Танц Фест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Apr 2023 08:06:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Танц Фест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почнува 19-тиот „Танц фест“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-19-tiot-tants-fest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-19-tiot-tants-fest/#respond Tue, 04 Apr 2023 08:06:04 +0000 https://kurir.mk/?p=819908

„Танцувајќи создаваме иднина!“ е мотото на 19-тиот фестивал „Танц фест 2023“ кој ќе биде отворен вечер од 20 часот во Македонскиот народен театар. За поддршката на современиот танц, на отворањето ќе бидат доделени наградите „Менада“ на Универзитетот „Кодартс“ од Ротердам, Холандија, со кој Културниот центар „Интерарт“ соработува 15 години. Со поддршка на овој холандски универзитет е основана првата едукативна програма за современ танц на универзитетско ниво во земјава и на Универзитетот „Гоце Делчев“ на кој од 2017 година работи Катедрата за современ танц. Наградите ќе ги примат директорот на Кодаратс танцовата компанија, Кит Рандолф, и проректорот за наука на универзитетот „Гоце Делчев“, професор д-р Зденка Стојановска. По доделувањето на наградите, публиката ќе има можност да ја види претставата „Таленти во движење“ на Кодартс танцовата компанија од Ротердам, во чест на 30 години дипломатски односи помеѓу нашата држава и Холандија. -Гостувањето на оваа извонредна компанија, со млади и несекојдневно талентирани танчери, е поддржано од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје и ќе ни донесе повеќе кореографии, од осум истакнати светски кроеографи, како Ед Вубе, Кит Рандолф, Рој Асаф, Андонис Фониадакис, Мациеј Кузмински, Јарек Чемерек, Лоранд Захар и Весел ван Острум. Со настапот на интернационалниот состав од осумнаесет танчари на сцената, ќе можеме да уживаме во извонредната техника, софистицираност и експресивност која оваа претстава ја нуди, низ пејзажи на емотивен набој и креација, соопшти „Танц фест“. Соработката со Кодартс, Рисима Рисимкин ја воспостави пред петнаесет години, во тоа време соработувајќи со Самуел Вуерстен, кој беше уметнички директор на Ротердамската академија за современ танц. -Таа конекција го смени текот на историјата на современиот танц кај нас и придонесе за развој на универзитетска програма за оваа уметничка категорија, како и формирањето на Скопје танцовиот театар, кој за само 10 години стана извонредно познат во светски размери и кој минатата година гостуваше на една од најпретсижните светски сцени - во Националниот театар за современ танц „Шајо“ во Париз. Оваа соработка продложува да живее и, на голема радост на публиката на фестивалот, повторно ќе ги видиме младите „ѕвезди на иднината“ како што ги нарекува холандската и светската критика, додава организаторот на фестивалот. „Танц фест“ е поддржан од Министерството за култура, амбасадите на Холандија и САД во Скопје, УГД, Виталија, Бовин и мeдиумски партнери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-19-tiot-tants-fest/feed/ 0
Одбележан роденденот на Танц Фест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/odbelezan-rodendenot-na-tanc-fest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/odbelezan-rodendenot-na-tanc-fest/#respond Thu, 14 Apr 2022 09:35:21 +0000 https://kurir.mk/?p=662860

Фестивалот Танц Фест синоќа во Македонскиот народен театар одбележа 18 години постоење. Фестивалот почна во 2005 година и од тогаш на сцената продефилираа повеќе илјадници уметници од целиот свет. Скопската, но и публиката во Велес, Битола и Штип имаше можност низ годиниве наназад да проследи врвни уметнички компании од Амстердам, Њујорк, Пекинг, Париз, Лисабон, Љубљана, Истанбул, Анталија. Претстави од цела Европа, но и САД и Кина. Танц Фест Скопје помогна во развојот на македонската современа сцена и пласман на млади уметници, танчери, кореографи. Роденденската програма ја промовираше младата компанија, Скопје танцов театар 2, со нови танчери Сара Димоска, Јоана Благадуша, Андреј Димоски, Клара Христова, Микаела Ангела Глигиорова, Викторија Коцева, Стефани Шааршмит и Емилија Милак, сите студенти на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“, кои го изиграа „Котел“ на Рисима Рисимкин. Потоа следеше „Go Figure It Out“ на Адријана Данчевска, во кој настапија Дејан Битровски, Стефани Шааршмит, Викотрија Коцева, Андреј Димоски и Сара Димовска. За крај на вечерта Скопје танцовиот театар ја изигра претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“, која минатиот месец имаше можност да ја види и париската публика, за време на изведбите во Националниот театар за современ танц „Шајо“ во Франција и која доби извонредни критики. На сцената настапија Анастасија Данчевска, Сара Цветковска, Адријана Данчевска, Бобан Русески, Дејан Битровски, Викторија Коцева, Андреј Димоски, Стефани Шааршмит и Емилија Милак. Публиката со огромни аплаузи ги награди танчерите за суте изведби. Пред почетокот на претставата балерината и короеграф, уметнички раководител на Балетот при НОБ, Олга Панго ја прочита македонската порака за Меѓународниот ден на танцот, чиј автор е таа, информираа од Фестивалот Танц Фест.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/odbelezan-rodendenot-na-tanc-fest/feed/ 0