тасос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 Aug 2022 09:04:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тасос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уапсен маж осомничен за пожарот на грчкиот остров Тасос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-maz-osomnichen-za-pozarot-na-grchkiot-ostrov-tasos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-maz-osomnichen-za-pozarot-na-grchkiot-ostrov-tasos/#respond Tue, 16 Aug 2022 09:04:48 +0000 https://kurir.mk/?p=719195

Грчката полиција уапсила 65-годишен маж под сомнение дека е виновен за големиот пожар што минатата седмица избувна на островот Тасос, објавија медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, уапсениот се товари за подметнување пожар, а во неговиот автомобил бил откриен запалив материјал. Се очекува во текот на денот, 65-годишниот да биде изведен пред јавен обвинител во Кавала.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-maz-osomnichen-za-pozarot-na-grchkiot-ostrov-tasos/feed/ 0
Продолжува гаснењето на пожарот на грчкиот остров Тасос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuva-gasnenjeto-na-pozarot-na-grchkiot-ostrov-tasos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuva-gasnenjeto-na-pozarot-na-grchkiot-ostrov-tasos/#respond Thu, 11 Aug 2022 13:03:40 +0000 https://kurir.mk/?p=717136

Противпожарните сили што од синоќа интервенираат во гаснењето на пожарот во источниот дел на грчкиот остров Тасос се засилени со пожарникари од повеќе делови на Грција, а во справувањето со огнената стихија, помага и армијата, јави дописничката на МИА од Атина. Големиот пожар е во планински непрооден дел и сè уште не е ставен под контрола, а утрово, преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите и оние кои се наоѓаат во приморското село Кинира, превентивно да се евакуираат кон Лименарија. Според противпожарната служба на Грција, интервенираат 185 пожарникари со 15 пешадиски тима и 38 возила, осум авиони и шест хеликоптери од кои еден е за координација, два хеликоптери и три камиони од армијата, а помагаат и пожарникари волонтери, како и цистерни и возила од општините. Синоќа на островот пристигнаа 69 пожарникари со четири пешадиски тима од северна Грција, денеска пристинаа уште 40 пожарникари, од кои 30 од Атина, а дополнително ќе пристигнат уште 67 пожарникари со 11 возила од други делови на земјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuva-gasnenjeto-na-pozarot-na-grchkiot-ostrov-tasos/feed/ 0
Голем шумски пожар на грчкиот остров Тасос, евакуирано едно село https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-shumski-pozar-na-grchkiot-ostrov-tasos-evakuirano-edno-selo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-shumski-pozar-na-grchkiot-ostrov-tasos-evakuirano-edno-selo/#respond Thu, 11 Aug 2022 06:51:20 +0000 https://kurir.mk/?p=716855

Голем шумски пожар во источниот дел на грчкиот остров Тасос е активен од синоќа, а утрово, превентивно е евакуирано приморското село Кинира , јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот е во планински непрооден дел, интервенираат 102 пожарникари со пет пешадиски тима и 33 возила, шест авиони и шест хеликоптери од кои еден е за координација, а помагаат и пожарникари волонтери, армијата, како и цистерни и возила од општините. Поголемиот дел од пожарникарите на островот пристигнаа од северна Грција. Преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите и оние кои се наоѓаат во селото Кинира, превентивно да се евакуираат кон Лименарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-shumski-pozar-na-grchkiot-ostrov-tasos-evakuirano-edno-selo/feed/ 0
Трите најпопуларни плажи на грчкиот остров каде Македонците одат често се затворени за туристи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/trite-najpopularni-plazi-na-grchkiot-ostrov-kade-makedoncite-odat-chesto-se-zatvoreni-za-turisti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/trite-najpopularni-plazi-na-grchkiot-ostrov-kade-makedoncite-odat-chesto-se-zatvoreni-za-turisti/#respond Wed, 10 Aug 2022 11:57:43 +0000 https://kurir.mk/?p=716642

Високите температури во Грција ги принудија властите да воведат мерки за заштита на населението и туристите. На популарниот остров Тасос е забранет пристапот до одредени плажи поради екстремните горештини и ризикот од пожар, јавуваат локалните медиуми. Плажите кои денеска не смеат да ги посетуваат туристите се Порто Вати, Мермерната плажа и Рајската плажа. Освен по плажите, ограничен е сообраќајот и на одредени шумски патишта, а се препорачува да не се оди во селата во внатрешноста на островот, како Теологос, Казавити, Кастро, Мариес... Се молат туристите да ги применат сите мерки за заштита од пожари. Поради сушата и силните ветрови, ризикот од пожар е многу голем, особено во јужна Грција. Оваа состојба ќе трае неколку дена, предупреди грчкото биро за метеорологија, а пренесува Новости. Според сведоштвата на нашите туристи на социјалните мрежи, пожарникарите го затвориле патот кон одредени плажи и не дозволуваат поминување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/trite-najpopularni-plazi-na-grchkiot-ostrov-kade-makedoncite-odat-chesto-se-zatvoreni-za-turisti/feed/ 0
Во хотел карантин на грчкиот остров Тасос сместени четворица туристи позитивни на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-hotel-karantin-na-grchkiot-ostrov-tasos-smesteni-chetvorica-turisti-pozitivni-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-hotel-karantin-na-grchkiot-ostrov-tasos-smesteni-chetvorica-turisti-pozitivni-na-kovid-19/#respond Wed, 08 Jul 2020 10:46:40 +0000 https://kurir.mk/?p=371611

На островот Тасос и во приморското место Пангео во близина на Кавала регистрирани се шест случаи на Ковид-19 кај асимптоматски туристи, веројатно од Бугарија и Србија, а четворица од нив веќе се сместени во хотел-карантин. Позитивните случаи ги потврдија градоначалниците на двете општини, кои објаснија дека на островот Тасос четворица туристи се во карантин, додека пак во Пангео двајцата позитивни туристи биле дојдени на еден ден и веќе се заминати од Грција. Туристите на Тасос, според грчките медиуми се од Србија и веќе сместени во специјално одреден хотел карантин. Онлајн изданието на весникот „Етнос“ пишува дека позитивен на Ковид-19 е уште еден српски турист кој летува на Тасос, но побарал наместо во карантин на островот, заедно со семејството да се врати дома, за што и добил дозвола. Градоначалникот на Пангео соопшти дека двајцата асимптоматски туристи во саботата биле тестирани на граничниот премин Промахонас, рекле дека нивната крајна дестинација е приморското место Пангео во близина на Кавала,  но со оглед на тоа дека биле само на еден ден, додека да бидат готови резултатите од тестирањето, тие веќе биле вратени во нивната држава. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-hotel-karantin-na-grchkiot-ostrov-tasos-smesteni-chetvorica-turisti-pozitivni-na-kovid-19/feed/ 0
ВИДЕО: Омиленото место на Македонците зафатено од големите поплави во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-omilenoto-mesto-na-makedoncite-zafateno-od-golemite-poplavi-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-omilenoto-mesto-na-makedoncite-zafateno-od-golemite-poplavi-vo-grcija/#respond Sat, 23 Nov 2019 14:48:19 +0000 https://kurir.mk/?p=268113

Во текот на вчерашниотден силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд ја погоди северна Грција, а најлошо минале на Тасос, Халкидики и Кавала, јавуваат грчките медиуми. Во некои места веќе е прогласена вонредна состојба,реките се излеале и на многу места го блокирале сообраќајот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-omilenoto-mesto-na-makedoncite-zafateno-od-golemite-poplavi-vo-grcija/feed/ 0
Пожар на грчкиот остров Тасос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozar-na-grchkiot-ostrov-tasos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozar-na-grchkiot-ostrov-tasos/#respond Tue, 13 Aug 2019 11:24:02 +0000 https://kurir.mk/?p=229251

Пожар избувна денеска и на грчкиот остров Тасос, еден од најпосетуваните за летните одмори, објави Катимерини. Пожарот е регистриран во реонот на Парадисос во југозападниот дел од островот. Испратени се 56 пожарникари со 25 противпожарни возила. Поддршка имаат од два авиона и еден хеликоптер, нагласува весникот на својата веб страница. Засега ниту едно населено место не е погодено од пожарот. Во Грција активни во моментот се четири пожари вклучително на островот Евија, во реонот на Ахаја и еден во близина на градот Тива. Пожарот што е активен во близина на грчкиот главен град од неделата е делумно локализиран, соопштија властите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozar-na-grchkiot-ostrov-tasos/feed/ 0