Танос Плеврис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Dec 2022 15:10:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Танос Плеврис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Плеврис: Треба да запре испораката на вакцини во ЕУ земјите, сè додека не се најде решение за вишокот   https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plevris-treba-da-zapre-isporakata-na-vakcini-vo-eu-zemjite-se-dodeka-ne-se-najde-reshenie-za-vishokot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plevris-treba-da-zapre-isporakata-na-vakcini-vo-eu-zemjite-se-dodeka-ne-se-najde-reshenie-za-vishokot/#respond Fri, 09 Dec 2022 15:10:27 +0000 https://kurir.mk/?p=773264

На проблемот со кој се соочуваат земјите членки на ЕУ со вишокот вакцини против Ковид-19, кои не можат да се искористат и се уништуваат, како прашање за кое потребно е да се најде решение, се осврнал министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис за време на состанокот на со неговите колеги од Унијата, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис ги поздравил дискусиите со компаниите за нарачките и решавање на конкретното прашање и рекол дека земјите членки на Европската Унија треба да бидат подготвени да ги разгледаат сите соодветни решенија, како што е временското поместување на нарачките придружено со драстично намалување на количините, па дури и откажување на некои од нив. Паралелно истакнал дека до постигнување конечен договор со надлежната Комисија, испораките на вакцините треба да се стопираат барем за почетокот на следната година. Во однос на донирањето вакцини за трети земји, Плеврис ја повикал Комисијата да продолжи со дискусиите со Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ), но и со соседните земји на ЕУ, со цел да се апсорбираат што е можно повеќе од вишокот на ЕУ, и истакнал дека Грција ќе продолжи да донира вакцини во трети земји.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plevris-treba-da-zapre-isporakata-na-vakcini-vo-eu-zemjite-se-dodeka-ne-se-najde-reshenie-za-vishokot/feed/ 0
Грција: Евентуалните мерки за Ковид-19 нема да бидат задолжителни https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-eventualnite-merki-za-kovid-19-nema-da-bidat-zadolzitelni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-eventualnite-merki-za-kovid-19-nema-da-bidat-zadolzitelni/#respond Thu, 11 Aug 2022 13:52:34 +0000 https://kurir.mk/?p=717172

Нашата желба и нашата намера е да не одиме на задолжителни мерки, туку да постојат препораки, рече министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интрвјуто за грчката телевизија „Скај“ во однос на евентуалните нови мерки во земјата за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на ажурираните вакицини кои ќе заштитуваат и од Омикрон, министерот за здравство на Грција изрази надеж и очекување дека ќе ги имаат од октомври. Тој објасни дека постојат две фази, првата се однесува на Омикрон, а втората фаза, на ажурирани вакцини и за подваријантит четири и пет. – Компаниите сега ги поднесув аат досиејата, има процедури за одобрување, сметаме и се надеваме дека од октомври па натаму дека ќе ги има, рече Плеврис. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-eventualnite-merki-za-kovid-19-nema-da-bidat-zadolzitelni/feed/ 0
Грција не разгледува можност за воведување ковид мерки во текот на летото https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-ne-razgleduva-moznost-za-voveduvanje-kovid-merki-vo-tekot-na-letoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-ne-razgleduva-moznost-za-voveduvanje-kovid-merki-vo-tekot-na-letoto/#respond Wed, 27 Jul 2022 13:46:34 +0000 https://kurir.mk/?p=710889

Сметаме дека во моментов бранот е во надолен тренд и веруваме дека ова ќе продолжи околу еден месец. Не покажува карактеристики дека во текот на летото ќе биде потребна промена на моделот што го следиме, истакна министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, уште еднаш потенцирајќи дека не се разгледува можноста за воведување ковид мерки во текот на летото, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис објасни дека конкретниот бран има целосно различни карактеристики од претходните и поради имунизацијата на населението, но и поради мутациите кои се поразлични и не носат тешки хоспитализации, додавајќи дека конкретниот модел што го следат, без мерки, не е поради туризмот, туку е нешто што го следат и другите европски земји. -Во овој момент влегуваме во фазата во која коегзистираме со коронавирусот не како прашање на избор, туку како реалност. Пандемијата влезе во фаза кога луѓето полесно се разболуваат, бидејќи постои голема раширеност, разболувањето, бидејќи имаме вакцинирана популација не се префрла на тешки хоспитализации како што беше во првата фаза, имаме и тешки хоспитализации, но ги немаме тешките што ги имавме со Делта и на почетокот на Омикрон каде имаше страшен притисок, рече Плеврис. Согласно седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје на Грција за ситуацијата со пандемијата во земјата објавен вчера, во периодот од 18 до 24 јули, регистрирани се 136.077 случаи на Ковид-19, а за една седмица починало 271 лице. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-ne-razgleduva-moznost-za-voveduvanje-kovid-merki-vo-tekot-na-letoto/feed/ 0
Плеврис: Веројатно е наесен да биде потребна четврта доза од вакцината за општото население https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plevris-verojatno-e-naesen-da-bide-potrebna-chetvrta-doza-od-vakcinata-za-opshtoto-naselenie/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plevris-verojatno-e-naesen-da-bide-potrebna-chetvrta-doza-od-vakcinata-za-opshtoto-naselenie/#respond Mon, 30 May 2022 08:08:59 +0000 https://kurir.mk/?p=683339

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис ја остави отворена можноста на есен да биде потребна четврта доза од вакцината за општото население, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи за грчката телевизија „Скај“, Плеврис рече дека „логиката покажува дека ќе биде потребна вакцинација“, објаснувајќи дека тоа е најверојатното сценарио, а текот на пандемијата ќе одреди дали втората бустер доза ќе биде задолжителна или не. Министерот за здравство на Грција истакна дека најдоброто сценарио е и за Ковид-19 да постои сезонска вакцина како што постои за грипот, „за да не мораме постојано да го повикуваме населението да се вакцинира“. Вакцинацијата со четврта доза во Грција веќе е започната, но само за одредени категории. Првично беше за постарите лица над 80-годишна возраст и за ранливите категории, а на почетокот на април Комисијата за имунизација препорача и граѓаните над 60-годишна возраст, особено оние кои имаат сериозни здравствени проблеми, да примат и четврта доза од вакцината, доколку се поминати најмалку четири месеци од бустер дозата. Во однос на мерките во земјата, министерот за здравство на Грција во интервјуто за „Скај“ рече дека оваа седмица надлежната комисија ќе го разгледа протоколот за употребата на маска во бродовите, со оглед на тоа дека од среда се укинува задолжителната маска во сите затворени простори, со исклучок на болниците, домовите за стари лица и градскиот јавен превоз. За текот на пандемијата, Плеврис рече дека укинатите мерки не донесоа зголемен број новозаразени, а намален е бројот и на пациенти хоспитализирани на одделите за интензивна нега во грчките болници. -Што ни покажува ова? Ни покажува дека во текот на летото се чини дека нема да има притисок од пандемијата, но сепак, затоа гледате, се трудам да бидам многу внимателен, сите ни велат, сите научници овде во Грција и во странство и ECDC, дека мора да бидеме многу внимателни, бидејќи и под овие услови, и да остане ваква ситуацијата со мутацијата на Омикрон, наесен дефинитивно ќе имаме притисок, рече Плеврис додавајќи дека сепак притисокот нема да биде ист како во изминатите две години. Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 3.445.538 случаи на Ковид-19 и починаа вкупно 29.803 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plevris-verojatno-e-naesen-da-bide-potrebna-chetvrta-doza-od-vakcinata-za-opshtoto-naselenie/feed/ 0
„Влегуваме во фаза на соживот со коронавирусот“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vleguvame-vo-faza-na-sozivot-so-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vleguvame-vo-faza-na-sozivot-so-koronavirusot/#respond Wed, 20 Apr 2022 10:40:53 +0000 https://kurir.mk/?p=665865

Веќе влегуваме во фаза на соживот со вирусот, истакна министерот за здравство на Грција Танос Плеврис на денешната прес конференција за ситуацијата со Ковид-19 во земјата, додавајќи дека тие не веруваат во логиката и политиката „zero covid“, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис истакна дека „по две години пандемија, веќе се наоѓаме во друга фаза во управувањето со пандемијата“, објаснувајќи дека сега, „имаме различен вид на вирус со висока преносливост, но е низок процентот на хоспитализирани“, а земјата веќе е во европскиот просек во однос на имунизацијата со вакцинирани 75 отсто од општата популација, 85 проценти од полнолетното население и над 90 отсто кај ранливите групи над 60 години. -Влегуваме во нова фаза од пандемијата, како што прават сите европски земји, бидејќи сметаме дека веќе влегуваме во фаза на соживот со вирусот. Мерките постојат, без да бидат задолжителни, бидејќи имаме различна епидемиолошка слика. Не веруваме во логиката „zero covid“, во политиката „zero covid“ како што гледаме на пример во Кина, истакна Плеврис. Претседателот на Националната организација за јавно здравје Теоклис Заутис рече дека во изминатите две седмици е регистрирано значително намалување на дневниот број на случаи, со што има и значително намалување на вкупниот број на хоспитализации, на бројот на интубирани пациенти, како и на бројот на смртни случаи. -Поради горенаведеното, како и поради високата имунизациска покриеност, поради отсуството на нова варијанта и поради климатските услови во летниот период кои не помагаат во ширењето на коронавирусот, беше донесена одлуката делумно олабавување на мерките ( суспензија на covid-pass), објасни Заутис. Од 1 мај во Грција, привремено ќе се укине сертификатот за вакцинација или прележан Ковид-19, како и задолжителниот тест за невакцинираните што важат за влез во сите простори во внатрешноста на Грција, а за правилата за патување во земјата, дополнително ќе се донесе одлука.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vleguvame-vo-faza-na-sozivot-so-koronavirusot/feed/ 0
Грчки министер за здравство: Од есен веројатно е да има ново зголемување на случаите на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchki-minister-za-zdravstvo-od-esen-verojatno-e-da-ima-novo-zgolemuvanje-na-sluchaite-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchki-minister-za-zdravstvo-od-esen-verojatno-e-da-ima-novo-zgolemuvanje-na-sluchaite-na-kovid-19/#respond Fri, 18 Mar 2022 09:23:04 +0000 https://kurir.mk/?p=649325

Грчкиот министер за здравство, Танос Плеврис, во интервју за грчката телевизија „Скај“ ја остави отворена можноста од есен да има ново зголемување на бројот на заразени со Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис истакна дека во овој момент предвидувањата и според Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) се дека ќе има зголемување на новозаразените, како што е веќе случај во Европа, но истакна дека тоа нема да донесе и нови мерки или враќање на рестрикциите бидејќи „процената е дека барем до крајот на летото нема да има такво зголемување на притисокот што може да ја промени нормалата“. -Треба искрено, уште од сега, да им кажам на луѓето дека и ЕЦДЦ и во Европа се подготвени дека во овој период ќе имаме зголемувања и намалувања, без притисок врз здравствениот систем, но треба веројатно од есен па натаму да очекуваме зголемување на случаите на Ковид-19, па дури и со актуелната мутација, рече Плеврис. За моменталната ситуација со пандемијата во Грција истакна дека во последните 10- 15 дена се забележува зголемување на новите случаи, повтори дека овој пораст се должи и на подваријантата Омикрон и на олабавувањето на мерките, додавајќи дека беше очекувано зголемувањето. -Но, она што го следиме е колку овој раст ќе го притисне здравствениот систем. Во овој момент нема притисок, односно приемите и отпуштањата од болница се на задоволителен степен. Имавме намалување на приемите, а на одделите за интензивна нега постои деескалација. Исполнети се околу 350 кревети, а за Ковид имаме уште толку празни, објасни министерот за здравство на Грција. Истакна дека актуелниот бран „во никој случај ги нема карактеристиките на страшен притисок од претходните бранови“. За процесот на имунизација во земјата, Плеврис рече дека со 72-73 отсто целосно вакцинирано население, постигнат е европскиот просек, а за бустер дозата објасни дека 70-80 проценти од оние кои имаат право да ја примат веќе се вакцинирале. Во изминатите 24 часа во Грција беа регистрирани 24.256 новозаразени, од 285.146 направени тестови, а починаа 59 лица. Од почетокот на пандемијата во земјата потврдени се 2.732.866 случаи на Ковид-19 и починаа вкупно 26.792 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchki-minister-za-zdravstvo-od-esen-verojatno-e-da-ima-novo-zgolemuvanje-na-sluchaite-na-kovid-19/feed/ 0
Плеврис: Постои пораст на новите случаи на Ковид-19, но не без притисок врз здравствениот систем https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plevris-postoi-porast-na-novite-sluchai-na-kovid-19-no-ne-bez-pritisok-vrz-zdravstveniot-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plevris-postoi-porast-na-novite-sluchai-na-kovid-19-no-ne-bez-pritisok-vrz-zdravstveniot-sistem/#respond Thu, 17 Mar 2022 10:24:28 +0000 https://kurir.mk/?p=648751

Доминацијата на подваријантата на Омикрон и укинатите мерки во ноќниот живот, според министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис, се главните причини за зголемениот број нови случаи на Ковид-19 во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервјуто за грчката телевизија „Антена“, Плеврис објасни дека сепак, и покрај зголемувањето, не се забележува притисок врз здравствениот систем. -Навистина, има пораст на случаите и се проценува дека тоа се заснова на два фактори. Прво, дека полека почнува да преовладува подмутацијата на Омикрон, која побрзо се шири и второ дека веќе, како што знаете, укинати се речиси сите мерки поврзани со забавувањето, рече министерот за здравство на Грција. Истакна дека она што е важно е дали ова зголемување на новозаразените значи  и зголемување на хоспитализациите, објаснувајќи дека континуирано се намалува бројот на пациенти приклучени на апарати. -Сакам да бидам внимателен. Пандемијата не е завршена, но сигурно во однос на заболувањата има карактеристики што нè прават да бидеме пооптимисти, рече Плеврис. Доколку се анализираат официјалните податоци на Националната организација за јавно здравје на Грција, во изминатите седум дена, во просек дневно имало по 21.000 новозаразени и по 50 смртни случаи од Ковид-19. Од почетокот на пандемијата во Грција потврдени се 2.708.610 случаи на Ковид-19 и починаа вкупно 26.730 лица. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plevris-postoi-porast-na-novite-sluchai-na-kovid-19-no-ne-bez-pritisok-vrz-zdravstveniot-sistem/feed/ 0