такса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 19 Jun 2021 07:17:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png такса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Петро-заевата такса од 4,13 денари по литар гориво треба да го покрие делумно бесрамното трошење на буџетските пари“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petro-zaevata-taksa-od-4-13-denari-po-litar-gorivo-treba-da-go-pokrie-delumno-besramnoto-troshenje-na-budzetskite-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petro-zaevata-taksa-od-4-13-denari-po-litar-gorivo-treba-da-go-pokrie-delumno-besramnoto-troshenje-na-budzetskite-pari/#respond Sat, 19 Jun 2021 07:17:30 +0000 https://kurir.mk/?p=525272

Поради неодговорноста на власта на Заев, граѓаните ќе плаќаат 4,13 денари повеќе за секој литар купено гориво. Оваа такса трајно го поскапува горивото и отвора инфлаторна спирала, а власта ја воведува само за да пополнува буџетски дупки и да го ублажи катастрофалниот долг кој го создаде. Токму преку вакви нови такси, повисоки даноци, поскапа струја и слични давачки, власта на Заев ќе ја покрива својата погрешна финансиска политика. За само 4 години власта на Заев го искачи долгот на рекордни 7,2 милијарди евра, или загрижувачки 63% од БДП. Само за илустрација долгот за овие 4 години порасна за нови 2,4 милијарди евра или за цели 50% повеќе отколку што наследија. Заев на секое просечно семејство му натовари нов долг од 4800 евра за време на својата власт. Да биде пострашно, апсолутно никој не знае каде завршија овие милијарди од новите долгови, како и милијардите од даноците кои ги плаќаат граѓаните. Нема ниту капитални инвестиции, ниту поддршка за стопанството, нити нови училишта, болници, градинки, автопати и слично. Затоа и овие 4,13 денари по литар поскапено гориво е обична петро-заева такса која треба врз грбот на граѓаните да ги покрива погубните економски и финансиски политики на Заев, криминалот, корупцијата и галопирачкото задолжување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petro-zaevata-taksa-od-4-13-denari-po-litar-gorivo-treba-da-go-pokrie-delumno-besramnoto-troshenje-na-budzetskite-pari/feed/ 0
Курти донесе одлука за делумно укинување на таксата на увозот од Србија и БиХ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-donese-odluka-za-delumno-ukinuvanje-na-taksata-na-uvozot-od-srbija-i-bih/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-donese-odluka-za-delumno-ukinuvanje-na-taksata-na-uvozot-od-srbija-i-bih/#respond Fri, 20 Mar 2020 15:31:31 +0000 https://kurir.mk/?p=319577

Претседателот на Владата на Косово Албин Курти ја потпиша денеска одлуката, која ќе биде ставена на дневен ред на првата наредна владина седница, за ослободување од таксата од 100 отсто на увозот на сировини од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина. Косовските медиуми објавија дека владината седница, на која ќе се донесе одлуката за постепено укинување на таксата до нејзино заменување со, како што се наведува во документот потпишан од Курти, „целосен реципроцитет во односите со Србија и БиХ по сите прашања“, најверојатно ќе се одржи попладнево. Со предлог-одлуката, која носи денешен датум, се предвидува таксата на увозот на сировини да се укине од 1 април и им се наложува на Министерството за финансии и Царините на Косово од тој датум да почнат да ја спроведуваат одлуката, согласно постоечката легислатива. Одлуката на Курти уследи два дена откако неговиот коалициски партнер, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) покрена иницијатива за гласање недоверба на Владата, меѓу другото и поради одбивањето на премиерот веднаш и целосно, а не делумно, да ја укине спорната такса, како што тоа го бараат Соединетите Американски Држави. Директен повод за најавата на ЛДК дека ќе ја расипе коалицијата со Движењето Самоопределување (ВВ) е разрешувањето од страна на Курти на министерот за внатрешни работи и јавна администрација Агим Велиу. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-donese-odluka-za-delumno-ukinuvanje-na-taksata-na-uvozot-od-srbija-i-bih/feed/ 0
Мустафа: Косово мора да ја укине таксата на увозот од Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-kosovo-mora-da-ja-ukine-taksata-na-uvozot-od-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-kosovo-mora-da-ja-ukine-taksata-na-uvozot-od-srbija/#respond Sat, 22 Feb 2020 14:55:32 +0000 https://kurir.mk/?p=307445

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа вели дека новата Влада, која ја формираа неговата и партијата на актуелниот премиер Албин Курти, Движењето Самоопределување (ВВ), мораат веднаш да ја укинат таксата од 100 отсто, што на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, во ноември 2018 година, ја воведе претходната влада водена од Рамуш Харадинај, јави дописникот на МИА од Приштина. Поранешниот премиер Мустафа тврди дека Косово мора да ги исполни барањата на неговите сојузници, пред се на Соединетите Американски Држави, но и на оние од Европската унија, за обновување и заокружување на преговорите со Србија, за што услов е укинувањето на таксата. Според него, треба да се биде внимателен и со идејата на новата Влада за целосен реципроцитет кон Белград, на што, неофицијално, се противат сојузниците на Косово, затоа што, како што вели, „ниедна такса и ниеден реципроцитет не може да се мерат со тежината на партнерството, првенствено со САД, но и со ЕУ“. – САД беа лидери на независноста на Косово. САД можат да бидат ефективни лидери на затворањето на проблемите кои ги имаме со Србија и на една политика на економско заживување на Косово. (…) Затоа сметам дека Косово треба да ја укине таксата, со доверба во САД и ЕУ. Косово треба да ги запознае своите партнери за сите економски, трговски и политички пречки кои во наредниот период треба да ги отстранат Србија и Босна и Херцеговина, со цел реципрочните пречки да бидат на ниво нула, напиша Мустафа на својата страница на Фејсбук. Тој очекува од земјите на ЕУ да ја укинат, како што ја нарекува, „таксата на изолација“ кон граѓаните на Косово, односно да овозможат визна либерализација. – Треба да се почитува улогата на ЕУ во овој процес и на високиот претставник г. (Жозеп) Борел. Како што треба да се почитува и праведното очекување на граѓаните на Косово да се третираат од ЕУ како европски граѓани и да им се симнат оковите на слободно движење, со укинување на визите како резултат и на овој процес, порача Мустафа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-kosovo-mora-da-ja-ukine-taksata-na-uvozot-od-srbija/feed/ 0
Амстердам воведува нови такси за туристите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amsterdam-voveduva-novi-taksi-za-turistite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amsterdam-voveduva-novi-taksi-za-turistite/#respond Wed, 02 Oct 2019 08:40:05 +0000 https://kurir.mk/?p=246911

Амстердам воведува нова такса за полнење на градскиот буџет. Туристичките такси секако се едни од највисоките во Европа, а од идната година ќе се најдат на прво место. Амстердам воведува дополнителни три евра за ноќевање. Тоа значи дека таксата за ноќевање во хотел со една ѕвезда ќе биде поголема од ноќевање во некој друг главен град во Европа во хотел со пет ѕвезди. Двокреветна соба со купатило има такса од 16 евра по ноќевање и дополнителни три евра по човек за едно ноќевање, а во Берлин во луксузен хотел ноќевање во иста соба има такса од 12 евра. Во хотел од пет ѕвезди во Рим таксата изнесува 14 евра, што во моментов е најмногу во Европа, но тоа ќе биде помалку од таксата за ноќевање во хотел со една ѕвезда кога во Амстердам ќе биде реализирано зглемувањето. -Голем број на посетители придонесуваат за зголемените трошѓоци за одржување на безбедноста и чистотата во градот, како и за одржувањето на јавниот простор во добра состојба, вели градскиот портпарол. Зголемување на туристичката такса најави и Венеција и тоа во висина од 10 евра за туристите кои доаѓаат на еден ден, додека за сите останати кои ќе останат да преноќат ова зголемување нема да важи. Градовите кои исто така се „борат“ со голем број туристи се Барселона и Дубровник, но истите немаат најавено зголемување на туристичките такси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amsterdam-voveduva-novi-taksi-za-turistite/feed/ 0
Ако патувате во Грција, ова мора да го знаете: Колку ќе ве чини новата такса за престој? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-patuvate-vo-grcija-ova-mora-da-go-znaete-kolku-kje-ve-chini-novata-taksa-za-prestoj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-patuvate-vo-grcija-ova-mora-da-go-znaete-kolku-kje-ve-chini-novata-taksa-za-prestoj/#respond Wed, 02 May 2018 14:42:26 +0000 https://kurir.mk/?p=48846

Од оваа година сите хотели, вили, апартмани, студија и соби за изнајмување во Грција се должни на гостите да им пресметаат данок на престој, односно такса за престој. Плаќањето на таква такса е воведено во хотелите од една до пет ѕвездички, како и во останатите капацитети за сместување (апартмани, соби, вили) кои примаат гости за еден или повеќе денови. Во камповите и посебно одредените категории, не се плаќа такса за престој, објави интернет страницата Грцијаинфо. Таксата за престој се пресметува како дневен фиксен износ по соба, а не по лице. Во зависност од видот на сместувањето таксата изнесува: - четири евра дневно по соба за хотели со 5 ѕвездички - три евра дневно по соба за хотели со 4 ѕвездички - 1,5 евро дневно по соба за хотели со 3 ѕвездички - 0,5 евра дневно по соба за хотели со 1-2 ѕвездички - 0,5 евра дневно за приватни соби, студија и апартмани Таксата за престој се плаќа при одјавување на собата, непосредно пред заминување. Сопственикот или менаџерот на објектот или хотелот му издава на гостинот посебна потврда за извршена уплата, која содржи: датум на издавање, име на лицето кое престојувало, датум на престој, износ на таксата. Иако ниту една официјална институција во Грција досега не објавила известување дека ќе се врши контрола на граничните премини за плаќањето на таксата, за секој случај потврдата обврзно да се зачува до излез од земјата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-patuvate-vo-grcija-ova-mora-da-go-znaete-kolku-kje-ve-chini-novata-taksa-za-prestoj/feed/ 0