Татјана Гуржанова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 06 Feb 2021 12:46:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Татјана Гуржанова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Доктор Гуржанова до Владата: Итно набавете вакцини, на колена да ги молите сите што ги одбивте кои сами ни понудија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-gurzanova-do-vladata-itno-nabavete-vakcini-na-kolena-da-gi-molite-site-shto-gi-odbivte-koi-sami-ni-ponudija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-gurzanova-do-vladata-itno-nabavete-vakcini-na-kolena-da-gi-molite-site-shto-gi-odbivte-koi-sami-ni-ponudija/#respond Sat, 06 Feb 2021 09:05:19 +0000 https://kurir.mk/?p=464975

Докторката по гинакологија Татјана Гуржанова преку социјалните мрежи ја повика Владата итно да набави вакцини против коронавирус. -Господа од Влада на РСМ, немате поголем приоритет во моментов од набавка на вакцини, хитно, најхитно, сега и денес!!!! (и не им се обраќам на моите колеги во Министерството за здравство затоа што го делат моето мислење до последен збор, но се немоќни бидејќи одлуките од повисоко доаѓаат) Заборавете на бирократија, размрдајте ја таа мрзелива администрација со брзи и вонредни закони да се регистрира и руска и кинеска и секаква вакцина, све е добредојдено, нема што да чекаме амин од EMA, за увоз на вакцини, или па несреќен Ковакс. Ќе одите и на колена ќе молите да ви достават! Сите тие што ги одбивте кога сами ни ја понудија, пишува на Фејсбук доктор Гуржанова. Таа посочува дека по болниците цели семејства се легнати и се борат за живот. Тоа најдобро го знае бидејчи како што вели и самата лежела 10 дена во ГОБ 8 Септември. -Јја гледав ламјата директно во очи. И тие што преживуваат уште долго се неспособни ни за работа ни за секојдневни активности. На персоналот од ГОБ 8 Септември ( сите до еден прележале и пак се на работа) до земја им се поклонувам. И немој некој антиваксер да ми залута на зидов или имунолог аматер а уште пострашно и најново викенд инженер по генетско инженерство, само ќе блокирам, нема да дискутирам, стои во објавата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-gurzanova-do-vladata-itno-nabavete-vakcini-na-kolena-da-gi-molite-site-shto-gi-odbivte-koi-sami-ni-ponudija/feed/ 0
Со д-р Гуржанова ги рушиме табуата за замрзнувањето на јајни клетки и вештачкото оплодување https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-d-r-gurzanova-gi-rushime-tabuata-za-zamrznuavanjeto-na-jajni-kletki-i-veshtachkoto-oploduvanje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-d-r-gurzanova-gi-rushime-tabuata-za-zamrznuavanjeto-na-jajni-kletki-i-veshtachkoto-oploduvanje/#respond Tue, 09 Apr 2019 06:56:43 +0000 https://kurir.mk/?p=184136

Д-р Татјана Гуржанова е Специјалист акушер, гинеколог и IVF специјалист Има повеќе од 20 години работно искуство на Универзитетската болница за гинекологија и акушерство – Скопје и ИВФ центарот NewBorn клиника во Скопје. Д-р Гуржанова е субспецијалист за хумана репродукција и репродуктивнa ендокринологија – Master Course во биотехнологија на асистирана хумана репродукција и ембриологија – Instituto de Valinciano де Infertilidad (IVI Валенсија универзитет) Нејзините домашни и меѓународни достигнувања се видливи преку посветената работа во клиниката за плодност NewBorn. Со д-р Гуржанова ги рушиме табуата за замрзнувањето на јајни клетки и вештачкото оплодување.
  1. Како ја опишувате вие модерната жена, кои се нејзините предности и предизвици од денешницата?
Денешната динамика буквално сите не предизвикува да исполнуваме повеќе улоги истоврмено. Со тоа ни е предизвина моќта на адаптацијата, што впрочем е и дел од Дарвиновата мисла, дека долгорочно преживуваат само флексибилните битија. Жената на денешницата, особено жените припаднички на генерациската група миленијалци (25-39 години) се предизвикани од мноштвото на контрадикторни општествени улоги кои ги исполнуваат па оттука и поместените граници на мајчинството, фанатизмот за економска моќ, високи општествени статуси и тн. Па така, една 35 годишна модерна жена е вообичаено растргната помеѓу професионалната улога и улогата на мајка, пред се поради верувањето (што не мора да е вистина) дека едното се коси со другото. За среќа, гинекологијата и биологијата се едни од најнапредните гранки кои ги пратат промените и во добар дел успеваат да ги неутрализираат нус појавите од овие динамики. Затоа се достапни можностите за замрзнување на јајни клетки,  крио презервација, ин витро оплодување и други можности со кои се планира и реализира животот во соодветен ритам.
  1. Што е поважно од аспект на подготвеност да се превземе улогата на мајка, физичката или социо-психолошката фаза на жената?
Иако како доктор тврдам дека најдобри години од аспект на физички телесни предиспозиции се дваесеттите за жената, сепак стојам и зад тоа дека добар родител подразбира и поседување на психофизичка стабилност и ментална подготвеност.  Замрзнувањето на јајни клетки е добра опција доколку не сака една жена да остане трудна во своите дваесети или рани триесети години кога нејзиниот репродуктивен капацитет е на највисоко ниво, а е сигурна дека сака да се реализира како родител во подоцнежните години, 40-ти или дури и 50-ти. Најчесто жените се одлучуваат на овој чекор затоа што во моментот немаат постојан партнер, голем процент сакаат да вложат во својата кариера, а потоа да станат мајки. Замрзнување на јајни клетки се препорачува и од медицински аспект кај пациентки што се соочуваат со почеток на некоја хронична макотрпна болест, како автоимуна болест, каде долготрајните терапии можат да влијаат на фертилноста, пациентки кои се соочуваат со малигни болести пред да започнат со хемотерапија или радиотерапија. Препорака од страна на докторите е замрзнување на јајни клетки во дваесетите години исто така и кај докажани наследни болести во семејството, посебно хормон зависни тумори, како што е генетски предиспонираниот оваријален карцином, карцином на дојка и дебело црево.
  1. Што всушност значи зачувување на јајни клетки?
Замрзнување на јајни клетки научно се вика криопрезервација на ооцити и во суштина претставува замрзнување на јајните клетки на многу ниски температури -196 C или -320 Fahrenheit степени, што би значело замрзнување на апсолутна нула. Криопрезервацијата е околу 10 години стара метода која се користи во различни гранки во медицината. На оваа температура доаѓа до комплетно стопирање на целокупната клеточна активност вклучително и стареењето на клетката, што едноставно значи дека со замрзнување на јајните клетки се спречува нивното стареење и тие го задржуваат својот “младешки сјај” и отсуство на хромозомски дефекти до бесконечност (т.е додека не се одмрзнат и искористат за добивање на ембриони). Постојат два типа на криопрезервација а тоа се: брзото замрзнување или витрификација и спорото замрзнување или класичната криопрезервација. Покрај различната техника (како што и самото име кажува) витрификацијата или брзото замрзнување има многу повисок рејтинг на преживување после одмрзнувањето, т.е 100% преживување на јајните клетки кога ќе се подложат на процесот на одмрзнување. Нормално 100% преживување не значи и 100% оплодување при процесот на ин витро и 100% бременост. На тој исход влијаат и многу други фактори. Во  Newborn Clinic користиме процес на витрификација т.е брзо замрзнување на добиените јајни клетки на -196 C.
  1. Колку време се ,,чуваат,, јајце клетките?
Замрзнувањето теоретски може да биде бесконечно т.е. нема ограничување во времето колку долго е замрзната јајната клетка  и тоа да влијае на квалитетот на истата. Потенцијалот на таа клетка да се оплоди и развие во здрав ембрион и здрава бременост е ист како на 20 или рани 30 години кога и се замрзнала. Нејзиниот раст и развој е застанат, поточно замрзнат со сите функции на возраста кога се реализирала витрификацијата.
  1. Каква е свесноста во Македонија за напредните процедури за зачувување на јајни клетки и вештачко оплодување?
Не располагам со бројки, но ќе кажам дека има простор за подобрување на свесноста. Во процесот на едукација треба да се вклучат сите страни, почнувајќи од матичните гинеколози кои не се бават директно со ин витро. Потребно е тие да ги упатат или барем информираат пациентите за можностите. Слободно ќе нагласам дека доколку наталитетот е национален проблем, тогаш овие можности треба да се гледаат како една од алатките за  подобрување на состојбата и да се отвори ова прашање институционално.
  1. Зошто е ова уште кај нас табу тема?
За жал ова е табу тема во време кога ни опаѓа наталитетот и вредносниот систем кон партнерувањето и семејството е сменет. Постои културолошката и социјална стерилност кон оваа тема кај нас, не само од стана на пациентитет туку и од страна на медиумите, а особено од страна на некои гинеколози...и поради овие фактори не до крај се исползуваат овие можности, па затоа и потребата да се актуелизира оваа тема и без табуа и предрасуди треба да се говори со цел навремено освестување на јавноста.
  1. Која е вашата препорака кон сите жени над 30тата година?
Денешницата се повеќе не оптеретува со задачи и не размислуваме за нашите лични и основни потреби се до моментот кога може да биде и касно за реализација. Се повеќе жени се на раководечки позиции во различни сектори од општеството и истите не одат рака под рака со мајчинство во 20 ти или рани 30 ти години. Како што ја планираме нашата кариера, како што правиме финансиска конструкција  за нашата иднина, треба да размислуваме и да ја планираме и нашата репродуктивна иднина. За сега единствен начин да се победи времето и неговото унишувачко дејство на нашата ДНК, а со тоа и стареењето на клетките е криопрезервацијата. Направете го тоа кога сте млади. Инвестирајте во својата репродуктивна иднина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-d-r-gurzanova-gi-rushime-tabuata-za-zamrznuavanjeto-na-jajni-kletki-i-veshtachkoto-oploduvanje/feed/ 0