талибанци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Aug 2023 06:25:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png талибанци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Две години под талибанците: „Како да живееш во кошмар“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-godini-pod-talibantsite-kako-da-zhiveesh-vo-koshmar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-godini-pod-talibantsite-kako-da-zhiveesh-vo-koshmar/#respond Wed, 16 Aug 2023 06:25:38 +0000 https://kurir.mk/?p=867216

„Да бидам искрена, се чувствувам како да живеам во кошмар. Тешко е да се разбере низ што минавме во последните две години“, вели 29-годишната Марјам Мароф Арвин. Таа живее во Кабул и е основач на добротворна организација за помош на жените и децата. Таа телефонски разговараше за ДВ. По повлекувањето на меѓународните трупи од Авганистан, талибанците за само неколку недели успеаја да ја освојат целата земја. И покрај ветувањата дадени на почетокот на нивното владеење, кога рекоа дека ќе ги почитуваат правата на жените според шеријатскиот закон, талибанците во изминатите две години воведоа серија забрани кои драстично ги ограничуваат правата на жените и девојките. Тие се истиснати од јавниот живот, отстранети од образовните институции и пазарот на труд, а нивната слобода на движење е многу ограничена. Последното предупредување пред падот на Кабул „Она што не го разбирам е од каде дојде оваа надеж дека талибанците се промениле или дури станале подобри“, вели активистката од Кабул, Арвин. И таа додава: „Отсекогаш знаевме дека со талибанците на власт, повторно ќе изгубиме се што успеавме да постигнеме“. Дваесет дена пред да ја преземат власта, ние, активисти и претставници на граѓанското општество во Кабул, организиравме прес-конференција за уште еднаш да укажеме на нашата ситуација пред светската јавност. Тогаш рековме: погледнете ги областите под контрола на талибанците и видете како тие не ги почитуваат и газат правата на жените. Но, никој не сакаше да не слуша“. Дури и пред нивното враќање на власт во Кабул, талибанците постепено успеаја да ја преземат контролата врз зголемените делови од рурален Авганистан. Таму каде што имаа моќ и авторитет, жените мораа да останат дома и да ги преземат традиционалните улоги на ќерки, сопруги или мајки, исто како и за време на нивното претходно владеење од 1996 до 2001 година. Во тоа време, на жените во Авганистан не им беше дозволено да учат, ниту да работат. Тие можеле да ја напуштат куќата само придружувани од машки членови на семејството. Ако жената се движела без придружба и се заканувале со камшикување. Талибанците во 2021 година беа повнимателни отколку за време на нивното прво владеење во 1990-тите. Но, тие речиси не се разликуваа од талибанците од 1990-тите, изјави за ДВ поранешниот заменик-министер за мир во Авганистан, д-р Алем Алем. Министерството за мир беше задолжено за мировните преговори во Авганистан и беше распуштено откако талибанците ја презедоа власта. Талибанците, вели тој, станале само поискусни и повнимателни. „Откако се вратија на власт, тие издадоа 51 забрана за жени, што е повеќе од една забрана месечно“, објаснува Алема. „Тие не објавија сè одеднаш, бидејќи не сакаа да ја исплашат меѓународната заедница. Во самиот Авганистан, на почетокот на нивното владеење, тие мораа да дејствуваат претпазливо, за да не се сврти населението против нив. Нивната моќ во тоа време сè уште не беше консолидирана“. Американската влада „ги внесе талибанците во игра“ Во 2018 година, САД започнаа директни преговори со Талибанците. Да беше вклучена авганистанската влада и локалните експерти, сè ќе испаднеше поинаку, смета 59-годишната Алема, која моментално живее во Германија. САД и нивните партнери сакаа да го отворат патот за повлекување од конфликтот во Авганистан преку преговорите со талибанците одржани во Доха. Патем, дури и откако меѓународната коалиција успеа да го собори талибанскиот режим во 2001 година, тие продолжија да пружаат жесток вооружен отпор на авганистанската влада и странските единици. Бројни војници и цивили ги загубија животите во овој тековен конфликт. Преговорите со талибанците доведоа до договор од 29 февруари 2020 година, со кој беше утврдена временска рамка за повлекување на американските трупи, како и на другите контингенти од НАТО. „Договорот од февруари 2020 година, меѓу другото, предвидува мировни преговори во Авганистан, при што талибанците требаше директно да преговараат со авганистанската влада“, објаснува поранешниот авганистански политичар. „Се подготвивме за тоа. Во Министерството за мир формирав неколку работни групи и развив упатства со претставници на невладини организации од секоја од 34-те провинции во земјата. Но, талибанците не покажаа никаков интерес да преговараат со нас. Тие знаеја дека САД ќе ја напуштат земјата и не беа подготвени да направат отстапки. САД ги внесоа во игра, под мотото: „Талибанците се сменија“, истакнува Алема. Договор кој ја деморализираше државата Директните преговори со САД обезбедија признание за талибанците. Тие во Доха потпишаа договор со САД кој требаше да донесе мир во Авганистан. Договорот го ослабна моралот на авганистанската армија и значително го намали нејзиниот отпор при последователните напредувања на талибанците. „Она што се случи во Авганистан во август 2021 година не беше воен триумф на талибанците, туку резултат на политичка одлука“, вели Кушал Асефи, новинар и поранешен извршен директор на радио-телевизиската станица „Ариана“. Тогаш Асефи секојдневно известуваше за настаните кои претходеа еден на друг. „Никој немаше увид во позадината на преговорите со талибанците. Се чинеше како западните земји да ја повлекоа поддршката за официјалната влада во тоа време“. По преземањето на талибанците, Асефи мораше да ја напушти земјата. Како критички новинар, тој повеќе не ја гледаше својата иднина во Авганистан. „Настаните во последните две години го зајакнуваат верувањето дека земјата е препуштена на талибанците. Се чини дека веќе не е важно каков хаос предизвикуваат. Во најдобар случај, се објавуваат неколку критички изјави кои ја осудуваат политиката на талибанците. Авганистанското општество е деморализирано и исцрпено. Економијата е уништена и повеќе од 20 милиони луѓе живеат под прагот на сиромаштија. Луѓето сè уште се борат за обичен опстанок“. „Да, многумина размислуваат само како да ја напуштат земјата“, потврдува Арвин, активистка за женски права од Кабул. „Разочарана сум што светската заедница и авганистанското општество капитулираа толку брзо. Полошо е отколку што се плашев. Но, авганистанското граѓанско општество има силно јадро кое нема да се откаже. Тоа јадро не треба да се потценува. Цврсто верувам во нас“, вели Мерјам Мароф Арвин. Дојче Веле ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-godini-pod-talibantsite-kako-da-zhiveesh-vo-koshmar/feed/ 0
Талибанците сакаат да ја забранат вратоврската – го претставувала христијанскиот крст https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibantsite-sakaat-da-ja-zabranat-vratovrskata-go-pretstavuvala-hristijanskiot-krst/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibantsite-sakaat-da-ja-zabranat-vratovrskata-go-pretstavuvala-hristijanskiot-krst/#respond Wed, 26 Jul 2023 17:50:57 +0000 https://kurir.mk/?p=860426

Вратоврската што ја носат мажите го симболизира крстот во христијанската вера, рече висок талибански функционер во Авганистан, нагласувајќи дека треба да се забрани. „Понекогаш кога одам во болница или во некоја друга институција, среќавам лекари или инженери, авганистански муслимани кои носат вратоврски“, рече Мохамад Хашим Шахид Врор, шеф на владиниот оддел задолжен да го oбучува населението како најдобро да ги почитува исламските принципи. Симболиката на вратоврската е јасна во исламот, рече тој на прес-конференцијата што ја емитуваше „ТВ Толо“. „Што е вратоврска? Тоа е христијански крст. Шеријатот (исламскиот закон) ви наредува да ја симнете“, додаде тој. Откако се вратија на власт, Талибанците не наметнаа никакви правила за тоа како мажите треба да се облекуваат. Во исто време, жените мора да бидат целосно покриени кога ќе ги напуштат своите домови. Речиси сите талибански функционери носат шалвар, широки панталони и традиционална туника со елек и турбан на главата. Западната облека е поретка во Авганистан откако Талибанците ја презедоа власта, но кошули и вратоврски сè уште се носат во некои професии. Дури и претходно, авганистанските администрации се обидоа да наметнат кодекси за облекување на населението или барем на државните службеници. За време на деценијата на советската окупација, по инвазијата во 1979 година, државните службеници беа охрабрувани да носат костуми наместо традиционални носии. Поранешниот претседател Ашраф Гани, кој избега од земјата во 2021 година кога Талибанците пристигнаа во Кабул, носел западна облека кога бил во странство и традиционални носии дома.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibantsite-sakaat-da-ja-zabranat-vratovrskata-go-pretstavuvala-hristijanskiot-krst/feed/ 0
Талибанците ги забранија сите шведски активности во Авганистан поради палењето на копија од Куранот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibantsite-gi-zabranija-site-shvedski-aktivnosti-vo-avganistan-poradi-paleneto-na-kopija-od-kuranot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibantsite-gi-zabranija-site-shvedski-aktivnosti-vo-avganistan-poradi-paleneto-na-kopija-od-kuranot/#respond Tue, 11 Jul 2023 12:08:42 +0000 https://kurir.mk/?p=855370

Талибанската влада во Авганистан денеска нареди да се стопираат сите активности што ги развива Шведска во земјата. Причината е јавното палење на примерок од светата книга за муслиманите – Куранот – пред најголемата џамија во шведскиот главен град Стокхолм минатиот месец. „По сквернавењето на светиот Куран и дозволата да се навредува муслиманската вера ... Исламскиот емират на Авганистан нареди да се прекинат сите шведски активности во Авганистан“, се вели во соопштението на портпаролот на владата на талибанците Забиула Муџахид. Шведска нема активна амбасада во Авганистан откако талибанците ја презедоа власта во 2021 година. Се очекува наредбата да влијае на активностите на невладината организација „Шведски комитет за Авганистан“, чии илјадници волонтери работат во сферата на здравствената заштита, образованието и руралниот развој низ целата земја. Ирачки иселеник во Шведска минатиот месец запали копија од Куранот пред најголемата џамија во Стокхолм, предизвикувајќи гнев низ муслиманскиот свет. Властите во Кабул не прецизираа кои организации ќе бидат засегнати од одлуката. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibantsite-gi-zabranija-site-shvedski-aktivnosti-vo-avganistan-poradi-paleneto-na-kopija-od-kuranot/feed/ 0
Земји-членки на Советот за безбедност на ОН ги повикаа талибанците да ги прекинат угнетувачките мерки против жените во Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemji-chlenki-na-sovetot-za-bezbednost-na-on-gi-povikaa-talibantsite-da-gi-prekinat-ugnetuvachkite-merki-protiv-zhenite-vo-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemji-chlenki-na-sovetot-za-bezbednost-na-on-gi-povikaa-talibantsite-da-gi-prekinat-ugnetuvachkite-merki-protiv-zhenite-vo-avganistan/#respond Fri, 13 Jan 2023 19:45:59 +0000 https://kurir.mk/?p=787078

Десетина земји-членки на Советот за безбедност на ОН денеска ги повикаа талибанците да ги прекинат сите угнетувачки мерки против жените во Авганистан, на маргините на состанокот зад затворени врати за ситуацијата во таа земја. – Ги повикуваме талибанците да ги прекинат сите угнетувачки мерки врз жените и девојчињата, им рече на новинарите јапонскиот амбасадор Кимихиро Ишикане во име на 11-те членки на Советот за безбедност (Албанија, Бразил, Еквадор, Франција, Габон, Јапонија, Малта, Швајцарија, Обединети Арапски Емирати, Велика Британија и САД). Тие земји, исто така, ги повикуваат талибанците да ги почитуваат правата на жените и девојките и да се залагаат за нивно целосно, еднакво и значајно учество и вклучување во сите области на општеството, политиката и економијата, во образованието и јавниот простор. Декларацијата се однесува на исклучувањето на жените и девојчињата од училиштата и универзитетите и забраната за вработување на жени во национални и меѓународни невладини организации. Поради оваа последна мерка, невладините организации повеќе нема да можат да дојдат до луѓето, особено жените и девојките, на кои им е најпотребна помош со опрема и витални услуги, се наведува во декларацијата. Повеќе хуманитарни организации одлучија да ги прекинат своите активности поради таа забрана, која талибанците ја воведоа на 24 декември. Сепак, ОН одлучија да ја продолжат својата операција. – Положбата на жените и девојчињата во Авганистан треба да остане високо на агендата на Советот за безбедност, ветија потписниците на денешната декларација. Советот за безбедност денеска заседава зад затворени врати за да разговара за ситуацијата во таа земја. – Денес ќе разговараме за обединет меѓународен одговор наспроти дејствијата на талибанците. Нашата цел е да спречиме да дојде до хуманитарна катастрофа и да се откажат од забраните насочени кон жените и девојчињата, објави британската амбасадорка Барбара Вудворд на Твитер пред почетокот на состанокот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemji-chlenki-na-sovetot-za-bezbednost-na-on-gi-povikaa-talibantsite-da-gi-prekinat-ugnetuvachkite-merki-protiv-zhenite-vo-avganistan/feed/ 0
Талибанската влада „удри“ по принцот Хари откако во својата книга призна дека убил 25 луѓе додека бил во војска – еве што му порача! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/talibanskata-vlada-udri-po-princot-hari-otkako-vo-svojata-kniga-prizna-deka-ubil-25-lugje-dodeka-bil-vo-vojska-eve-shto-mu-poracha/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/talibanskata-vlada-udri-po-princot-hari-otkako-vo-svojata-kniga-prizna-deka-ubil-25-lugje-dodeka-bil-vo-vojska-eve-shto-mu-poracha/#respond Fri, 06 Jan 2023 15:48:25 +0000 https://kurir.mk/?p=784248

Талибанската Влада упати критика кон британскиот принц Хари, кој во своите мемоари тврди дека убил 25 луѓе за време на неговата воена служба во Авганистан, кои ги опиша како „шаховски фигури отстранети од таблата“. – Западната окупација на Авганистан е навистина одвратен момент во човечката историја, а коментарите на принцот Хари се микрокосмос на траумите што Авганистанците ги претрпеа додека окупаторските сили убиваат невини луѓе без никаква одговорност, портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи, Абдул Кахар Балки. Мемоарите на Хари беа пуштени во продажба во Шпанија неколку дена пред глобалното објавување, што е закажано на 10 јануари. Во еден дел од книгата, 38-годишниот принц ги опишува своите два престоја во Авганистан. Тој првпат беше во Авганистан како контролор на летање во 2007/08 година и повторно во 2012 година, кога беше копилот во хеликоптери Апачи. Тој пишува за бројот на луѓе што ги убил во Авганистан. – Тоа не е статистика што ме исполнува со гордост, но не можам да кажам дека ми е срам. Кога се најдов во жарот на битката, не мислев на луѓето, ги замислував како шаховски фигури отстранети од таблата, лошите момци се елиминирани пред да им се даде шанса да ги убијат добрите момци, пишува принцот Хари. Тој во мемоарите пишува за недоразбирањата со неговиот брат, престолонаследникот Вилијам, како и за неговата употреба на дрога и како ја изгубил невиноста.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/talibanskata-vlada-udri-po-princot-hari-otkako-vo-svojata-kniga-prizna-deka-ubil-25-lugje-dodeka-bil-vo-vojska-eve-shto-mu-poracha/feed/ 0
САД ги осудија талибанците затоа што на жените им забранија пристап до универзитетите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-gi-osudija-talibancite-zatoa-shto-na-zenite-im-zabranija-pristap-do-univerzitetite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-gi-osudija-talibancite-zatoa-shto-na-zenite-im-zabranija-pristap-do-univerzitetite/#respond Wed, 21 Dec 2022 07:37:57 +0000 https://kurir.mk/?p=778387

Соединетите Американски Држави го осудија потегот на Министерството за образование на талибанските власти на Авганистан, кое вчера им забрани пристап на жените до универзитетите на неодреден период. – САД се во контакт со сојузниците во врска со одлуката од вторникот на талибанското Министерство за образование да го забрани пристапот на студентките до понатамошно известување. САД ја осудуваат необјаснивата одлука на талибанците да ги спречат авганистанските жени да добијат универзитетско образование, соопшти портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адриен Вотсон. Талибанските власти вчера им забранија на неодредено време на жените да студираат на универзитетите во Авганистан, соопшти Министерството за високо образование во писмо упатено до сите јавни и приватни високообразовни установи во земјата. – Со ова сите сте информирани да ја спроведете спомнатата наредба за прекин на образованието за жените до нова одредба, се вели во писмото што го објави министерот за високо образование Неда Мохамад Надеем. Портпаролот на Министерството, Зиаулах Хашими исто така ја потврди таа вест. До забраната за високо образование дојде по помалку од три месеци откако илјадници девојки и жени полагаа приемни испити на универзитетите низ целата земја. Оваа рестриктивна мерка на талибанците во областа на образованието на жените е најнова во серијата ограничувања воспоставени против жените и најверојатно ќе предизвика загриженост кај меѓународната заедница, јавија западни медиуми. Девојките веќе биле лишени од пристап во средните училишта. Кога се вратија на власт во август 2021 година, Талибанците ветија дека ќе биде пофлексибилни, но во голема мера се вратија на ултраригорозната интерпретација на исламот што го одбележа нивниот прв период на власт (1996-2001). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-gi-osudija-talibancite-zatoa-shto-na-zenite-im-zabranija-pristap-do-univerzitetite/feed/ 0
Талибанците го забранија емитувањето на „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“ во Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-go-zabranija-emituvanjeto-na-glasot-na-amerika-i-radio-slobodna-evropa-vo-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-go-zabranija-emituvanjeto-na-glasot-na-amerika-i-radio-slobodna-evropa-vo-avganistan/#respond Thu, 01 Dec 2022 13:58:30 +0000 https://kurir.mk/?p=769569

Радиото „Гласот на Америка“ објави дека од денеска талибанците забрануваат емитување на две радио станици финансирани од американската Влада во Авганистан – „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“. „Гласот на Америка“ објави дека талибанските власти ги навеле „поплаките што ги добиле за програмска содржина“, без да образложат за случајот. „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“ се финансирани од американската Влада и покрај нивните тврдења за уредувачка независност. Талибанците ја презедоа власта во Авганистан минатиот август додека силите на САД и НАТО го завршуваа своето повлекување од земјата по 20 години војна. И покрај првичното ветување за поумерено владеење, талибанците ги ограничија правата и слободите и спроведоа строго толкување на исламскиот верски закон, шеријатот. -Авганистан има закони за печатот и секоја мрежа за која ќе се утврди дека „постојано ги прекршува“ тие закони нема да може да работи во земјата. „Гласот на Америка“ и радиото „Азади“ на РСЕ не се придржуваа до тие закони, беше откриено дека повторно ги прекршуваат, не покажаа професионализам и затоа се забранети, рече портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи, Абдул Кахар Балки. Групата за поддршка на новинарите „Репортери без граници“ неодамна соопшти дека Авганистан изгубил 40 отсто од своите медиуми и 60 отсто од своите новинари откако Талибанците дојдоа на власт.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-go-zabranija-emituvanjeto-na-glasot-na-amerika-i-radio-slobodna-evropa-vo-avganistan/feed/ 0
Талибанците им забранија на Авганистанките да одат во забавни паркови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-im-zabranija-na-avganistankite-da-odat-vo-zabavni-parkovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-im-zabranija-na-avganistankite-da-odat-vo-zabavni-parkovi/#respond Wed, 09 Nov 2022 16:45:23 +0000 https://kurir.mk/?p=758118

Талибанските власти им наредија на сопствениците на сите забавни паркови во Авганистан да не им дозволат на жените да влегуваат, што е уште една забрана со која соочуваат Авганистанките. Мохамед Садек Акиф Мухаџир, портпарол на талибанската полиција за морал, позната како Министерство за пропагирање на доблест и спречување на пороците, ја потврди веста за ДПА, но одби да коментира за причината. Министерството во март нареди сите забавни паркови во градот Кабул да бидат сегрегирани врз основа на пол. Талибанската влада постепено воведува ограничувања во јавниот живот откако се врати на власт за време на хаотичното повлекување на силите на НАТО предводени од САД во август 2021 година. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-im-zabranija-na-avganistankite-da-odat-vo-zabavni-parkovi/feed/ 0
Талибанците се жалат дека новите американски санкции се пречка за односите меѓу Авганистан и САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-se-zalat-deka-novite-amerikanski-sankcii-se-prechka-za-odnosite-megju-avganistan-i-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-se-zalat-deka-novite-amerikanski-sankcii-se-prechka-za-odnosite-megju-avganistan-i-sad/#respond Wed, 12 Oct 2022 16:30:40 +0000 https://kurir.mk/?p=744380

Новите визни ограничувања за Талибанците се пречка за односите меѓу Авганистан и САД, оцени денеска авганистанската влада, во која доминира исламистичкото движење кое минатата година ја презеде власта во Кабул. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера изјави дека неговата земја „го ограничува издавањето визи на сегашните и поранешните членови на талибанското движење и на други за кои се верува дека се одговорни или се соучесници во репресијата на жените и девојките во Авганистан на некој начин“. Ограничувањата беа објавени по повод десетгодишнината од востановувањето на Меѓународниот ден на девојчињата. Оваа одлука е „пречка за развојот на односите меѓу двете земји“, рече портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи Абдул Кахар Балхи во соопштението. „Мерката беше објавена во услови на тековни состаноци на високи претставници на двете земји, кои се одржаа оваа недела во Доха, на кои се разговараше за сите важни прашања“, рече Балхи. „САД требаше да преземат позитивни мерки во услови на неодамнешните дискусии во Доха за да покажат во пракса дека сакаат конструктивни односи со Исламскиот емират. Ваквите одлуки може да имаат негативно влијание врз билатералните односи“, се наведува во соопштението на портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-se-zalat-deka-novite-amerikanski-sankcii-se-prechka-za-odnosite-megju-avganistan-i-sad/feed/ 0
Талибанците ја слават првата годишнина од враќањето на власт во Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-ja-slavat-prvata-godishnina-od-vrakjanjeto-na-vlast-vo-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-ja-slavat-prvata-godishnina-od-vrakjanjeto-na-vlast-vo-avganistan/#respond Mon, 15 Aug 2022 05:40:08 +0000 https://kurir.mk/?p=718516

Денеска е државен празник во Авганистан – Талибанците ја слават првата годишнина од враќањето на власт по повлекувањето на американските сили. Помина една година во земјата, обележана со нагло опаѓање на правата на жените и длабока хуманитарна криза, јави телевизијата Франс24. На 15 август 2021 година, исламските фундаменталисти без борба го зазедоа главниот град Кабул по молскавична офанзива низ Авганистан против владините трупи збунети од повлекувањето на силите на САД и НАТО по дваесет години воена интервенција во земјата. „Ја исполнивме нашата должност наметната од џихадот и ја ослободивме нашата земја”, резимира Нијаматула Хекмат, еден од талибанските борци кои влегоа во Кабул тој ден – само неколку часа откако соборениот претседател Ашраф Гани избега од земјата. Освен прогласувањето на денешниот ден за државен празник, досега не е најавена официјална церемонија во врска со годишнината. Државната телевизија, сепак, посочи дека ќе емитува специјални програми без да даде детали. Талибанските борци ја слават годишнината од преземањето на земјата, но хуманитарните агенции се загрижени бидејќи половина од 38-те милиони луѓе живеат во екстремна сиромаштија. Новите власти во државата во голема мера се вратија на исклучително строгото толкување на исламот што го карактеризираше нивното прво владеење од 1996 до 2001 година, сериозно ограничувајќи ги правата на жените. Голем број јавни позиции денес не им се достапни на жените, им е забрането сами да патуваат надвор од градот каде што живеат. Во март, исламистите повторно ги затворија вратите на средните училишта и факултетите за девојки – само неколку часа откако долго време беше најавено дека ќе им ги отворат. И на почетокот на мај, врховниот лидер на талибанците им нареди на жените да носат облека за целото тело. „Откако дојдоа, животот ја изгуби смислата”, вели Огаи Амаил, жител на Кабул. Ни зедоа се, дури и влегоа во нашиот личен простор”, јави телевизијата. Авганистанците признаваат дека со крајот на војната и враќањето на талибанците насилството во земјата е намалено. Сепак, многу од нив многу страдаат од акутната економска и хуманитарна криза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-ja-slavat-prvata-godishnina-od-vrakjanjeto-na-vlast-vo-avganistan/feed/ 0