„таргет“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Dec 2022 10:32:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „таргет“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Апелација појаснува зошто ја укинала пресудата за „Таргет-Тврдина“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-pojasnuva-zoshto-ja-ukinala-presudata-za-target-tvrdina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-pojasnuva-zoshto-ja-ukinala-presudata-za-target-tvrdina/#respond Mon, 19 Dec 2022 10:32:45 +0000 https://kurir.mk/?p=777531

Советот на Апелациониот суд Скопје информира дека првостепената пресуда за предметот познат како „Таргет-Тврдина“ е укината поради сторени суштествени повреди на одредби на постапката од Законот за кривична постапка, како и повреди на кои Судот внимава по службена должност, а кои повреди влијаеле и врз правилно утврдување на фактичката состојба и правилна примена на материјалното право. Советот, како што е наведено во денешното соопштение од Апелациониот суд, утврдил дека постои неусогласеност меѓу изречената пресуда и она што е наведено во нејзиниот писмено изготвен примерок, односно во изворникот на пресудата нема опис на противправните дејствија за секој од обвинетите. Заради големиот интерес на јавноста, советот на Апелациониот суд Скопје, информира дека првостепената пресуда е укината поради сторени суштествени повреди на одредбите на постапката од член 415 став 1 точка 11, став 2 и став 3 од ЗКП како и повреди на кои судот внимава по службена должност во смисла на член 427 в.в. член 375 од ЗКП, а кои повреди влијаеле и врз правилно утврдување на фактичката состојба и правилна примена на материјалното право. Воедно, како што посочуваат од Апелациониот суд Скопје, фактите кои што ги земал за утврдени првостепениот суд, а по однос на дејствијата на извршување на обвинетите, не соодветствуваат со доказите изведени на главната расправа пред првостепениот суд, по однос на наодите и мислењета на вештите лица на Јавниот обвинител и одбраната, како во делот на дејствијата по однос на следењето на комуникациите, така и по однос на вредноста на уништената опрема. Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница на која ќе расправа по изнесените информации во јавноста за постапувањето на Апелациониот суд Скопје по предметот познат како „Таргет-Тврдина“. Апелациониот суд Скопје, во петокот, ги уважи жалбите на обвинетите за случајот „Таргет-Тврдина“, и ја укина првостепената пресуда, а предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување. За случајот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува за масовното прислушување и уништување на опремата од УБК, Основниот кривичен суд Скопје на 26 февруари 2021 година изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни, односно вкупно 65 години за 11 лица. На поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков судот му изрече казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-pojasnuva-zoshto-ja-ukinala-presudata-za-target-tvrdina/feed/ 0
Нови рочишта за „Таргет-Тврдина“ и „Титаник 3“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-target-tvrdina-i-titanik-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-target-tvrdina-i-titanik-3/#respond Tue, 19 Jun 2018 05:58:58 +0000 https://kurir.mk/?p=67271

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат нови рочишта за „Таргет-Тврдина“ и „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство. Претходното рочиште за „Таргет-Тврдина“ беше одложено поради незавршената екстрадициска постапка што се води пред Врховниот суд во Грција за двајцата обвинети Горан Грујевски и Никола Бошковски. Судот денеска ќе треба да се произнесе по барањето за одвојување на постапката за Грујевски и Бошковски. Во „Таргет - Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски. Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет“ на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани. Во предметот  „Титаник 3“  обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир „уништувале изборен материјал“. Обвинетите на претходното рочиште кажаа дека го разбираат обвинението што го презентира обвнителката Фатиме Фетаи, но оти не се чувствуваат виновни. Според СЈО, двајцата обвинети со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат и дека имале криминален нагон да ја фалсификуваат изборната волја на граѓаните на Чаир со цел да остварат политичка моќ. Адвокатите на  Аљими и Гури пред судот кажаа дека со повеќе докази во текот на постапката ќе докажат дека нивните клиенти не се виновни, како и дека во спорниот момент на обвинението немале никаква функција со што би влијаеле да се стори кривичното дело за кое ги обвинува СЈО. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-target-tvrdina-i-titanik-3/feed/ 0