тактилни патеки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 05 Oct 2021 10:46:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тактилни патеки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Арсовска: Во Скопје ќе се изградат тактилни патеки за лицата со оштетен вид и ниски платформи за лицата со инвалидитет https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-vo-skopje-kje-se-izgradat-taktilni-pateki-za-licata-so-oshteten-vid-i-niski-platformi-za-licata-so-invaliditet/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-vo-skopje-kje-se-izgradat-taktilni-pateki-za-licata-so-oshteten-vid-i-niski-platformi-za-licata-so-invaliditet/#respond Tue, 05 Oct 2021 10:46:19 +0000 https://kurir.mk/?p=573276

Градот Скопје ќе биде пример за град каде се промовира социјална правда, ова е една од заложбите на независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска. - Градот на хуманоста и градот на солидарноста мора да се грижи за ранливите групи граѓани. Не е лесно да се живее со попреченост и затоа мојата програма нуди брзи и сигурни решенија што ќе овозможат подобро функционирање на градот за сите негови граѓани. Се предвидуваат пристапни рампи и лифтови во сите објекти, инфраструктурно подобрување во сообраќајот, семафори со звучна сигнализација за лицата со попреченост, а новите автобуси ќе имаат соодветни ниски платформи за лесен пристап за лицата со инвалидитет. Накратко, ќе реализираме издржани проекти и системски решенија што ќе овозможат олеснување на животот на оваа категорија граѓани, истакна Арсовска. Таа, исто така најави дека при планирањето на новите улици и реконструкцијата на постојните во градот Скопје, ќе се вградат решенија, како и изградба на тактилни патеки за потребите на лицата со оштетен вид. - Неопходно е лицата со попреченост да бидат вклучени во сите сфери од општеството, а тоа се предвидува во мојата програма. Како градска администрација ќе воведеме заштитна квота за нивно вработување, а спортските игралишта ќе ги направиме инклузивни за децата со попреченост, додаде кандидатката за градоначалник. Арсовска вети и дека нема да заборави на најстарите членови од семејствата и дека на волонтерска основа ќе обезбеди помош за старите лица. Секоја недела ќе се доставуваат намирници од основни производи, нега, набавка на лекови во нивните домови. - Затоа што Скопје мора да биде град каде ќе се почитува секој граѓанин еднакво, кандидатката за градоначалник смета дека е неопходно отворање на центар за жртви од семејно и родово базирано насилство и насилство базирано врз основ на сексуална ориентација. Потребни ни се брзи и сигурни решенија, а денешните предложени ќе го олеснат животот на оние на кои треба да им посветиме посебно внимание, заклучи за крај таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-vo-skopje-kje-se-izgradat-taktilni-pateki-za-licata-so-oshteten-vid-i-niski-platformi-za-licata-so-invaliditet/feed/ 0