тања фајон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Oct 2023 16:40:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тања фајон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фајон за средбата на Вучиќ и Курти во Брисел: Очекувам двете страни да се вратат на дијалогот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fajon-za-sredbata-na-vuchik-i-kurti-vo-brisel-ochekuvam-dvete-strani-da-se-vratat-na-dijalogot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fajon-za-sredbata-na-vuchik-i-kurti-vo-brisel-ochekuvam-dvete-strani-da-se-vratat-na-dijalogot/#respond Tue, 24 Oct 2023 16:40:03 +0000 https://kurir.mk/?p=892646

Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон изјави денеска, коментирајќи ја најавената средба на претставниците на Србија и Косово во Брисел, дека не очекува натамошна ескалација на тензиите и дека двете страни ќе се вратат на дијалогот, пренесе Бета. -Секогаш е важно да се направи се што е во наша моќ за да се деескалираат тензиите, да нема дополнителни ескалации и двете страни да се вратат на маса, а тоа значи продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, рече таа на прес-конференција во рамките на Стратешкиот форум на ЕУ за регионот на Дунав во Брдо кај Крањ. Шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг истакна дека е важно Србија да ги изведе пред лицето на правдата учесниците во конфликтот во Бањска. Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека очекува во следните неколку дена во Брисел да се сретне со косовскиот премиер Албин Курти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fajon-za-sredbata-na-vuchik-i-kurti-vo-brisel-ochekuvam-dvete-strani-da-se-vratat-na-dijalogot/feed/ 0
Фајон: ЕУ треба да ги заштити своите граници ако сака да се зачува Шенген зоната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajon-eu-treba-da-gi-zashtiti-svoite-granitsi-ako-saka-da-se-zachuva-shengen-zonata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajon-eu-treba-da-gi-zashtiti-svoite-granitsi-ako-saka-da-se-zachuva-shengen-zonata/#respond Thu, 28 Sep 2023 06:56:07 +0000 https://kurir.mk/?p=882572

Шефицата на словенечката дипломатија, Тања Фајон, порача дека Европската унија мора да ги заштити своите надворешни граници доколку сака да се зачува Шенген зоната. Фајон, на заедничката конференција со нејзиниот австриски колега Александар Шаленберг, укажа на зголемувањето на илегалните гранични премини долж западнобалканската маршрута и кажа дека многу е важна борбата против илегалната миграција и трговијата со луѓе, пренесува СТА. Шаленберг укажа и на важноста на соработката меѓу земјите и додаде дека единствениот успешен пристап за решавање на овој проблем е единството. -Четвртина од земјите од Шенген зоната веќе спроведуваат гранични контроли, што покажува дека системот не работи како што треба, рече Шаленберг. Зборувајќи за војната во Украина, шефот на австриската дипломатија повика на воспоставување праведен и траен мир со почитување на украинскиот суверенитет. Фајон се согласи со Шаленберг и повика на мир и стабилност во регионот. Двајцата министри го споделија ставот дека земјите од Западен Балкан треба што поскоро да влезат во Европската унија, а шефот на словенечката дипломатија повика на забрзување на процесот на проширување. Таа укажа на посветеноста на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, за подготвеноста за проширување на ЕУ на Западен Балкан до 2030 година, но изрази загриженост дека со сета нестабилност во регионот, постои ризик од нови тензии или конфликти во регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajon-eu-treba-da-gi-zashtiti-svoite-granitsi-ako-saka-da-se-zachuva-shengen-zonata/feed/ 0
Тања Фајон: „Со полна брзина кон 2030 година“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/tana-fajon-so-polna-brzina-kon-2030-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/tana-fajon-so-polna-brzina-kon-2030-godina/#respond Thu, 07 Sep 2023 16:17:50 +0000 https://kurir.mk/?p=875798

Минатата недела Словенија беше домаќин на Бледскиот стратешки форум (БСФ), конференција добро позната по својата традиционална дискусија за Западен Балкан. Иако оваа година дискусиите очигледно го надминаа регионалното внимание и имаа глобален дострел, иднината на Западен Балкан во рамките на ЕУ го украде вниманието. Гласно одекна идејата презентирана од претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел дека ЕУ и Западен Балкан треба да бидат подготвени за проширување до 2030 година. Таканареченото „Бледско ветување“ никого не остави рамнодушен, туку го постави прашашето, дали и двете страни реално би можеле да бидат подготвени за проширување до тој датум. Мојот одговор на сите овие прашања е јасен: можноста е тука и треба да ја искористиме со полна брзина. Треба да работиме на изнаоѓање доволна политичка волја во Западен Балкан за реформи и политичка волја во ЕУ за проширување. Треба да се фокусираме на крајната дестинација, но не треба да го занемариме патувањето. Кога станува збор за Европската унија, проширувањето на ЕУ е несомнено повторно на дневен ред. Геополитичкиот пејзаж јасно покажува дека нема алтернатива за проширувањето на ЕУ. Војната во Украина го зголеми апетитот за проширување, како и ја потврди идејата дека проширувањето е стратешка неопходност за ЕУ. Едноставно кажано - тоа е сега или никогаш. Ова, се разбира, не значи дека критериумите за проширување на ЕУ ќе бидат отфрлени и дека Западен Балкан може да влезе во Унијата без да ги исполни истите. Тоа значи дека ќе се посвети поголемо политичко внимание на регионот и дека од земјите од Западен Балкан ќе биде побарано да ги реализираат тоа соодветно. За ЕУ тоа значи самопосветеност за реформирање на процесот на одлучување и да се подготви во институционална и финансиска смисла. ЕУ со повеќе од 30 земји членки на маса едноставно не може да биде ефикасна како што треба. Ваквата реформа нема да биде лесна задача, но е неопходна. И тоа е од стратешко значење за ЕУ, на исто ниво на важност како и проширувањето. Скептиците би рекле дека сите овие задачи се чини дека се многу тешки до 2030 година. Но, реалното гледиште е дека нема да има подобра понуда на маса за земјите од Западен Балкан и подобра можност за Унијата да се подобри и прилагоди на новите светски реалности. Во Блед, открив формула за идната ЕУ во 2030 година, наречена на англиски „3E by 3E“, која ги опфаќа овие цели. ЕУ од 2030 година треба да биде повеќе ангажирана (engaged) со светот, да се прошири (enlarge) со Западен Балкан и нашите Источни партнери и да има веќе развиен (evolve) процес на донесување одлуки за да стане поефикасна. ЕУ треба да пристапи кон овие процеси со упорност (eagerness), експедитивност (expedience) и врз основа на искуство (experience). Верувам дека нема што многу да се додаде. Годините што доаѓаат нема да се однесуваат на перцепции, ниту измами. Тие ќе се однесуваат на напорната работа на двете страни, Западен Балкан и ЕУ, со цел да се подготват двете страни за проширувањето на ЕУ до 2030 година. Овие тешки времиња ќе бараат храбри лидери од двете страни. Лидери со поглед кон иднината. Лидери кои би биле подготвени да го постават проширувањето на врвот на нивната агенда и да ги донесат неопходните одлуки кои ќе овозможат проширувањето да се оствари. Затоа, европските избори ќе бидат важна пресвртница за целта на 2030-та. Без разлика на изборите, Западен Балкан секогаш може да смета на Словенија. Ние ќе останеме цврст поддржувач на целосниот процес на проширување на ЕУ. Пријател на регионот и во добро и во лошо. На пример, Словенија веќе се залага за отворање на пристапните преговори на ЕУ со БиХ до крајот на оваа година.Времето ќе покаже дали претседателот Мишел одржа историски говор на Блед. Се надевам дека Бледското ветување ќе се оствари и поради нашиот магичен Блед. Местото каде прекрасните алпски планински предели се среќаваат со кристално чистата езерска вода е најдоброто место за чуда да се остварат. Тања Фајон]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/tana-fajon-so-polna-brzina-kon-2030-godina/feed/ 0
Ковачевски – Фајон: Охрабрување од Словенија за ново придвижување во евроинтеграцискиот проце https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-fajon-ohrabruvane-od-slovenija-za-novo-pridvizhuvane-vo-evrointegratsiskiot-protse/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-fajon-ohrabruvane-od-slovenija-za-novo-pridvizhuvane-vo-evrointegratsiskiot-protse/#respond Mon, 03 Apr 2023 14:41:12 +0000 https://kurir.mk/?p=819595

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во Љубљана денеска се сретна и со вицепремиерката во Владата на Република Словенија и министерка за надворешни и европски прашања, Тања Фајон. На состанокот се поздравени државничките политики на Владата на Република Северна Македонија во правец на реализација на европските перспективи на државата, што е оценето како значаен придонес и во регионалната и европската стабилност. Во таа насока, е пренесена силна поддршка за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, со изразено охрабрување за Република Северна Македонија во насока на ново придвижување во евроинтеграцискиот процес и фокусирајќи се на правење конкретни чекори во преговарачкиот процес и одржување на актуелниот реформски моментум.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-fajon-ohrabruvane-od-slovenija-za-novo-pridvizhuvane-vo-evrointegratsiskiot-protse/feed/ 0
Фајон: Без Уставен суд ќе бидат доведени во прашање и претседателските избори во Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajon-bez-ustaven-sud-ke-bidat-dovedeni-vo-prashane-i-pretsedatelskite-izbori-vo-tsrna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajon-bez-ustaven-sud-ke-bidat-dovedeni-vo-prashane-i-pretsedatelskite-izbori-vo-tsrna-gora/#respond Thu, 26 Jan 2023 07:15:26 +0000 https://kurir.mk/?p=792045

Доколку Црна Гора сака да го почитува владеењето на правото и да излезе од политичката и институционалната криза, првиот чекор е комплетирање на Уставниот суд, порача министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон. „Во спротивно, легитимитетот на претседателските избори е доведен во прашање“, додаде таа за ТВЦГ. Според неа, Европската унија не сака да и сврти грб на Црна Гора, Западен Балкан е дел од Европа, но пред изборот на судии, „политичарите мора да покажат дека се одговорни“. „Ако се изберат еден или двајца судии, тоа нема да биде најдобра порака, но судот ќе биде функционален. Одговорноста на политичарите е да излезат од овој формат ‘кој ќе биде кој’, но да создадат функционален и независен суд. Има 27 кандидати, што е одлично бидејќи има поголем број од претходните кругови и сигурна сум дека има доволно експерти за да се изберат четворица судии“, рече Фајон. Таа истакна дека политичарите во Црна Гора имаат голема одговорност пред се кон граѓаните. „Не сум сигурна дека ЕУ сега би ги прекинала преговорите, тоа е само една од можностите“, рече словенечката министерка. На прашањето што би значело евентуалното прекинување на преговорите со Европската унија за Црна Гора, Фајон одговори дека таа сигурно не е некој што сака ЕУ да и сврти грб на Црна Гора. „Можеби вртењето грб би им одговарало на некои партии, но не и на 70 отсто од граѓаните. Не сме во ситуација Европската унија да ги прекине преговорите, тоа е само една можност. Црна Гора добива разни фондови, ние сакаме да и помагаме на Црна Гора, но во последните седум-осум години нема напредок и тоа е нешто што не загрижува“, рече таа. Фајон посочи дека речиси сите во ЕУ се едногласни кога е во прашање политичката и институционалната криза во Црна Гора. „Доколку сакаме да дојдеме во ситуација да можеме да разговараме како да одиме напред, потребна ни е согласност. Доаѓам во Црна Гора за да направиме одреден напредок, за Европската унија да не го сврти грбот, односно Црна Гора не скршнува од патот“, изјави Фајон.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fajon-bez-ustaven-sud-ke-bidat-dovedeni-vo-prashane-i-pretsedatelskite-izbori-vo-tsrna-gora/feed/ 0
Фајон и Лајчак разговараа за Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fajon-i-lajchak-razgovaraa-za-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fajon-i-lajchak-razgovaraa-za-zapaden-balkan/#respond Mon, 23 Jan 2023 13:25:08 +0000 https://kurir.mk/?p=790732

Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, денеска во Брисел разговараше со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, за ситуацијата на Западен Балкан. Пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, Фајон разговараше со Лајчак за ситуацијата во регионот, по нејзините неодамнешни посети на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, објави словенечкото Министерство за надворешни работи на Твитер. Од 13 до 16 јануари Фајон ги посети Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово и разговараше со државниот врв на трите земји. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fajon-i-lajchak-razgovaraa-za-zapaden-balkan/feed/ 0
Фајон: Косово и Србија да се фокусираат на европскиот предлог за нормализација на односите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fajon-kosovo-i-srbija-da-se-fokusiraat-na-evropskiot-predlog-za-normalizatsija-na-odnosite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fajon-kosovo-i-srbija-da-se-fokusiraat-na-evropskiot-predlog-za-normalizatsija-na-odnosite/#respond Mon, 16 Jan 2023 12:24:41 +0000 https://kurir.mk/?p=787928

Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон денеска во Приштина изјави дека Косово и Србија треба да разговараат за предлогот на Европската унија за нормализација на односите. Фајон порача дека не треба да има ескалација на ситуацијата на северот на Косово. – Секогаш сум велела дека Косово треба да се залага за нормализација на односите. Не треба да има ескалација на ситуацијата таму (северно Косово), неопходно е да се започнат преговори за предлогот на ЕУ за нормализација на односите што е на маса, рече Фајон на заедничката конференција со министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово на Доника Гервала. Таа додаде дека Словенија го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија. Фајон рече дека изборите што се очекуваат на северот на Косово треба да бидат фер и слободни. – Сите сме загрижени поради безбедносните ризици на Балканот. Ни треба силен Балкан и Косово, рече Фајон. Шефицата на словенечката дипломатија додаде дека со Гервала разговарала и за билатералната соработка и рече дека Словенија останува пријател на Косово и го поддржува евроатлантскиот пат. По средбата со Гервала, Фајон се сретна со претседателката на Косово, Вјоса Османи, а предвидена е средба и со претседателот на косовскиот парламент, Гљаук Коњуфца.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/fajon-kosovo-i-srbija-da-se-fokusiraat-na-evropskiot-predlog-za-normalizatsija-na-odnosite/feed/ 0
Тања Фајон го „преживеа“ гласањето за смена во словенечкиот Парламент https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tanja-fajon-go-prezivea-glasanjeto-za-smena-vo-slovenechkiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tanja-fajon-go-prezivea-glasanjeto-za-smena-vo-slovenechkiot-parlament/#respond Fri, 11 Nov 2022 07:18:15 +0000 https://kurir.mk/?p=758891

Пратениците во словенечкото Собрание ноќеска со мнозинство гласови го одбија барањето на опозициските партии за разрешување на министерката за надворешни работи Тања Фајон. По целодневна дискусија, 22 пратеници гласаа за смена на Фајон, а 52 беа против, а за опозициската интерпелацијата да успее мораше да добие поддршка од 46 пратеници. Опозициските партии ја обвинија Фајон дека ја злоупотребила службената положба и ја користела дипломатско-конзуларната мрежа за поддршка на кандидатката за претседател на Словенија, Наташа Пирц Мусар. Пред седницата на парламентот Фајон ги отфрли сите обвиненија. -Денеска сум овде поради фактот што го почитував законот и постапив како што бев должна да постапам. Знам дека сите обвинувања во интерпелацијата се целосно неосновани, па можеби дури и апсурдни, рече Фајон. Пирц Мусар и Анже Логар ќе бидат ривали во вториот круг од претседателските избори што ќе се одржат на 13 ноември. Анкетите покажуваат дека Логар, министерот за надворешни работи во владата на Јанез Јанша, има поддршка од 44,6 отсто од гласачите, додека Пирц Мусар има поддршка од 51,7 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tanja-fajon-go-prezivea-glasanjeto-za-smena-vo-slovenechkiot-parlament/feed/ 0
Во словенечкиот Парламент ќе се гласа недоверба на Фајон https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenechkiot-parlament-kje-se-glasa-nedoverba-na-fajon/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenechkiot-parlament-kje-se-glasa-nedoverba-na-fajon/#respond Thu, 10 Nov 2022 12:24:02 +0000 https://kurir.mk/?p=758604

Пратениците во Парламентот на Словенија денеска, на барање на опозицијата, ќе гласаат доверба на министерката за надворешни работи Тања Фајон. Тоа е прв обид за изгласување недоверба од формирањето на актуелната Влада. Владејачката коалиција во Парламентот има јасно мнозинство, па можноста за гласање недоверба е сведена на минимум, јави Словенечката новинска агенција (СТА). Опозицијата ја обвинува Фајон дека ја злоупотребила положбата и ја искористила дипломатско-конзуларната мрежа за поддршка на претседателската кандидатка Наташа Пирц Мусар. На 13 ноември, во вториот круг од претседателските избори, граѓаните на Словенија ќе одлучат, кој ќе ја води земјата во следните четири години. Противник на Наташа Пирц Мусар, која е блиска до социјалдемократите на Тања Фајон, ќе биде Анже Логар од опозициската Словенечка демократска партија (СДС). Фајон, која е обвинета дека го заобиколила претседателот во заминување Борут Пахор при отповикувањето на словенечкиот амбасадор во САД, ги отфрли обвинувањата како неосновани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenechkiot-parlament-kje-se-glasa-nedoverba-na-fajon/feed/ 0
Македонија во ЕУ до 2030 е реална цел, смета министерката на Словенија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-vo-eu-do-2030-e-realna-cel-smeta-ministerkata-na-slovenija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-vo-eu-do-2030-e-realna-cel-smeta-ministerkata-na-slovenija/#respond Thu, 20 Oct 2022 19:00:36 +0000 https://kurir.mk/?p=748627

Искрено верувам дека со тоа што Северна Македонија ги започна пристапните преговори за членство во ЕУ, е на пат за цврсти реформи, макотрпна работа, што ќе ја внесат државата во ЕУ во 2030 година, нагласи министерката за надворешни работи на Словенија Тања Фајон, вечерва во тема на денот на Сител телевизија. Самиот факт што Северна Македонија ги започна пристапните договори, потенцира таа, е историски чекор. Фајон наведе дека раговарала со многу претставници од политиката, граѓанското општество, со стопанственици и се што можам да кажам, истакна, е најнапред искрени честитки до Северна Македонија за храброста, зашто не беше едноставно да се прифати францускиот предлог за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ, но државата го направи единственото правилно.
– Јас ќе гарантирам, исто така и Словенија, дека билатералните прашања нема да бидат дел од пристапните преговори. Посакувам во Северна Македонија и опозицијата и власта и општеството да осознаат дека патот во ЕУ е единствен пат што ќе гарантира солидарност, цврсти вредности и благосостојба на луѓето, рече Фајон. Нагласи дека може да гарантира цврста поддршка од Словенија, со нејзините искуства и како пријателска држава дека ќе помогне да нема билатерални прашања, да не дојде до губење на идентитетот, јазикот. – Северна Македонија оваа седмица го потпишува Договорот со Фронтекс каде многу јасно ќе стои македонски јазик. Значи стравот дека земјата го губи идентитетот е неоснован, истакна Фајон. Сега започнува периодот на скрининг, рече таа и порача дека е потребно државата, доколку е можно да се придржува кон временската рамка. – Знам дека е потребна промена на Уставот и за тоа е потребна политичка согласност. Искрено се надевам дека и опозицијата и коалицијата ќе соберат храброст, бидејќи не се работи за една или друга политика, се работи за иднината на државата, рече шефицата на словенечката дипломатија. Во однос на односите со Софија, Фајон посочи дека Бугарија секогаш ќе биде сосед на С Македонија и затоа е важно политиката која е одговорна да бара решенија што не ги загрозуваат односите помеѓу луѓето. – Во општеството двете страни би требало нужно да постигнат взаемна согласност по однос на сите точки, сите прашања. Провокации, отворање на бугарски клубови, вакви или онакви провокации, што водат кон раздор на народот се неприфатливи. Словенија има свои соседи со кои живееме заедно и со кои имаме билатерални нерешени прашања, но ние сакаме да најдеме решенија бидејќи од тоа имаат корист луѓето, порача словенечката министерка за надворешни работи. Според неа, потези на менување или поинакво интерпретирање на историјата или потези кои менуваат дел од општеството се неприфатливи.
– Пред нас има многу заеднички предизвици, за Бугарија, за Северна Македонија, за регионот и би требало да се стремиме кон тоа да бараме решенија што се прифатливи за сите и да не предизвикуваат помеѓу луѓето дополнителни спорови, напнатост или уште повеќе да ги разделуваат народите. Кога се работи за отворање на бугарските клубови, знам дека Парламентот неодамна донесе важна одлука и се надевам дека во иднина ќе биде можно да се избегнуваат имиња кои во јавноста ќе звучат провокативно, рече Фајон. Извештајот на ЕК, според неа, бил критичен во делот кој се однесува на владеењето на правото, независното судство и тука, подвлече, државата ќе има многу работа. – Одговорната политика треба да спроведува реформи, и во последно време државата направи многу добри работи. Целта што си ја постави да влезе во ЕУ 2030 ја гледам како реална цел ако работиме искрено и совесно на двете страни, рече министерката за надворешни работи на Словенија. За Фајон, Северна Македонија е многу важен актер за стабилноста на регионот. За Фајон, Северна Македонија е многу важен актер за стабилноста на регионот. Искрено верувам дека со тоа што Северна Македонија ги започна пристапните преговори за членство во ЕУ, е на пат за цврсти реформи, макотрпна работа, што ќе ја внесат државата во ЕУ во 2030 година, нагласи министерката за надворешни работи на Словенија Тања Фајон, вечерва во тема на денот на Сител телевизија. Самиот факт што Северна Македонија ги започна пристапните договори, потенцира таа, е историски чекор. Фајон наведе дека раговарала со многу претставници од политиката, граѓанското општество, со стопанственици и се што можам да кажам, истакна, е најнапред искрени честитки до Северна Македонија за храброста, зашто не беше едноставно да се прифати францускиот предлог за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ, но државата го направи единственото правилно. – Јас ќе гарантирам, исто така и Словенија, дека билатералните прашања нема да бидат дел од пристапните преговори. Посакувам во Северна Македонија и опозицијата и власта и општеството да осознаат дека патот во ЕУ е единствен пат што ќе гарантира солидарност, цврсти вредности и благосостојба на луѓето, рече Фајон. Нагласи дека може да гарантира цврста поддршка од Словенија, со нејзините искуства и како пријателска држава дека ќе помогне да нема билатерални прашања, да не дојде до губење на идентитетот, јазикот. – Северна Македонија оваа седмица го потпишува Договорот со Фронтекс каде многу јасно ќе стои македонски јазик. Значи стравот дека земјата го губи идентитетот е неоснован, истакна Фајон. Сега започнува периодот на скрининг, рече таа и порача дека е потребно државата, доколку е можно да се придржува кон временската рамка. – Знам дека е потребна промена на Уставот и за тоа е потребна политичка согласност. Искрено се надевам дека и опозицијата и коалицијата ќе соберат храброст, бидејќи не се работи за една или друга политика, се работи за иднината на државата, рече шефицата на словенечката дипломатија. Во однос на односите со Софија, Фајон посочи дека Бугарија секогаш ќе биде сосед на С Македонија и затоа е важно политиката која е одговорна да бара решенија што не ги загрозуваат односите помеѓу луѓето. – Во општеството двете страни би требало нужно да постигнат взаемна согласност по однос на сите точки, сите прашања. Провокации, отворање на бугарски клубови, вакви или онакви провокации, што водат кон раздор на народот се неприфатливи. Словенија има свои соседи со кои живееме заедно и со кои имаме билатерални нерешени прашања, но ние сакаме да најдеме решенија бидејќи од тоа имаат корист луѓето, порача словенечката министерка за надворешни работи. Според неа, потези на менување или поинакво интерпретирање на историјата или потези кои менуваат дел од општеството се неприфатливи.
– Пред нас има многу заеднички предизвици, за Бугарија, за Северна Македонија, за регионот и би требало да се стремиме кон тоа да бараме решенија што се прифатливи за сите и да не предизвикуваат помеѓу луѓето дополнителни спорови, напнатост или уште повеќе да ги разделуваат народите. Кога се работи за отворање на бугарските клубови, знам дека Парламентот неодамна донесе важна одлука и се надевам дека во иднина ќе биде можно да се избегнуваат имиња кои во јавноста ќе звучат провокативно, рече Фајон. Извештајот на ЕК, според неа, бил критичен во делот кој се однесува на владеењето на правото, независното судство и тука, подвлече, државата ќе има многу работа. – Одговорната политика треба да спроведува реформи, и во последно време државата направи многу добри работи. Целта што си ја постави да влезе во ЕУ 2030 ја гледам како реална цел ако работиме искрено и совесно на двете страни, рече министерката за надворешни работи на Словенија. За Фајон, Северна Македонија е многу важен актер за стабилноста на регионот. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-vo-eu-do-2030-e-realna-cel-smeta-ministerkata-na-slovenija/feed/ 0