тара фарес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Mar 2019 09:32:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тара фарес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Инстаграм ѕвездата брутално убиена во заседа која го шокирала светот: Клопчето се одмотува, а прашина кренал еден детаљ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/instagram-dzvezdata-brutalno-ubiena-vo-zaseda-koja-go-shokirala-svetot-klopcheto-se-odmotuva-a-prashina-krenal-eden-detalj/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/instagram-dzvezdata-brutalno-ubiena-vo-zaseda-koja-go-shokirala-svetot-klopcheto-se-odmotuva-a-prashina-krenal-eden-detalj/#respond Thu, 28 Mar 2019 09:32:08 +0000 https://kurir.mk/?p=179738

На снимките од надзорните камери од 27-ми септември 2018-та година се гледа бел кабриолет во тесна улица. Човек, облечен во бело, трча кон возачкото место, сопира на неколку секунди, а потоа трча кон моторциклот со кој управува друг маж. Белиот спортски автомобил полека тргнува на улицата. Во него се наоѓа Тара Фарес, најконтроверзната ѕвезда на социјалните мрежи во Ирак, која умира од рани нанесени од огнено оружје. Тара Фарес имала 2,7 милиони фанови на Инстаграм, кои ја гледале во различна облека, како покажува тетоважи или демонстрира техники на шминкање. Таа објавувала постови за патување, книги и смешни настани. Таа и Ајуш - една од првите женски Ди-Џеи во Ирак биле пријателки. Ајуш се вратила во Багдад по краткото патување во Турција и тој ден примила повик од број што не и бил познат. "Јас сум, Тара. Како беше на пат? Ајде да се видиме денес", рекол гласот.
 
View this post on Instagram
 
Im upset ? #tarafares?

A post shared by Tara Fares | تاره فارس (@its.tarafares) on

Секој детаљ од повикот останал во нејзиното сеќавање. Неколку часа по првиот телефонски повик, Ајуш и телефонирала на Тара да се договорат каде ќе се видат. Никој не одговорил. Се обидела повторно да и се јави во 17;30 часот. Одговорило момче, врискајќи: "Тара Фарес е убиена". Ајуш веднаш го проверила својот Фејсбук. Веќе имало пораки за смртта на Тара. "Бев исплашена. Веднаш отидов дома", вели 37-годишната Ајуш, чие семејство, по убиството на Тара, се исплашило дека и таа би можела да биде во опасност. И новинарката Сара Хусам, која во април и правела интервју на Тара, била во шок. Седела со пријателите во кафуле - како и многу млади Ирачани во четврток. Вестите брзо се ширеле преку социјалните мрежи и практично сите околу неа знаеле за смртта на Тара. Тара секогаш ја следеле контроверзи, а еден нејзин колега, именуван само како Мадџ - дури и помислил дека станува збор за шега, или рекламен трик - обид Тара да привлече повеќе внимание. Не било така.
 
View this post on Instagram
 
Some TARA ? PhotoGhapher @tattooedsuperman #tarafares?

Во многу делови од светот профилот на Тара не бил воопшто контроверзен, но тетоважите и натаму се радикална работа во Ирак, како и нејзиниот начин на облекување - вклучувајќи долна облека и костими за капење. Следниот ден премиерот Хајдер ал Абади објавил дека започнала истрага. Медиумите пренеле дека Тара е трета позната млада позната жена која е убиена во Багдад за два месеци. Времето на тие убиства било слично - сите три жени биле убиени во четврток попладне. Освен Тара, тоа се Рафиф ал Јасири и Раша Хасан, двете во триесетите години. Полицијата рекла дека Рафиф умрела од прекумерна доза на дрога, а Раша од срцева инсуфициенција. Јавноста почнала да паничи по убиството на Тара, прашувајќи се дали се полибералните жени на мета. Убиството на Тара било внимателно испланирано - насред бел ден во безбедно предградие, во улица полна со камери. Тогашниот министер Касин ал Араџи рекол дека Тара ја убиле екстремисти познати на полицијата од порано. Тој не ја идентификувал групата, но рекол дека во лето во 2017-та година го убиле и младиот ирачки актер и манекен Карар Нуши. Извор: ТОЧКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/instagram-dzvezdata-brutalno-ubiena-vo-zaseda-koja-go-shokirala-svetot-klopcheto-se-odmotuva-a-prashina-krenal-eden-detalj/feed/ 0
Во ретровизор го виде својот убиец: Шокантна снимка од ликвидацијата на мисица ги покажува нејзините последни мигови (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-retrovizor-go-vide-svojot-ubiec-shokantna-snimka-od-likvidacijata-na-misica-gi-pokazuva-nejzinite-posledni-migovi-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-retrovizor-go-vide-svojot-ubiec-shokantna-snimka-od-likvidacijata-na-misica-gi-pokazuva-nejzinite-posledni-migovi-video/#respond Fri, 12 Oct 2018 15:10:05 +0000 https://kurir.mk/?p=114220

Во Инстаграм ѕвездата од Ирак, 22 годишната Тара Фарес, непознат сторител испукал три куршуми во глава додека се возела со автомобил. Мажот побегна на мотор во Багдад, а има сомненија дека тоа е дело на позната екстремистичка група. Поранешната мис на Багдад имала повеќе од 2,6 милиони следачи на Инстаграм, секојдневно објавувала провокативни фотографии, а популарноста ја стекнала во 2015 после изборот за мис. Била позната по отворените ставови за слободата, животот и религијта. Живеела „антиисламски“, како што говореле нејзините критичари. Се омажила кога имала 16 години, а бракот и траел кратко. Се развела откако нејзиниот сопруг ја тепал, а за тоа проговорила на социјалните мрежи. Убиството на жената која во својата земја се борела за еднаквост на мажите и жените, е само еден од случаите кои во последно време ја потресле јавноста. Убиена е на почетокот на октомври, само два дена после убиството на активистката за човекови права Суада Ал-Али. Еден месец порано кобно завршила и пластичниот хирург, жената Рафеф Ал-Јасири. Неа ја нарекуваа ирачката барбика, а има сомнежи дека отруена. Раша Ал-Хасан, менаџерка и сопственичка на козметички салон во Багдад е исто така пронајдена мртва. Сите жртви биле познати по своите хуманитарни напори и борбата за човековите права. Иако нема докази дека случаите со убиствата се поврзани, активистката за правата на жените Хана Едвар кажала дека сите четири жртви се убиени за да не бидат дел од ирачкиот јавен живот. Админот на социјалните мрежи на познатите, Хајдер Исам, кажал дека дел од уметниците и моделите ги деактивирале своите профили поради страв за сопствениот живот. Припадниците на екстремистичката група и се заканувале и Шими Казим, исто така поранешна мис на Ирак. Тие и напишале „ти си следна“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-retrovizor-go-vide-svojot-ubiec-shokantna-snimka-od-likvidacijata-na-misica-gi-pokazuva-nejzinite-posledni-migovi-video/feed/ 0