танкер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Jan 2021 08:25:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png танкер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иран: Јужна Кореја не треба да ја политизира заплената на танкерот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-juzna-koreja-ne-treba-da-ja-politizira-zaplenata-na-tankerot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-juzna-koreja-ne-treba-da-ja-politizira-zaplenata-na-tankerot/#respond Mon, 11 Jan 2021 08:25:42 +0000 https://kurir.mk/?p=453597

Иранските власти ја предупредија Јужна Кореја дека не треба да ја политизира заплената на јужнокорејскиот танкер од страна на Техеран, и побараа од Сеул да ги ослободи седум милијарди долари кои се замрзнати поради американските санкции против Иран. Јужнокорејскиот заменик министер за надворешни работи Чои Џонг-кун допатува во Техеран на преговори за ослободување на бродот „Ханкук Чеми“, кој е запленет минатиот понеделник од иранската Револуционерна гарда во близина на стратешкиот Ормуски Проток. Иранскиот заменик министер за надворешни работи Абас Аракчи истакна дека Сеул „треба да се воздржи од политизирање на тоа прашање и непотребна пропаганда, и да се овозможи одвивање на правните постапки“. – Околу две и пол години јужнокорејските банки ги чуваат замрзнати иранските фондови… Тоа е неприфатливо… Според нас, тоа е повеќе поради недостиг на политичка волја Сеул да го реши ова прашање, отколку поради американските санкции, нагласи Аракчи. Иран претходно ги отфрли наводите дека заплената на танкерот со 20-член екипаж претставува држење заложници, додавајќи дека всушност Сеул ги држи иранските средства како „заложници“. Портпарол на иранската Влада минатата недела истакна дека танкерот во Ормускиот Проток е запленет по налог на ирански суд поради „загадување на животната средина“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-juzna-koreja-ne-treba-da-ja-politizira-zaplenata-na-tankerot/feed/ 0
Во Саудиска Арабија експлодира танкер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-saudiska-arabija-eksplodira-tanker/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-saudiska-arabija-eksplodira-tanker/#respond Mon, 14 Dec 2020 15:50:03 +0000 https://kurir.mk/?p=443184

Танкер со нафта, кој пловел под знамето на Сингапур, денеска експлодира пред најголемото пристаниште во Саудиска Арабија, а според првите извештаи, станува збор за насочен напад во кој немало човечки жртви. Компанијата која е сопственик на бродот БВ Рајн (BW Rhine) го потврди нападот во Џеда, а сите 22 морнари успеале на време да го напуштат бродот. – БВ Рајн беше погоден додека беше во пристаништето. По експлозијата дојде до голем пожар. Пожарникарите им помогнаа на морнарите и сите го напуштија бродот без повреди, изјави сопственикот на бродот, без да прецизира што точно го погодило танкерот. Бродот носел 60.000 тони гориво, а властите ја објавија веста за експлозијата без да наведат детали. Никој не ја презеде одговорноста, но експлозијата се случи во време кога Хутите во блискиот Јемен се во голема офанзива против Саудиска Арабија, во војната која трае веќе пет години. Ова е четврти напад врз енергетската инфраструктура на Саудиска Арабија во изминатиов месец, а го отвора и прашањето за безбедноста на бродовите во Црвеното Море, клучна транзитна зона за глобална испорака и транспорт на нафта, што може да влијае на глобалните цени на овој енергенс. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-saudiska-arabija-eksplodira-tanker/feed/ 0
Британија: Уапсени седум лица на танкер поради закани кон екипажот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-uapseni-sedum-lica-na-tanker-poradi-zakani-kon-ekipazot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-uapseni-sedum-lica-na-tanker-poradi-zakani-kon-ekipazot/#respond Mon, 26 Oct 2020 07:00:15 +0000 https://kurir.mk/?p=420584

Британските безбедносни сили презедоа контрола врз танкерот „Нејв Андромеда“ кој пловел низ Ла Манш, при што се уапсени седум осомничени лица кои им се заканувале на членовите на екипажот. Британската полиција соопшти дека членовите на екипажот на танкерот пријавиле дека седум лица вербално ги нападнале. Операцијата е спроведена во соработка со крајбрежната стража и пограничната полиција. Портпарол на полицијата потврди дека во инцидентот, кој се случил во близина на островот Вајт, нема повредени. Уапсените наводно биле нигериски државјани. Припадниците на крајбрежната стража пристигнале со два хеликоптера на местото кадешто се наоѓа танкерот, а британските власти забраниле пристап во радиус од околу пет километри. Регистриран сопственик на танкерот е либиската „Фолегандрос шипинг корпорејшн“, а со пловилото управува грчката компанија „Навиос танкерс менаџмент инкорпорејтед“. Танкерот требал да пристигне во пристаништето во Саутемптон, а испловил од Лагос, во Нигерија, на 6 октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-uapseni-sedum-lica-na-tanker-poradi-zakani-kon-ekipazot/feed/ 0
Иран на кратко задржа танкер во Ормутски Теснец (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-na-kratko-zadrza-tanker-vo-ormutski-tesnec-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-na-kratko-zadrza-tanker-vo-ormutski-tesnec-video/#respond Thu, 13 Aug 2020 09:07:13 +0000 https://kurir.mk/?p=390121

Иранската воена морнарица вчера влезе во Ормутски Теснец и на кратко заплени танкер, што пловел под знаме на Либерија, соопшти Централната команда на американската армија. Командата објави и црно-бела видео-снимка на која најверојатно ираснките специјални сили се спуштаат од хеликоптер на танкерот. По пет часа танкерот бил ослободен. Екипажот на танкерот не упатил повик за помош пред и за време на упадот на иранските специјални сили. Централната команда на американската армија наведе дека во акцијата бил вклучен хеликоптер Шикорски СХ-3 Си Кинг, кој го користи иранската воена морнарица. Американската армија не даде објаснување за иранската кратка заплена на танкерот, а иранските медиуми и претставници не го коментираат инцидентот. Како што пораснаа тензиите помеѓу Иран и САД минатата година, по американското еднострано повлекување од мултилатералниот нуклеарен договор од 2015 година, танкерите што пловеа во блискоисточните води станаа мета, посебно во близина на Ормутски Теснец, низ кој поминува 20 отсто од целата трговија со нафта во Персиски Залив. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-na-kratko-zadrza-tanker-vo-ormutski-tesnec-video/feed/ 0
Три лица се водат како исчезнати при судир на танкер и рибарски чамец во Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-lica-se-vodat-kako-ischeznati-pri-sudir-na-tanker-i-ribarski-chamec-vo-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-lica-se-vodat-kako-ischeznati-pri-sudir-na-tanker-i-ribarski-chamec-vo-turcija/#respond Fri, 10 Jan 2020 08:15:54 +0000 https://kurir.mk/?p=287728

Во водите на Црно Море, во близина на Истанбул, утрово се судрија танкер, кој пловел под руско знаме, и турски рибарски чамец. При судирот рибарскиот чамец потонал, а канцеларијата на истанбулскиот гувернер соопшти дека тројца државјани на Турција се водат како исчезнати, а други тројца се спасени. Во потрагата за исчезнатите се ангажирани и нуркачи. Рускиот брод „Глард 2“ пловел од Ростов на Дон до Измир, во западниот дел на Турција. Поради густа магла времено е затворен Босфорскиот теснец, објави на Твитер канцеларијата на гувернерот на Истанбул.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-lica-se-vodat-kako-ischeznati-pri-sudir-na-tanker-i-ribarski-chamec-vo-turcija/feed/ 0
Вооружен напад врз грчки танкер во Камерун – киднапирани осум членови на екипажот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzen-napad-vrz-grchki-tanker-vo-kamerun-kidnapirani-osum-chlenovi-na-ekipazot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzen-napad-vrz-grchki-tanker-vo-kamerun-kidnapirani-osum-chlenovi-na-ekipazot/#respond Tue, 31 Dec 2019 08:23:06 +0000 https://kurir.mk/?p=284126

Врз грчкиот танкерот „Happy Lady“, закотвен на пристаништето во Камерун, бил извршен вооружен напад и киднапирани осум членови на екипажот, а еден од нив бил повреден, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштуваат од Министерството за поморство на Грција, инцидентот се случил рано утрово, киднапираните осум од 28 членови на екипажот се петмина Грци, двајца Филипинци и еден Украинец, а за време на инцидентот бил повреден еден од грчките државјани. За нападот, веднаш било известено Министерството за надворешни работи на Грција, а министерот за поморство Јанис Плакиотакис дал наредба на надлежните служби во министерството, во соработка со МНР и компанијата во чија сопственост е танкерот, внимателно да го следат случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vooruzen-napad-vrz-grchki-tanker-vo-kamerun-kidnapirani-osum-chlenovi-na-ekipazot/feed/ 0
Танкерот Стена Имперо би можел да биде ослободен во текот на денов https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tankerot-stena-impero-bi-mozel-da-bide-osloboden-vo-tekot-na-denov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tankerot-stena-impero-bi-mozel-da-bide-osloboden-vo-tekot-na-denov/#respond Sun, 22 Sep 2019 14:05:47 +0000 https://kurir.mk/?p=243611

Ерик Ханел, директор на шведската компанија Стена Булк, која е сопственик на Стена Имперо, танкерот кој пловеше под британско знаме и беше запленет од Техеран на 19 јули, денеска изјави дека е информиран оти танкерот би можел да биде ослободен подоцна во текот на денов. – Утрово добивме информации дека за неколку часа изгледа ќе го ослободат бродот Стена Имперо, рече Ханел за шведската телевизија. – Сфаќаме дека е донесена политичка одлука бродот да биде ослободен, додаде тој. Танкерот беше запленет две недели откако Британија заплени ирански танкер кај Гибралтар, кој подоцна беше ослободен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tankerot-stena-impero-bi-mozel-da-bide-osloboden-vo-tekot-na-denov/feed/ 0
Судир помеѓу танкер и фрегата во близина на брегот на Норвешка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudir-pomegju-tanker-i-fregata-vo-blizina-na-bregot-na-norveshka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudir-pomegju-tanker-i-fregata-vo-blizina-na-bregot-na-norveshka/#respond Thu, 08 Nov 2018 08:10:01 +0000 https://kurir.mk/?p=125046

Најмалку седум лица се повредени при судир на танкер и фрегата во близина на западниот брег на Норвешка. Судирот не предизвика истекување на нафта. По инцидентот евакуиран е екипажот од 137 луѓе од фрегатата „КНМ Хелга Ингстад“, која почнала да пропушта вода. Сега фрегатата е на копно и поставени се потпорни столбови, соопшти локалната полиција. За време на инцидентот танкерот пловел кон терминалот Стурме. Танкерот не е оштетен при судирот. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudir-pomegju-tanker-i-fregata-vo-blizina-na-bregot-na-norveshka/feed/ 0
Грчки танкер со илјада тони мазут утрово се насука кај островот Милош https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchki-tanker-so-iljada-toni-mazut-utrovo-se-nasuka-kaj-ostrovot-milosh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchki-tanker-so-iljada-toni-mazut-utrovo-se-nasuka-kaj-ostrovot-milosh/#respond Wed, 19 Sep 2018 11:28:43 +0000 https://kurir.mk/?p=103062

Грчки танкер со илјада тони мазут утрово се насука во близина на пристаништето на грчкиот остров Милош во Егејското Море, но „засега нема информации за истекување на нафта", соопшти локалната полиција. - Испловувајќи од Лезбос, остров во североисточно Егејското Море, во насока на Милош, на југоисток, танкерот Фрес со грчко знаме се насука во водите пред пристаништето Адамас во Милош, при што нема повредени, ниту дошло до загадување, изјави претставничка на пристанишната полиција. Во сопственост на грчка поморска компанија регистрирана во Пиреа, големо пристаниште во близина на Атина, Фрес има 16 членови на екипажот и сите се од грчка националност. Сите се „живи и здрави“, изјави официјалното лице.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchki-tanker-so-iljada-toni-mazut-utrovo-se-nasuka-kaj-ostrovot-milosh/feed/ 0
Во Мексико повредени 25 лица при експлозија на траект https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-meksiko-povredeni-25-lica-pri-eksplozija-na-traekt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-meksiko-povredeni-25-lica-pri-eksplozija-na-traekt/#respond Thu, 22 Feb 2018 07:21:18 +0000 http://kurir.mk/?p=23796

Најмалку 25 лица се повредени вчера при експлозија на траект во Мексико, соопштија локалните власти. Повредените се главно мексикански државјани, а има и тројца Канаѓани и двајца Американци. Експлозијата се случила додека патниците излегувале од траектот во летувалиштето Плаја дел Кармен. Засега не е позната причината за експлозијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-meksiko-povredeni-25-lica-pri-eksplozija-na-traekt/feed/ 0