талат џафери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Oct 2023 13:39:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png талат џафери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Џафери: Би свикал лидерска средба, ако се согласат претседателите на партиите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhaferi-bi-svikal-liderska-sredba-ako-se-soglasat-pretsedatelite-na-partiite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhaferi-bi-svikal-liderska-sredba-ako-se-soglasat-pretsedatelite-na-partiite/#respond Mon, 09 Oct 2023 13:39:53 +0000 https://kurir.mk/?p=887034

Претседателот на Собранието Талат Џафери во изјава за МИА денеска вели дека би свикал лидерска средба за договор за термин за претседателски и парламентарни избори само доколку претседателите на политичките партии би се согласиле на тоа, предупредувајќи дека ако има разговори, тие би требало да завршат најдоцна до крајот на година. Се потоа ќе значи течење на роковите и постапките предвидени со закон и Устав за редовните избори. -Прво и основно не е прашањето дали претседателот на Собранието би повикал или не лидерска средба. Мислам дека посоодветно е да се постави прашањето до лидерите на политичките партии дали би се одѕвале на евентуална покана и од тоа после зависи цела понатамошна постапка. Посоодветно би било прво информација да се има од волјата на лидерите да дојдат во Собрание. Од мој апскет нема никаков проблем таа волја да ја удоволам, вели Џафери. На прашањето дали сепак би свикал средба доколку мнозинството лидери на партии бараат од него и покрај тоа што премиерот и лидер на СДСМ се изјасни дека нема потреба од такво нешто, претседателот на Собранието вели која би била смислата на една таква средба, ако нема волја од сите. -Ќе свикам, но што ако не дојдат сите? Јас не одредувам теми за разговор, истакнува Џафери. Претседателот на Собранието во изјавата за МИА вели дека роковите за редовни термини за изборите се јасно, прецизно, пропишани со Устав и со закон, но и дека има простор за договор, но само до крајот на годината. Меѓудругото, во изјавата за МИА тој исто така вели дека на наредната нова седница на почетокот на ноември како точка на дневен ред ќе биде ставена и интерпелацијата за обвинителот Љубомир Јовески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhaferi-bi-svikal-liderska-sredba-ako-se-soglasat-pretsedatelite-na-partiite/feed/ 0
Николоски: Имаме докази дека поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ до Ахмети, Џафери и трета страна на УСБ доставил измени на КЗ, а тоа се скоро истите кои поминаа во Собрание https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-imame-dokazi-deka-poraneshniot-pretsedatel-na-vmro-dpmne-do-ahmeti-dhaferi-i-treta-strana-na-usb-dostavil-izmeni-na-kz-a-toa-se-skoro-istite-koi-pominaa-vo-sobranie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-imame-dokazi-deka-poraneshniot-pretsedatel-na-vmro-dpmne-do-ahmeti-dhaferi-i-treta-strana-na-usb-dostavil-izmeni-na-kz-a-toa-se-skoro-istite-koi-pominaa-vo-sobranie/#respond Mon, 25 Sep 2023 18:56:04 +0000 https://kurir.mk/?p=881673

Однесувањето на поранешни структури на ВМРО-ДПМНЕ беше многу јавно, два пати се правеше обид за вонреден конгрес во партијата, поранешниот претседател остана активен на социјалните мрежи и имаше став за многу теми, но не и за името, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата 360 Степени што се емитува на јавниот сервис на МТВ. Николоски додава дека нема збор за францускиот предлог до обзанување на тоа што се случува зад сцената, оттука овие декствувања се од месеци наназад има интензивна комуникација со ДУИ, има контаки и со СДСМ но идеите кои се разговараат не се во корист на државата. Во делот на докази, посочи Николоски има два дела. „Едниот дел е, никој нема намера да биде таен агент и да собира докази, не е работа на партијата, ама поранешниот претседате треба да одговори зошто има комуникација и со еден од врвните луѓе на безбедносните структури во македонија, а треба да одговори и тој од безбедносните структури. Второ е, политичкото дејствување, кога ќе видите дека стигнува од неколку страни и кога ќе видите како од каде стигнува“, кажа Николоски. Николоски посочи дека до партијата стигнуваат и други информации. „Јас можам да споделам два детали со јавноста. Прво, се случуваа оваа година една прослава од годишнината на НАТО и потоа се случува средба кај претседателот Пендаровски каде се врвните луѓе од власта на која една од темите е ова сценарио, и се разговара за промена на името и се кажува за една слична акција за промена на Уставот успеала и оти по таа аналогија можеби треба и сега, прв го покренува тоа како прашање Али Ахмети и затоа Пендаровски беше до пола искрен кога кажа дека од него е барано, ама не кажа кој. Втора работа се измените на КЗ. Ние спомнавме дека имамаме докази, еве има и уесбе на кое ги има измените и ако ги прочитате измените на КЗ и истите се доставувани од страна на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ до Али Ахмети, Талат Џафери и трета страна. И ако ги прочитате измените за членовите 353 и 394, злоупотреба на службена должност и злостотничко здружување тоа се предлози за измени кои се исти како оние кои стигнаа во Собранието“, рече Николоски. Николоски укажа дека има јасна трага од каде е уесбето. „Самото тоа што текстот од усебето одговара на поминатиот текст во Собранието дава индиции“, кажа Николоски. Николоски потсети дека на комисиската расправа за КЗ кажал дека од овој закон има корист власта и поранешни структури од претходната власт. Тој потсети дека корист има Оливер Спасaсoвsки или нема да одговара за набавката на чизми во МВР, Васко Ковачевски нема да одговара за барањето мито од 250 илјади евра во РЕК Битола, се подобрува положбата на Мухамед Зеќири, Драги Рашковски, потоа застареност ќе има на многу дела на Зоран Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-imame-dokazi-deka-poraneshniot-pretsedatel-na-vmro-dpmne-do-ahmeti-dhaferi-i-treta-strana-na-usb-dostavil-izmeni-na-kz-a-toa-se-skoro-istite-koi-pominaa-vo-sobranie/feed/ 0
Мицкоски: Ахмети и Џафери да ја кажат вистината за содржината на УСБ-то и пликото кои што им било дадено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-ahmeti-i-dhaferi-da-ja-kazhat-vistinata-za-sodrzhinata-na-usb-to-i-plikoto-koi-shto-im-bilo-dadeno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-ahmeti-i-dhaferi-da-ja-kazhat-vistinata-za-sodrzhinata-na-usb-to-i-plikoto-koi-shto-im-bilo-dadeno/#respond Sat, 23 Sep 2023 11:44:24 +0000 https://kurir.mk/?p=880971

При денешната посета на општина Брвеница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на споменатите информации  УСБ и плико со документи што биле дадени на Џафери и Ахмети истакна дека  треба Џафери и Ахмети да ја кажат вистината за содржината на УСБ и пликото кои што им било дадено.

„Па еве ќе ги прашате и Талат Џафери и Али Ахмети за содржината на тоа УСБ, на тоа плико и каков документ имало во тоа плико и јас ќе ги следам внимателно нивните изјави и внимателно ќе следам дали ќе ја кажат вистината. Еве да оставиме тие да ја кажат вистината, бидејќи тие ги добиле два од трите документи“, нагласи Мицкоски.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-ahmeti-i-dhaferi-da-ja-kazhat-vistinata-za-sodrzhinata-na-usb-to-i-plikoto-koi-shto-im-bilo-dadeno/feed/ 0
Џафери се сретна со делегација од Данскиот парламент https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhaferi-se-sretna-so-delegatsija-od-danskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhaferi-se-sretna-so-delegatsija-od-danskiot-parlament/#respond Tue, 19 Sep 2023 11:48:25 +0000 https://kurir.mk/?p=879515

Данска и Македонија досега имаат добри и пријателски односи, потребно е интензивирање на заемната политичка комуникација на секое ниво. Ова се дел од заклучоците од денешната средба на претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери со претседателот на Комисијата за европски прашања од данскиот Парламент Нилс Флеминг Хансен. Џафери, како што соопшти собраниската прес-служба, се заблагодари на досегашната принципиелна поддршка од страна на Кралството Данска на нашиот пат на евроинтеграција и членство во НАТО. Го потенцираше и фактот дека данскиот парламент беше еден од првите парламенти меѓу членките на Европската Унија што во 2002 година го ратификуваше Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ. Исто така и еден од првите парламенти што го ратификуваше Протоколот за пристапување во НАТО на Република  Македонија. Претседателот на Собранието Џафери, како што се наведува, ја нагласи и важноста во овој момент да се пристапи кон измените на Уставот со цел да се започнат преговорите со ЕУ при што потенцираше „ова е моментум кога треба сите политички партии во Собранието да ја согледаат важноста да се дојде до едно решение кое ќе не придвижи напред кон ЕУ“. Претседателот на Комисијата за европски прашања од данскиот парламент Нилс Флеминг Хансен се заблагодарил во име на делегацијата за можноста за средба со претседателот Џафери и ја истакнал важноста на овие средби за понатамошната соработка и интензивирање на соработката меѓу двете земји на секој план. - Во дискусија се вклучија и преостанатите членови на делегацијата, при што во фокусот на нивниот интерес беше нашиот евроинтеграциски пат, ситуацијата со уставните измени, а изразија интерес и за интензитетот на јавната поддршка која постои во нашата земја во однос на прашањето за интеграција во ЕУ, стои во соопштението. Собраниската прес-служба посочува дека на средбата гостите од Данска ја изразиле својата поддршка за Република Македонија и спремноста да помогнат колку што можат во нашите аспирации околу започнување на пристапните преговори со ЕУ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhaferi-se-sretna-so-delegatsija-od-danskiot-parlament/feed/ 0
Џафери: Седницата за уставните измени ќе продолжи тогаш кога ќе има услови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhaferi-sednitsata-za-ustavnite-izmeni-ke-prodolzhi-togash-koga-ke-ima-uslovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhaferi-sednitsata-za-ustavnite-izmeni-ke-prodolzhi-togash-koga-ke-ima-uslovi/#respond Tue, 05 Sep 2023 12:00:57 +0000 https://kurir.mk/?p=874793

Можноста дваесет пратеници да побараат свикување нова седница не е и обврска за претседателот на Собранието да свика седница, изјави претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на почетокот на денешната нова 125. седница одговарајќи на барањето на пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ да се свика продолжение на 123. седница за да се гласа за уставните измени. На почетокот од 125 седница во Собранието, претседателот одговори дека основот на барањето е несоодветен. - По однос на барањето, мислам дека основот не ви е соодветен, да побарате свикување на прекината седница. За нова седница е неспорно, можете да побарате, но, тоа е повторно можност да побарате, но не и обврска за да се свика седница. Правниците тоа си го знаат. Свикување седница, покрај другото може да побараат 20 пратеници. Претседателот може да свика седница по барање на 20 пратеници. Може, што значи и не мора. Така што, да сме начисто со тоа. Ниту множев, ниту делев, а кој се множи сам себеси тоа си е негов проблем, рече Џафери. Тој дополни дека продолжението на прекината седница е во исклучива надлежност на претседателот на Собранието. - Ставот 5 од членот 81 е јасен, прецизен и дециден во смисла на тоа дека прекината седница е во исклучива надлежност на претседателот на Собранието, кога ќе продолжи со таа седница. Впрочем, како што и многу други седници стојат и чекаат продолжение поради одредени работи кои што и вам и на јавноста претходно им се познати, а тоа е поради неработењето на соодветните комисии, рече Џафери. Тој дополни дека 123. седница ќе продолжи тогаш кога ќе има услови да продолжи. Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека седницата на 18 август била затворена без никакво образложение и побара од Џафери, повикувајќи се на член 67 став 2 од Деловникот и согласно потписите од дваесет пратеници од оваа партија да се свика продолжение на оваа седница. -И барем еден облак којшто виси над македонските граѓани да се разреши дилемата околу тоа кој е за или против уставни измени, рече Стојановска. Според неа, проблемите треба да се решаваат, и во Собранието треба да се зборува за случувањата на Клиниката за онкологија. Забележа дека непосредно пред седницата, која доцнеше со почетокот, се дојдени закони по скратена постапка, меѓу кои и измени на Кривичниот закон. Според пратеникот Димитар Апасиев, промена на Устав се прави со специјални одредби и деловничкиот рок не зависи од ничија волја. Собранискиот спикер ја прекина седницата за уставните измени на 18 август со информација дека нема веќе пријавени за дискусија, а продолжението, како што рече, дополнително ќе биде закажано.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhaferi-sednitsata-za-ustavnite-izmeni-ke-prodolzhi-togash-koga-ke-ima-uslovi/feed/ 0
Честитка од Џафери по повод празникот Успение на Пресвета Богородица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-dhaferi-po-povod-praznikot-uspenie-na-presveta-bogoroditsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-dhaferi-po-povod-praznikot-uspenie-na-presveta-bogoroditsa/#respond Mon, 28 Aug 2023 11:16:27 +0000 https://kurir.mk/?p=871707

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до припадниците на православната вероисповед по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, посакувајќи добро здравје, душевен мир, семејна среќа и топлина, меѓусебна почит, разбирање и хармонија. -Нека овој голем ден кој е во чест на Успението на Пресвета богородица биде денот во кој што ќе најдеме сите човечка сила за взаемно разбирање, во исто време ќе почувствуваме благодарност и почит кон благословите што се излеваат врз луѓето на овој празник. Да се надминеме себеси со тоа што ќе се погрижиме сите да бидеме на исправниот пат, осветлувајќи го и отворајќи го и нашиот ум и нашето срце, затоа што само тогаш ќе знаеме како да го цениме и да го живееме животот како дар во кој царува љубов, радост и взаемна почит. Тогаш ќе можеме да почувствуваме колкава е моќта на животот врз смртта и колку малку треба за да имаме мир и спокој во душата и во државата. Искрени честитки до сите Вас почитувани граѓани, со желба да најдеме сите во себе доволно доблест за правење на добри дела, за негување на позитивни вредности и споделувањето на најдоброто од нас овој и секој друг ден. Ви посакувам убаво поминат празник!, наведува Џафери во честитката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-dhaferi-po-povod-praznikot-uspenie-na-presveta-bogoroditsa/feed/ 0
Не документи, потребна е смена на власта! https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ne-dokumenti-potrebna-e-smena-na-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ne-dokumenti-potrebna-e-smena-na-vlasta/#respond Wed, 23 Aug 2023 10:21:35 +0000 https://kurir.mk/?p=869955

Албанскиот „партнер“ повторно ја спаси антимакедонската партнерка. Овојпат, Таљо со одложувањето на гласањето за потребата од пробугарски уставни измени беше оној кој за сега спречи мисирот Ќуран да оди курбан. Ок, спикерот само го одложи неминовното, ама си ја спаси и „златната кокошка“, која сега е златна мисирка. Оти, тоа е СДСССС за албанските партии, најзлатна кокошка, позлатна здравје. Средство за правење пари преку тендери, рушвет и злоупотреба на власта, те Бехтели те Енки, експропријации, криминалии и дузина други уиграни скаламуции. Факт е дека командант Форина саде времено го одложи траснувањето од власт на ненародната болумента. Лоша навика на корисниците на златната кокошка. Претходно, Заевци ги спаси Касами, за да потоа истото го стори Гаши, а престолонаследникот Таче Црпков политичката опстојба на власт ја продложи само благодарение на Таравари. Логичното прашање е - До кога албанските партии ќе ја спасуваат СДСС, за да уште попарадоксално истата таа демек „македонска“ партија продолжи во уништувањето на македонските идентитетски одредници, историја, образование и се’ што е македонско? До избори. Јасно е ко ден. Не Дончев, тој е матен. Избори се дефинитивниот крај на Тачевци родум од Црпковци. А тие, тие си доаѓаат, сакале или не одродите на заминување. Рокот на употреба на оваа северна шклопоција е одминат уште пред скоро две години. Денот на локалните избори беше денот кога набафтана собраните политиканти беа траснати од земја и така делигитимирани и по сите демократски правила, мораше да заминат од власт и да распишат предвремени парламентарни избори. Ок. Тоа ќе беше доколку бевме демократска земја. Арно ама, таква не сме веќе 7 години, па четата корисни идиоти одигра смена на Заев за да демек признаат пораз и го донесоа недемократски избраниот Таче, наттурен, промовиран и насаден од самиот Црпко Први. Црпко Втори, алијас Ќуран, требаше да биде новиот мисир кој ќе им купи време за нови зулуми и доработка на планот за уништување на Македонија. Анонимус кој не го познаваа ниту во маало, не па во партија, амбициозен намќор со желба да стане премиер, опортунист волен да ја продаде и сопствената мајка само и само за да ја оствари нереалата желба и позиција. И така, човечето кое ја презема власта и заора во десет броја поголеми опинци, ни стана премиер. Тогаш се освести Касами, па дојде Гаши, па дур тој се освести дојде Таравари и така... А, додека чекаме да се освести Таравари, се освестија Македонскиот народ и сите останати граѓани, ама многу. Ги разбуди пробугарскиот наратив на ненародната болумента, ги освестија и отрезнија цените кои скокнаа до небо, ги разбудија смешните платички и уште поминорни пензии, ги продрма ароганцијата на Тренчевки, Бујари, Грубиевци, Тачевци, Маричиќи и компанија, ги штрецна нивната угоеност и недостиг на емпатија кон сопствениот народ, ги сепна неправдата и забеганото судство и обвинителство под капа на Ахметовци и Заевци, ги дамлоса аресивноста и возењето комшиски аута од 80 илјади евра, ги штрекна богатството на новопечените политиканти, ги заболе вината на кабелот во Тетово, ги навреди невиноста на Анѓушевци, Филипчиња, Димовки, Дончевци и Заевци, подзинаа на ручеци од илјадници евра со октоподи и лигњи, ги свести понижувањето и недостиг на образ, чест и достоинство кај властродршците, ги разгиба луксузот наречен лубеница и сонот наречен диња. Се разбуди и заспаниот омбудсман, кој ко и ќоравата кокошка која ќе колвне по некое зрно, сфати дека смената на личните документи без минат рок треба да ја плати забеганата власт на оние кои самите ја смесија ненародната каша. Затоа, не промена на документи, драги мои. За да излеземе целосно од антимакедонската, северна каша, потребни се брзи избори, потребна е смена на најнеспособната влада во историјата. Избори за враќање на вистинските вредности, избори за спас на нацијата која тоне во депресија, избори за прекин на понижувањата, избори за оправање на економијата, за спречување на миграцијата на младо и старо, избори за враќање на нозе на образованието, земјоделието, судството. Избори за спас на честа и достоинството, за спас на историјата која непарадоксално ќе ни ја загарантира и спаси иднината! Избори за МАКЕДОНИЈА!]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ne-dokumenti-potrebna-e-smena-na-vlasta/feed/ 0
Митева: Џафери мандатот го започна со кршење на Уставот, го завршува со кршење на Деловникот, и за тоа одговорност ќе има https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-dhaferi-mandatot-go-zapochna-so-krshene-na-ustavot-go-zavrshuva-so-krshene-na-delovnikot-i-za-toa-odgovornost-ke-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-dhaferi-mandatot-go-zapochna-so-krshene-na-ustavot-go-zavrshuva-so-krshene-na-delovnikot-i-za-toa-odgovornost-ke-ima/#respond Tue, 22 Aug 2023 11:53:50 +0000 https://kurir.mk/?p=869556

Талат Џафери во текот на целиот свој мандат ги толкува законските прописи на начин само нему разбирлив, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање за став на партијата во врска со тоа што спикерот уште се повикува на одредби на Деловникот. „Нормативите се јасни. Џафери не можел да применува членови од Деловникот кои се однесуваат на измени на закон, кога станува збор за измени на Устав“, рече Митева. Митева укажа „Џафери не смеел да ја прекине седницата, и морал да ги стави на гласање уставните измени“. „Џафери мандатот го започна со кршење на Уставот, го завршува со крешење на Деловникот, и за тоа одговорност ќе има“, заклучи Митева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-dhaferi-mandatot-go-zapochna-so-krshene-na-ustavot-go-zavrshuva-so-krshene-na-delovnikot-i-za-toa-odgovornost-ke-ima/feed/ 0
„Џафери мандатот го започна со кршење на Уставот, го завршува со крешење на Деловникот, одговорност ќе има“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhaferi-mandatot-go-zapochna-so-krshene-na-ustavot-go-zavrshuva-so-kreshene-na-delovnikot-odgovornost-ke-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhaferi-mandatot-go-zapochna-so-krshene-na-ustavot-go-zavrshuva-so-kreshene-na-delovnikot-odgovornost-ke-ima/#respond Tue, 22 Aug 2023 06:33:32 +0000 https://kurir.mk/?p=869393

Џафери мандатот го започна со кршење на Уставот, го завршува со крешење на Деловникот, одговорност ќе има. Талат Џафери во текот на целиот свој мандат ги толкува законските прописи на начин само нему разбирлив, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Нормативите се јасни. Џафери не можел да применува членови од Деливникот кои се однесуваат на измени на закон, кога станува збор за измени на Устав. Џафери не смеел да ја прекине седницата, и морал да ги стави на гласање уставните измени. Џафери го прекрши Деловникот само за да не се изрезили власта, а со тоа си стави уште едно кршење на процедурите околу врат. Џафери знае дека во моментот кога ќе ги стави уставните измени на гласање тие ќе паднат и ќе нема друг избор освен да се распишат избори, од кои власта бега. Талат Џафери со бегството од ставање на гласање на уставни купува ден или месец повеќе власт за ДУИ и СДС, додаваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhaferi-mandatot-go-zapochna-so-krshene-na-ustavot-go-zavrshuva-so-kreshene-na-delovnikot-odgovornost-ke-ima/feed/ 0
Пренџов: Џафери не треба да ги занемарува 80% од граѓаните кои се против капитулација и прифаќање на уставни измени под бугарски диктат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prendhov-dhaferi-ne-treba-da-gi-zanemaruva-80-od-graganite-koi-se-protiv-kapitulatsija-i-prifakane-na-ustavni-izmeni-pod-bugarski-diktat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prendhov-dhaferi-ne-treba-da-gi-zanemaruva-80-od-graganite-koi-se-protiv-kapitulatsija-i-prifakane-na-ustavni-izmeni-pod-bugarski-diktat/#respond Mon, 21 Aug 2023 17:09:01 +0000 https://kurir.mk/?p=869287

„Џафери треба да знае дека не смее, не може и не треба да ја крши волјата на граѓаните претставени како пратениците. Не смее, не може и не треба да ги занемарува 80 проценти од јавноста кои се против капитулација и прифаќање на уставни измени под бугарски диктат“, изјави пратеникот од коалицијата за „Обнова на Македонија“, Љупчо Пренџов во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа.

Тој додаде дека волјата на граѓаните и оние кои ги пратиле во Собранието да ги претстават мора да биде целосно испочитувана.

„Нервозата им е заслужена, стравот исто така затоа што кога се работи за вакви суштински прашања и прашања за кои не зависат само за ние што денес живееме во Република Македонија туку прашања и за нашите следни поколенија“, кажа Пренџов.

Тој посочи дека за нив ова е битка за Македонија. Уставните измени се завршена приказна не можат да се случат и никогаш не можат да се стават на гласање.

„Кога се работи за спор како што е ова со Бугарија стар повеќе од 150 години тогаш мора да има државна политика која ќе е инклузија на сите политички чинители. Не може Бујар Османи сам како лекар да одлучува за таков спор, такви дипломатски договори и да води билатерални преговори“, истакна Пренџов.

Тој рече дека власта сметала дека ова се некој други времиња, ќе си потпишат тоа што мислат и ќе дојдат во Собрание и тоа се ќе им помине, но ги предупредувавме многу јасно две години.

„Единствената европска опција во Собранието на Република Македонија е опозицијата, а власта е европска опција по потреба и заради потреба. Ние веруваме во европска перспектива и вредности а тие веруваат во тендерите, фотелјите и што е можно повеќе да останат на власт“, дециден е Пренџов. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prendhov-dhaferi-ne-treba-da-gi-zanemaruva-80-od-graganite-koi-se-protiv-kapitulatsija-i-prifakane-na-ustavni-izmeni-pod-bugarski-diktat/feed/ 0