тартар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 Aug 2022 12:40:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тартар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Оригинален рецепт за тартар сос како од ресторан: Секое јадење го претвора во ремек дело https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/originalen-recept-za-tartar-sos-kako-od-restoran-sekoe-jadenje-go-pretvora-vo-remek-delo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/originalen-recept-za-tartar-sos-kako-od-restoran-sekoe-jadenje-go-pretvora-vo-remek-delo/#respond Wed, 17 Aug 2022 12:39:27 +0000 https://kurir.mk/?p=719829

Некои салати не можеме да ги замислиме без тартар сос, а вкусот во ресторан е секогаш некако подобар отколку кога го правите дома. Овој рецепт ќе ви помогне истиот да биде подобар отколку во ресторан, а со тоа значително ќе го подобрите вкусот на вашите јадења. Одличен е и со сланина, како и пржени пиперки полнети со сирење. Состојки: 2 јајца 2 жолчки 1 лажичка маслиново масло 1 млад кромид 50 гр кисели краставички 1 лажичка сенф во прав 120 гр кисела павлака 1/2 лимон зачин Подготовка: Јајцата сварете ги тврдо, па одвојте ги жолчките и белките. Сварените жолчки измешајте ги со суровите. Потоа додадете сенф во прав и сè добро измешајте. Постојано мешајте, па прелијте со маслиновото масло. Постепено додавајте сечкани краставици, копар, сецкан кромид. Додека мешате, додадете ја павлаката. На крајот, додадете сок од лимон и сè целосно измешајте. Послужете во сос. Сосот може да се чува во фрижидер до два дена. Доколку не можете да користите домашни јајца во чија свежина не се сомневате, тогаш подобро е да не ги додавате во сосот. Како замена, додадете уште малку маслиново масло.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/originalen-recept-za-tartar-sos-kako-od-restoran-sekoe-jadenje-go-pretvora-vo-remek-delo/feed/ 0
Расте продажбата на „украинскиот тартан“ од Шкотска https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/raste-prodazbata-na-ukrainskiot-tartan-od-shkotska/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/raste-prodazbata-na-ukrainskiot-tartan-od-shkotska/#respond Mon, 09 May 2022 07:18:27 +0000 https://kurir.mk/?p=673788

Во работилницата „Мекнотон холдингс“ за тартан – традиционална шкотска ткаенина, машините денес плетат километри од познатите карирани шари во зелена, црвена, црна, сина и бела боја. Но, нова кројка во огромната фабрика во Кит, североисточна Шкотска, деновиве се издвојува по својата нетрадиционална боја – жолто-сината. Компанијата „Грејт Скот“ веќе со седмици го плете тартанот под наслов „Украина засекогаш“ со цел да се соберат средства за жртвите од војната таму. – Видовме на вести што се случува и како луѓе, бевме згрозени. Размислувавме што можеме да направиме за да собереме пари и да ги донираме во добротворни цели. Па, можеме да дизајнираме тартан, изјави Патрик Лутас – директор на „Грејт Скот“. Тартан е шкотска национална ткаенина, платно особено употребувано кај килтите, народна шкотска облека. Дизајнот којшто бил забранет во 18 век, подоцна станал популарен и како политичко и како модно изразување во Шкотска, но и на други места во светот. И Министерството за надворешни работи на Украина на својот Твитер профил ја пофали иницијативата за новиот тартан. Повеќе од 3,2 километри ткаенина веќе се продадени, а побарувачката е најголема во САД, како и меѓу украинските иселеници. Секоја продажба оди во помош за Британскиот комитет за помош на Украина, според наводите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/raste-prodazbata-na-ukrainskiot-tartan-od-shkotska/feed/ 0