Татарстан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Dec 2022 10:24:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Татарстан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Татарстан поставен споменик на Сталин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-tatarstan-postaven-spomenik-na-stalin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-tatarstan-postaven-spomenik-na-stalin/#respond Wed, 07 Dec 2022 10:24:59 +0000 https://kurir.mk/?p=772169

Споменик на поранешниот советски лидер Јосиф Сталин е поставен на јавно место во Руската Република Татарстан, јави ДПА, повикувајќи се на информации од руските медиуми. Споменикот се наоѓа во дворот на приватно училиште во градот Набережние Челни, на 1.100 километри источно од Москва, а неговото официјално отворање е планирано напролет, пренесува рускиот информативен портал „Бизнис онлајн“. Фотографиите на споменикот покажуваат дека тој претставува фигура на Сталин кој седи на клупа во разговор со имагинарен соговорник. „Одлично! Сега останува само некој нов вистински Сталин“, напишал корисник на локална социјална мрежа. Сепак, други луѓе го изразија своето задоволство од иницијативата на училиштето, забележува ДПА. Споменикот очигледно бил инспириран од скулптура од 1930-тите, која ги прикажува Ленин и Сталин како седат на клупа и разговараат, забележа ДПА. Повеќето од спомениците на Сталин беа отстранети на иницијатива на Кремљ за време на процесот на десталинизација во 1960-тите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-tatarstan-postaven-spomenik-na-stalin/feed/ 0