тав македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Oct 2023 06:14:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тав македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОД ДЕНЕС: На скопскиот аеродром треба да пристигнете три часа пред летот за чекирање на багажот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-na-skopskiot-aerodrom-treba-da-pristignete-tri-chasa-pred-letot-za-chekirane-na-bagazhot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-na-skopskiot-aerodrom-treba-da-pristignete-tri-chasa-pred-letot-za-chekirane-na-bagazhot/#respond Mon, 09 Oct 2023 06:14:06 +0000 https://kurir.mk/?p=886678

Од денеска до крајот на ноември патниците кои ќе ги користат авионските услуги на Меѓународниот аеродром Скопје треба да пристигнат три часа пред летот. Од „ТАВ Македонија“ во петокот информираа дека авиокомпанијата ќе врши надградба на системот за багаж. - Почнувајќи од 9-ти октомври (понеделник), до крајот на ноември 2023 година, односно во период од два месеци, на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе се врши надградба на системот за ракување со багаж. Затоа, апелираме до сите вас коишто ќе патувате во наведениот временски период преку Меѓународниот Аеродром Скопје, да пристигнувате на аеродромот, односно на шалтерите за пријавување патници и багаж, три часа пред планираното време на полетување на вашиот лет, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-na-skopskiot-aerodrom-treba-da-pristignete-tri-chasa-pred-letot-za-chekirane-na-bagazhot/feed/ 0
НОВА АВИО ЛИНИЈА ОВАА ЕСЕН ОД СКОПЈЕ ДО ОВОЈ ГРАД ВО СОСЕДСТВОТО – резервирајте си карти со време! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-avio-linija-ovaa-esen-od-skopje-do-ovoj-grad-vo-sosedstvoto-rezervirajte-si-karti-so-vreme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-avio-linija-ovaa-esen-od-skopje-do-ovoj-grad-vo-sosedstvoto-rezervirajte-si-karti-so-vreme/#respond Thu, 27 Jul 2023 11:59:35 +0000 https://kurir.mk/?p=860689

Грчкиот национален авиопревозник „Ејџиан“ ќе воведе нова авиолинија од Меѓународниот аеродром Скопје до Меѓународниот аеродром Сараево, од 2 октомври годинава, најавуваат од ТАВ Аеродроми. На релацијата Скопје-Сараево Ејџиан ќе сообраќа со воздухоплов ATR72-600, со три лета неделно, или секој понеделник, среда и петок. -Возбудени сме што можеме да објавиме и да им честитаме на AEGEAN за одлуката да воведат лет од Скопје до Сараево од октомври оваа година и да овозможат одлична регионална поврзаност, од Атина на југ, преку Скопје, до Сараево на северот на Балканот. Оваа авио-конекција во исто време претставува и значајно достигнување во нашата посветеност како аеродромски оператор за подобрување на опциите за авионски патувања за нашите ценети патници, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. До крајот на летниот ред на летање за 2023 година, или до крајот на октомври, времето на поаѓање од скопскиот аеродром ќе биде во 19:00 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Сараево во 20:10 часот, додека времето на поаѓање од аеродромот во Сараево ќе биде во 20:50 часот, со време на пристигнување на скопскиот аеродром во 21:50 часот. Во текот на зимската сезона 2023/2024, времињата на пристигнување/заминување ќе бидат слични. Резервација на авионски билети е достапна на веб-страницата на AEGEAN https://en.aegeanair.com/ и преку туристичките агенции. -Задоволство ни е да го објавиме воведувањето на нашата нова авиолинија од Скопје до Сараево, која ќе почне да сообраќа во октомври 2023 година и подобрувањето на нашите операции меѓу Атина и Скопје преку зголемен капацитет и фреквенции, бидејќи тоа ја одразува нашата посветеност да го прошириме присуството на Балканот и да го зајакнеме нашиот белег преку обезбедување зголемена поврзаност со висококвалитетните услуги на AEGEAN. Оваа авиолинија го означува и нашето враќање во Босна по предизвиците наметнати од ковид-19 пандемијата и пресреќни сме што повторно ќе се поврземе со нашите ценети патници во овој регион. Од октомври, патниците од Скопје ќе имаат поголеми можности за поврзување преку Атина со мрежата на AEGEAN со речиси секојдневен лет што ќе го прошири нашиот досег до дестинации низ Грција, Европа и Блискиот Исток. Оваа новина нуди можности за патниците да истражуваат и да искусат различни дестинации со погодностите и сигурноста на високите стандарди по кои е позната авиокомпанијата AEGEAN“, изјави Роланд Јаги, главен комерцијален директор, AEGEAN. Алан Бајиќ, директор на Меѓународниот Аеродром Сараево, посочува дека воведувањето на оваа авиолинија е резултат на заедничката и многу успешна соработка меѓу двата аеродрома и „Ејџијан“, грчкиот авиопревозник, кој што ги препозна важноста и потенцијалот за воспоставување на оваа авиолинија како одлична форма за подобрување на комуникацијата и зајакнување на соработката во областа на економијата и туризмот меѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина. -Веруваме во одличната ефективност и ефикасност на оваа авиолинија и се радуваме на првиот лет на AEGEAN на релација Скопје – Сараево!, изјави Бајиќ. Како што велат од ТАВ Аеродроми, додавањето на оваа нова авиолинија на мрежата на рути и во портфолиото на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде уште еден придонес за веќе силниот позитивен тренд на закрепнување на бројките во однос на авиосообраќајот, особено за првата половина на 2023 година. За периодот јануари – јуни 2023 година, двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужиле вкупно 1,3 милиони патници, што е годишен пораст од 41 процент во однос на 2022 година, додека во однос на 2019 година, референтна година во однос на патничкиот сообраќај пред ковид-кризата, зголемувањето е за 15 проценти повеќе патници во првата половина од оваа година. Во однос на бројот на летови за истиот период, вкупно 10.299 летови се опслужени на двата аеродрома што претставува годишен пораст од 23 проценти. л]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-avio-linija-ovaa-esen-od-skopje-do-ovoj-grad-vo-sosedstvoto-rezervirajte-si-karti-so-vreme/feed/ 0
На охридскиот аеродром ТАВ ги пречека првите летови од Манчестер и Лондон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-ohridskiot-aerodrom-tav-gi-precheka-prvite-letovi-od-manchester-i-london/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-ohridskiot-aerodrom-tav-gi-precheka-prvite-letovi-od-manchester-i-london/#respond Wed, 31 May 2023 13:19:25 +0000 https://kurir.mk/?p=840888

ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор, денеска на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид ги пречека првите патници од Манчестер и од Лондон (Гетвик), со што го означи отворањето на овие две нови сезонски авиолинии на британски ТУИ. Почнувајќи од денес, 31-ви мај, охридскиот аеродром Св. Апостол Павле ќе служи како врска за редовни сезонски летови меѓу Манчестер и Лондон (Гетвик), и прекрасниот град Охрид. На летовите ќе лета британската компанија TUI UK. Директните воздушни врски што ги обезбедуваат овие чартер-летови ја елиминираат потребата за повеќекратни чекања меѓу транзитни или трансфери летови кои одземаат многу време, нудејќи им на британските патници беспрекорно и практично искуство на патување покрај волшебното Охридско Езеро. -Возбудени сме што можеме да го објавиме почетокот на новите сезонски летови, што ги поврзуваат Манчестер и Лондон со аеродромот во Охрид, а на кои лета TUI UK. Како ТАВ, среќни сме што им посакуваме добредојде на патниците на овие нови рути. Со двете нови дестинации од Велика Британија до Охрид ќе се подобрат опциите за патување и ќе отворат можности за странските туристи да ја истражуваат неверојатната убавина и богатото културно наследство на живописниот Охрид. Охрид долго време се смета за скриен скапоцен камен, кој нуди волшебен спој на природни чуда и историски знаменитости. Со воведувањето на овие чартер-летови од Манчестер и Лондон, имаме за цел да ја направиме оваа извонредна дестинација лесно достапна, давајќи им можност на нашите гости да го откријат Стариот град кој што е на листата на УНЕСКО, да ги посетат античките манастири и цркви и да се нурнат во локалната традиција и топлото гостопримство. Ги покануваме патниците од Манчестер и Лондон, и пошироко, да тргнат на незаборавно патување во Охрид, градот кој нуди по нешто посебно за секого. Со посветеност да обезбеди одлични аеродромски услуги, ТАВ Македонија преку Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, се стреми да ги подобри искуствата од патувањето, да го промовира туризмот и да го поддржи регионалниот развој.“ – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. Новововедените сезонски летови од Манчестер и Лондон ќе сообраќаат со по 1 неделен лет, во периодот од 31-ви мај до 20-ти септември, а TUI UK ќе лета со Боинг 737-800, со капацитет од 189 седишта. Како што велат од ТАВ Македонија, околу 6.000 британски патници се очекува да пристигнат во Охрид од овие две нови дестинации во текот на летната сезона. -Северна Македонија е помалку позната дестинација за туристите во Обединетото Кралство, но тоа почнува да се менува, а TUI се уверени дека штом нашите клиенти ќе се вратат дома, ќе се прошири и распространи информацијата на пријателите и семејството за и самите да ја искусат оваа единствена дестинација. Ќе испраќаме два лета неделно до охридскиот аеродром за време на летната сезона, и од Манчестер и од Лондон Гетвик, давајќи им одличен избор на клиентите во северниот и јужниот дел на Обединетото Кралство, изјави Крис Логан, Извршен директор на ТУИ Велика Британија за скијање, езера и планини. Патниците можат да ги резервираат своите авиобилети за овие возбудливи нови чартер летови преку веб-страницата на TUI и ќе имаат можност да го приспособат своето патување според нивните преференции и да го искористат максимумот од нивната посета на Охрид. ТАВ Македонија го заврши првиот квартал од 2023 година (јануари-април) со 753.377 патници на двата аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, што е за 44% зголемување во однос на истиот период од 2022 година и зголемување од 9% во однос на 2019 година. која се смета за референтна година во воздухопловството, со оглед на кризата со Ковид-19. Во истиот период, јануари-април 2023 година, бројот на летови на двата македонски аеродрома изнесува 6.010 со годишен пораст од 35% и 4% зголемување во однос на 2019 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-ohridskiot-aerodrom-tav-gi-precheka-prvite-letovi-od-manchester-i-london/feed/ 0
Виз Ер и Тав Македонија најавуваат експанзија со нови авиолинии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/viz-er-i-tav-makedonija-najavuvaat-ekspanzija-so-novi-aviolinii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/viz-er-i-tav-makedonija-najavuvaat-ekspanzija-so-novi-aviolinii/#respond Thu, 18 May 2023 12:11:07 +0000 https://kurir.mk/?p=835891

Виз ер, најголемата авиокомпанија во Македонија и еколошки најодржливата авиокомпанија на глобално ниво денеска најави дополнително проширување  доделувајќи уште еден воздухоплов во својата база во Скопје, известува ТАВ Македонија, компанијата која управува со двата македонски аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид. Виз ер ќе отвори две нови авиолинии од Скопје, до Љубљана и до Луксембург, закажани за претстојната есен и зима и ќе додели уште еден авион во Скопје со што ќе ја зголеми својата база во македонскиот главен град на вкупно 6 воздухоплови од декември 2023 година. Авиокомпанијата ќе ги зголеми и фреквенциите на девет постоечки авиолинии, на своите летови од Скопје до: Дортмунд, Бремен, Меминген, Берлин, Карлсруе/Баден-Баден (Германија), Рим Фиумичино (Италија), Брисел Шарлроа (Белгија), Братислава (Словачка) и Ајндховен (Холандија). Летови за Берлин, Ајндховен и Брисел ќе има секој ден. Авиобилетите се веќе достапни на веб-страницата wizzair.com или пак на мобилната апликација Wizz Air's mobile app. „Среќни сме што ги проширивме нашите воздушни операции во Скопје и поради тоа што воведуваме нови рути до Луксембург и до Љубљана. Северна Македонија има значајно место во огромната мрежа на Wizz Air и ние сме горди што сме лидер на пазарот во земјата. Со зголемување на нашите фреквенции на девет рути и понудените нови дестинации, имаме за цел да им обезбедиме на нашите патници неспоредлива конекција и искуства од патувањата. Би сакал да им се заблагодарам на нашите колеги од Меѓународниот Аеродром Скопје за нивното одлично партнерство како и на Министерството за транспорт и врски за поддршката во работењето со нас за изградба на подобра воздушна поврзаност на Северна Македонија, изјави Роланд Тишнер, Извршен директор и офицер за операции во Виз Ер Унгарија. „Во ТАВ Македонија сме среќни со оваа добра вест дека Wizz Air донесе одлука да го смести шестиот авион во нивната база на Меѓународниот Аеродром Скопје. Овој чекор ќе резултира со севкупен раст на скопскиот аеродром што ќе го направи нашиот аеродром уште поатрактивен избор за деловни и рекреативни патници. Сместувањето на шестиот авион во базата е пресвртница што ја означува довербата на нашите партнери кои ни ја даваат како аеродромски оператор. Тоа ќе биде ново поглавје во нашето патување кон извонредност и ќе послужи како катализатор за понатамошен раст и развој. Со нетрпение очекуваме да ја прифатиме оваа можност и да обезбедиме исклучително искуство и за авиокомпанијата и за нашите ценети патници. Би сакал да се заблагодарам и на Виз ер за нивната одлука и на Министерството за транспорт и врски за континуираната поддршка“, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија. Со оваа најнова експанзија, Wizz Air ја зацврстува својата позиција како лидер на пазарот, нудејќи широка мрежа на авиолинии и беспрекорни конекции од Скопје: вкупниот број на авиолинии на авиокомпанијата од Северна Македонија сега изнесува 35, вклучително со двете новонајавени. Одлуката на авиокомпанијата да додели дополнителен авион во Скопје ја поткрепува нејзината посветеност за поддршка на локалната економија, туризмот и бизнис-секторите. Служејќи како значајна инвестиција на пазарот, оваа распределба ќе отвори десетици нови директни и индиректни работни места во земјата, вклучително и позиции за пилоти и кабински екипаж, покрај над 250 лица кои веќе се директно вработени во Wizz Air во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/viz-er-i-tav-makedonija-najavuvaat-ekspanzija-so-novi-aviolinii/feed/ 0
Неџат Курт назначен за Генерален директор на ТАВ Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedhat-kurt-naznachen-za-generalen-direktor-na-tav-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedhat-kurt-naznachen-za-generalen-direktor-na-tav-makedonija/#respond Tue, 02 May 2023 11:55:23 +0000 https://kurir.mk/?p=829701

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, го назначи Неџат Курт за нов Генерален директор, од 1-ви мај 2023 година. Метин Батак ја напушта позицијата на Генерален директор и ќе биде назначен за член на Извршниот одбор на компанијата ТАВ Тунис, која што управува со аеродромите Енфида Хамамет и Монастир. -„За време на мојот мандат во ТАВ Македонија, заедно со целиот менаџерски тим, постигнавме огромен успех со тројно зголемување на бројот на патници на двата македонски аеродрома, во периодот од 2010 до 2019 година. Со појавувањето на кризата со Ковид-19, требаше да се справиме со некои од најголемите предизвици во воздухопловството што негативно се одразија врз двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид. Заедно со нашиот исклучителен тим на вработени, моите колеги менаџери, како и во тесна соработка со нашите засегнати страни, го водевме закрепнувањето на македонскиот патнички авиосообраќај што почна во 2022 година. И покрај сите пречки во авиосообраќајот, нашиот персонал и натаму обезбедуваше одлично патничко искуство, па затоа и ја добивме ASQ-наградата за квалитет на аеродромските услуги за скопскиот аеродром за 2022 и 2021 година. Уверен сум дека закрепнувањето на патничкиот сообраќај на аеродромите во Скопје и Охрид ќе продолжи и тоа ќе придонесе за економскиот развој на земјата“, изјави Метин Батак. -„Би сакал да изразам благодарност до мојот колега Метин Батак за неговиот ценет придонес во раководењето во изминативе години. И двајцата работиме на македонскиот пазар уште од самото влегување на ТАВ, а на највисоките менаџерски позиции дојдовме пред пандемијата со ковид-19. Така, заеднички ги водевме скопскиот и охридскиот аеродром среде најголемата „бура“ за воздухопловството – кризата со Ковид-19. Тесно соработувавме и се справивме со секој предизвик, вложувајќи ги нашите најдобри напори за закрепнување на патничкиот сообраќај, одржувајќи ја мотивацијата на вработените на високо ниво за да го одржиме нашиот бизнис-модел. Сега, додека се движиме по позитивниот бран на пораст на патничкиот сообраќај, моите колеги и јас ќе вложиме максимални напори за да продолжи овој тренд, особено сега по пост-пандемскиот период на промени. Како никогаш досега, фокусирани сме да продолжиме да го поддржуваме, подобруваме и да даваме приоритет на искуството на патниците од нашите двата аеродрома додека гледаме во иднината и ги дефинираме нашите цели коишто сакаме да ги постигнеме. И натаму ќе ги развиваме аеродромите во Скопје и Охрид, претворајќи ги во центри на Балканот. Со нашите лични долгогодишни искуства во управувањето со аеродромите и знаењата и вештините на меѓународно ниво на нашата матична компанија – ТАВ Аеродроми, ќе ги следиме светските авијациски трендови, ќе водиме нови проекти и ќе продолжиме да им служиме на нашите клиенти на најдобар можен начин“, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија. Неџат Курт работи во воздухопловниот сектор 23 години, а уште од влезот на ТАВ на македонскиот пазар е дел од високиот менаџмент на ТАВ Македонија. Во 2008 година беше назначен од страна на ТАВ Аеродроми како еден од менаџерите кои го водеа проектот за концесија во Македонија. Тој работеше на скопскиот аеродром 2 години, а во 2010 година беше назначен за менаџер на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид. По 2 години, во 2012 година беше назначен за менаџер на скопскиот аеродром и управуваше со целокупните аеродромски операции во македонскиот главен град. Во 2014 година, ТАВ Аеродроми го назначи Курт за Координатор за транзиција на меѓународниот аеродром Принц Мохамед Бин Абдулазиз во Медина, Саудиска Арабија. Таму тој ја организираше транзицијата од стар во нов аеродромски терминал. Меѓународниот аеродром Принц Мохамед Бин Абдулазиз во Медина, Саудиска Арабија е првиот приватизиран аеродром во Саудиска Арабија. Во 2016 година, Курт беше назначен за Координатор за ORAT односно Координатор за оперативна подготвеност и аеродромски трансфер во терминал и во јавна зона на аеродромот во Загреб во Хрватска. Тој работеше заедно со француската Групација АДП (ADP Group), за да обезбеди успешна транзиција и работа на аеродромот, додека не заврши изградбата на новата терминална зграда на аеродромот во Загреб и новиот терминал беше пуштен во функција во 2017 година. Во август 2017 година, Курт беше назначен за Координатор за аеродромски операции на 3 аеродроми кои се преземени под концесија од Кралството Саудиска Арабија од страна на ТАВ Аеродроми, по што следи улогата на Претседател на Комитетот одговорен за аеродромска дигитализација на аеродромот во Медина во 2018 година. Кон крајот на 2018 година, Курт се врати во Македонија, како Координатор за аеродромски операции, одговорен за целокупното оперативно работење на аеродромите во Скопје и Охрид. Во првиот квартал од 2019 година, Курт беше назначен за Заменик генерален директор за операции на ТАВ Македонија. Неџат Курт е Турчин по потекло кој е роден и израснал во Германија. По завршувањето на средното образование, тој го продолжил своето високо образование на студиите за туризам и хотелски менаџмент на Универзитетот Текирдаг во Турција. Дипломирал политички науки и дипломатија на Американскиот универзитет на Европа во Скопје. Моментално, Курт посетува МБА студии по авијациски менаџмент на Универзитет Дунав во Кремс, Австрија. Тој е дипломиран професионалец за управување со аеродроми и е носител на титулата Професионалец за аеродромски операции (IAP – Airport Operations Professional) одобрена од ICAO – Меѓународната организација за цивилно воздухопловство и од ACI – Меѓународниот совет на аеродроми. Покрај турскиот, како негов мајчин јазик, Курт течно зборува англиски и германски јазик. ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, ги заврши првите четири месеци од 2023 година, јануари – април, со 753.377 патници на двата македонски аеродрома, што е зголемување за 44% во однос на истиот период во 2022 година, a 8% во однос на 2019 година која се смета за реферетна. Во исто време, бројот на летови на двата аеродрома изнесува 6.010, со годишен пораст од 35% и 4% во однос на 2019 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedhat-kurt-naznachen-za-generalen-direktor-na-tav-makedonija/feed/ 0
Летови Сплит-Скопје, Белград-Охрид… и бројни сезонски линии со летниот ред на летање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/letovi-split-skopje-belgrad-ohrid-i-brojni-sezonski-linii-so-letniot-red-na-letane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/letovi-split-skopje-belgrad-ohrid-i-brojni-sezonski-linii-so-letniot-red-na-letane/#respond Sat, 25 Mar 2023 08:54:09 +0000 https://kurir.mk/?p=816269

Нови летови и нови авиолинии од домашните аеродроми се најавуваат во текот на летната сезона. Летниот ред на летови започнува да се применува од ноќеска на полноќ. Од ТАВ Македонија за МИА велат дека очекуваат успешна летна сезона и оваа да биде година на целосно постпандемиско закрепнување. -„Lufthansa“ од 23 април ќе почне да лета на релација Франкфурт-Скопје-Франкфурт, со десет летови неделно. Нова дестинација, Сплит, ќе биде воведена од страна на „Croatia Airlines“ од скопскиот аеродром. Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Северна Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12 мај до 14 октомври 2023 година, два пати неделно. Уште еден новитет доаѓа од охридскиот аеродром и од авиокомпанијата Air Serbia, која ќе ја обнови линијата Белград-Охрид од јуни 2023 година. Македонскиот туристички и културен центар Охрид ќе се поврзува авионски со Белград четири пати неделно, изјавија за МИА од ТАВ Македонија. Како и во изминатите летни сезони, и оваа, ќе има сезонски летови од скопскиот аеродром до летните дестинации како Анталија, Измир, Бодрум, Хургада и Тунис (Монастир/Енфида). Овие сезонски летови најчесто почнуваат кон крајот на мај се до октомври. -Секако, очекуваме и повеќе патници од сезонските линии на Охридскиот аеродром од традиционалните дестинации/земји од/до кои се лета во текот на летната сезона, како што се Холандија (Амстердам и Мастрихт) и Полска (Варшава и Катовице). Со ова, ТАВ Македонија очекува успешна летна сезона и очекува оваа година да биде година на целосно постпандемиско закрепнување, велат од ТАВ Македонија. Според актуелниот ред на летање за скопскиот аеродром, 20 авиокомпании сообраќаат до вкупно 44 дестинации, додека од охридскиот аеродром сообраќаат шест авиокомпании до девет дестинации. Сепак, како што потенцира аеродромскиот оператор, редот на летови секогаш може да претрпи промени, односно како што ги добиваат информациите од авиокомпаниите. Ова е причината поради која ТАВ Македонија секогаш ги советува патниците да ги следат веб-страниците на скопскиот и охридскиот аеродром за ажурирање во реално време и секако, да проверат кај авиокомпанијата со која патуваат. Според ТАВ Македонија, севкупно, зимската сезона може да се оцени како успешна, особено, како што потенцираат, ако се има предвид фактот дека сѐ уште на некој начин транзитираме од кризниот период и се стремиме да ги надминеме бројките од 2019 година. Аеродромскиот оператор посочува дека двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид имаа успешна 2022 година со значително закрепнување на патничкиот авиосообраќај, со што достигнале приближно 2,4 милиони патници или вкупно 2.371.423 патници и 19.448 реализирани летови. -Ако се земат предвид бројките само за зимската сезона, 2022/2023 година, или периодот од 30 октомври 2022 година до 26 март, резултатите ги следат позитивните стапки на закрепнување на воздушниот сообраќај по кризата. Приближно 340 000 патници во ноември и во декември патувале од двата аеродрома, скопскиот и охридскиот. Сепак, она што особено нé радува е што 2023 година ја започнавме со нагорен тренд или првите два месеца покажуваат позитивни резултати и во однос на 2022 и 2019 година како референтна година, посочуваат од ТАВ Македонија. На скопскиот и охридскиот аеродром во јануари и февруари имало вкупно 310 127 патници, што е зголемување за околу 35, односно 56 отсто, соодветно. Во споредба со 2022 година, јануари годинава има зголемување на бројот на патници за три проценти, додека февруари е на речиси исто ниво со февруари 2019 година. -Добар позитивен тренд бележат и бројките за остварениот број на летови, а вкупните летови во периодот од ноември до февруари изнесуваат 5480, што повторно на месечно ниво, поединечно бележи зголемување на бројот на движење на авионите. Карго-сообраќајот за истиот период од четири месеци е 1133 тони. Бидејќи зимската сезона сè уште трае, сè уште немаме бројки за статистиките и бројките за сообраќај за март, но, сепак, со оглед на тоа како почна годината, уверени сме дека бројките ќе покажат зголемување на сообраќајот на патници и летови, велат за МИА од ТАВ Македонија. Нови авиолинии во државава се очекуваат со повикот за доделување субвенции. На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Виз ер”. Тековниот повик за субвенции следуваше по поништувањето на претходниот што го објави Министерството за транспорт и врски, на кој аплицираа авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“, но Комисијата за евалуација констатираше дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација. Од ТАВ Македонија, на прашањето на МИА како се одразува ваквиот тек на работите околу субвенционирањето на авиолините, порачуваат дека како аеродромски оператор со задоволство би ги поздравиле и пречекале новите авиокомпании и дека ќе продолжат да вложуваат напори и да инвестираат во одлични аеродромски услуги. -Субвенциите што им се доделуваат на авиокомпаниите се одличен инструмент за државата да привлече нови авиокомпании да започнат со работа од скопскиот или охридскиот аеродром. Новите авиокомпании секогаш носат нови дестинации, зголемени фреквенции и конкуренција, и конечно, луѓето можат да избираат од поширокиот избор на мапата со мрежа на дестинации и ќе го планираат своето патување со најповолната понуда и лет. Додавањето нови авиокомпании и воспоставувањето нови авиолинии се исто така корисни за зголемување на можностите за домашните и меѓународните патници кои патуваат од нашите аеродроми, за бизнис-заедницата, но и за регионот, бидејќи патниците од гравитациската зона дополнително би биле привлечени да патуваат од нашите аеродроми. Друга придобивка, исто така, е тоа што може да го направи нашиот воздухопловен пазар препознатлив во регионот со широка мрежа на дестинации, укажува аеродромскиот оператор. Со тековниот повик за субвенции се доделува финансиска поддршка за нови авиолинии за периодот 2023 - 2025 година. Износот за субвенциите за годинава изнесува 1,1 милион евра. Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира и број на седишта понудени на продажба. Поддршката ќе изнесува седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје и 4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. На јавниот повик можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат критериумите: да поседуваат уверение за работа издадено од земја членка на Европската Унија согласно прописите за издавање на уверение за работа на авиопревозници, да имаат превезено најмалку 10 милиони патници во 2019 година, да имаат остварено профит од минимум 25 милиони евра во 2019 година и да достават изјава заверена на нотар, дестинацијата за која добива финансиска поддршка од државата и по завршувањето на финансиската поддршка да продолжи да ја оперира за период за кој ги добивал субвенциите. Во спротивно ќе биде должен да го врати целиот износ на средства што ги добил како финансиска поддршка. Понуди на повикот може да се доставуваат до 31 месецов, а отворањето е предвидено за 3 април годинава во 12 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/letovi-split-skopje-belgrad-ohrid-i-brojni-sezonski-linii-so-letniot-red-na-letane/feed/ 0
Се огласија и од Меѓународниот Аеродром Скопје по дојавата за бомба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasija-i-od-megjunarodniot-aerodrom-skopje-po-dojavata-za-bomba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasija-i-od-megjunarodniot-aerodrom-skopje-po-dojavata-za-bomba/#respond Thu, 05 Jan 2023 15:58:37 +0000 https://kurir.mk/?p=784049

Единици на МВР по преземени на сите неопходни мерки и проверки утврдиле дека се лажни заканите упатени преку електронска пошта за поставена експлозивна направа на Меѓународниот Аеродром Скопје. Од ТАВ Македонија информираа дека на Меѓународниот Аеродром Скопје денеска добиле закана преку електронска пошта за поставена експлозивна направа и случајот веднаш го пријавиле во Министерството за внатрешни работи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasija-i-od-megjunarodniot-aerodrom-skopje-po-dojavata-za-bomba/feed/ 0
Утринава откажани два лета поради магла од скопскиот аеродром https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utrinava-otkazani-dva-leta-poradi-magla-od-skopskiot-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utrinava-otkazani-dva-leta-poradi-magla-od-skopskiot-aerodrom/#respond Wed, 04 Jan 2023 11:41:11 +0000 https://kurir.mk/?p=783759

Два лета биле откажани од 8:30 часот утринава на Меѓународниот Аеродром Скопје, како резултат на ниската видливост поради густата магла. -Очекуваме подобрување на временските услови после 12 часот напладне. За евентуални промени во редовниот распоред на летови ги упатуваме патниците да ја следат нашата веб-страница www.skp.airports.com.mk каде што сите промени со летовите се ажурираат во реално време, како што ги добиваме во нашите системи, информираат од ТАВ Македонија. За итни информации, патниците можат да се јават на Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333”
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utrinava-otkazani-dva-leta-poradi-magla-od-skopskiot-aerodrom/feed/ 0
Полетуваат авионите од скопскиот аеродром, одложено слетувањето на авионот од Истанбул https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poletuvaat-avionite-od-skopskiot-aerodrom-odlozeno-sletuvanjeto-na-avionot-od-istanbul/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poletuvaat-avionite-od-skopskiot-aerodrom-odlozeno-sletuvanjeto-na-avionot-od-istanbul/#respond Tue, 03 Jan 2023 08:12:29 +0000 https://kurir.mk/?p=783371

Од Меѓународниот аеродром Скопје и покрај маглата утрово полетаа шест авиони, дел со мало задоцнување, додека патниците од Истанбул со авионот што требаше да слета во 7:55 се очекува да пристигнат со еден час задоцнување. На веб страната на аеродромот пристигнувањето на авионот од Истанбул е најавено со еден час задоцнување. Следното слетување на аеродромот е после 11 часот. Изутринава магла имаше во повеќе места во земјата, како и на неколку патни правци. Во Скопје претпладнево има појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец што ќе предизвика делумно намалување на маглата. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени. Поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина, на Скопскиот аеродром од 20 часот завчера до девет часот изутрината вчера беа откажани девет лета, а четири пренасочени.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poletuvaat-avionite-od-skopskiot-aerodrom-odlozeno-sletuvanjeto-na-avionot-od-istanbul/feed/ 0
ТАВ Македонија со информација за состојбата на Скопскиот аеродром како резултат на маглата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-makedonija-so-informacija-za-sostojbata-na-skopskiot-aerodrom-kako-rezultat-na-maglata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-makedonija-so-informacija-za-sostojbata-na-skopskiot-aerodrom-kako-rezultat-na-maglata/#respond Mon, 02 Jan 2023 15:01:43 +0000 https://kurir.mk/?p=783285

Поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина, на Скопскиот аеродром од 20 часот синоќа до девет часот изутрината се откажани девет лета, а четири се пренасочени. Од 9 часот натаму, авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се одвива по регуларниот распоред и до 17 часот не очекуваме нарушувања, информира аеродромскиот концесионер ТАВ Македонија. Согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации, посочуваат од ТАВ Македонија, тие им организираа превоз и хотелско сместување на патниците од овие летови. За сите натамошни информации во врска со откажаните летови, ги упатуваме патниците да се обратат кај својата авиокомпанија. -Ги упатуваме патниците да ја следат нашата веб-страница: skp.airports.com.mk, во делот Летови (Заминувања/Пристигнувања), каде што евентуалните промени во редовниот распоред на летови се ажурираат во реално време, како што ги добиваме информациите во нашите системи. Доколку им се потребни дополнителни информации, можат да се јават на шалтерот за информации, кој работи 24/7, на телефонскиот број +389 2 3148 333, се навеудва во изјавата од ТАВ Македонија за состојбата на Скопскиот аеродром како резултат на магла.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-makedonija-so-informacija-za-sostojbata-na-skopskiot-aerodrom-kako-rezultat-na-maglata/feed/ 0