таксисти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Apr 2021 08:25:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png таксисти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 28-годишен жител на Желино обвинет за две разбојништва врз таксисти во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/28-godishen-zitel-na-zelino-obvinet-za-dve-razbojnishtva-vrz-taksisti-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/28-godishen-zitel-na-zelino-obvinet-za-dve-razbojnishtva-vrz-taksisti-vo-skopje/#respond Thu, 01 Apr 2021 08:25:59 +0000 https://kurir.mk/?p=490655

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 28-годишен жител на Желино кој се товари дека сторил две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 28 февруари, обвинетиот и уште едно засега непознато лице влегле во такси возило на улицата „Димитрија Чуповски“ и побарале од оштетениот таксист да ги вози до хотел во близина на Скопски саем. Кога стигнале на булевар „Никола Карев“, во близина на клучката за Чаир, му кажале на таксистот да го запре возилото. Обвинетиот од задното седиште го фатил оштетениот за јаката, го повлекол назад и му ставил нож под вратот, заканувајќи му се дека ќе го убие ако не им ги даде парите. Неговиот сопатник кој седел на совозачкото седиште за тоа време започнал да пребарува низ преградите на возилото, го пронашол паричникот на таксистот од каде одзел 950 денари, а го одзеле и мобилниот телефон на оштетениот вреден 6.000 денари. Потоа двајцата избегале во непознат правец. На 4 март, на сличен начин, обвинетиот запрел такси возило на улицата „Џон Кенеди“, се качил во автомобилот и побарал да биде одвезен до еден хотел. Пристигнувајќи во близина на наведената локација, повторно со нож му се заканил на таксистот и одзел 1.500 денари и мобилен телефон вреден 8.500 денари. Бидејќи се уште постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност обвинетиот да влијае врз сведоците/оштетените и веројатност тој да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/28-godishen-zitel-na-zelino-obvinet-za-dve-razbojnishtva-vrz-taksisti-vo-skopje/feed/ 0
Шилегов удри по таксистите: Платија по 500 евра (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shilegov-udri-po-taksistite-platija-po-500-evra-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shilegov-udri-po-taksistite-platija-po-500-evra-foto/#respond Tue, 03 Sep 2019 21:03:43 +0000 https://kurir.mk/?p=236674

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов се пофали на Фејсбук дека ги казнил таксистите што стојат кај Сити Мол со по 500 евра. -Изречени казни по 500 евра на несовесните таксисти. Такси станицата кај Сити мол мора да се почитува. Ред мора да има, напиша градскиот татко. -Казните се сепак, добар начин. За жал. Сити мол, како што е редот ..., напиша 2 часа подоцна Шилегов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shilegov-udri-po-taksistite-platija-po-500-evra-foto/feed/ 0
Таксисти се степале поради патник – едниот завршил убодна рана, а другиот со скршена глава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/taksisti-se-stepale-poradi-patnik-edniot-zavrshil-ubodna-rana-a-drugiot-so-skrshena-glava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/taksisti-se-stepale-poradi-patnik-edniot-zavrshil-ubodna-rana-a-drugiot-so-skrshena-glava/#respond Mon, 17 Dec 2018 14:47:05 +0000 https://kurir.mk/?p=141320

Двајца таксисти се степале на Автобуската станица во Тетово поради патник, при што еден на друг си нанеле тешки и крвави повреди. 56-годишен таксист со иницијали Ф.А. завршил со убодна рана во пределот на стомакот, а 55-годишниот К.М. со тешки повреди во пределот на главата. Против двајцата е поднесена кривична пријава за “тешка телесна повреда“. –На 27 август годинава околу 05:00 часот на Автобуската станица во Тетово, по претходна вербална расправија поради недоразбирање во врска со такси превоз на лице, помеѓу пријавените таксисти настанала физичка пресметка во која истите си нанеле тешки телесни повреди, при што Ф.А. со употреба на тврд предмет му нанел повреди на К.М. во пределот на главата, додека К.М. со употреба на нож му нанел повреда на Ф.А. во пределот на стомакот, по што бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, велат од полицијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/taksisti-se-stepale-poradi-patnik-edniot-zavrshil-ubodna-rana-a-drugiot-so-skrshena-glava/feed/ 0
Владата удри по таксистите- ќе забрани да возат во загадени денови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-udri-po-taksistite-kje-zabrani-da-vozat-vo-zagadeni-denovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-udri-po-taksistite-kje-zabrani-da-vozat-vo-zagadeni-denovi/#respond Sun, 11 Nov 2018 11:39:53 +0000 https://kurir.mk/?p=126456

Откако вчера во јавноста Владата обелодени дека ќе се лепат налепници за возилата и тоа во три бои зелена, жолта и црвена во зависност од типот на возилото (ЕУРО 1, ЕУРО 2, ЕУРО 3, ЕУРО ЕУРО 4, ЕУРО 5 или ЕУРО 6), тие најавија дека истата мерка ќе важи и за таксистите. Во јавноста веднаш се крена прашина по оваа вест бидејќи таксистите се директно засегнати од оваа нова мерка за намалување на загаденоста на воздухот во Скопје. Оливер Спасовски вчера изјави дека тој таксист што емитува најмногу штетни гасови ќе има црвена налепница, тие со помал обен на штетни гасови жолта, а оние коишто се во рамки на нормалното ниво со зелена. Ова значи дека речиси на многу повеќе од половина такси возила и таксисти ќе им биде забрането да возат низ главниот град и да ја заработуваат својата плата поради намалувањето на загаденоста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-udri-po-taksistite-kje-zabrani-da-vozat-vo-zagadeni-denovi/feed/ 0
Штрајк на таксистите во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shtrajk-na-taksistite-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shtrajk-na-taksistite-vo-grcija/#respond Thu, 08 Nov 2018 09:50:01 +0000 https://kurir.mk/?p=125114

Грчките таксисти денеска почнаа 12-часовен штрајк во знак на протест против, како што истакнуваат, нелојалната конкуренција од страна на операторите на услуги за споделено патување. Оваа година, Грција наметна построги регулативи, вклучувајќи наметнување апликации на операторите за лиценца за споделено патување и лиценцирани таксисти. Поради тоа, компанијата Убер најави дека ќе ја прекине својата работа во земјата. Синдикатот на грчките таксисти повика на штрајк за денеска од четири часот до 16 часот, истакнувајќи дека многу  такси-оператори продолжиле да нудат нелиценцирани услуги. Синдикатот опфаќа околу 50.000 таксисти. На улиците на Атина денеска не се забележуваат жолтите такси возила, кои вообичаено се присутни во главниот град. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/shtrajk-na-taksistite-vo-grcija/feed/ 0
Таксистите со проблеми во Неготино – Инспекција не им дозволува да превезуваат патници до Кавадарци, остварија средба со Јанчев https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/taksistite-so-problemi-vo-negotino-inspekcija-ne-im-dozvoluva-da-prevezuvaat-patnici-do-kavadarci-ostvarija-sredba-so-janchev/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/taksistite-so-problemi-vo-negotino-inspekcija-ne-im-dozvoluva-da-prevezuvaat-patnici-do-kavadarci-ostvarija-sredba-so-janchev/#respond Wed, 21 Feb 2018 14:53:46 +0000 http://kurir.mk/?p=23691

Таксисти кои секојдневно сообраќаат на релација од Кавадарци кон Неготино и обратно, денеска му се пожалија на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на третманот што го имаат во Неготино. - Ние секојдневно превезуваме патници, но сега неготинската инспекција, откога ќе однесеме патници натаму, не ни дозволува да земаме патници наваму, туку не тера да се враќаме празни, рекоа таксистите. Јанчев им вети дека до понеделник нема да имаат никакви проблеми. Ги информира дека е договорен состанок со неготинскиот градоначалник Тони Делков, на кој двајцата градоначалници ќе изнаоѓаат решение за проблемот. Делков исто така за МИА потврди дека е информиран за барањата на таксистите и нагласи дека ќе се разговара со Јанчев околу тоа да се надминат сите недоразбирања во интерес на двете општини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/taksistite-so-problemi-vo-negotino-inspekcija-ne-im-dozvoluva-da-prevezuvaat-patnici-do-kavadarci-ostvarija-sredba-so-janchev/feed/ 0