тамара – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Feb 2020 10:02:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тамара – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 “Со оган си игравте, од оган ќе ИЗГОРИТЕ” https://arhiva.kurir.mk/kolumni/so-ogan-si-igravte-od-ogan-kje-izgorite/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/so-ogan-si-igravte-od-ogan-kje-izgorite/#respond Mon, 03 Feb 2020 17:10:52 +0000 https://kurir.mk/?p=298756

„Кој со оган си игра и самиот од него ќе изгори“ – стара македонска изрека. Стара македонска изрека којa за брзо време (12-ти април), Заев ќе ја почувствува на своја кожа. Зошто? За многу работи! Не знам ни самиот од каде да почнам. Злоупотреби човечки судбини (за малата Тамара зборам), го обвинивте тогашниот министер Тодоров, а не се осудивте да ја кажете целата вистина за тој случај, Мартин Нешковски, „Диво насеље“, „Монструм“ – можеби и најчувствителната тема во историјата на Македонија, мафијашки банди хараат по Скопјево со автомати мислиш во Мексико живееме, алпски воздух ветуваше, а државава на „канабис“ почна да ни мириса... на кратко кажано во стилот на еден наш пратеник, „Маме и е*а на Македонија“. Да си играш со чувствата на една мајка и татко кога на најподмолен начин им го убија чедото, она за кое деноноќно се борат, го чуваат, она за кое имаа безброј непроспани ноќи, она за кое плачеле кога ќе му се случи нешто лошо и се радувале кога ќе постигне некој успех, најубавото на мајка, она над кое што се надвивала како птица да го заштити од неговото раѓање, треба да си бедник и очајник кој по секоја цена е решен да дојде на власт. За ова Господ ќе ти суди! Ама народот и државата ќе ти судат за нешто друго. Ќе ти судат затоа што нè претвори во „канабис држава“, делиш лиценци каде ќе стигнеш, ќе ти суди за „Рекет“, за „Глобал“ сè уште не ти заборавивме, а знаеш што никогаш нема да ти прости овој народ и држава, ИМЕТО!!! Е промената на името нема да ти ја простиме, затоа што нè погоди онаму каде што највеќе нè боли, нè  прекрсти, ни ја свитка кичмата (впрочем и самиот така велеше), сето она што со генерации се градеше ти го уништи за пуста власт, за пусти пари проклети! Пушти криминалци од затвор, а викендов еден таков кој ТИ го пушти од затвор застрела полицаец во Велес. Мафијашки банди хараат со автомати низ Скопје, решетаат, се пресметуваат сами со себе, си ги мерат... ама ниту еден не фативте, ниту еден не одговара за испуканите куршуми, ниту еден не одговара за украдените пари, а Боки 13 и Катица, тие ви се само параван, затоа што бевте фатени со „спуштени гаќи“ па моравте да ги затворите. Останатото не се осудувате, многу се и потребни ви се за изборите. Ама со или без нив резултатот е однапред познат, ЌЕ ИЗГУБИТЕ, а после тоа како што милувавте да викате ЌЕ СИ ЛЕЖИТЕ (во ИДРИЗОВО мислам).   ПС: „Што си дробел - тоа ќе си сркаш“, бадеми и лешници во Идризово нема!   Ристе Здравков]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/so-ogan-si-igravte-od-ogan-kje-izgorite/feed/ 0
Пресврт во судењето: Мајка ѝ на Тамара не го зела решението за одобрени пари за лекување, сакала азил во странство! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presvrt-vo-sudenjeto-majka-na-tamara-ne-go-zela-reshenieto-za-odobreni-pari-za-lekuvanje-sakala-azil-vo-stranstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presvrt-vo-sudenjeto-majka-na-tamara-ne-go-zela-reshenieto-za-odobreni-pari-za-lekuvanje-sakala-azil-vo-stranstvo/#respond Mon, 27 Jan 2020 15:46:27 +0000 https://kurir.mk/?p=295391

За малата Тамара Димовска која почина пред пет години и било обезбедено и решение и пари за лекување во болницата Медипол во Турција, но нејзината мајка не го подигнала решението од Фондот за здравство и сакала да бара медицински азил во Германија или во САД, сведочеше на денешното рочиште вработен во Фондот за здравство, Бранко Аџигогов кој на судењето беше предложен како сведок на одбраната на поранешната директорка на ФЗОМ, Маја Парнаџиева- Змејковска, пишува Фокус. Според неговото сведочење, мајката на девојчето, Жаклина Димовска побарала средба со директорката на Фондот и на 21 јануари 2015 година, дошла во канцеларија во Фондот и се сретнала со Аџигогов. На оваа средба тој и го покажал позитивното решение за лекување на малата Тамара која имаше тежок облик на сколиоза, за во болницата во Турција, но мајката се распрашувала дали може операција да биде направена во Чикаго или Германија, каде Димовска сакала да побара медицински азил бидејќи и нејзината помала ќерка има срцева маана. За неа имала закажано операција во приватната кардиохирургија Жан Митрев. Оваа операција за второто дете рекла дека ќе ја плати на притватно, бидејќи немале здравствено осигурување. Кога ја прашав зошто немаат здравствено осигурување ми кажа дека таа и и сопругот си дале отказ од работа и дека убаво живееле од парите од донации, сведочеше Аџигогов. Тој и објаснувал дека мора да имаат здравствено осигурување за да се лекува Тамара во странство и и ја објаснил процедурата каде и како да се пријави за да се осигура здравствено. Сепак, според сведочењето на вработениот во Фондот за здравствено осигурување, мајката не ја однела нејзината помала ќерка на операција за срце, а за ова Аџигогов го известила лекарката која требало да го оперира девојчето. Мајката не го подигинала решението со кое и се одобрува на Тамара операција во болницата Медипол бидејќи за на осми февруари договарала операција во Турција кај професорот Уфук Талу во болницата „Аџибадем“ во Турција, кај лекарот кој претходно ја прегледувал Тамара. Сведок тврдеше дека за операцијата биле обезбедени 33.000 евра, кои требало потоа да бидат рефундирани. Љубомир Михајловски, адвокатот на поранешната директорка на Фондот, Маја Парнаџиева вели дека со ова сведочење се случил пресврт на судењето. Се потврди она што одбраната цело време го кажува, се потврди дека јавноста е доведена во заблуда во изминатиот период. Ова е пресврт во судењето и во понатамошниот тек на постапката се повеќе ќе се докажува околу средства што се собрани, потрошени, средства коишто биле наменети за лекување, а не се употребени за лекување. Јас знам дека не се искористени за лекување, а каде се потрошени, тоа ќе мора мајката да ја прашате. Има материјални докази, пари се одобрени од Фондот, паричните средства, решение и формалности не биле причина за да девојчето не биде лекувана во странство, вели Михајловски. Решението со кое ѝ се одобрува лекување во домот на Тамара стигна неколку дена по нејзината смрт. За овој случај се води судски процес против 12 лица, но не и против тогашниот министер за здравство Никола Тодоров. извор: Фокус.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presvrt-vo-sudenjeto-majka-na-tamara-ne-go-zela-reshenieto-za-odobreni-pari-za-lekuvanje-sakala-azil-vo-stranstvo/feed/ 0
Еве што му порача Тамара Тодевска на претставникот на Шведска по промената на гласовите на Евровизија https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/eve-shto-mu-poracha-tamara-todevska-na-pretstavnikot-na-shvedska-po-promenata-na-glasovite-na-evrovizija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/eve-shto-mu-poracha-tamara-todevska-na-pretstavnikot-na-shvedska-po-promenata-na-glasovite-na-evrovizija/#respond Fri, 24 May 2019 08:41:56 +0000 https://kurir.mk/?p=201436

Во саботата заврши 64-то издание на Избор на песна на Евровизија, на која победи Холандија. Тамара Тодевска со песната „Proud“ не претставуваше на овогодинешното издание. Според гласањето во саботата, Македонија го освои второто место од жирито, а осмото место од публиката. Веднаш под Македонија, на тебелата се најде претставникот на Шведска односно Џон Лундвик. Меѓутоа, само неколку дена по финалето, Европска радиотелевизиска унија потврди грешка во гласањето на белоруското жири. По промената на гласовите на жирито, Македонија и нашата претставничка Тамара Тодевска се најдоа на прво место според гласовите на жирито и според гласовите на публиката на седмо место. Нашата претставничка се огласи на социјалните мрежи и истакна дека е пресреќна, но се и заблагодари на целата поддршка. Исто така на својот Твитер профил, Тамара на шведскиот претставник му порача „Двајцата сме победници, вие бевте фантастични“. ИЗВОР: ВИСТИНА.МК]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/eve-shto-mu-poracha-tamara-todevska-na-pretstavnikot-na-shvedska-po-promenata-na-glasovite-na-evrovizija/feed/ 0
ВИДЕО: Еве како помина втората проба на Тамара за Евровизија https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-eve-kako-pomina-vtorata-proba-na-tamara-za-evrovizija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-eve-kako-pomina-vtorata-proba-na-tamara-za-evrovizija/#respond Sat, 11 May 2019 15:02:26 +0000 https://kurir.mk/?p=196889

Прват проба на Тамара во Израел помина одлично и доби позитивни критики, а денеска излезе видеото и од втората. Погледнете. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/video-eve-kako-pomina-vtorata-proba-na-tamara-za-evrovizija/feed/ 0
Овој моден креатор ќе биде задолжен за изгледот на Тамара Тодевска на Евровизија https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ovoj-moden-kreator-kje-bide-zadolzen-za-izgledot-na-tamara-todevska-na-evrovizija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ovoj-moden-kreator-kje-bide-zadolzen-za-izgledot-na-tamara-todevska-na-evrovizija/#respond Tue, 19 Mar 2019 19:33:16 +0000 https://kurir.mk/?p=176548

Оваа година Изборот за најдобра песна на „Евровизија“ ќе се одржи во Тел Авив, Израел. Македонски претставник на годинешното издание на „Евровизија“ ќе биде Тамара Тодевска која ќе не претстави со песната „Proud“ на авторскиот тим Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски. Преку социјалните мрежи таа се огласи и истакна дека таа вечер ќе пее за својата ќерка Хана. Имено, Тамара заедно со својот тим полека се подготвува за ова музичко случување, а неодамна откри дека нејзини придружни вокали ќе видат Антониа Гиговска, Андријана Јаневска и Васил Гарванлиев. Што се однесува за стајлингот и изгледот на Тамара, ќе се погрижи модниот креатор Александар Ношпал. – Не одам на Евросонг за да се докажувам или покажувам. Одам единствено заради Тамара со која сум заедно растен и со која сум емотивно врзан. Имаме одлична песна и одличен вокал. Уште е рано да го откривам изгледот на нашата ѕвезда, ама ќе биде едноставна и прочистена во стилот“ вели Александар за „Независен весник“. Инаку, Александар Ношпал е бренд на модната сцена кај нас. Автор е на над 50 костимографски дела на драми, балети и опери кои се играат на најголемите македонски национални театарски институции , како и неколку познати национални институции во странство. За потсетување, Ношпал по четврти пат ќе се погрижи за изгледот на наш претставник на Еворвовизија. Во 2000 година ги стилизираше „XXL“, во 2002 Каролина Гочева, во 2004 – Тоше и годинава Тамара.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ovoj-moden-kreator-kje-bide-zadolzen-za-izgledot-na-tamara-todevska-na-evrovizija/feed/ 0
Обвинетите во предметот за смртта на малата Тамара се изјаснија дека не се виновни, ново рочиште на 5 декември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinetite-vo-predmetot-za-smrtta-na-malata-tamara-se-izjasnija-deka-ne-se-vinovni-novo-rochishte-na-5-dekemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinetite-vo-predmetot-za-smrtta-na-malata-tamara-se-izjasnija-deka-ne-se-vinovni-novo-rochishte-na-5-dekemvri/#respond Thu, 22 Nov 2018 11:12:10 +0000 https://kurir.mk/?p=130745

Дванаесеттемина обвинетите во предметот за смртта на малата Тамара Димовска од Велес на денешното рочиште во Кривичниот суд, откако беше прочитано обвинението, се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. – Од октомври 2014 година обвинетите како службени лица во ЈУ несовесно постапувале и го повредиле правото на детето Тамара Димовска. Дел од обвинетите на седница за давање оценка за упатување на лекување во странство,  не одобриле такво лекување со образложение дека операција може да се направи на клиника во Македонија, по што следела ратификација на таа одлука од страна на другиот дел од обвинетите. Со тоа обвинетите сториле кривично дело „несовесно работење во службата, рече обвинителката Наташа Гаџовска За овој предмет, според соопштението од ОЈО Скопје, обвинети се членовите на Првостепената и на Второстепената комисија, кои го донеле односно го потврдиле негативното решение за лекување на Тамара во странство, како и двата тогашни директора на Фондот за здравствено осигурување и претседателот на Управниот одбор на ФЗОМ. Малата Тамара Димовска во 2015 година почина чекајќи операција на рбетот во странство. Првостепената лекарска комисија за одлучување по правото на лекување во странство, се наведува во обвинителниот акт, го донела првичното негативно мислење за лекувањето на Тамара Димовска. Комисијата, спротивно на Стручниот конзилиум на Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ, а по истекот на законски предвидениот рок донела мислење дека не се исцрпени можностите за лекување на пациентот во Македонија. Ново рочиште за овој случај е закажано за 5 декември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinetite-vo-predmetot-za-smrtta-na-malata-tamara-se-izjasnija-deka-ne-se-vinovni-novo-rochishte-na-5-dekemvri/feed/ 0
Судењето за случајот со смртта на малата Тамара одложено за 29 октомври https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-sluchajot-so-smrtta-na-malata-tamara-odlozeno-za-29-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-sluchajot-so-smrtta-na-malata-tamara-odlozeno-za-29-oktomvri/#respond Fri, 28 Sep 2018 11:50:59 +0000 https://kurir.mk/?p=107435

Судењето по предметот за смртта на малата Тамара Димовска од Велес, во кој се обвинети 12 лица  за несовесно работење во службата, е одложено за 29 октомври. На барање на одбраната, судијата Марин Станевски денеска го одложи рочиштето поради непреведени докази на Обвинителството и наложи истите да бидат комплетирани за следното судење кога треба да почне главната расправа. Адвокатите имаа забелешка и на условите во судницата во новата зграда на Кривичниот суд. Тие побараа работни маси за сите, како и визуелно и тонско снимање на рочиштето. Досега ова судење беше одложувано три пати поради отсуство на дел од обвинетите. При закажување на повеќе термини од страна на судијата  Станевски, адвокатите скоро за секој предложен ден во октомври и ноември известија дека се отсутни поради закажани судења за притворски предмети, од кои најчество се за „27 април“ и за „Титаник“. Судијата  Станевски ги прилагодуваше термините според адвокатите Сашо Дуковски и Татјана Поповска. За случајот, според соопштението од ОЈО Скопје, обвинети се членовите на Првостепената и на Второстепената комисија, кои го донеле односно го потврдиле негативното решение за лекување на Тамара во странство, како и двата тогашни директора на Фондот за здравствено осигурување и претседателот на Управниот одбор на ФЗОМ. Малата Тамара Димовска во 2015 година почина чекајќи операција на рбетот во странство. Првостепената лекарска комисија за одлучување по правото на лекување во странство, се наведува во обвинителниот акт, го донела првичното негативно мислење за лекувањето на Тамара Димовска. Комисијата, спротивно на Стручниот конзилиум на Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ, а по истекот на законски предвидениот рок донела мислење дека не се исцрпени можностите за лекување на пациентот во Македонија.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-sluchajot-so-smrtta-na-malata-tamara-odlozeno-za-29-oktomvri/feed/ 0