таргет-тврдина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Oct 2023 11:16:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png таргет-тврдина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Запре крвичната постапка за Таргет-Тврдина во делот за нелегалното прислушување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapre-krvichnata-postapka-za-target-tvrdina-vo-delot-za-nelegalnoto-prislushuvane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapre-krvichnata-postapka-za-target-tvrdina-vo-delot-za-nelegalnoto-prislushuvane/#respond Tue, 17 Oct 2023 11:16:16 +0000 https://kurir.mk/?p=889775

Судот донесе решение за запирање на кривичната постапка за случајот за "Таргет-Тврдина" за обвинетите Горан Груевски, Сашо Мијалков, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Маријан Шумуликоски и Васил Исаковски за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување поради настапено застарување. Со ова застаруваат кривичните дела за нелегалното прислушување за предметот, а во судница остануваат обвинетите што се опфатени со делот за ништење на опремата. Трошоците за водењето на кривичната постапка паѓаат на товар на Буџетот на државата. Судијата Илија Трпков, на денешното рочиште за случајот со нелегалното прислушување од јуни 2017 година, во Основниот кривичен суд Скопје, рече дека кривичниот совет го имал во предвид предлогот на јавниот обвинител изнесен пред почетокот на денешната главна расправа за предметот. Јавната обвинителка Ленче Ристовска, на почетокот на денешното рочиште предложи Судот да ги примени измените на Кривичниот законик врз точките еден и два од обвинението за случајот "Таргет-Тврдина" кои се поблаг закон за обвинетите и да го примени соодветно материјалниот закон за застареност на кривичното гонење за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службена должност, додека главната расправа да продолжи за точка три од обвинението, за што ќе се произнесе во завршен збор. Јавната обвинителка Ленче Ристовска, на почетокот на денешното рочиште рече дека по однос на точка 1 и 2 од обвинението има основ за примена на поблаг закон, а тоа се измените на КЗ, од 7 септември 2023 година. - Со точка 1 од обвинението на обвинетите Горан Груевски, Сашо Мијалков и Надица Николиќ им се става на товар кривично дело злосторничко здружување, додека за Владимир Варелов, Васил Исаковски и Маријан Шумуликоски од став 2. Согласно измените намалени се казните на кривичното дело злосторничко здружување, па така предвидени се казни до 3 и 2 години. Со став 2 од обвинението на обвинетите им се става на товар дека со злоупотреба на службена положба и овластување потешко ги повредиле уставно загарантираните права, па преку злоупотреба на системите за комуникација без судска наредба овозможиле следење. Со измените највисоката запретена казна за ова дело е до 3 години. Сметам дека има основ за примена на поблаг закон, а тоа се измените на КЗ и предлагам судот да донесе соодветна одлука, со која ќе ги земе во предвид и соодветно да го примени материјалниот закон за застареност на кривичното гонење за делата. По однос на точка 3 од обвинението предлагам судскиот процес да продолжи, изјави обвинителката Ристовска. Судечкиот совет, се повлече за одлучување и се произнесе по пауза од половина час. По одлуката на Апелациониот суд за поништување на првостепената пресуда за случајот, тој на почетокот на годинава беше вратен на повторно судење и беше распределен кај судијата Илија Трпков. Во овој предмет со обвинението опфатени се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувањето директно и индиректно опфатило околу 20 илјади граѓани. аа/нд/]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapre-krvichnata-postapka-za-target-tvrdina-vo-delot-za-nelegalnoto-prislushuvane/feed/ 0
Одложено судењето за Таргет -Тврдина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozheno-sudeneto-za-target-tvrdina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozheno-sudeneto-za-target-tvrdina/#respond Wed, 13 Sep 2023 09:09:22 +0000 https://kurir.mk/?p=877604

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се одложи судењето за предметот „Таргет-Тврдина“, повторена постапка, бидејќи еден од адвокатите на обвинетите доставил медицинска документација дека е здравствено спречен поради операција. Како што информираше претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков, тоа бил адвокатот Петар Василев, но на денешното рочиште не беше присутен ниту јавен обвинител. Судењето беше одложено за 19 септември. Во првичната пресуда за нелегалното масовно прислушување, обвинетите добија затворска казна вкупно од 55 години од кои 12 години за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“. По 15 години добија Горан Грујевски и Никола Бошковски, шест години му беа изречени на Тони Јакимовски, четири на Гордана Јанкуловска и три на Надица Николиќ. Условни затворски казни во траење од две години им беа изречени на Маријан Шумуликоски, Владимир Варелов, Васил Исакоски, Валентина Симоноска и Силвана Златова. Според првичниот обвинителен акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4 286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувањето директно и индиректно опфатило околу 20 илјади граѓани. Судскиот процес од првичната постапка започна на 22 декември во 2017 година против 11 лица. Беа одржани 53 рочишта, на кои се сослушаа 123 сведоци, изведени 887 материјални докази и пет вештачења. Сослушани беа и над 200 оштетени лица.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozheno-sudeneto-za-target-tvrdina/feed/ 0
Повторената постапка за „Таргет-Тврдина“ одложена за утре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorenata-postapka-za-target-tvrdina-odlozhena-za-utre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorenata-postapka-za-target-tvrdina-odlozhena-za-utre/#respond Mon, 27 Feb 2023 10:37:24 +0000 https://kurir.mk/?p=805555

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска не започна повторената постапка за предметот „Таргет-Тврдина“ бидејќи не беше присутен еден од обвинетите. Како што информираше претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков, на обвинетиот Тони Јакимовски му била пуштена покана, но, наредба, како што рече „нема стигнато“. -Судењето ќе започне утре со воведни говори и испитување на двајца сведоци, Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски, рече судијата Трпков. Првото рочиште за повторената постапка беше закажано за денеска откако Апелациониот суд во Скопје лани ја укина пресудата од 2021 година, а жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја оцени како беспредметна. Апелациониот суд Скопје, при разгледување на пресудата, констатираше дека првостепениот суд при постапување по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривична постапка кои се од апсолутен карактер, а на кои овој суд внимава по службена должност, со што се довела во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик. Во првичната пресуда за нелегалното масовно прислушување, обвинетите добија затворска казна вкупно од 55 години од кои 12 години за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“. По 15 години добија Горан Грујевски и Никола Бошковски, шест години му беа изречени на Тони Јакимовски, четири на Гордана Јанкуловска и три на Надица Николиќ. Условни затворски казни во траење од две години им беа изречени на Маријан Шумуликоски, Владимир Варелов, Васил Исакоски, Валентина Симоноска и Силвана Златова. Според првичниот обвинителен акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4 286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувањето директно и индиректно опфатило околу 20 илјади граѓани. Судскиот процес од првичната постапка започна на 22 декември во 2017 година против 11 лица. Беа одржани 53 рочишта, на кои се сослушаа 123 сведоци, изведени 887 материјални докази и пет вештачења. Сослушани беа и над 200 оштетени лица. Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителот Трајче Пеливанов. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorenata-postapka-za-target-tvrdina-odlozhena-za-utre/feed/ 0
„Таргет Тврдина“ распределен кај судијата Илија Трпков, еве на кои предмети има судено тој https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/target-tvrdina-raspredelen-kaj-sudijata-ilija-trpkov-eve-na-koi-predmeti-ima-sudeno-toj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/target-tvrdina-raspredelen-kaj-sudijata-ilija-trpkov-eve-na-koi-predmeti-ima-sudeno-toj/#respond Tue, 17 Jan 2023 14:08:18 +0000 https://kurir.mk/?p=788461

Предметот „Таргет Тврдина“ е распределен кај судијата Илија Трпков, потврдија од Основниот Кривичен суд – Скопје за Телма, откако до нив пристигна одлуката на Апелациониот суд за поништување на првостепената пресуда за случајот во кој поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка Гордана Јанкуловска, како и поранешни вработени во УБК и МВР се обвинети за злоупотреба со нелегално прислушување и масовно прекршување на човекови права. Предметот е распределен на Судскиот совет кој го води судијата Илија Трпков затоа што претходните судии не се веќе во судскиот оддел за гонење организиран криминал (водечката судија е во друг оддел, а вториот судија е адвокат). Трпков беше судија и на предметите „Организатори на 27-ми април“ во кој беше обвинет и Трајко Вељановски како собраниски претседател, „Плацови на Водно“ во кој обвинети се Орце Камчев и Сашо Мијалков и предметот за убиството на Тушевски во 2001, „Ровер“ за што беше обвинет некогашниот министер, Љубе Бошкоски. Апелациониот суд најави дека анонимизираната одлука, решение за поништување на пресудата, ќе биде објавено на веб страната на судот. Во врска со одлуката за „Тврдина таргет“, Судскиот совет утврди дека судијата-известител ги пречекорил сите временски рокови за одлучување со што целиот предмет е во опасност да застари. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/target-tvrdina-raspredelen-kaj-sudijata-ilija-trpkov-eve-na-koi-predmeti-ima-sudeno-toj/feed/ 0
Пендаровски: Ако нема дело во предметот Таргет-Тврдина, нема ништо за тоа што следуваше или произлезе од објавените разговори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ako-nema-delo-vo-predmetot-target-tvrdina-nema-nishto-za-toa-shto-sleduvashe-ili-proizleze-od-objavenite-razgovori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ako-nema-delo-vo-predmetot-target-tvrdina-nema-nishto-za-toa-shto-sleduvashe-ili-proizleze-od-objavenite-razgovori/#respond Thu, 22 Dec 2022 18:54:06 +0000 https://kurir.mk/?p=779299

Претседателот Стево Пендаровски смета дека судскиот предмет Таргет-Тврдина, кој неодамна беше вратен од Апелацискиот суд на повторно судење е клучен и оти ако во него нема дело, нема ништо за тоа што следуваше или произлезе од него односно од објавените разговори. -Со години траеше процесот. Тоа е клучниот предмет. Може да застари, а сам по себе тој предмет е клучниот. Оттука велиме прво вие сте обвинети за нелегално прислушување. Од тие снимки понатаму излегоа индиции за сите други евентуални кривични дела што се правеле. Значи ако го немаме ова како дело, немаме ништо друго, изјави Пендаровски во „Само интервју“ на Канал 5. Тој вели дека е зачуден од одлуката на Апелација да ја укине пресудата и да го врати предметот на повторно судење во прв степен пред се заради тоа што прво се чувала во тајност извесен период откако била донесена. Дополнително, вели, над 20 илјади луѓе била опфатени со нелегалното прислушување и за тоа имало и сведочења. -Кога некој ќе ми каже не било докажано, а имаше лични искази на луѓето кои биле прислушкувани, на министри кои биле опфатени со тоа преислушување и кои велат да тоа е мојот глас на снимката, рече Пендаровски. Тој додаде дека се уште не е јасно дали за ваквата одлука е виновен Апелацискиот суд, или некој во основниот суд во прв степен направил процедурални пропусти со цел тие во втор степен да немаат избор освен да ја срушат таа пресуда. Затоа, според него, добро е што Судскиот совет ќе отвори процедура и ќе види што точно се случувало со овој предмет. Претседателот Пендаровски смета дека јавноста постојано треба да следи и да бара да се разјасни овој случај. Јавноста, вели, треба да ги прозива сите што носат такви одлуки да ги образложат и јавно за да се види кој бил до словото на законот, а кој имал некакви други  мотиви. Тој смета дека ниту барањата на јавноста ниту неговиот апел не можат да се сфатат како притисок врз судството, пред се, како што рече, затоа што судењето е завршено во втор степен, но и поради тоа што и доколку почне одново, со ова темпо со кое судиите суделе досега следното судење веројано би почнало  во 2027 година. Шефот на државата неодамна и на фесјбук реагираше за одлуката на Апелација за Таргет-Тврдина. -Шокиран сум од одлуката на Апелацискиот суд за случајот „Таргет-Тврдина“. Одлуката е пораз за правната држава и доказ за ниската доверба на граѓаните во правосудните органи. Ваквите одлуки само ја поткопуваат вербата на граѓаните дека се можни вистински реформи во владеењето на правото и борбата против корупцијата, напиша Пендаровски. Апелацискиот суд Скопје ги уважи жалбите на обвинетите за случајот „Таргет-Тврдина“ и ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, додека жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е беспредметна. Одлуката беше објавена на 16 декември. Судскиот процес започна на 22.12.2017 година против 11 лица. Во текот на постапката се одржани 53 рочишта, на кои се сослушано 123 сведоци, изведени 887 материјални докази и пет вештачења. Сослушани беа и голем дел од над 200 оштетени лица. Основниот кривичен суд Скопје на 26 февруари 2021 година за случајот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува за масовното прислушување и уништување на опремата од УБК, изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни, односно вкупно 65 години за 11 лица. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ako-nema-delo-vo-predmetot-target-tvrdina-nema-nishto-za-toa-shto-sleduvashe-ili-proizleze-od-objavenite-razgovori/feed/ 0
И САД се огласи за одлуките на Апелација за укинување на пресудите во случајот Таргет-тврдина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-sad-se-oglasi-za-odlukite-na-apelacija-za-ukinuvanje-na-presudite-vo-sluchajot-target-tvrdina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-sad-se-oglasi-za-odlukite-na-apelacija-za-ukinuvanje-na-presudite-vo-sluchajot-target-tvrdina/#respond Mon, 19 Dec 2022 11:02:43 +0000 https://kurir.mk/?p=777549

Амбасадата на САД ги следи одлуките на судот за предметите „Таргет-тврдина“ кој се однесува на масовното прислушкување и „Трезор“, двата со укинати пресуди од Апелација, со што е ослободен Сашо Мијалков. Оттаму не навлегуваат во коментирање на ваквите одлуки на судиите. Но се децидни дека Мијалков останува на т.н. црна листа на САД. “Без оглед на неодамнешните одлуки на судот во случаите ‘Трезор’ и ‘Таргет-тврдина’, санкциите на САД против Сашо Мијалков остануваат на сила“, велат од Амбасадата на САД за „А1он“. Апелација ја укина пресудата за „Таргет-Тврдина“, случајот за масовното прислушување во Македонија. Со ова предметот се враќа на повторно судење, а ослободени од вина се ексдиректорот на УБК и првоосомничен, Сашо Мијалков, кој доби 12 години, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, осудена на четири години, началникот на Петтата управа на МВР, Горан Грујевски, кој е во бегство и осуден е на 15 години, како и Никола Бошкоски, кој исто така е во бегство, а изречена му е 15-годишна затворска казна. Претходно Мијалков беше ослободен за случајот „Трезор“. Со потпишувањето на одлуката за укинување на пресудата за масовното прислушкување, апелациските судии потпишаа и застарување на делата.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-sad-se-oglasi-za-odlukite-na-apelacija-za-ukinuvanje-na-presudite-vo-sluchajot-target-tvrdina/feed/ 0
Судскиот совет денеска на итна седница ќе расправа за случајот „Таргет – тврдина” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-deneska-na-itna-sednica-kje-rasprava-za-sluchajot-target-tvrdina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-deneska-na-itna-sednica-kje-rasprava-za-sluchajot-target-tvrdina/#respond Mon, 19 Dec 2022 08:45:02 +0000 https://kurir.mk/?p=777465

Судскиот совет на Република Северна Македонија денска ќе одржи седница на која ќе расправа по изнесените информации во јавноста за постапувањето на Апелациониот суд Скопје по предметот познат како „Таргет-Тврдина”, како и по други премети од интерес за јавноста кои се на надлежно постапување во Апелациониот суд Скопје. Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева во врска со одлуката на Апелациот суд Скопје со која беше укината првостепената пресуда и предметот „Таргет – Тврдина”, кој се однесува на масовното прислушување, го врати на повторно постапување, викендов во писмена изјава до медиумите најави дека денеска во рамки на нејзините овластувања веднаш ќе преземе дејствија, а Судскиот совет согласно своите надлежности, ќе го испита конкретниот случај и за преземените дејствија и за констатираната фактичка состојба ќе ја информира јавноста. -Со оглед дека вчера дознав од медиумите за конкретниот случај, во понеделник во рамки на моите овластувања веднаш ќе преземам дејствија, а Судскиот совет во рамките на своите законски надлежности ќе го испита конкретниот случај и за преземените дејствија и констатираната фактичка состојба ќе бидете навремено известени. Укажувам дека Судскиот совет нема надлежност да преиспитува, односно да оценува судска одлука, но има надлежност да ја констатира состојбата за текот на постапката во смисла на ажурно постапување и дали одлуката била донесена од страна на судија на кој му престанал мандатот поради исполнување на услови за старосна пензија, вели во писмената изјава Дамева. Премиерот Димитар Ковачевски како и многумина други изрази разочарување во однос на овој судски случај, што, како што кажа, само ја потврдува ниската доверба на граѓаните во правосудниот систем мерено според истражувањата на јавните мислења. При тоа подвлече дека како Влада ниту се мешале, ниту ќе се мешаат во судската власт, односно во судството со оглед дека судството и правосудството не се место за политичка борба и политички натпревар. -На правосудниот систем е, кој е независна власт од Владата, низ една транспаретна постапка да ги објасни на граѓаните одлуките кои ги носат и дополнително да работи на унапредување на своето работење, а со цел да ја зголеми довербата кај граѓаните и да обезбеди фер услови за сите граѓани да бидат во државата еднакви пред Уставот, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање во врска со одлуките на Апелацискиот суд за случајот „Таргет-Тврдина” и реакцииите во јавноста. Претседателот Стево Пендаровски изрази шокираност од одлуката на Апелацискиот суд да ја укине пресудата за случајот „Таргет-Тврдина”, во која поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков беше осуден на 12 години затвор. -Одлуката е пораз за правната држава и доказ за ниската доверба на граѓаните во правосудните органи. Ваквите одлуки само ја поткопуваат вербата на граѓаните дека се можни вистински реформи во владеењето на правото и борбата против корупцијата, објави на официјалниот фејсбук профил претседателот Пендаровски. Одбраната на Сашо Мијалков, пак, ја поздрави одлуката на Апелациониот суд во Скопје оценувајќи ја како законита и праведна и заснована на доказите и фактите кои се наведени во жалбата поднесена против првостепената пресуда. -Одбраната се уште ја нема добиено пресудата на Апелациониот суд во Скопје и се уште не ги знае аргументите и насоките на второстепениот суд. Знае само дека се изразува “загриженост” или “згрозување” од највисоки државни функционери од извршната власт. Тоа е директно мешање и вршење притисок врз судската власт која мора да биде независна. Уште позагрижувачки е дека таквиот притисок е јавен и покажува дека оправдан бил стравот за политичко мешање уште од самиот почеток на постапката и се влијаело да се донесе првостепена пресуда каква што беше донесена, се наведува во соопштението од правниот застапник на Мијалков. Апелациониот суд Скопје, во петокот, ги уважи жалбите на обвинетите за случајот „Таргет-Тврдина”, и ја укина првостепената пресуда, а предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување. Во образложението на Апелацискиот суд стои дека при разгледување на пресудата констатирал дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка кои се од апсолутен карактер. За случајот „Таргет-Тврдина”, кој се однесува за масовното прислушување и уништување на опремата од УБК, Основниот кривичен суд Скопје на 26 февруари 2021 година изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни, односно вкупно 65 години за 11 лица. На поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков судот му изрече казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување”, „злоупотреба на службената положба и овластување” и „примање награда за противзаконито влијание”]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudskiot-sovet-deneska-na-itna-sednica-kje-rasprava-za-sluchajot-target-tvrdina/feed/ 0
Апелација ја одби жалбата на Мијалков https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-ja-odbi-zalbata-na-mijalkov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-ja-odbi-zalbata-na-mijalkov/#respond Fri, 12 Mar 2021 11:34:40 +0000 https://kurir.mk/?p=481268

Апелацискиот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на Сашо Мијалков во предметот „Таргет – Тврдина“ и го потврди решението за притвор како мерка за обезбедување присуство. -Апелацискиот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -19/21 познат во јавноста под името „Таргет – Тврдина“ по одржана нејавна седница на ден 12.03.2021 година, донесе одлука со која жалбата на обвинетиот С.М. од С. изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е укината мерката куќен притвор и определена мерка притвор како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот, го потврди, се наведува во соопштението од Апелацискиот суд Скопје. Вака донесената одлука, како што е посочено во соопштението од Апелацискиот суд Скопје, ќе биде објавена во целост на веб страницата на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите. Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков на 26 февруари годинава доби затворска казна во траење од вкупно 12 години за случајот „Таргет-Тврдина“ за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и за примање награда за противзаконито влијание. Судот одлучи да го прифати предлогот на обвинителката Ленче Ристоска која побара ефективен наместо домашен притвор за Мијалков, до правосилноста на пресудата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-ja-odbi-zalbata-na-mijalkov/feed/ 0
Изречени пресудите за Таргет-Тврдина, 12 години затвор за Мијалков https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izrecheni-presudite-za-target-tvrdina-12-godini-zatvor-za-mijalkov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izrecheni-presudite-za-target-tvrdina-12-godini-zatvor-za-mijalkov/#respond Fri, 26 Feb 2021 10:26:49 +0000 https://kurir.mk/?p=474144

Сите обвинети се виновни за дејствијата, истакна на денешното изрекување на пресудата во случајот „Таргет-Тврдина“ судијката Џенета Бегтовиќ. Судот ги донесе следните пресуди: Горан Грујевски ги сторил кривичните дела „злосторничко здружување“ , „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“ единствена казна затвор од 15 години. Тони Јакимовски за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“ единствена казна затвор од 6 години. Гордана Јанкулоска за „злоупотреба на службената положба и овластување“ затворска казна од 4 години. Никола Бошковски за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“ доби единствена казна затвор од 15 години Сашо Мијалков за „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“ доби единствена казна затвор од 12 години. Надица Николиќ за „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ - единствена казна затвор од три години. Владимир Варелов за „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување” е условно осуден. Маријан Шумуликовски за „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување” доби условна осуда. Силвана Златкова за „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување” доби условна осуда. Васил Исаковски доби условна осуда и Валентина Симоновска за сторено кривичнo делo „фалсификување службена исправа“ доби условна осуда. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувањето директно и индиректно опфатило околу 20 илјади граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izrecheni-presudite-za-target-tvrdina-12-godini-zatvor-za-mijalkov/feed/ 0
Денеска пресуда за случајот „Таргет-Тврдина“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-presuda-za-sluchajot-target-tvrdina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-presuda-za-sluchajot-target-tvrdina/#respond Fri, 26 Feb 2021 06:34:08 +0000 https://kurir.mk/?p=474036

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресуда за предметот „Таргет-Тврдина. Пресудата за овој предмет во судница треба да ја чуе и поранешниот директор на УБК и еден од обвинетите Сашо Мијалков, кој ќе биде спроведен од домашен притвор што му го одреди судот како мерка на претпазливост. Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувањето директно и индиректно опфатило околу 20 илјади граѓани. Судењето за „Таргет – Тврдина “ започна на 22 декември 2017 година. Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-presuda-za-sluchajot-target-tvrdina/feed/ 0