тања каракамишева- јовановска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Feb 2022 14:14:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тања каракамишева- јовановска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Каракамишева ќе го спори Преспанскиот договор пред судот во Стразбур! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-kje-go-spori-prespanskiot-dogovor-pred-sudot-vo-strazbur/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-kje-go-spori-prespanskiot-dogovor-pred-sudot-vo-strazbur/#respond Wed, 02 Feb 2022 14:14:41 +0000 https://kurir.mk/?p=626002

Уставниот суд го отфрли Барањето за заштита на лични права повредени со Преспанскиот договор, поднесено од универзитетската професорка Тања Каракамишева-Јовановска со образложение дека договорот не бил поединечен акт, а преземените дејствија не биле индивидуални дејствија со кои може да бидат повредени индивидуални права на поедини индивидуи, групи граѓани или правни лица. Судијата известител Осман Кадриу вели дека клучно е тоа што со конечната преспанска спогодба со Грција и дејствијата преземени од двете држави до моментот на склучување на спогодба не претставуваат индивидуален акт, и дека Спогодбата е општ акт со материја од правна и политичка природа со која се решаваат државни интереси за добробит на сите граѓани и целата држава, согласно што не постојат услови Уставниот суд да одлучува по ова барање. Каракамишева во барањето, образложено на 15 страници, бараше од Уставниот суд да се утврди дека со Конечната спогодба од Преспа ѝ се повредни правата за кои Уставниот суд пружа заштита и да донесе привремена мерка со која ќе забрани извршување на сите мерки, задачи и обврски кои произлегуваат од спогодбата до донесување на конечниот акт. Судијата известител Осман Кадриу, кажа дека привремената мерка е беспредметна и таа може да се одреди само во случај на поведување на постапка. Незадоволна од ваквото образложените, професорката по уставно право, за весникот ВЕЧЕР изјави дека отфрлањето на нејзиното барање значи дека овие права не може да си ги заштити пред македонските судови, па  поради тоа, правдата ќе продолжи да ја бара пред Судот за човекови права во Стразбур. -Не е точно дека поднесеното барање нема деловнички основ врз кои треба да се  поведе постапка. Во член 51 од Деловникот на Уставниот суд јасно стои дека „Секој граѓанин што смета дека со поединечен акт или дејство му е повредено право или слобода утврдени со член 110, алинеја 3, од Уставот на Република Македонија, може да бара заштита од Уставниот суд во рок од 2 месеци од денот на доставувањето на конечен или правосилен поединечен акт, односно од денот на дознавањето за преземање дејство со кое е сторена повредата, но не подоцна од 5 години од денот на неговото преземање“.  Деловничката одредба повикува на постоење или на поединечен акт или на дејство со чиешто извршување била сторена повреда на слободите и правата. Според мене, сите горенаведени дејствија се дејствија со кои се повредуваат моите лични и неприкосновени права, правото на самоидентификација, право на самоопределување, право на свој национален и културен идентитет, право на име на држава, појаснува професорката Каракамишева. -Просто е невозможно да прифатам дека во Р Македонија може да има Албански театар, Турски народен театар, АЛ – САТ(Албанска сателитска) телевизија, а да нема, односно, да се укине и забрани моето право да имам Македонски театар, Македонска опера и балет, да гледам Македонска радио и телевизија. Не може да ми се укине правото на заштита да членувам и да имам активности со Македонски културно-уметнички друштва кои имаат настапи во странство, финансирани од владини проекти за култура и сл., рече Каракамишева. Таа додаде: „имам лично и неприкосновено право да се нарекувам како сакам и да имам култура каква сакам. Моите деца не сакам да учат историја напишана од Владата во Атина или во Софија, туку од историја што е напишана од научници историчари кои преку оценка на објективни факти ќе излезат со вистината. Јас, ниту моите деца не сум должна да прифатам геноцидно ограничување од некоја туѓа Влада, посебно кога станува збор за цивилизација, историја и култура“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-kje-go-spori-prespanskiot-dogovor-pred-sudot-vo-strazbur/feed/ 0
Каракамишева: Скандалозно е признавањето на претседателот на Уставниот суд дека повеќе од 30 закони се донесени спротивно на уставната постапка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-skandalozno-e-priznavanjeto-na-pretsedatelot-na-ustavniot-sud-deka-povekje-od-30-zakoni-se-doneseni-sprotivno-na-ustavnata-postapka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-skandalozno-e-priznavanjeto-na-pretsedatelot-na-ustavniot-sud-deka-povekje-od-30-zakoni-se-doneseni-sprotivno-na-ustavnata-postapka/#respond Sat, 16 May 2020 17:14:23 +0000 https://kurir.mk/?p=346772

Универзитетскиот професор Тања Каракамишева Јовановска на својот Фејсбук профил сподели статус во кои пишува дека претседателот на Уставниот суд директно признал во изјава на Телма ТВ дека повеќе од 30 закони се донесени спротивно на уставната, законската и деловничката постапка. -Претседателот на Уставниот суд имаше директно признание во изјавата на Телма ТВ дека повеќе од 30 закони се донесени спротивно на уставната, законската и деловничката постапка и НИКОЈ не кажа чекајте бре луѓе ОВА Е СКАНДАЛ! Судот да ги укине сите тие закони по службена должност!, стои во нејзиниот пост на Фејсбук. https://www.facebook.com/Karakamisheva/posts/3082162018534347  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-skandalozno-e-priznavanjeto-na-pretsedatelot-na-ustavniot-sud-deka-povekje-od-30-zakoni-se-doneseni-sprotivno-na-ustavnata-postapka/feed/ 0
Аналитичарите едногласни: Протоколот за одржување на изборите е направен под притисок на власта, избори пред септември не се можни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiticharite-ednoglasni-protokolot-za-odrzuvanje-na-izborite-e-napraven-pod-pritisok-na-vlasta-izbori-pred-septemvri-ne-se-mozni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiticharite-ednoglasni-protokolot-za-odrzuvanje-na-izborite-e-napraven-pod-pritisok-na-vlasta-izbori-pred-septemvri-ne-se-mozni/#respond Thu, 14 May 2020 17:59:40 +0000 https://kurir.mk/?p=345855

Комисијата за заразни болести експресно изработи Протокол за целокупниот изборен процес од предизборните активности до денот на гласањето. И покрај предупредувањето на многумина доктори, епидемиолози и здравствени работници Заев не се откажува од намерата да има избори во време на пандемија во целиот свет. Комисијата за заразни болести предвидела покрај задолжителното носење на заштитни маски, држење на физичка дистанца, честата дезинфекција на рацете и проветрувањето на просториите. Сепак доказ дека задолжителното носење на заштитните маски и олабавувањето на мерките од страна на Владата го загрозува здравјето на граѓаните е статистиката и порастот на ново заболени во изминативе неколку денови. Универзитетскиот професор Тања Каракамишева Јовановска во изјава за КУРИР вели дека сите релевантни меѓународни организации се мошне внимателни кога станува збор за одржување избори во пандемиски услови само СДСМ сака да лови во матно, да ги занемари сите европски укажувања и да ја турка државата во уште поголема неизвесност и штетни последици по здравјето на луѓето. - Власта има обврска да организира безбедни по здравјето на граѓаните, демократски, фер и кредибилни избори согласно почитувањето на европските стандарди. Оваа обврска е посебно силно нагласена сега кога Македонија чека официјализирање на датум за почеток на преговорите со ЕУ. Со оглед дека првото поглавје за кое што државата треба да преговара со Европската комисија е токму поглавјето за човековите права и владеењето на правото, посебно е потенцирана важноста од примена и почитување на сите европски стандарди во изборното право, а посебно мислењата и Кодексот на добри изборни практики на Венецијанската комисија. Но, за жал, може да се констатира дека СДСМ ги чита мислењата и правилата на Венецијанската комисија согласно нејзините тесно-партиски интереси. Еден ден мислењата и правилата на Венецијанската комисија ги издигнува на пиедестал и ги смета за најзначајни во развојот на демократските процеси и владеењето на правото во Македонија, за да веќе наредниот ден, кога не и одговараат ги чита како мислења што се однесуваат само за државите кои се предмет на анализа. Двојните стандарди и лицемерието на СДСМ кон почитувањето на европските стандарди се евидентни во секоја нивна партиска активност, вели Каракамишева. Таа додава дека сите мислења на Венецијанската комисија се однесуваат на конкретни држави, на нивните уставни и законски решенија за одредени теми, но преку одделните мислења Комисијата создава европски стандарди, создава европска и демократска правна пракса што има вредност за сите држави. -Оттука, лага е тврдењето на СДСМ дека позитивната оценка што Комисијата ја дала за одржување избори по 60 дена од престанокот на вонредната состојба се однесува само на Грузија, затоа што тоа го има предвидено во нивниот Устав, и дека тоа мислење не важи за другите земји. Тоа е политичка манипулација и партиски спин што го навредува угледот на Комисијата, а членот на Македонија што ја претставува земјата во Венецијанската комисија тоа мора добро да го знае. Венецијанската комисија преку анализата на уставните и законските решенија на државите создава правни стандарди познати како soft law кои треба да се почитуваат од сите држави-членки на Советот на Европа. Не случајно компилацијата на мислењата за вонредната состојба за сите органи на Советот на Европа е основата врз која се градат 12-те бенчмаркови за државите, важни правила како треба да се организира државата во услови на вонредна состојба. Еден од тие бенчмаркови се и изборите и вонредната состојба. Од друга страна, деновиве и ОБСЕ излезе со официјален став дека избори во време на пандемија можат да ги загрозат меѓународните стандарди. Впрочем, токму под притисок на ОБСЕ, Полска ги одложи претседателските избори кои беа закажани да се одржат минатата недела, потенцира Каракамишева. Таа додава дека сите релевантни меѓународни организации се мошне внимателни кога станува збор за одржување избори во пандемиски услови само СДСМ сака да лови во матно, да ги занемари сите европски укажувања и да ја турка државата во уште поголема неизвесност и штетни последици по здравјето на луѓето. Кога сме кај националните изборни правила ја прашуваме СДСМ дали со уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес спротивно на сите европски стандарди одлучи арбитрерно да создаде нови изборни правила што не се предвидени во Изборниот законик?  Дали со таквото арбитрерно однесување не ги повреди ставовите на Венецијанската комисија кои се на линија дека со уредбите донесени во вонредна состојба не смеат да се создаваат нови правила кои пред состојбата не биле предвидени во Уставот и во законите на државата? СДСМ мора да и одговори на јавноста зошто одлучи да го прекрши Изборниот законик и неовластено да се впушти во уредување на изборни правила што воопшто не постојат во Изборниот законик?  Зошто СДСМ не ги почитува Уставот и Изборниот законик и зошто свесно ја втурна владата да уредува прашања што не се во нејзина надлежност? Владата нема право со уредба со законска сила да запира, ниту да продолжува веќе започнати изборни дејствија, затоа што такви категории не се уредени во Изборниот законик, ниту во Уставот. СДСМ арбитрерно се наметна како главен фактор во создавање изборни правила што воопшто не постојат во нашето изборно законодавство. -Од трета страна, конфузноста на власта може да се согледа и преку денешниот предлог за продолжување на вонредната состојба и продолжување на вонредните мерки за ограничување на правата на граѓаните. Значи владата ќе му предложи на претседателот на државата да ја продолжи вонредната состојба, а од друга страна, ја притиска ДИК да брза со спроведувањето на изборните дејствија таму каде што застанале? Во најлоша позиција е Комисијата за заразни болести која очигледно под силен притисок на власта прави посебни протоколи за организирање на изборниот процес и покрај тоа што таа ниту еднаш до сега не се изјаснила за здравствените стандарди на одржување избори во услови на пандемија. Комисијата делувајќи како продолжена рака на власта ќе ја има и најголемата одговорност за евентуалното нарушување на здравјето на луѓето по изборите. Власта комплетно ги дезориентира граѓаните, бидејќи ја продолжува вонредната состојба, што значи признава дека има потреба од рестриктивни ограничувања на човековите права затоа што вирусот се уште е во подем во земјата, но од друга страна, создава лажен привид дека наводно е се нормално во земјата и дека граѓаните се безбедни да излезат на избори. Во ваквата какофонија власта ем ќе може и натаму да носи уредби со законска сила за арбитрерно располагање со буџетот, и натаму да не задолжува, да креира квази-правен терен во уредувањето на состојбите, да не контролира во остварувањето на човековите права итн, а од друга страна, да ги користи граѓаните како топовско месо, да им раскажува бајки дека изборниот процес е безбеден, дека се создадени услови и упатства за безбедно гласање. Нека и објасни Комисијата за заразни болести на јавноста како предлага протокол за гласање без да го антиципира нагорниот тренд на ширење на вирусот? Во последната недела бројот на новозаразени граѓани со Ковид-19 не е симнат под 10%. Дали за нив овој податок не е алармантен и дали не чувствуваат одговорност што подлегнуваат на притисоците на власта да и покрај растот на епидемијата пишуваат некаков протокол за организирање на избори? Дури и да се спроведат сите безбедносни препораки на терен, во земјата нема основни предуслови за организирање брзи избори, нема изборна атмосфера, а најмалку од се има демократски амбиент на изборно соочување меѓу власта и опозицијата, подвлекува Каракамишева во изјавата за КУРИР. Со исти став е и универзитетскиот професор Александар Даштевски кој во изјава за КУРИР вели дека протоколот на Комисијата за заразни болести е целосно исполитизиран и направен под притисок од страна на Зоран Заев. -Сметам дека протоколот од Комисијата за заразни болести е целосно исполитизиран и направен под притисок на политичарот во заминување Зоран Заев. Имено, комисијата не само што не ги земала во предвид здравствените причини, дека пандемијата од коронавирусот уште се шири, а намалувањето на бројот на заболени најмнгу се должи на малиот број на тестирање. Таа воопшто не го зела во предвид фактот, дека границите се затворени и се додека не се отворат не може да се разговара за било какви активности. Пред се, Комисијата за заразни болести не може да носи вакви протоколи без соработка и мислење на ДИК, затоа што илјадници луѓе треба да патуваат во странство и да се враќаат. Како ќе го сторат тоа кога нашите граници се затворени, но и на повеќе европски држави, па и насекаде низ светот, вели Даштевски. Тој додава дека како второ неколку илјади граѓани кои се вратија од странство, неможат се уште да се вратат во државите во кои работат и живеат, на овој начин се ускратува уставното право да се избира и да се биде избран, за што не е должна да расправа оваа комисија. -Таа воопшто не го земала во предвид фактот дека треба во земјата да дојдат неколку стотици, набљудувачи, новинари итн. кои пред да започнат со активности треба да бидат ставени во карантин. Но комисијата не може да им го гарантира правото дека во средина на пандемијата тие ќе останат здрави. Така што се прави предвремен и непотребен ризик. Сето ова се прави под притисок на поранешниот премиер Зоран Заев да го ублажи извесниот пораз на изборите, поради продавање на виталните национални интереси, најлошата економска состојба од осамостојувањето па до денес и досега невидената огромна корупција која и покрај пандемијата секојдневно се случува во нашата држава, дали било тоа криминална набавка на респиратори од Венко Филипче, па до 50 мкв. трева на плоштад од 560.000 евра, насадена со посредство на Петре Шилегов. Конечно, не е за подценување ни фактот дека за ажурирање на избирачките списоци, за кој ДИК се произнесе дека се потребни 40 дена и 20 дена за предисборна кампања. Во тој случај преурането е и апсурдно мислењето на Комисијата за зарзни болести, затоа што изборите би можеле да се оддржат најрано во средината на Јули. Тие треба да дадат ново мислење за здравствената состојба за 30 дена, а најидеално време за одржување на изборите е средината на септември, истакна Даштевски за КУРИР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiticharite-ednoglasni-protokolot-za-odrzuvanje-na-izborite-e-napraven-pod-pritisok-na-vlasta-izbori-pred-septemvri-ne-se-mozni/feed/ 0
Каракамишева: Што е разликата меѓу кризна и вонредна состојба? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-shto-e-razlikata-megju-krizna-i-vonredna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-shto-e-razlikata-megju-krizna-i-vonredna-sostojba/#respond Wed, 18 Mar 2020 13:36:14 +0000 https://kurir.mk/?p=318369

Професорката Тања Каракамишева преку свој статус на Социјалните мрежи стручно објасни што е разликата помеѓу вонредна и кризна ситуација во Македонија. -Што е разликата меѓу кризна и вонредна состојба? 1. Во услови на кризна состојба владата дејствува и ги презема сите активности согласно законот за управување со кризи и согласно постојните закони донесени од Собранието. Ова значи дека надлежностите на владата се дефинирани и ограничени со постојните закони. 2. Законите не и даваат право на владата во кризна состојба да носи акти кои во услови на вонредна состојба би имала право да ги носи. 3. Во услови на вонредна состојба согласно Уставот владата има право да носи уредби со законска сила. Овие уредби имаат сила на закони, така што практично во вонредна состојба владата ќе може да ја преземе законодавната надлежност на Собранието, додека во кризна состојба тоа не е можно. 4. Во кризна состојба владата е ограничена да делува согласно постојните закони, додека во вонредна ќе има право да суспендира закони, да менува, да дополнува закони и слично преку уредбите со законска сила. На пример, владата ќе може да донесува уредба за ново задолжување на државата, уредба за ребаланс на буџетот, уредба за прераспределување на буџетските средства од една во друга област, уредба за упатување повеќе пари во здравството, уредба за помош на стопанството, уредба за ограничување на човековите права и сл. Во кризна состојба сето ова не е можно. 5. Со вонредна состојба ќе може да се ограничуваат човекови права, во кризна состојба тоа оди потешко, бидејќи ќе се бара примена на постојните законски решенија за да се направи ограничувањето. Во услови на вонредна состојба тоа ќе се прави директно со уредбите со законска сила. 6. Вонредна состојба не е прогласена никогаш во Македонија. Единствени уредби со законска сила имало во Социјалистичка Р.Македонија. 7. Начинот на функционирањето на вонредната состојба не е уреден со закон за вонредна состојба, така што целата моќ ќе биде централизирана во владата и во министрите. 8. Вонредна состојба се прогласува за 30 дена, а доколку не помине опасноста таа се продолжува секои наредни 30 дена од страна на претседателот на Републиката, рече Каракамишева. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-shto-e-razlikata-megju-krizna-i-vonredna-sostojba/feed/ 0
Каракамишева-Јовановска: Дали за власта политичкиот прогон на опозицијата е поважна задача од заштитата на здравјето на луѓето? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-jovanovska-dali-za-vlasta-politichkiot-progon-na-opozicijata-e-povazna-zadacha-od-zashtitata-na-zdravjeto-na-lugjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-jovanovska-dali-za-vlasta-politichkiot-progon-na-opozicijata-e-povazna-zadacha-od-zashtitata-na-zdravjeto-na-lugjeto/#respond Tue, 17 Mar 2020 10:06:03 +0000 https://kurir.mk/?p=317634

Владата директно се вмеша во работата судството, но вината е и кај Судскиот совет кој понизно молчи, вели за Курир проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска, коментирајќи ја небулозната владина ноншалантност во однос на продолжувањето на судењата и оддржување рочишта во состојба на светска пандемија на коронавирусот. Имено, на вчерашната владина седница, повторно намерно се замижа на потребата од времен прекин на рочиштата и работата на судството и се дадоа само препораки за тоа кои судења можеле да се одложат. Дали владата на СДСМ презентира дека само декларативно се грижи за можноста за ширење на заразата во судските згради кои се можеби последните кои работат скоро сосема редовно. Вчера владата помалку патетично им соопшти на судовите„ да ја разгледаат можноста и да препорачаат на претседателите на судовите да направат план за одложување на судењата,“ наведувајќи потоа 10-на примери каде треба да се продолжи со судењата, опфаќајќи ги притоа сосема „случајно“ сите политички монтирани случаи против опозицијата преку СЈО и оние за 27 април. Познавачите на состојбите предупредија дека ова се случува поради очигледната потреба на СДСМ судот да изигрува дел од нивниот партиски пи-ар во предизборната кампања, па затоа го „траска“ и во време на зарази. Проблемот е уште поголем што изборите најверојатно ќе се одложат, но СДСМ и натаму не се откажува од „ветерот в едра“ од судските алатки на т.н. Кацарска судството? Дали е крајно време во услови на светска пандемија на коронавирус партијата на власт, која според нивниот лидер го „расцвета ко пупка“ судството, да престане да го „траска“ истото и конечно да ги стави на прво место интересите на граѓаните и нивното здравје, наспроти личните и теснопартиските интереси? Каракамишева-Јовановска: Кој ќе сноси одговорност доколку меѓу судиите и странките се прошири епидемијата на коронавирус? Симптоматично е тоа што препораките на владата во врска со заштитата на вработените од вирусот Ковид-19 важат за сите, но не и за судиите, судиите-поротници, адвокатите, и другите странки во судските случаи, вели универзитетската пофесорка Тања Каракамишева-Јовановска за Курир.. „Министерката за правда пред две недели директно се замеша во работата на судовите кога практично потврди дека нема да има одложувања, ниту прекин на рочиштата.  Тогаш јавно прашав - дали судиите се надлуѓе за владата и за нив не треба да важат препораките или судиите се заморчиња на власта кои мора да го испорачаат политичкиот прогон кој што е во интерес на власта? Прво, неприфатливо беше директното вмешување на владата во работата на судовите. Додека Судскиот совет понизно молчи и не презема ништо во насока на заштита на судиите и судската администрација, владата директно се вмешува во работата на судството кршејќи го начелото на независност на судството“ посочува професорката по Уставно право за Курир. „Второ, паѓа во очи неодговорноста на членовите на Судскиот совет кои во услови на пандемија не преземаат конкретни чекори во насока на заштита на судиите. И оние мали преземени активности за заштита, во смисла исклучување на јавноста од судењата, држење на растојание меѓу странките, дезинфекција на судовите и слично беа извршени преку  ургенција на владата, а не на Советот. Се добива впечаток дека во периодов Судскиот совет буквално како да не постои, како да не работи. Трето, додека Советот на јавните обвинители и државниот Јавен обвинител излегоа со конкретни упатства како да се продолжи со работата на јавните обвинители во кризните подрачја, но и во другите градови, Судскиот совет седи со скрстени раце и чека соопштение или насоки од министерката,“ нагласува Каракамишева-Јовановска, оценувајќи дека овие потези се многу неодговорни и несоодветни за функцијата и тежината на времето во кое се наоѓаме. Професорката од Правниот факултет во Скопје јавно прашува: „Кој ќе сноси одговорност доколку меѓу судиите и странките се прошири епидемијата? Дали политичкиот прогон на опозицијата за власта е поважна задача од заштитата на здравјето на луѓето? Зошто никој не ги зема предвид барањата на Адвокатската комора за прекин на рочиштата? Дали времениот прекин на судењата е навистина голем проблем на власта во смисла што нема да можат да ги испорачаат сите политички нарачки преку судовите?“ Проф. д-р Каракамишева-Јовановска вели дека најважно прашање е - кој ќе преземе одговорност во случај на ескалирање на состојбата со вирусот меѓу странките во постапките?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-jovanovska-dali-za-vlasta-politichkiot-progon-na-opozicijata-e-povazna-zadacha-od-zashtitata-na-zdravjeto-na-lugjeto/feed/ 0
Каракамишева: Рускоска ќе ја има истата улога како Јанева ако се изгласа предлог законот за Јавното обвинителство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-ruskoska-kje-ja-ima-istata-uloga-kako-janeva-ako-se-izglasa-predlog-zakonot-za-javnoto-obvinitelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-ruskoska-kje-ja-ima-istata-uloga-kako-janeva-ako-se-izglasa-predlog-zakonot-za-javnoto-obvinitelstvo/#respond Tue, 04 Feb 2020 08:06:11 +0000 https://kurir.mk/?p=298968

Предлог законот за Јавно обвинителство се коси со 5 члена од Уставот. Ова го истакна професорката Тања Каракамишева во гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија. -Овој Закон практично се коси со 5 члена од Уставот, тоа се темелните вредности, пред се и над се, почитувањето на човековите слободи и права, бидејќи имаме доста одредби во законот којшто ги кршат човековите слободи и права на начинот на којшто е поставен законот, имаме проблем со владеење на правото, во голем дел од одредбите законот се поставува дури и над Уставот, го крши принципот на хиерархија и субординација во Јавното обвинителство, што е основниот столб врз којшто се изградува ова Јавно обвинителство и секако го крши принципот на еднаквост, каде што едните обвинителни се повеќе од другите, објасни Каракамишева. Според неа, не е во прашање ниту реформа, ниту подобрување на квалитетот на Законот, ниту пак се содржани многуте препораки од меѓународните организации со цел подобрување на владеење на правото. Таа рече дека ова е компилација на одредби коишто се селектирани зависно од потребите на оваа власт, односно желба на Заев СЈО да се инкорпорира во ОЈО, да се вдомат кадрите на СЈО повторно со истите привилегии и високи плати. -Основно Јавно обвинителство ќе биде посебен буџетски корисник ако се усвои предлог законот, со кој ќе располага сега Вилма Русковска, а и во иднина затоа што никој нема да може да ја смени. Како што е поставено, против Русковска треба да гласаат 2/3 од Советот за јавни обвинители. Тие се поврзани со актуелното раководство и нема никогаш да се обезбедат 11 обвинители да гласаат против неа. Таа ќе располага со парите, таа ќе одлучува колку додатоци плус ќе се обезбедуваат за јавните обвинители, истото што го правеше Катица Јанева за што се шокиравме за ставките и за парите што се земени од нив, децидна е Каракамишева. Професорката смета дека луѓето кои што биле вработени во СЈО треба да бидат предмет на сериозна анализа бидејќи работеле во СЈО и се под претпоставка дека не знаеле што се случува таму, не се стручни за работното место.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-ruskoska-kje-ja-ima-istata-uloga-kako-janeva-ako-se-izglasa-predlog-zakonot-za-javnoto-obvinitelstvo/feed/ 0
Каракамишева: Предлог законот за ЈО воопшто не е влезен во собраниска процедура за по него да се отвора јавна дискусија, ова е кршење на Деловникот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-predlog-zakonot-za-jo-voopshto-ne-e-vlezen-vo-sobraniska-procedura-za-po-nego-da-se-otvora-javna-diskusija-ova-e-krshenje-na-delovnikot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-predlog-zakonot-za-jo-voopshto-ne-e-vlezen-vo-sobraniska-procedura-za-po-nego-da-se-otvora-javna-diskusija-ova-e-krshenje-na-delovnikot/#respond Tue, 04 Feb 2020 07:05:37 +0000 https://kurir.mk/?p=298932

Професорката Тања Каракамишева во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија рече дека сите експерти од Правниот факултет ги кажале скоро истите забелешки за предлог законот за Јавно обвинителство и дека ниеден од нив не се согласил со предлог законот. -Она што беше за мене најфрапантно е дека разговаравме на јавна дискусија за Закон кој не е поднесен во законодавна процедура, односно не е доставен до претседател на Собрание. Законот ни беше даден по меил каде што ни кажаа по овој закон ќе се расправа на јавната дискусија. Кога ги прашав лицата од секретаријатот на комисијата дали овој закон е поднесен до претседателот на Собранието, ми рекоа не знам, за потоа да дознаам дека тој закон воопшто не е влезен во собраниска процедура, истакна Каракамишева. Таа рече дека предлог законот за Јавно обвинителство е текст, односно збир на желби на некого за да се дискутираме по него. -Деловникот по не знам кој пат е прекршен, она што е интересно е дека во Деловникот јасно стои дека јавна дискусија може да има доколку законот е примен од претседателот на Собрание, потоа доколку е поминат на законодавно-правна комисија, која е и матично работно тело за овој закон, таа требаше да го гледа овој предлог закон и откако таа ќе даде позитивно светло, ќе оди на општа расправа, па таму ќе се одлучува дали ќе има јавна дискусија или не, посочи професорката. Каракамишева изјави дека како експерти биле повикани на јавна расправа без да се изодат чекорите кои ги налага Деловникот. Според неа, министерката Дескоска им рекла дека ќе се разгледуваат сите забелешки, за потоа да не дозволи работна група од професори кои што имале најмногу забелешки за законот, односно одбила формирање на работна група од професори кои што ќе работат на разгледување на предлог законот во која дел ќе бидат Тања Каракамишева и професорката Гордана Силјаноска Давкова. Дури и професорот Шкариќ изјавил дека законот од технички аспект не е добар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-predlog-zakonot-za-jo-voopshto-ne-e-vlezen-vo-sobraniska-procedura-za-po-nego-da-se-otvora-javna-diskusija-ova-e-krshenje-na-delovnikot/feed/ 0
Каракамишева: Заев испрати порака за простување на настаните од 27 април? И после ВМРО барало амнестија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-zaev-isprati-poraka-za-prostuvanje-na-nastanite-od-27-april-i-posle-vmro-baralo-amnestija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-zaev-isprati-poraka-za-prostuvanje-na-nastanite-od-27-april-i-posle-vmro-baralo-amnestija/#respond Mon, 15 Oct 2018 12:10:51 +0000 https://kurir.mk/?p=115123

Универзитетската професорка Тања Каракамишева на социјалните мрежи се огласи откако денес во Собранието, премиерот Зоран Заев понуди амнестија за настаните од 27 април во законодавниот дом. -Заев ќе направи СЕ за да ја заокружи целта на неговото носење на власт. Еве само што испрати порака од собраниската говорница за помирување и простување за настаните од 27 април?! И после ВМРО барало амнестија? Аман човек кочи, соземи се, твојата мисија НЕ Е НАША МИСИЈА! ТИ ЌЕ МОРА ДА СИ ОДИШ И ДА ОДГОВАРАШ ЗА ЗЛОДЕЛАТА! МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА, пишува Каракамишева на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-zaev-isprati-poraka-za-prostuvanje-na-nastanite-od-27-april-i-posle-vmro-baralo-amnestija/feed/ 0
Каракамишева до власта: Доста е со политизација и селективен однос на правдата, граѓаните имаат потреба од функционална држава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-do-vlasta-dosta-e-so-politizacija-i-selektiven-odnos-na-pravdata-gragjanite-imaat-potreba-od-funkcionalna-drzava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-do-vlasta-dosta-e-so-politizacija-i-selektiven-odnos-na-pravdata-gragjanite-imaat-potreba-od-funkcionalna-drzava/#respond Sun, 07 Oct 2018 16:59:31 +0000 https://kurir.mk/?p=111993

Универзитетскиот професор Тања Каракамишева преку својот Фејсбук профил испраќа порака до власта: Доста е со политизација и селективен однос на правдата, граѓаните имаат потреба од функционална држава. Нејзината анализа ја пренесуваме во целост: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Hristijan Mickoski , на денешната прес-конференција многу прецизно ги дефинираше стратешките интереси на државата во овој судбоносен период и даде решенија како истите да бидат остварени. Јасно ги лоцираше сите проблеми што ги мачат македонските граѓани без разлика на нивната етничка или друга припадност, јасно ги разобличи погубните и криминални делувања во секоја област, ги дефинираше многу точно сите аномалии на системот, ја опиша целата бездна во која е втурната државата.
Политиката на рулет на Заев не даде никакви резултати. Покер партијата во која Заев ја стави во залог целата држава и сите нас е казнета со референдумското НЕ кое Заев го доби од еден милион и двестотини илјади граѓани кои апстинираа од гласање поради тоа што не се согласуваат со него и неговиот лузерски однос кон најважните национални прашања и интереси на државата. Македонија тоне во криминал, во фалсификувани изборни процеси, Македонија тоне на сите полиња, граѓаните никој не ги заштитува, оставени се сами на себе и со надежта дека ова политичко цунами ќе престане ден ако не и час поскоро. Наместо лажната амнестија која СДС му ја припишуваше на Мицкоски како негово барање во текот на целиот изминат период, Мицкоски денес им одговори, ајде да расчистиме на транспарентен и објективен начин со сиот криминал, доста е со политизацијата на правдата и со селективниот однос кон правото и правдата, ајде да оформиме независно обвинителство на чело со независен обвинител надлежен да ги испита сите прислушувани разговори на неполитички и професионален начин, ајде да се справиме еднаш засекогаш со заробената правда и со полтронизираното судството. На Македонија и на граѓаните им треба нормална држава со функционални институции и со правосуден систем кој во секое време ќе даде вистинска заштита на човековите права и ќе биде бедем чувар на правната држава. Мафијата во политиката мора да си оди, криминалците не смеат да бидат заштитени мечки и да ја водат државата. Тие треба да бидат најнапред делегитимирани а потоа и отстранети од политичките функции. На Македонија и се потребни чесни политичари кои ќе работат во име и во интерес на граѓаните и за доброто на сите!
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-do-vlasta-dosta-e-so-politizacija-i-selektiven-odnos-na-pravdata-gragjanite-imaat-potreba-od-funkcionalna-drzava/feed/ 0
Каракамишева: Урбаноста и руралноста не се одредува според квантитетот на полтронство и лигавење пред странците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-urbanosta-i-ruralnosta-ne-se-odreduva-spored-kvantitetot-na-poltronstvo-i-ligavenje-pred-strancite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-urbanosta-i-ruralnosta-ne-se-odreduva-spored-kvantitetot-na-poltronstvo-i-ligavenje-pred-strancite/#respond Thu, 20 Sep 2018 08:49:23 +0000 https://kurir.mk/?p=103493

Богданов ги потцени сите граѓани што нема да гласаат на референдумот, смета професорката Татјана Каракамишева, по изјавата на Костадин Богданов дека на референдум ќе излезеле членовите од урбаните средини и поголемите градови. -Демек урбаните на една, руралците на друга страна, а?! Ееее Богданове, ееее квази дилбере, ум не ви доаѓа во таа “реформаторска” група и тоа е. Урбаноста и руралноста не се одредува според квантитетот на полтронство и лигавење пред странците, туку според ИНТЕГРИТЕТОТ И ДОСТОИНСТВОТО НА ЧОВЕКОТ! Видете сега во која група припаѓате вие, му порача професорката Каракамишева на Богданов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-urbanosta-i-ruralnosta-ne-se-odreduva-spored-kvantitetot-na-poltronstvo-i-ligavenje-pred-strancite/feed/ 0