такси возила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Mar 2023 12:29:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png такси возила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мариновски: Околу 300 таксисти не можат да работат поради бирократски проблеми со жолтите таблички https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/marinovski-okolu-300-taksisti-ne-mozhat-da-rabotat-poradi-birokratski-problemi-so-zholtite-tablichki/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/marinovski-okolu-300-taksisti-ne-mozhat-da-rabotat-poradi-birokratski-problemi-so-zholtite-tablichki/#respond Thu, 02 Mar 2023 12:29:43 +0000 https://kurir.mk/?p=807123

Околу 200 такси возила и повеќе од 300 такси возачи во главниот град не можат да работат поради бирократски проблеми со жолтите таблички кои тие мораат да го постават во своите возила. Таксистите велат дека не можат да добијат лиценца без жолти таблички, но и дека без лиценца не можат да ги добијат таквите таблички. Поради тоа бараат да се постави во мирување новиот Закон за патен сообраќај, за да можат во одреден период да добијат лиценци со белите таблички, за потоа да можат да си ги добијат и жолтите. - Имаме проблем со издавање на жолтите таблички со тоа што голем дел од колегите седат по неколку месеци дома и не можат да добијат жолти таблички. Проблемот е што кога ќе го сменат нивното возило, одат во станица за технички преглед, таму не им даваат жолти таблички, викаат треба да имаат мал извод од лиценца, а за да го добијат тоа се препраќаат во Градско собрание, додека таму им викаат дека треба да добијат жолти таблички. Значи се препраќаат од една страна на друга, а проблемот не се решава, изјави Ѓорги Мариновски, опренесувајќи го ставот на 19 такси компании. Тој вели дека околу 200 такси возила моментно се паркирани дома и не можат да работат поради тоа што не можат добијат лиценца, а во меѓувреме плаќаат придонеси за фирмата. Ако не може да се реши проблемот, како што рече, бараат новиот Закон за патен сообраќај да се стави во мирување и додека се промени таксистите да можат да добијат лиценца на белите таблички, па после тоа да се сменат и да извадат лиценца за жолти таблички. - Законот е донесен во Министерство за економија и тие треба да го разгледаат но како што разбравме треба најмалку три месеци тој закон да се смени. Затоа ги замолуваме институциите тој проблем да го стават во мирување, луѓето да можат да извадат лиценци на бели таблици, па кога ќе се усогласи законот ќе ги префрлат на жолти таблици за да можат луѓето да се вратат на работа, затоа што тие веќе неколку месеци седат дома. Мислам дека тоа е најдобро решение, рече Мариновски. Фаик Сулејмани, претставник од една од 19. такси компании вели дека од неговата компанија регуларно ги зеле табличките. Според него, пред една година не им бил баран мал извод на лиценцата и тие тоа го зеле од АМСМ, но кога треба да ги регистрираат возилата биле принудени да дадат изјави. Во спротивно, посочи, не им ги регистрираат возилата и затоа многу возачи не можат да работат околу три месеци. Таксистите исто така се жалат и на процедурите за технички преглед и како што велат, „високите казни за мали дефекти коишто не соодвестуваат со нивните примања“, а тоа пак, ги принудува возачите да се откажат од работата. Тие бараат промена и на тие законски одредби од страна на Министерството за внатрешни работи со адекватно решение за сите.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/marinovski-okolu-300-taksisti-ne-mozhat-da-rabotat-poradi-birokratski-problemi-so-zholtite-tablichki/feed/ 0
Таксито нема да поскапи, Советот не ги прифати новите цени https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/taksito-nema-da-poskapi-sovetot-ne-gi-prifati-novite-ceni/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/taksito-nema-da-poskapi-sovetot-ne-gi-prifati-novite-ceni/#respond Mon, 11 Jul 2022 11:35:04 +0000 https://kurir.mk/?p=703265

Нема да има промени на цената на такси-превозот во Скопје. Советот на Град Скопје не го прифати предлогот за изменување и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје. Советот за сообраќај на Град Скопје предлагаше три тарифи за наплата на услугите во скопските такси – возила, кои веќе биле усогласени и прифатени од Асоцијацијата на легални таксисти, Синдикатот на таксисти и Групацијата на автотакси-превозници. Првата предложена тарифа беше онаа која сега се применува, по која таксистите возат веќе 11 години и е 40 денари старт и 25 денари за секој изминат километар, како и чекање во место за еден час 300 денари. Втората предложена тарифа беше 50 денари старт и 30 денари за секој изминат километар, како и 420 денари чекање во место за еден час, што всушност требаше да биде новата цена по која ќе возат таксистите. Третата тарифа беше 60 денари старт и 35 денари за секој изминат километар, како и 480 денари чекање во место за еден час. Сепак, советниците и покрај тоа што претседателот на Советот, Трајко Славески побара и поединечно изјаснување, не ги прифатија новите цени на такси превозот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/taksito-nema-da-poskapi-sovetot-ne-gi-prifati-novite-ceni/feed/ 0
Такси превоз лани користеле 19 755 000 патници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taksi-prevoz-lani-koristele-19-755-000-patnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taksi-prevoz-lani-koristele-19-755-000-patnici/#respond Wed, 11 May 2022 10:21:24 +0000 https://kurir.mk/?p=675031

Во 2021 година, со такси превоз биле превезени 19 755 000 патници, од кои 18 213 000 во градскиот, а 1 542 000 во меѓуградскиот превоз, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Со 2 109 патнички автомобили опфатени во истражувањето за такси превозот, се изминати вкупно 68 982 000 километри, од кои 62 749 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 6 233 000 километри, соопшти ДЗС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taksi-prevoz-lani-koristele-19-755-000-patnici/feed/ 0
Во два дена извршил две тешки кражби – украл пари од такси возила, полицијата го лишела од слобода https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-dva-dena-izvrshil-dve-teshki-krazbi-ukral-pari-od-taksi-vozila-policijata-go-lishela-od-sloboda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-dva-dena-izvrshil-dve-teshki-krazbi-ukral-pari-od-taksi-vozila-policijata-go-lishela-od-sloboda/#respond Sun, 30 Jun 2019 08:46:34 +0000 https://kurir.mk/?p=214083

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Р.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека на 23.06.2019 и на 24.06.2019 година извршил две кривични дела „тешка кражба“. На 23.06.2019 година на ул. „Благоја Паровиќ’’ во Скопје, пријавениот заедно со уште едно лице скршиле странично стакло на паркирано такси возило и одзеле пари. На 24.06.2019 година на ул.„Струмичка“ во Скопје, пријавениот, исто така, на такси возило скршил странично стакло и одзел пари. Веднаш потоа, тој бил лишен од слобода.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-dva-dena-izvrshil-dve-teshki-krazbi-ukral-pari-od-taksi-vozila-policijata-go-lishela-od-sloboda/feed/ 0
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kavadarci-kje-dobie-unificirani-taksi-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kavadarci-kje-dobie-unificirani-taksi-vozila/#respond Tue, 24 Jul 2018 15:35:37 +0000 https://kurir.mk/?p=80577

Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила, таксистите денеска се сретнаа со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, командирот на кавадаречката полиција и стручни лица од локалната самоуправа. - Се разговараше на повеќе теми, меѓу кои и унифицирањето на такси возилата, паркинг места за такси возила и решавање на проблемот со таканаречените диви таксисти, информираа од кабинетот на Јанчев. Според заклучоците, до крајот на оваа недела ќе се обележат сите паркинг места за такси возила и ќе се постават знаци на местата каде недостасуваат. Обележаните места за овие возила ќе бидат слободни и секогаш ќе се користат исклучиво  за такси превозниците. Се со цел да се воспостави ред, ќе се вклучи и кавадаречката полиција со засилени контроли. - За да се реши проблемот со „дивите“ таксисти, локалната самоуправа и полицијата апелираат до граѓаните и такси превозниците кои регуларно вршат превоз на патници, да ги пријават нелегитимните превозници на бројот 192, нагласуваат од градоначалничкиот кабинет. На таксистите им бил презентиран и новиот предлог брендинг на автомобилите, се со цел да се изврши унифицирање на автомобилите. Такси компаниите и превозниците имаат рок до крајот на август да ги унифицираат автомобилите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kavadarci-kje-dobie-unificirani-taksi-vozila/feed/ 0