тав – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 06 Oct 2023 09:03:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тав – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На скопскиот аеродром треба да пристигнете ТРИ ЧАСА пред летот – ова е апелот на ТАВ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-skopskiot-aerodrom-treba-da-pristignete-tri-chasa-pred-letot-ova-e-apelot-na-tav/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-skopskiot-aerodrom-treba-da-pristignete-tri-chasa-pred-letot-ova-e-apelot-na-tav/#respond Fri, 06 Oct 2023 09:03:06 +0000 https://kurir.mk/?p=885965

ТАВ апелира до патниците од 9 октомври да пристигнуваат на шалтерите три часа пред летот, бидејќи авиокомпанијата ќе врши надградба на системот за багаж. - Почнувајќи од 9-ти октомври (понеделник), до крајот на ноември 2023 година, односно во период од два месеци, на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе се врши надградба на системот за ракување со багаж. Затоа, апелираме до сите вас коишто ќе патувате во наведениот временски период преку Меѓународниот Аеродром Скопје, да пристигнувате на аеродромот, односно на шалтерите за пријавување патници и багаж, три часа пред планираното време на полетување на вашиот лет, апелираат од компанијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-skopskiot-aerodrom-treba-da-pristignete-tri-chasa-pred-letot-ova-e-apelot-na-tav/feed/ 0
ТАВ Аеродроми најави нова авио линија од Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-aerodromi-najavi-nova-avio-linija-od-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-aerodromi-najavi-nova-avio-linija-od-makedonija/#respond Fri, 01 Sep 2023 09:20:23 +0000 https://kurir.mk/?p=873351

ТАВ Аеродроми го најавуваат влегувањето на нова авиокомпанија на македонскиот авијациски пазар, водечката авиокомпанија на Балтикот, латвиската авиокомпанија airBaltic и воведувањето на нова авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје, на релација Скопје–Рига–Скопје, откако авиокомпанијата го најави распоредот на летови со сите нови линии за следната летна сезона во 2024 година. Македонскиот главен град Скопје ќе биде поврзан со Рига, главниот град на Латвија, два пати неделно, од 3 мај, 2024, до 30 септември, 2024. Новата сезонска авиолинија на airBaltic, од скопскиот аеродром, ќе им овозможи на клиентите поврзување од витално значење со балтичките држави и светот и ќе им овозможи да ги истражуваат овие различни региони со огромна леснотија и удобност. Претставниците на ТАВ Аеродроми се воодушевени за веста дека airBaltic од следната летна сезона во 2024 година влегува на македонскиот авијациски пазар со воведување на новата авиолинија Скопје–Рига–Скопје, бидејќи оваа новина ќе создаде зголемени можности за клиентите кои патуваат преку Меѓународниот Аеродром Скопје. „Воведувањето на нов лет до Рига од скопскиот аеродром и додавањето на airBaltic како нова авиокомпанија во портфолиото на ТАВ, како и влегувањето на авиокомпанија на македонскиот авијациски пазар е одлична вест. Ова дополнување ќе им овозможи на клиентите беспрекорен пристап до многу културни, историски и деловни дестинации. Оваа нова авиолинија не само што ќе ја подобри поврзаноста, туку и ќе им овозможи на патниците да ги истражуваат овие различни региони со леснотија и удобност – Рига, со својот волшебен спој на историја, култура и современост, во исто време и бизнис-центар во балтичкиот регион, и Скопје и балканскиот регион, со своето историско значење, природни убавини, кујна и гостопримство. Честитаме на airBaltic и ја цениме нивната одлука бидејќи оваа нова авиолинија ќе ги поврзе балтичкиот и балканскиот регион.“ -изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. „airBaltic и натаму е водечка авиокомпанија во регионот, а со воведувањето на 11 нови линии следното лето, ќе ја зајакнеме нашата позиција и нашата амбиција да растеме, подобрувајќи ја поврзаноста од Балтикот. При подготовките за следна сезона, секогаш внимателно ја проценуваме состојбата на пазарот и побарувачката. Овој пат, идентификувавме можност да ја прошириме нашата мрежа во Централна и Југоисточна Европа со конекции со балтичките и нордиските земји. Затоа, драго ни е да ја прошириме понудата на airBaltic следното лето со практични и погодни директни летови до и од овој регион.“ – изјави Мартин Гаус, претседател и главен извршен директор на airBaltic. Билетите за новата авиолинија се достапни за резервација преку веб страницата на airBaltic www.airbaltic.com, со цени почнувајќи од 89 евра за патување во еден правец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-aerodromi-najavi-nova-avio-linija-od-makedonija/feed/ 0
ТАВ: Авиокомпанијата Луфтханза ќе почне да лета од Франкфурт до Скопје од април 2023 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-aviokompanijata-lufthanza-kje-pochne-da-leta-od-frankfurt-do-skopje-od-april-2023/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-aviokompanijata-lufthanza-kje-pochne-da-leta-od-frankfurt-do-skopje-od-april-2023/#respond Mon, 19 Dec 2022 11:35:12 +0000 https://kurir.mk/?p=777561

Германскиот авиопревозник Луфтханза, влегува на македонскиот авијациски пазар со отпочнување летови на линијата Франкфурт – Скопје од 23 април 2023 година, соопшти ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите помеѓу двата града. Како што велат од ТАВ Македонија Луфтханза ќе ги поврзе македонскиот главен град со главниот аеродром во Франкфурт нудејќи летови од Меѓународниот Аеродром Скопје секој ден во неделата, а во некои денови ќе лета по два лета неделно, со авиони од видот: ербас A319, ербас A320 и ербас A321. Среќни сме што Луфтханза одлучи да влезе на македонскиот пазар, со отпочнување на летови на релација Франкфурт – Скопје. Ова значи дека Меѓународниот Аеродром Скопје од април следната година ќе биде поврзан со аеродромот во Франкфурт, кој е главното германско авијациско седиште и еден од најважните трансфер-аеродроми во Европа. Дополнително, високата честота на летовите – авиокомпанијата ќе лета секој ден во неделата, а во некои денови и по два пати дневно, дава одлична флексибилност за нашите патници кои патуваат за Германија и оние што се поврзуваат со Европа и Северна Америка. Оваа нова конекција е особено важна за патниците кои патуваат за бизнис-цели и ќе понуди нови опции за авионскиот карго-превоз кон Германија, која е главен трговски партнер на Северна Македонија, се нагласува во соопштението од ТАВ Македонија. Влезот на групацијата Луфтханза, велат од ТАВ Македонија, е резултат на континуираните маркетиншки активности на ТАВ, се со цел да привлече нови авиокомпании и да ги убеди да отворат нови дестинации од македонските аеродроми. Одлично е што нашата мрежа на авиолинии ќе се прошири и веруваме дека Луфтханза ќе додаде на вредноста на услугите што им ги нудиме на нашите патници од Меѓународниот Аеродром Скопје, посочува Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија. Како што велат од Луфтханза, летовите на релација Франкфурт-Скопје се планирани да бидат привлечни и за деловните патници и за туристите. Германскиот авиопревозник го додава Скопје во својата мрежа на линии од летната сезона во 2023 година со цел да ја зајакне својата позиција во Источна Европа. Продажбата на авиобилетите е веќе почната. Сите информации за цени и резервации на авионските карти се достапни на веб-страницата на Луфтханза: https://www.lufthansa.com/, како и кај лиценцираните туристички агенции кои вршат продажба на авиобилети. ТАВ Македонија ги заврши 11-те месеци од 2022 година со 2,2 милиона (2.190.352) патници на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св.апостол Павле Охрид, што е зголемување за 74 отсто во споредба со истиот период лани, но сепак за 12 отсто помалку споредбено со 2019 година, која се смета за референтна година во авијацијата пред појавувањето на кризата со КОВИД-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tav-aviokompanijata-lufthanza-kje-pochne-da-leta-od-frankfurt-do-skopje-od-april-2023/feed/ 0
Демант од ТАВ, нема да бидат отпуштени 400 вработени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-od-tav-nema-da-bidat-otpushteni-400-vraboteni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-od-tav-nema-da-bidat-otpushteni-400-vraboteni/#respond Wed, 02 Sep 2020 15:54:24 +0000 https://kurir.mk/?p=398403

Компанијата ТАВ не отпушта вработени и бројката од 400 вработени е апсолутно неточна. Нема никаква логика, бидејќи функционирањето на нашите аеродромски операции не би било возможно со толкаво намалување на бројот на луѓе, се истакнува во демнатот на операторот со скопскиот аеродром. „Како резултат на кризата предизвикана од ковид-19, која сериозно ја погоди авијацијата во глобални рамки, по повторното отворање на аеродромите нашите операции се намалени, следствено и нашите приходи се намалени исто така, додека трошоците останаа исти. Поради ова, работиме да го балансираме континуитетот на бизнисот и вработувањата“, се наведува во дописот на ТАВ. Претходно од ТАВ и во самиот прилог на телевизија Алфа беа негирани информациите дека отказите се процесуираат веднаш откако заврши рокот до кој не смееше да има отпуштања во фирмите кои зеле државна помош поради коронакризата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-od-tav-nema-da-bidat-otpushteni-400-vraboteni/feed/ 0
Скопскиот аеродром со 37 редовни авиолинии во зимскиот ред на летање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopskiot-aerodrom-so-37-redovni-aviolinii-vo-zimskiot-red-na-letanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopskiot-aerodrom-so-37-redovni-aviolinii-vo-zimskiot-red-na-letanje/#respond Wed, 31 Oct 2018 09:52:09 +0000 https://kurir.mk/?p=121756

Со зимскиот распоред на летање што стапи во сила на Меѓународниот аеродром Скопје  функционираат 37 редовни авиолинии до 35 дестинации што се опслужени од 13 авиокомпании, информираат за МИА од ТАВ Македонија, концесионерот на македонските аеродроми. Најновата дестинација додадена во распоредот на скопскиот аеродром е редовниот лет од Атина до Скопје, со кој од утре ќе оперира „Ејџиан Ерлајнс“ (Aegean Airlines). Нискобуџетниот авиопревозник „Визер“ има летови до: Братислава, Брисел (Шарлероа), Будимпешта, Келн, Копенхаген, Дортмунд, Ајндховен, Франкфурт (Хан), Фридрихшафен, Гетеборг, Хамбург, Хановер, Малме, Малта, Милано (Малпенса), Минхен (Меминген), Нирнберг, Осло (Сандефјорд), Париз (Бувоа), Рим, Стокхолм (Скавста), Венеција (Тревизо) и Лондон (Лутон). „Катар ервејс“ оперира до Доха, „Флајдубаи“ до Дубаи, Истанбул е опслужуван од „Туркиш ерлајнс“ кои летаат до „Ататурк“, и „Пегасус ерлајнс“ што летаат до „Сабиха Гокчен“. „Адриа ервејс“ лета до Љубљана, „Аустриан“ до Виена, „ЛОТ Полиш“ до Варшава, „Кроација“ до Загреб, Ер Србија до Белград, додека „Еделвајс“ и „Германија флуг“ го опслужуваат Цирих. – На Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, „Визер“ ќе ја отвори Виена како нова дестинација и редовна линија во текот на целата година, почнувајќи од 17 ноември 2018, велат од ТАВ Македонија. Охридскиот аеродром во текот на годината има три редовни авиолинии – Виена, Цирих и Базел, и осум сезонски дестинации (Истанбул, Катовице, Варшава, Талин, Ајндховен, Тел Авив, Брисел и Амстердам) опслужувани од 11 авиокомпании („Визер“, „Онур ер“, „Смол планет ерлајнс“, „Ентер ер“, „Нордика“, „Корендон“, „Аркиа“, „ТУИФлај“, „Германиа Флуг“, „Хелветик“, „Брисел ерлајнс“). Во првите девет месеци од 2018 година услугите на двата аеродрома ги користеле 1,8 милиони патници, што е пораст од 18 отсто во споредба со истиот период лани. Бројот на летови, пак, од јануари до септември годинава на двата аеродроми е 15.395, што е зголемување од 12 проценти. Од ТАВ Македонија велат дека очекуваат досегашното темпо на двоцифрен пораст на патничкиот сообраќај да продолжи до крајот на годинава. Како што потенцираат, резултатите што ги остваруваат македонските аеродроми се повисоки од официјалниот просек од 4,8 отсто во Европската Унија, како и од растот од 6,8 проценти на аеродромите надвор од ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopskiot-aerodrom-so-37-redovni-aviolinii-vo-zimskiot-red-na-letanje/feed/ 0
Од денес директна авиолинија Скопје-Варшава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-direktna-aviolinija-skopje-varshava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-direktna-aviolinija-skopje-varshava/#respond Fri, 01 Jun 2018 06:11:00 +0000 https://kurir.mk/?p=60814

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска напладне ќе пристигние првиот директен лет од Варшава во Скопје, на полската авиокомпанија LOT Polish Airlines. Според организаторот ТАВ Македонија на пречекот на авионот на LOT, предвидено е присуство и обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој и комерцијалениот директор на LOT, Михал Фијол. Летовите на оваа линија ќе се реализираат шестпати неделно, освен во недела. Секој понеделник, среда и петок се предвидени  полетувања од аеродромот „Шопен“ во Варшава во 10:35 часот, а пристигнување во Македонија во 12:40 часот. Патниците на летот од Скопје за Варшава ќе заминуваат во 13:20 часот. Секој вторник, четврток и сабота летот од Варшава е закажан за во 14:25 часот, а да слета во Скопје во 16:30 часот. Поаѓањето од Скопје е планирано да биде во 17:10 часот, додека пристигнувањето во Варшава е во 19:15 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-direktna-aviolinija-skopje-varshava/feed/ 0