тања каракамишева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 May 2023 08:23:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тања каракамишева – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Каракамишева: Преамбулата на Уставот не може да се промени со амандман https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-preambulata-na-ustavot-ne-mozhe-da-se-promeni-so-amandman/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-preambulata-na-ustavot-ne-mozhe-da-se-promeni-so-amandman/#respond Thu, 18 May 2023 08:23:21 +0000 https://kurir.mk/?p=835677

Професорката Тања Каракамишева на социјалните мрежи го искажа својот став по најавите за промена на Преамбулата на Уставот. Во изминативе месеци јавноста се изнаслуша различни видувања, ставови, мислења за промената на Преамбулата на Уставот. Не коментирав ништо! Но, како одминува времето слушам толку големи небулози и се соочувам со такви непознавања на уставната материја што си велам зарем е можно!!! Јавноста заслужува да има објективни информации за целиов процес, податоци втемелени не на политички/партиски/етнички желби и каприци, туку на научни параметри врз основа на кои и треба да се води дебатата за и околу измената на нашиот Устав! Во интерес на таа објективност и научна втемеленост еве го мојот став: Предлог-текст за промена на Преамбулата на идниот Устав на Македонија: "Ние, припадниците на Македонската нација, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на својата татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Македонија и одговорна пред идните генерации за зачувување и развој на сé што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднаква во своите права и обврски кон заедничкото добро - Република Македонија - во согласност со традицијата на Крушевската Република и одлуките на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година, одлучивме да ја конституираме Република Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој У С Т А В ************** Во предлог-текстот намерно ги немам вклучено измените од Амандман XXXIV бидејќи сите амандмани (од XXXIII до XXXVI) објавени во „Службен весник“ на 11 јануари 2019 година се неуставни, односно се донесени во постапка спротивна на Уставот. Освен постапката, спорна е и номотехниката на амандманите.  Во 2019 година со само еден амандман се смени името на државата во целиот текст на Уставот, непозната пракса во светската уставна теорија и пракса,  Во 2019 година не се донесе посебен амандман за насловот на Уставот каде се додаде новото име на државата, значи без уставен амандман се смени насловот на Уставот, правен преседан пар екселанс. Сите амандмани од 2019 година имаат грешка од номотехничка природа. Како посебно спорен го издвојувам Амандманот XXXIV со кој се измени Преамбулата на Уставот. Имајќи предвид дека Преамбулата во Уставот на Македонија не е составен дел на Уставот на Македонија, бидејќи Преамбулата се наоѓа над насловот Устав на Македонија, ова значи дека нејзината измена не е во согласност со член 129 од Уставот каде што стои дека Уставот на Македонија се изменува и дополнува со уставни амандмани. Со оглед дека Преамбулата не е составен дел на Уставот, таа не може да се изменува и дополнува со уставни амандмани, туку само во постапка на донесување нов Устав. Оттука, мојот предлог-текст на новата Преамбула на Уставот на Македонија би можел да се примени само ако се отвори постапка за донесување нов Устав во кој би требало да се исправат сите досегашни грешки и фалинки во Уставот, а работата на сегашната комисија за измена на Преамбулата ја сметам за беспредметна, бидејќи Преамбулата не може да се промени со амандман од веќе споменатата причина. Кои устави во Европа, заедно со Уставот на САД, во својата преамбула ја имаат вклучено нацијата како основа или темел на државата и државноста? 1. Уставот на Ирска 2. Уставот на Словенија 3. Уставот на Хрватска 4. Уставот на Шпанија 5. Уставот на Унгарија 6. Уставот на Франција 7. Уставот на Германија 8. Уставот на Полска 9. Уставот на Словачка 10. Уставот на Естонија 11. Уставот на Летонија 12. Уставот на Литванија и други. Останатите земји немаат преамбули во уставите, како на пример, Финска, Шведска, Норвешка, Италија, Австрија, Белгија, Грција, и други, објави професорката на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-preambulata-na-ustavot-ne-mozhe-da-se-promeni-so-amandman/feed/ 0
Каракамишева: Додека Македонците „очи си вадат”, „Илирида“ се повампири https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-dodeka-makedoncite-ochi-si-vadat-ilirida-se-povampiri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-dodeka-makedoncite-ochi-si-vadat-ilirida-se-povampiri/#respond Mon, 31 May 2021 15:28:39 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517298

Професорката Тања Каракамишева се огласи на својот фејсбук профил и се обрати до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со движењето Илирида. Таа коментира дека додека Македонците „очи си вадат” и се делат по сите основи, „Илирида” се повампири и презема неуставни активности. Таа за ова му се обраќа јавно и на министерот Спасовски. Движењето Илирида, како што јави ТВ Клан, на дебата во Тетово најавува регистрирање на политичка партија. Од Движењето „Илирида“, како што јави КланМ, велат дека веќе се прават последните подготовки за ова движење да биде регистрирано како политичка партија за учество на изборите. Доколку победат на изборите, како што велат, ќе го формираат Парламентот на Илирида.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-dodeka-makedoncite-ochi-si-vadat-ilirida-se-povampiri/feed/ 0
Пендаровски ќе го прекрши Уставот ако го даде мандатот за состав на Влада без конституирано Собрание и без утврдено мнозинство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-kje-go-prekrshi-ustavot-ako-go-dade-mandatot-za-sostav-na-vlada-bez-konstituirano-sobranie-i-bez-utvrdeno-mnozinstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-kje-go-prekrshi-ustavot-ako-go-dade-mandatot-za-sostav-na-vlada-bez-konstituirano-sobranie-i-bez-utvrdeno-mnozinstvo/#respond Wed, 12 Aug 2020 16:04:26 +0000 https://kurir.mk/?p=389891

Давањето мандат за состав на влада од страна на претседателот Стево Пендаровски без конституирано Собрание и без јасно утврдено мнозинство од пратеници кои доаѓаат од партија или партии во Собранието, како што бара член 90 од Уставот е кршење на Уставот на Македонија. Самата постапка за определување мандатар за состав на влада од страна на претседателот на Републиката е во тесна поврзаност со чинот на конституирањето на Собранието на начин како што е тоа предвидено во член 63 од Уставот, но и во согласност со глава 2 од Деловникот на Собранието на Македонија поточно согласно членовите 9 до 28. КУРИР побара став од универзитетската професорка Тања Каракамишева, експерт во оваа област. Професорката ни предочи дека во член 90 од Уставот се вели дека претседателот на Републиката  е должен во рок од 10 дена од КОНСТИТУИРАЊЕТО на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. -Во нашата ситуација, ниту имаме конституирано Собрание, затоа што верификацијата на мандатите на пратениците не значи конституирано Собрание, а од друга страна ниту една партија односно партии немаат мнозинство во Собранието за да може претседателот на Републиката мандатот за состав на влада да го довери на некој кандидат поддржан од партијата, односно партиите. Ниту една партија нема апсолутно мнозинство од пратеници, или 61 пратеник за да нејзин кандидат го добие мандатот за составување влада. Не само што нема мнозинство туку власта и опозицијата настапуваат со идентичен број на пратеници кои ги поддржуваат 46:46. Да имаше СДСМ 61 пратеник поддршка до сега ќе се пристапеше кон избор на претседател на Собранието и ќе се тераше постапката за избор на влада согласно Уставот. Вака, бидејќи знаат дека го немаат потребното мнозинство, ги пуштаат "еминентните" експерти да им ги толкуваат уставните и деловничките одредби на начин како што им одговара а на штета на Уставот и правните прописи, истакна таа во изјава за КУРИР. Изборот на претседател на Собранието, во компаративното уставно право на земјите во регионот и пошироко, е клучен елемент во постапката на конституирање на Собранието, но и во обезбедување уставна гаранција дека една партија или коалиција на партии го има обезбедено потребното апсолутно мнозинство за да може да се пристапи кон избор на влада. -Според член 67 од Уставот на Македонија претседателот на Собранието го претставува Собранието, се грижи за примена на Деловникот на Собранието каде што детално е уредена постапката за избор на влада. Собранието ја избира владата, седницата за избор на влада ја свикува претседателот на Собранието. Како и кој ќе ја свика седницата за избор на влада ако нема избран претседател на Собранието? Како ќе работат пратениците ако нема кој да ја организира работата на Собранието? Со верификацијата на мандатите на пратениците не се конституира Собранието, бидејќи тоа е практично нефункционално и обезглавено, не може ништо да работи без претседател на Собранието. Од друга страна, давање мандат за составување на влада на кандидат на партија која го нема потребното мнозинство, или уште попроблематично, во услови кога и едната и другата страна имаат изедначена поддршка, е политичко фаворизирање на претседателот на Републиката на една опција на сметка на друга што е во спротивност со Уставот и Деловникот на Собранието, порача професорката.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-kje-go-prekrshi-ustavot-ako-go-dade-mandatot-za-sostav-na-vlada-bez-konstituirano-sobranie-i-bez-utvrdeno-mnozinstvo/feed/ 0
Каракамишева: Собранието сѐ уште не е конституирано https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-sobranieto-seushte-ne-e-konstituirano/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-sobranieto-seushte-ne-e-konstituirano/#respond Wed, 05 Aug 2020 10:24:27 +0000 https://kurir.mk/?p=386483

Универзитетската професорка Тања Каракамишева на својата официјална страница на Фејсбук, по споделената вест на еден портал дека е конституирано Собранието, сподели статус во кој напиша дека Собранието сѐ уште не е конституирано и дека дури по завршување на конститутивната седница на Собранието започнува рокот од 10 дена за доделување на мандатот за да започне постапката за составување на влада. -Се молат новинарите правно да се информираат пред да пишуваат текстови и наслови како овој! Новинарите треба да информираат објективно и правилно, а не да ја дезинформираат јавноста, стои во нејзиниот статус. Целосната објава може да ја прочитате во продолжение. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-sobranieto-seushte-ne-e-konstituirano/feed/ 0
Каракамишева-Јовановска: До тој степен се неспособни што веќе со денови по пола ден во Дојран, во местото Сретеново НЕМА ВОДА! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-jovanovska-do-toj-stepen-se-nesposobni-shto-vekje-so-denovi-po-pola-den-vo-dojran-vo-mestoto-sretenovo-nema-voda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-jovanovska-do-toj-stepen-se-nesposobni-shto-vekje-so-denovi-po-pola-den-vo-dojran-vo-mestoto-sretenovo-nema-voda/#respond Tue, 30 Jun 2020 12:11:00 +0000 https://kurir.mk/?p=365813

До тој степен се неспособни што пишав дека во текот на викендот по неколку часа, вчера цел ден и денес еве веќе пола ден во Дојран, во местото Сретеново НЕМА ВОДА!, пишува проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска на ФБ. „Значи не зборувам за вода за пиење, туку за основното човеково право на елементарна пристапност до вода. Ако надлежните од општината и јавното комунално претпријатие не преземат ништо да ги снабдат луѓето со вода ќе бидат преземени конкретни мерки!
ВАКВО ЗАГРОЗУВАЊЕ НА ОСНОВНИ ЧОВЕКОВИ ПРАВА НЕМА ДА СЕ ПРОСТИ!“

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-jovanovska-do-toj-stepen-se-nesposobni-shto-vekje-so-denovi-po-pola-den-vo-dojran-vo-mestoto-sretenovo-nema-voda/feed/ 0
Каракамишева: Изборниот законик има поголема правна сила од владината уредба за прашања поврзани со изборниот процес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-izborniot-zakonik-ima-pogolema-pravna-sila-od-vladinata-uredba-za-prashanja-povrzani-so-izborniot-proces/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-izborniot-zakonik-ima-pogolema-pravna-sila-od-vladinata-uredba-za-prashanja-povrzani-so-izborniot-proces/#respond Sun, 24 May 2020 19:06:48 +0000 https://kurir.mk/?p=349864

Студент на I год.правни студии знае дека по хиерархија на правните акти Уставот е на врвот на правниот систем, потоа доаѓаат законите, па подзаконските акти, порачува професорката Тања Каракамишева. „Со оглед дека уредбите НЕ СЕ ЗАКОНИ, туку се наоѓаат под законите, тоа значи дека Изборниот законик има поголема правна сила од владината уредба за прашања поврзани со изборниот процес согласно правната максима lex superior derogat lex inferiori. Хиерархијата на правните акти е основата на правниот систем заснован врз начелото на законитост, односно владеење на правото. Ако власта не води сметка за овие основни правни правила и правни законитости, тогаш со право велиме дека таа е АРБИТРЕРНА и СВОЕВОЛНА што е ЗАБРАНЕТО во правото“-објави професорката. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-izborniot-zakonik-ima-pogolema-pravna-sila-od-vladinata-uredba-za-prashanja-povrzani-so-izborniot-proces/feed/ 0
Каракамишева-Јовановска: Зошто Антикорупциска молчи за владиното кршење на Законот за спречување корупција? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-jovanovska-zoshto-antikorupciska-molchi-za-vladinoto-krshenje-na-zakonot-za-sprechuvanje-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-jovanovska-zoshto-antikorupciska-molchi-za-vladinoto-krshenje-na-zakonot-za-sprechuvanje-korupcija/#respond Mon, 18 May 2020 11:14:41 +0000 https://kurir.mk/?p=347312

Проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска на својот ФБ профил прашува  - „Зошто Државната комисија за спречување на корупција до сега молчи и не поведува постапка против одговорните лица во владата за кршење на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси? "Големите владини правници"заборавиле да ја престанат важноста на чл. 33 и на чл.34 од законот каде е наведена ЗАБРАНАТА ЗА ВОНРЕДНИ ИСПЛАТИ! Овие членови важат и во вонредна состојба!“, посочува универзитетската професорка, презентирајќи ги притоа и спорните одредби од Законот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-jovanovska-zoshto-antikorupciska-molchi-za-vladinoto-krshenje-na-zakonot-za-sprechuvanje-korupcija/feed/ 0
Каракамишева: Ако се одложат изборите, пратениците да се вратат во Собрание и да работат! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-ako-se-odlozat-izborite-pratenicite-da-se-vratat-vo-sobranie-i-da-rabotat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-ako-se-odlozat-izborite-pratenicite-da-se-vratat-vo-sobranie-i-da-rabotat/#respond Mon, 16 Mar 2020 14:16:02 +0000 https://kurir.mk/?p=317283

Ако партиите одлучат да се одложат изборите тогаш пратениците да се вратат во Собрание како во 2016г. и нека работат, апелира универзитетската професорка Тања Каракамишева. -Во 2016г. за жал имавме правен преседан распуштено Собрание повторно да се состане. Нови избори може да распише само Џафери, не може влада со уредба со законска сила, не може Пендаровски со одлука. И одложувањето на изборите мора добро правно да се обмисли, порача таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-ako-se-odlozat-izborite-pratenicite-da-se-vratat-vo-sobranie-i-da-rabotat/feed/ 0
ЕКСПЕРТИТЕ СОГЛАСНИ: Законот за ЈО е изгласан нелегално, со криминал го покриваат криминалот на високите функционери на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekspertite-soglasni-zakonot-za-jo-e-izglasan-nelegalno-so-kriminal-go-pokrivaat-kriminalot-na-visokite-funkcioneri-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekspertite-soglasni-zakonot-za-jo-e-izglasan-nelegalno-so-kriminal-go-pokrivaat-kriminalot-na-visokite-funkcioneri-na-sdsm/#respond Mon, 17 Feb 2020 13:41:24 +0000 https://kurir.mk/?p=305028

Законот за Јавно обвинителство има за цел да го покрие криминалот и корупцијата на високите функционери од актуелната власт, оценува универзитетскиот професор и аналитичар Александар Даштевски во изјава за КУРИР. Според него, власта го криеше овој закон во фиока бидејќи сакаше на местото за организиран криминал и корупција да ја стави Катица Јанева, обвинетата за „Рекет“. -Видовме како беше донесен законот за ЈО. Најважно е што јавноста дозна дека со него сака да се покрие криминалот и корупцијата на високите функционери од актуелната власт, кои под изговор дека опозицијата сака да го покрие криминалот на свите поранешни функционери за кои веќе се водат постапки. Власта го криеше законот во фиока цела година, затоа што сакаше на местото за организиран криминал и корупција да ја стави Катица Јанева, па кога се случи аферата „Рекет“ повторно го повлече, за да излезе со предлог на тоа место да биде Вилма Русковска. Кога и овој предлог не помина, под притисок на меѓународната заедница беше организирана дебата на експерти, кои рекоа дека законот не е добар, треба да се изготви подобра верзија, а актуелната власт не сакаше да смени ниту еден збор, поради притисок од нејзините високи функционери за нивна амнестија, истакна тој во изјава за КУРИР. Даштевски оценува дека претседателот Пендаровски со својот потпис докажал дека е партиски војник. -Ако се земат предвид сите притисоци, закани и уцени кои беа правени кон пратениците и ако се земе предвид немањето на консензус за закон кој се носи со двотретинско мнозинство, не треба да нè чуди противуставното донесување на законот, силеџиски, со поништување на првото гласање, спротивно на деловникот за работа на Собранието и со повторно гласање. Претседателот на државата, покажа дека е партиски војник, а не претседател на сите граѓани, со самиот факт дека во истиот час кога беше донесен законот го потпиша, без воопшто да го разгледа законот, анализира Даштевски во изјавата за КУРИР.

Џафери дозволи да се случи театар и самоволие во Собранието

По гласање на Законот за ЈО во Собранието, кога најпрво беше поништено гласањето откако немаше доволен број на пратеници кои го поддржаа законот, па потоа на повтореното гласање беше изгласан законот, со правно толкување на оваа постапка се јави и универзитетската професорка Тања Каракамишева. -Таљат Џафери уште еднаш во криминален поход на кршење на Деловникот на Собранието и флагрантно кршење на постапката на одлучување и гласање на закон во Собранието. Ако претседател на Собрание ја заклучил расправата и точката по која се расправало ја ставил на гласање, и ако пратениците гласале по законот, претседателот на Собранието НЕМА ПРАВО, НИТУ ИМА ДЕЛОВНИЧКО ОВЛАСТУВАЊЕ да го поништи гласањето. Дополнително што Деловникот на Собранието не предвидува ПОНИШТУВАЊЕ на веќе спроведено гласање. Во случајот со Законот за јавното обвинителство Џафери целосно ги прекршил чл. 95 и чл. 103 од Деловникот, бидејќи прво, дозволил да започне постапката на гласање и гласањето било спроведено, но откако го видел резултатот неповолен за власта одлучил самоиницијативно и самоволно да го поништи гласањето на пратениците и без никаква деловничка поткрепа да им даде право на процедурално обраќање на двајца пратеници надвор од сите деловнички процедури, анализира таа. Каракамишева истакнува дека по заклучување на гласање и по завршено гласање, пратеник нема право да бара, ниту претседател на Собрание смее да одобри процедурално ображање на пратеник. -Таљат тоа добро го знае, но дозволи да се случи театар и самоволие во Собранието. Ова самоволие и кршење на Деловникот на Собранието од страна на Таљат е кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување како и кривично дело несовесно вршење на службата, оцени таа.

Одлуката за повторено гласање и самото повторено гласање се нелегални

Во изјава за ТВ АЛФА, професорот и поранешен пратеник, Александар Спасеновски вели дека ваквиот потег на Џафери е нелегален. -Во точката 8 од главата V на Деловникот многу јасно е утврден начинот на гласање во Собранието. Претседателот на Собранието има право да повика да се гласа и да го констатира исходот од гласањето; Повторено гласање, при неизгласување на одредена точка, може да има единствено како поименично јавно изјаснување на пратениците во случај на разлика помала или поголема од 5 гласови на барање на претседателот на Собранието или на еден пратеник чие барање го поддржуваат најмалку десет пратеници. Предлог законот за ЈО не беше изгласан бидејќи не го доби потребното мнозинство од 80 пратеници и немаше можност за повторено поименично гласање. Одлуката за повторено гласање и самото повторено гласање немаат никаква заснованост во Деловникот, односно истите се нелегални, вели за Алфа, Александар Спасеновски.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekspertite-soglasni-zakonot-za-jo-e-izglasan-nelegalno-so-kriminal-go-pokrivaat-kriminalot-na-visokite-funkcioneri-na-sdsm/feed/ 0
Законот за обвинителство на СДСМ удира во ѕид, неуставен е и недоволен во борбата против криминалот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-obvinitelstvo-na-sdsm-udira-vo-dzid-neustaven-e-i-nedovolen-vo-borbata-protiv-kriminalot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-obvinitelstvo-na-sdsm-udira-vo-dzid-neustaven-e-i-nedovolen-vo-borbata-protiv-kriminalot/#respond Thu, 30 Jan 2020 09:07:04 +0000 https://kurir.mk/?p=296760

Експертите со стручни анализи, предлози и критики ги рушат сите обиди на СДСМ да го протурка неуставниот закон за обвинителство. Изминативе денови, на собраниски расправи, говори одржаа низа универзитетски професори кои ги обезличија изјавите на нивната колешка, инаку министерка за правда, Рената Дескоска. Додека тие го бранеа Уставот, Дескоска го бранеше СДСМ. Од собраниската говорница се обратија Гордана Силјановска Давкова, Борче Давитковски, Гордан Калајџиев, Никола Тупанчевски, Тања Каракамишева и Александар Климовски, сите универзитетски професори со стручни ставови.

Силјановска Давкова: Законот за ЈО директно се меша во надлежностите на Советот на јавни обвинители

Универзитетската професорка по уставно право, Гордана Силјановска Давкова, на јавна расправа за Законот за Јавно обвинителство посочи дека член 109, став 1 и став 2 е потребно да се корегираат бидејќи директно се мешаат во Советот на јавни обвинители. -Член 109 апсолутно и став 1 и став 2 не им е место во Законот за јавно обвинителство, зошто значи директно мешање на законот во работата на советот на јавни обвинители. Имено во рок од 30 дена од влегувањето на сила на овој закон се вели дека Основно јавно обвинителство ќе донесе одлука за зголемување на бројот на јавни обвинители за гонење на висок криминал, не може закон тоа да надреди, тоа е нивна работа врз основа увидот на јавните обвинители и мислам дека ова не е страшно да се корегира. И втората се вели дека во рок од 15 дена од донесувањето на одлуката од ставот 1, Советот на јавни обвинители ќе распише оглас, ниту ова не може во овој закон да го пишува, бидејќи не е работа на овој закон, изјави Силјановска Давкова. Професорот на Правниот факултет, Борче Давитковски, рече дека реформските закони не се носат на крајот, туку на почетокот на мандатот.

Калајџиев со остри критики

Универзитетскиот професор по право Гордан Калајџиев на јавна дискусија за Предлог законот за ЈО остро искритикува дека се смешни и дилетански одредбите во законот како и дека продолжувањето на постапките не е нова сезона од серијата „Френдс“. -Не ми е јасно што беше толку важно во овие неколку случаи за „Поштенска банка“, „Империја“ и останати за кои по мене се незаконски поведени, за да се одолговлечат и да се обезличат за да не згаснат тие спорни истраги, што беше толку важно за да се одолговлечат сите останати постапки за овие случаи ? – праша Кајалџиев. -За оваа непотребна жртва која резултираше со фијаско во евроинтеграциите, резултираше во фијаско во донесување на законот . И во овој предлог закон има неколку многу нејасни одредби постапките ако тоа е идејата да продолжат истрагите, член 108 вели дека постапките треба да продолжат, WOW што е ова нова сезона на „Friends“, зошто обвинителот не го покаже писмото од Катица Јанева, и јас ќе го повикам уште еднаш обвинителот да го покаже писмото, зошто Катица не е суспендирана и тогаш и сега пишува кога ќе одела во притвор ќе се суспендирала, како можела Катица да му ги даде предметиите на Марко, а можела да ми даде на Јовески?, праша Калајџиев. Тој остро искритикува дека постапките кои се спорни не може политички субјект да ги воскресне, дека се смешни и дилетански одредбите во законот за Европската конвенција чии одредби требало да ги имплементира сега новото обвинителство.

Тупанчевски: Крупни грешки и создаваее правна несигурнос!

Тупанчевски во однос на предлог законот за Јавно обвинителство посочи дека законот има крупни номотехнички грешки и создава правна несигурност -Членот 32 од предлог законот е каде што се уредуваат надлежности на ОЈО за организиран криминал и корупција, во еден ист член се користат 4 различни техники за типот на кривичните дела. Значи став 1 се однесува за злосторничко здружение, понатаму времетраењето, значи првиот стандард зборувам за цела наука, доктрина не би требало во еден член 4 пати различно да се настапува во елементи бидејќи се проудицира правна несигурност, вели професорот Тупанчевски.

Каракамишева: Предлагачот го користи овој закон да ги вдоми кадрите на СЈО

Свои забелешки на предлогот на законот за јавното обвинителство на јавната дискусија организирана во Собранието на Македонија изложи и проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска, професор по Уставно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“. -Предлог законот е лоша имитација на оној од 2007 година, да беше реформски ќе имавме сосема нов закон, а не лоша компилација од претходниот за кој имаше забелешки од Венецијанската комисија и истите да бидат вметнати во овој закон. Полтронско вметнување на одредби од забелешките од 2007 год. Ќе ви дадам еден пример ако, некоја девојка во 2007 побарала мислење од моден креатор за облека, дали после 13 години кога таа е веќе оформена жена би ја носела таа креација. Сметам дека предлагачот го користи овој закон да ги вдоми кадрите на СЈО, рече Каракамишева. Таа додава дека законот е против уставен и дека во ваква верзија не треба воопшто да се носи, туку да се изработи нов закон. -Кога сме кај почитување на правото, ме интересира дали за овој предлог на закон е испочитуван Деловникот на Собранието, односно дали овој предлог на закон е официјално доставен до Собранието? Познато е дека за да има јавна дискусија предлогот на законот требал да помине прво читање во законодавно-правната комисија како матично работно тело. Седница на Собранието за прво читање на предлог на закон се одржува во рок од десет работни дена од денот на донесувањето на решението за свикување на седницата, но не подолго од 20 работни дена од денот на доставувањето на предлогот на законот до пратениците. Според член 144 од Деловникот, по општата расправа Собранието одлучува дали предлогот на законот може да се даде на второ читање. Ако Собранието одлучи дека предлогот на законот е прифатлив и може да се даде на натамошно читање се продолжува со законодавната постапка. Според член 145 за предлогот на закон кој е од поширок интерес, Собранието по општата расправа, може да одлучи по тој закон да се спроведе јавна дискусија и да определи матично работно тело што ќе ја организира јавната дискусија. Прашањето ми е зошто не е почитувана деловничката процедура, праша Каракамишева. За професорот Александар Климовски работниот текст на законот е спротивен на Уставот, како и претходно законот за СЈО. За него носењето на овој закон нема врска со евроинтеграцискиот процес и не е услов за добивање датум. Тоа прашање, според него, ќе биде отворено кога ќе започнат разговорите за поглавјето за правосудство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-obvinitelstvo-na-sdsm-udira-vo-dzid-neustaven-e-i-nedovolen-vo-borbata-protiv-kriminalot/feed/ 0