поддршка, зашто во оваа сфера се уште не постои издржан закон. Како што беше речено на денешната дебата во МАНУ, поради неефикасноста на пазарната регулација загубите на македонската економија надминуваат 20 отсто од БДП. -Владите досега не обрнуваа доволно внимание на регулаторните тела. Ги третираа како институции од втор или трет ред, ги користеа за партиски раскусурувања и вдомување свои функционери. Сериозни се проблемите во оваа сфера и затоа е неопходна трансформација, истакна академик Таки Фити. Според него, голема е дискрапанцата меѓу она што го планираат и реализираат регулаторните тела, а огромно е и незадоволството од нивната работа и кај граѓаните и кај стопанството. -Регулаторните тела од аспект на ефикасноста се на ниво „треба да биде“. Сакаат со 20 отсто активност да имаат 80 проценти резултати, наместо обратно, како во развиените земји. Анализите покажуваат дека не се независни, дека не се доволно транспарентни и отворени, а преку половина од граѓаните и фирмите не се задоволни од нивната работа. Истовремено, не ја извршуваат и дејноста за која се формирани. Имаат големи проблеми со системското менаџирање, планирањето, финансирањето, управувањето и контролата. Покажуваат огромни разлики во планираните и остварените капитални инвестиции или интелектуални услуги, но со платите тоа не е случај. Тука се остварува се како што е планирано, потенцира професорот Изет Зекири, дописен член на МАНУ. Како пример ја посочи Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) која според фактурираните плати има 128 – 130 вработени за кои дава 2,156 милиони евра бруто плата. АЕК секоја година планира милионски суми капитални инвестиции, а реализира минимум. На пример, во 2018-та планирала четири милиони евра инвестиции, а реализирала само 550.000 евра. -Од 2009 – 2018 година АЕК постојано остварува вишок средства или во овој период реализирала вкупно 35,4 милиони евра. Од ова се гледа дека е профитна, а не непрофтина институција како што пишува во Законот. Ако се анализира годишниот надоместок, тој е најмногу 0,30 отсто од вкупниот годишен приход на операторите. Зошто Агенцијата да креира таков профит кога може овој процент да се намали и за крајните потрошувачи да се намали цената на импулсите?, напомена Зекири. И професорката Даниела Мамучевска од Економскиот факултет во Скопје оцени дека клучен извор за неефикасноста на пазарната регулација во земјава е независноста на регулаторните институции. Далеку сме, рече Мамутчевска, од оптимумот според кој доброто функционирање на регулаторните тела ќе бидат основа за развој на здрава економија. Владата и политичките партии ги гледаат како места за згрижување партиски кадри, додека моќните бизниси често ги користат за преговарање. Според Мамучевска, и судската власт е голем виновник што испорачуваме слаби резултати во пазарната регулација. -Се носат закони со кои директно се нарушува независноста на регулаторните тела, а Владата и политичките партии ги гледаат како места за згрижување партиски кадри. Регулаторните институции немаат и соодветен кадровски капацитет, а тоа го подрива нивниот кредибилитет, подвлече професорката. Претставникот од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) укажа на потребата од прилагодување на регулаторите кон бизнисите и нивно редуцирање. Не акција – реакција, туку интеракција, треба да биде односот меѓу деловната заедница и регулаторните тела, сметаат од АЕК. Комисијата за заштита на конкуренција, пак, тврди дека е независно тело и дека вработените се стручни, а контролата врз извршувањето на дејноста го спроведуваат европски комисии. Денешната дебата во МАНУ, како што најави академик Фити, е прва од циклусот планирани во наредниот период. Изнесеното во текот на дискусиите ќе се сумира и ќе се преточи во конкретни решенија со цел воспоставување ефикасен и праведен систем за регулација. Сите решенија, според Фити, ќе бидат вградени во посебен зборник кој ќе биде доставен и до креаторите на политиките. Според претседателот на МАНУ, едно е извесно – дека мала економија како нашата мора да биде многу внимателна при одлучувањето за бројот на регулаторните институции, а ако е потребно, добро е некои да се укинат, а други да се спојат. Во земјава засега има десет регулаторни тела со вкупно 368 вработени. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manu-regulatornite-tela-ne-se-efikasni-sluzat-za-vrabotuvanje-partiski-kadri/feed/ 0
Таки Фити: 2019-та нема да биде година за економија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taki-fiti-2019-ta-nema-da-bide-godina-za-ekonomija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taki-fiti-2019-ta-nema-da-bide-godina-za-ekonomija/#respond Sat, 31 Aug 2019 13:30:01 +0000 https://kurir.mk/?p=235454

Тешко дека 2019-та ќе биде година на економијата, иако Владата тоа помпезно го најавуваше, вели за Алсат  универзитетскиот професор и претседател на МАНУ, Таки Фити. Според него, во услови на политичка нестабилност, корупциски афери, како што е случајот „Рекет“, бизнисмените тешко се одлучуваат да инвестираат, а економијата бележи ниски, па дури и  негативни стапки на раст. Дополнително на тоа влијае и неизвесност околу добивањето на датум за преговори со ЕУ. -Како приоритет Владата ја прогласи економијата, но тешко одат работите бидејќи кога постои ваква неизвесност и самите инвеститори и претпријатијата очекуваат што ќе се случи. Несигурност, разочарување, тогаш приватните претпријатија се воздржуваат од инвестирање. Државата се обидува да инвестира што е можно повеќе во делот на капиталните инвестиции. Но и тие гледате дека не одат добро, не се реализираат со задоволителен степен. И тука има сериозни проблеми, рече Таки Фити-универзитетски професор. Со ваквите оценки се согласуваат и други експерти од економската сфера. -Точно е дека вакви политички турбуленции секогаш влијаат малку обесхрабрувачки во однос на инвестициите во приватниот сектор. Но, тоа исто така зависи колкав е временскиот хоризонт до разрешување на вакви ситуации. Колку подолго тоа трае, толку и неизвесноста е поголема и тоа е понегативно, рече  Владимир Филиповски, универзитетски професор. Претседателот на МАНУ, Таки Фити, додава дека ваквата ситуацијата барем на среден рок ги ограничува можностите за побрз економски раст и развој, а според него, на Македонија ù се потребни стапки на раст помеѓу 4 и 5% и тоа во континитет од неколку години. Овие ставови беа изнесени во Охрид на промоцијата на книгата на професорот Фити за улогата на фискалната и монетарната политика во стабилизацијата на економиите. ИЗВОР: АЛСАТ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taki-fiti-2019-ta-nema-da-bide-godina-za-ekonomija/feed/ 0
Костовски: Заев и Фити мора да одговорат дали испраќањето на Нина фити е цената за позитивниот став на академикот Фити кон капитулантскиот договор со Грција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-zaev-i-fiti-mora-da-odgovorat-dali-isprakjanjeto-na-nina-fiti-e-cenata-za-pozitivniot-stav-na-akademikot-fiti-kon-kapitulantskiot-dogovor-so-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-zaev-i-fiti-mora-da-odgovorat-dali-isprakjanjeto-na-nina-fiti-e-cenata-za-pozitivniot-stav-na-akademikot-fiti-kon-kapitulantskiot-dogovor-so-grcija/#respond Fri, 05 Oct 2018 13:05:33 +0000 https://kurir.mk/?p=111221

Ќерката на Таки Фити, Нина Фити од страна на владата е испратена да работи во Светска банка во Вашингтон како претставник на Република Македонија. Ова се информациите кои ги добивме, но засега владата не одлучи да и соопшти на јавноста кој е новиот претставник на земјата во Светска банка, ова денеска го потенцираше на пресконференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ. -Вработувањето на Нина Фити коинцидира со менувањето на  ставот на Таки Фити во однос на промената на името на Република Македонија. Академикот Фити кој беше изразито против промена на името на државата и промената на Уставот го нарекуваше обезличување  на македонците, наеднаш го промени својот став и промената на Уставот за него стана разбирлива и прифатлива работа. Ерга омнес, односно име за севкупна употреба, никако не смее да се прифати, бидејќи тоа значи менување на Уставот. Тоа носи обезличување на Македонците. Иредентизмот не може да биде оправдување за менување на Уставот. Нашата влада ќе мора да се избори за решението да не биде за севкупна употреба, ако сака тоа да биде достоинствено решение. Менување на Уставот и име за севкупна употреба ќе биде опасна ситуација, кажа Фити на 12 јуни оваа  година. Потребни беа само 3 месеци, Академикот Фити дијаметрално да го промени својот став, па на 11 септември оваа година во однос на промената  на името истиот кажа: - Постигнато е она што беше релевантно за МАНУ – тоа се идентитетските прашања, јазикот, нацијата, културата и тоа се економските придобивките кои Република Македонија ќе ги има од склучувањето на договорот, рече Костовкси. Тој додава дека Владата е должна да одговори дали Нина Фити е вработена како претставник на Македонија во Светска банка? -Дали вработувањето испраќањето на ќерката на Фити од страна на владата како нејзин претставник во Светската банка во Вашингтон е главаната причина на дијаметрално спротивниот став на академикот? Заев и Фити мора да одговорат дали испраќањето на Нина фити е цената за позитивниот став на академикот Фити кон капитулантскиот договор, за кој и самиот го кажуваше дека ќе доведе до обезличување на македонците? Власта потроши големи пари и ресурси за промоција на капитулантскиот договор со Грција, кој доби црвен картон од граѓаните. 1 милион и 200 илјади граѓани кажаа не и кажаа не генерално  за штетните политики на СДСМ. Граѓаните без оглед на притисоците, заканите, обидите за поткуп и полнењето на кутии кажаа НЕ за промена на името. Граѓаните кажаа дека не се согласуваат со договорот на Заев. Договорот од Преспа е правно и политички мртов и Заев треба да се откаже од негово насилно туркање. Време е Заев и последните транзициони политичари во Македонија да заминат во трајна  политичка пензија. Македонија секако заслужува подобро, истакна Костовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-zaev-i-fiti-mora-da-odgovorat-dali-isprakjanjeto-na-nina-fiti-e-cenata-za-pozitivniot-stav-na-akademikot-fiti-kon-kapitulantskiot-dogovor-so-grcija/feed/ 0
Таки Фити говореше дека Уставот не смее да се менува, сега вели дека мора да проголтаме едно горчливо апче и да прифатиме промена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taki-fiti-govoreshe-deka-ustavot-ne-smee-da-se-menuva-sega-veli-deka-mora-da-progoltame-edno-gorchlivo-apche-i-da-prifatime-promena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taki-fiti-govoreshe-deka-ustavot-ne-smee-da-se-menuva-sega-veli-deka-mora-da-progoltame-edno-gorchlivo-apche-i-da-prifatime-promena/#respond Thu, 21 Jun 2018 12:24:22 +0000 https://kurir.mk/?p=68158

Договорот за промена на името за севкупна постигнат меѓу премиерите на Република Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, а потпишан од министрите за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, предизвика бура реакции во јавноста, во најголем дел од нив негативни. Ставот на голем број граѓани за договорот кој вчера без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ беше ратификуван во Собранието, е дека овој договор е капитулантски, дека Македонија се откажува од многу работи кои и припаѓаат. Истиот став како и голем број граѓани на државата го делеше и претседателот на МАНУ, Академик Таки Фити. -Ерга омнес, односно име за севкупна употреба никако не смее да се прифати, бидејќи тоа значи менување на Уставот. Тоа носи обезличување на Македонците. Иредентизмот не може да биде оправдување за менување на Уставот. Нашата влада ќе мора да се избори за решението да не биде за севкупна употреба, ако сака тоа да биде достоинствено решение. Менувањето на Уставот и име за севкупна употреба ќе биде опасна ситуација, кажа неодамна на едно медиумско гостување на 6-ти мај претседателот на МАНУ, Таки Фити. Тој притоа додаде дека доколку се прифати име за севкупна употреба, тогаш МАНУ нема да се вика Македонска академија на науките и уметностите, туку ќе треба да се прекрсти како и други национални институции, како Народната банка на Република Македонија, АРМ, Друштвото на писателите на Македонија, Фудбалската федерација на Македонија... Тоа, според него тогаш беше апсурдно. Но, откако беше потпишан договорот, ставовите на Фити драстично се променија, тој сега од цврстиот став дека ерга омнес решение не смее да се прифати целосно го омекна својот став. Според него постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција е компромисно решение, со отстапки на кои морале да се согласат и двете страна, но дека Македонија нема друга развојна перспектива надвор од Европската унија и НАТО. -Ова е компромисно решение што наметнува отстапки и како такво предизвикува незадоволство и кај двете страни. За МАНУ и за сите граѓани на Македонија особено значајно беше да се зачуваат идентитетските прашања. Македонскиот јазик, националноста, нашата култура и традиции и фактот што Грците ја признаваат нашата посебност, посебноста на македонскиот јазик како дел од групата јужнословенски јазици, сметам дека е добро, изјави Фити. Од ставот дека никако не смее да се прифати ерга омнес решение, претседателот на МАНУ сега вели дека мораме да проголтаме едно горчливо апче, бидејќи не е лесно да се промени името на државата. И покрај тоа што тој драстично го смени својот став, коментирајќи го договорот потпишан во Псаредес, потсети дека МАНУ во однос на прашањето за името имала јасни ставови кои ги има на нејзината интернет страна, како и оти Академијата учествувала во подготвувањето на аргументацијата околу преговорите на двете страни, особено по оние прашања што се третираа како црвени линии од страна на Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taki-fiti-govoreshe-deka-ustavot-ne-smee-da-se-menuva-sega-veli-deka-mora-da-progoltame-edno-gorchlivo-apche-i-da-prifatime-promena/feed/ 0
Таки Фити: Име за севкупна употреба значи менување на Уставот и обезличување на Македонците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taki-fiti-ime-za-sevkupna-upotreba-znachi-menuvanje-na-ustavot-i-obezlichuvanje-na-makedoncite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taki-fiti-ime-za-sevkupna-upotreba-znachi-menuvanje-na-ustavot-i-obezlichuvanje-na-makedoncite/#respond Tue, 12 Jun 2018 07:48:27 +0000 https://kurir.mk/?p=64795

Неодамна, претседателот на МАНУ, Таки Фити јасно го изрази ставот на академијата да не се прифаќа во преговорите да се отвора прашањето за идентитетот, како ниту име за севкупна употреба, што според грчката страна сега значи дека евентуалното ново договорено име треба да биде и за внатрешна употреба. – Ерга омнес, односно име за севкупна употреба, никако не смее да се прифати, бидејќи тоа значи менување на Уставот. Тоа носи обезличување на Македонците. Иредентизмот не може да биде оправдување за менување на Уставот. Нашата влада ќе мора да се избори решението да не биде за севкупна употреба, ако сака тоа да биде достоинствено решение. Менување на Уставот и име за севкупна употреба ќе биде опасна ситуација – кажа претседателот на МАНУ, Таки Фити на едно медиумско гостување. Притоа додаде дека доколку се прифати име за севкупна употреба тогаш ниту МАНУ нема да се вика Македонска академија на науките и уметностите, туку ќе треба да се прекрсти во „Академија на науките и уметностите на Република Горна Македонија“, на пример. Од тоа произлегува дека освен МАНУ, ќе треба да бидат преименувани и други национални институции, како Народната банка на Република Македонија, АРМ, Друштвото на писатели на Македонија, Фудбалската федерација на Македонија… Тоа, според претседателот на МАНУ, е апсурдно!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taki-fiti-ime-za-sevkupna-upotreba-znachi-menuvanje-na-ustavot-i-obezlichuvanje-na-makedoncite/feed/ 0
„За и од Киро Глигоров“ по повод еден век од раѓањето на првиот претседател https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-i-od-kiro-gligorov-po-povod-eden-vek-od-ragjanjeto-na-prviot-pretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-i-od-kiro-gligorov-po-povod-eden-vek-od-ragjanjeto-na-prviot-pretsedatel/#respond Tue, 17 Apr 2018 12:58:50 +0000 https://kurir.mk/?p=41964

Единствен глас на разумот во тешките времиња во регионот кому над секој интерес му беше мирното решение, кажаа за Киро Глигоров говорниците на денешната промоција на зборникот посветен на првиот претседател на Република Македонија. Насловен „За и од Киро Глигоров“ тој ги содржи излагањата од конференцијата „Улогата на претседателот Глигоров во меѓународното етаблирање на Република Македонија“ која лани во мај ја организираа МАНУ и Дипломатскиот клуб-Скопје за сто години од раѓањето на Глигоров. Со објавувањето на зборникот се одбележуваат и 25 години од приемот на Македонија во Обединетите нации (8 април 1993). Покрај излагања од учесниците, изданието има и изјави на 60-ина државници, политичари, дипломати од земјата и од странство посветени на Глигоров. Содржи и 30-ина извори на излагања на претседателот за разни поводи, исцрпна биографија и фотодокументација од неговата политичка активност. Претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, рече дека Глигоров бил исклучително мудар политичар со 45-годишна кариера во Белград каде извршувал високи политички функции. Почитта  ја стекнал со своите економски политики зашто, иако правник, е еден од креаторите на југословенскиот економски систем  и на стопанските реформи. - Кога стана претседател, многу луѓе му замеруваа дека е премногу пројугословенски ориентиран, дека настојува со сите сили да се задржи југословенската федерација, дека многу се двоумел во организирањето референдум за прогласување независност на Република Македонија итн. Но од една пристојна историска дистанца денес, кога ја гледаме целата констелација на економски, политички и меѓународни услови во тоа време, мислам дека апсолутно постапуваше мудро, разумно и постепено ги градеше и донесуваше одлуките заедно со неговите соработници,  истакна Фити. Познавајќи го од 1980 година, и во многу наврати соработувајќи со претседателот, рече дека Глигоров имал многу доблести - непосреден, љубезен, трпелив и подготвен да сослуша секого и кога не се согласувал со  нечии ставови. Виктор Габер, претседател на Дипломатскиот клуб-Скопје, истакна дека за време на својот мандат Глигоров спречил градење култ на личност и не дозволил, рече, митовите да надвладеат над фактите, додавајќи дека првата деценија од независноста на државата по тоа се разликува од последната. - Глигоров знаеше дека во секој момент треба да се прави максимален напор да се искористат дадените околности и да се оди кон зацртаната цел за развојот и интересот на својот народ, рече Габер, зборувајќи за меѓународната активност на Глигоров кого го нарече патриот и државник. Дипломатот и своевремено советник на Глигоров, Ахил Тунтев, на отворањето на промоцијата забележа што стогодишнината од раѓањето на Глигоров минатата година не била достојно одбележана од официјалните органи на државата, а во програмата на Собранието на РМ за одбележување значајни настани рече не е спомната ни 25-годишнината од приемот на РМ во Обединетите нации. - Но ситото на историјата е бескомпромисно. Глигоров беше искрено почитуван во земјата и светот, а римскиот поет Хорациј рекол: Си изградив паметник поцврст од бронза, рече Тунтев. Во чест на еден век од раѓањето на Киро Глигоров (Штип, 3 мај 1917 - Скопје, 1 јануари 2012) Македонска пошта објави пригодна поштенска марка и плик. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-i-od-kiro-gligorov-po-povod-eden-vek-od-ragjanjeto-na-prviot-pretsedatel/feed/ 0
Редовно годишно собрание на МАНУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redovno-godishno-sobranie-na-manu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redovno-godishno-sobranie-na-manu/#respond Tue, 20 Mar 2018 07:07:25 +0000 http://kurir.mk/?p=31300

Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе одржи Редовно годишно собрание. Претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, ќе поднесе експозе на тема „Македонската академија на науките и уметностите во 2017 и 2018 година“. Потоа ќе се усвојуваат Извештајот за работата на МАНУ во 2017 година и Програмата за работа на МАНУ во 2018 година. Како што е најавено, секретарот на МАНУ, академик Леонид Грчев,  ќе има излагање за финансиските планови на МАНУ во 2018 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redovno-godishno-sobranie-na-manu/feed/ 0