ТАКСИРАТ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Nov 2022 13:11:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ТАКСИРАТ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Таксират“ и „Д Фестивал“ номинирани за најдобри фестивали во Европа https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/taksirat-i-d-festival-nominirani-za-najdobri-festivali-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/taksirat-i-d-festival-nominirani-za-najdobri-festivali-vo-evropa/#respond Fri, 18 Nov 2022 13:11:21 +0000 https://kurir.mk/?p=762934

Фестивалите „Таксират“ и „Д Фестивал“ се во трка за престижните „Европски фестивалски награди“, најзначајното признание за музичките настани на стариот континент. Двата фестивала, како што информира нивниот организатор „Пасворд Продакшн“, се единствени од Македонија номинирани во две различни категории заедно со 45 други фестивали од 19 држави од Европа. Зимскиот „Таксират“ влегува во категоријата за „Најдобар фестивал во затоврен простор“, додека пак „Д Фестивал“ е номиниран за „Најдобар мал фестивал“ односно категоријата во која спаѓаат фестивалите со капацитет од 10 000 посетители дневно. По номинацијата, за изборот на победниците главниот збор го има милионската публика од целиот свет која веќе гласа за своите омилени фестивали. Гласањето е отворено за сите, па и за македонската публика која може да ги поддржи фестивали преку овој линк. „Европските Фестивалски Награди“ се најзначајното меѓународно признание за препознавање на квалитетот на фестивалските организации на кои се должи европската разновидна и енергична фестивалска сцена. Токму затоа за победниците од секоја категорија одлучуваат оние кои се најважниот дел од музичките фестивали – публиката! Преку отворено гласање на официјалната онлајн платформа (https://www.surveymonkey.com/r/efavoting2022) јавноста ќе може да гласа во сите категории и секако да ги поддржи „Таксират“ и „Д Фестивал“ со својот глас сѐ до 7 декември. Прогласувањето на победниците ќе биде на 18 јануари 2023, на свеченото доделување на наградите во Гронинген, Холандија. За конечните победници во секоја од категориите, се одлучува според гласовите од публиката, но и стручното жири кое го сочинуваат истакнати личности од светската музичка индустрија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/taksirat-i-d-festival-nominirani-za-najdobri-festivali-vo-evropa/feed/ 0
Заврши годинешното издание на музичкиот фестивал „Таксират“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zavrshi-godineshnoto-izdanie-na-muzichkiot-festival-taksirat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zavrshi-godineshnoto-izdanie-na-muzichkiot-festival-taksirat/#respond Fri, 10 Dec 2021 14:50:22 +0000 https://kurir.mk/?p=606741

Со премиерниот настап на изведувачот Борис Брејча завчера заврши 23-тото издание на „Таксират“ фестивал. Фестивалот се одржуваше од 25 ноември до 7 декември на различни бини и локации во Скопје, со вкупно 44 музички настапи. Од нив, дури 14 изведувачи, меѓу кои и„Мизар“, „Партибрејкерс“, „Санаториум“, беа дел од деветчасовната програма на главната вечер.  Главната вечер, која се одржуваше во С.Ц. „Борис Трајковски“, понуди речиси девет часа музичка програма со истовремени настапи на три различни бини. -Со импресивни специјални ефекти, во Арената исполнета до својот максимален дозволен капацитет, апсолутниот миленик на клупската публика Борис Брејча ни подари еден од своите епски сетови, а публиката на „Таксират“ имаше привилегија да биде меѓу првите во светот пред кои тој го претстави и својот нов албум објавен пред само 10 дена и го покажа сиот раскош на неговиот талент. А, дека и за него „Таксират“ беше посебна вечер ни покажа со тоа што го продолжи својот сет за цел час повеќе од стандардното траење на ваквите настапи, соопштија од тимот на „Пасворд Продакшн“. Оттаму посочија дека единствено музичко искуство приреди и неговата долгогодишна соработничка, Ен Клу која со својот специфичен и моќен сет пружи неверојатна енергија за танц и беше вистински избор за вовед во завршницата на големото финале. Главната бина помина и во знакот на трите бендови од најголемо значење за музичката сцена во регионов. -Публиката најпрво ја воодушевија мајсторите на треш-метал музиката, македонскиот „САНАТОРИМ“ на чиј маестрален и жесток настап главната бина одекна во својот најекстремен звук. По нив следуваше импресивниот концерт на култниот „МИЗАР“ кој ја маѓепса публиката со својот уникатен и моќен звук кој благодарение и на одличните визуелни и светлосни ефекти на бината се прелеа во инспиративен амбиент за вистинско уживање. Партерот на Арената потоа го исполни публиката од различни генерации кои на „Таксират“ со своите вонвременски хитови ги обедини легендарното име на регионалната музичка сцена, неуништливите „ПАРТИБРЕЈКЕРС“ кои брилираа на главната бина со моќен, чистокрвен рок настап, посочија организаторите. Третата фестивалска бина пак, како што додаваат, беше резервирана за најуникатната атмосфера со тивкиот но разигран подиум на „Сајлент Диско“ каде што публиката на слушалки можеше да го одбере својот омилен настап од трите кои паралелно се одвиваа зад диџејскиот пулт и тоа од страна на диџеите Мартин, Рутбој и Кејп. -Оваа програма на „Таксират“ уште од првата најава предизвика огромен интерес кај публиката од целиот регион и пошироко, а згора на тоа и се одржуваше во ограничен капацитет кој го наложува актуелниот протокол, па на распродадената главна вечер уште огромен број посетители останаа до последен момент во потрага за билет повеќе, потенцираат од тимот на „Пасворд Продакшн“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zavrshi-godineshnoto-izdanie-na-muzichkiot-festival-taksirat/feed/ 0
Со концерт на „Архангел“ вечер почнува 22. издание на Таксират https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-koncert-na-arhangel-vecher-pochnuva-22-izdanie-na-taksirat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-koncert-na-arhangel-vecher-pochnuva-22-izdanie-na-taksirat/#respond Sun, 11 Oct 2020 07:24:18 +0000 https://kurir.mk/?p=414945

Со концерт на групата „Архангел“, под мотото „30 години љубов“ вечер во салата „Борис Трајковски“ почнува 22-то издание на Таксират. Концертот ќе се одржи по соодветен протокол, со запазување на мерките за заштита од коронавирусот. Носењето маска и одржувањето растојание се задолжителни во текот на целиот концерт. Една недела подоцна, на 23 октомври, програмата продолжува со соло концерт на „СТРАЈК“. Во рамките на Таксират Фестивал #22, ќе се одржи и седмото издание на музичката конференција и шоукејс фестивал кај нас – ПИН. Со поддршка од Делегацијата на Европската Унија, годинава, ПИН ќе се одржи во три програмски денови, од 26 до 28 ноември, на повеќе локации низ Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-koncert-na-arhangel-vecher-pochnuva-22-izdanie-na-taksirat/feed/ 0
Почнува 21-то издание на Таксират https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochnuva-21-to-izdanie-na-taksirat/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochnuva-21-to-izdanie-na-taksirat/#respond Thu, 28 Nov 2019 09:30:53 +0000 https://kurir.mk/?p=270468

Со ПИН музичка конференција и шоукејс, во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, денеска почнува 21-во издание на ТАКСИРАТ, денови посветени на културата и уметноста. Во кино Фросина, вечер ќе се одржи панел насловен „Излажи ме!“, на којa ќе се дискутира со градоначаникот на Скопје, Петре Шилегов, и со претставници од културниот сектор: Васил Ѓуроски, Теодора Василевиќ, Костадин Шурбановски, Симона Димковска и Небојша Вилиќ. Вечерта ќе биде музички збогатена со настапите на чешката џез-пијанистка Бара Змекова, српскиот артист Марко Луис и култните љубљанчани Боргезија, кои ќе настапат во Денсинг салата. Во рамки на фестивалот ќе се одржат над 30 бесплатни концерти на групи од 13 држави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pochnuva-21-to-izdanie-na-taksirat/feed/ 0