тажна вест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Mar 2023 21:54:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тажна вест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тажна вест: Почина штипскиот бизнисмен Ване Богдов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazhna-vest-pochina-shtipskiot-biznismen-vane-bogdov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazhna-vest-pochina-shtipskiot-biznismen-vane-bogdov/#respond Mon, 13 Mar 2023 21:54:26 +0000 https://kurir.mk/?p=811577

При вечерната прошетка во центарот на Штип на Пешачкиот мост близу паркот Суитлак, околу 21 часот, паднал, веројатно откако доживеал срцев удар Ване Богдов, познат бизнисмен, долгогодишен сопственик на конфекцијата ВаБо. Речиси во истиот момент на местото се нашол студент по медицина од Турција, кој го реанимирал и успеал да му го поврати пулсот. Богдов брзо бил пренесен во болницата со возило на Итната помош, меѓутоа, не успеал да преживее. Ване Богдов имаше 63 години. Нашироко во државата беше познат по тоа што ја предаде својата компанија на управување на работниците, кои успешно продолжија со бизнисот. Познат хуманост, стопанственик, добитник на признанието Свети Никола, Богдов на градот му ја остави и уникатната црква „Свети Константин и Елена“. Извор: ММС.МК]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazhna-vest-pochina-shtipskiot-biznismen-vane-bogdov/feed/ 0
ТАЖНА ВЕСТ: Почина Анастасија – првенката на македонската опера и балет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tazna-vest-pochina-anastasija-prvenkata-na-makedonskata-opera-i-balet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tazna-vest-pochina-anastasija-prvenkata-na-makedonskata-opera-i-balet/#respond Sun, 11 Dec 2022 19:47:05 +0000 https://kurir.mk/?p=774052

На 11 декември 2022 македонската опера се прости од првенката на македонската опера и балет Анастасија Низамова Мухиќ. Оперската дива беше вљубеник во планините, почина на денот на кој се одбележува меѓународниот Ден на Планината со темата „жените ги движат планините“. Анастасија Низамова Мухиќ беше мецосопран, првенка на Операта на МНТ. Дипломирала солопеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје (проф. К. Трпков), а специјализирала во Италија. Дебитирала на оперската сцена на МНТ со улогата на Ненси во операта Алберт Хе-ринг. Во МНТ е од 1972 година. Таа е носителка на повеќе од 20 насловни и повеќе споредни улоги од својот фах, во кои демонстрира музикалност и темперамент во сценската изведба. Позначајни улоги: Орфеј (Орфеј и Евридика), Керубин (Свадбата на Фигаро), Ацучена (Трубадур), Адалџиза (Норма), Амнерис (Аида), Кармен, Розина (Севилскиот бербер), Мадалена (Риголето), Улрика (Бал под маски), Ирена (Цар Самуил). Настапувала и на концертниот подиум со соло-рецитали, во вокално-инструментални дела и во областа на забавната музика - како интерпретатор на џез-композиции и спиритуали. Гостувала во Канада, САД, Полска, Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tazna-vest-pochina-anastasija-prvenkata-na-makedonskata-opera-i-balet/feed/ 0
ТАЖНА ВЕСТ: Почина адвокатката Јулијана Неделковска, беше многу млада и успешна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-pochina-advokatkata-julijana-nedelkovska-beshe-mnogu-mlada-i-uspeshna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-pochina-advokatkata-julijana-nedelkovska-beshe-mnogu-mlada-i-uspeshna/#respond Wed, 31 Mar 2021 18:10:42 +0000 https://kurir.mk/?p=490449

Со неизмерна тага денес ја испративме кон вечен мир и спокој нашата драга другарка и колешка Јулијана, информираа денеска од „Адвокатско друштво Бранко Кузманоски и партнери“. -Јуле се грижеше за сите нас со цело свое битие и донесе радост и среќа на многумина. За жал, ние повеќе не можеме да ти возраќаме на твојата добрина. Невидлива сила прерано те оддели од најблиските, те оддели од сите нас. Ти беше ѕвезда и на земјата. Остави силен впечаток и резултати со секој твој настап – и како личност и како адвокат. Токму затоа толку силно, болно и молњевито се разнесе жалната вест за твојата прерана смрт. Кај сите што допре само плач, бол и неверување. Остави длабок белег во многу срца. Нека сјае на небото твојата ѕвезда Јуле. Греј ги сега душите на твоите блиски и на сите кои ќе им недостасуваш. И сама знаеш ангелу Наш, дека тоа се многу, многу луѓе. Ќе бидеш во вечен Наш спомен. Почивај во мир Јуле! Нека ти е вечна славата!, стои во нивната објава на Фејсбук. Редакцијата на КУРИР изразува искрено сочувство до нејзиното семејство, колегите и пријателите. Нека почива во мир!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-pochina-advokatkata-julijana-nedelkovska-beshe-mnogu-mlada-i-uspeshna/feed/ 0
ТАЖНА ВЕСТ: Почина проф. д-р Миколај Кузиновски, редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-pochina-prof-d-r-mikolaj-kuzinovski-redoven-profesor-na-mashinskiot-fakultet-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-pochina-prof-d-r-mikolaj-kuzinovski-redoven-profesor-na-mashinskiot-fakultet-vo-skopje/#respond Sun, 01 Nov 2020 15:12:29 +0000 https://kurir.mk/?p=423334

Во Скопје денеска почина проф. д-р Миколај Кузиновски, редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје. Професорот Кузиновски учествуваше во делот на образовниот процес, настава на прв, втор и трет циклус на студии на Машинскиот факултет и важеше за еден од исклучителните истражувачи во полето на науката со објавени преку 130 научни трудови и 130 стручни трудови. Забележително е неговото учество како член на многу уредувачки одбори, редакциски одбори, членство во научни друштва и совети, како и учество во постојани комисии на Наставно-научниот совет на Машински факултет Скопје. Тој е автор и коавтор на неколку книги. Од општествената јавност беше оценет како еден од најдобрите познавачи на состојбите во високото образование, оставајќи непроценливо богатство во развојот на Бирото за метрологија, Советот на Институтот за акредитација на Република Македонија и особено како заменик претстедател на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование на Република Македонија. За проф д-р Кузиновски беше предизвик и одговорност да се работи и на меѓународната соработка, и во таа насока долга низа години ја извршуваше функцијата Координатор за соработка помеѓу Машинскиот факултет во Скопје и Институтот за технологија на машини и автоматизација при Вроцлавската Политехника во Република Полска. Своите визии и прогресивни идеи за подобрување на состојбите јасно ги изразуваше и беше посветен на отворање дијалог за имплементација на подобрувањата, не само на матичниот универзитет, туку и на други универзитети, меѓу кои и Универзитетот Гоце Делчев од Штип, Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, Универзитетот Визион – Гостивар. Професор Кузиновски даде особен придонес во реализацијата на многу проекти во индустријата залагајќи се за примена на научните резултати, и тоа во МЗТ ФОП, МЗТ Пумпи, МЗТ Леарница , Цеменетарница, Свемек и многу други. Добитник е на повеќе награди, признанија и благодарници, меѓу кои и наградата „Награда од Владата на Република Македонија, Министерство за образование и наука на Република Македонија за најдобро оценет научноистражувачки проект со наслов: Современи методи на истражување на карактеристиките на тродимензионалната геометриска структура на обработената површина“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-pochina-prof-d-r-mikolaj-kuzinovski-redoven-profesor-na-mashinskiot-fakultet-vo-skopje/feed/ 0
ТРАГЕДИЈА: Почина 27-годишната жена од Куманово која имаше коронавирус и се породи пред неколку дена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-pochina-27-godishnata-zena-od-kumanovo-koja-imashe-koronavirus-i-se-porodi-pred-nekolku-dena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-pochina-27-godishnata-zena-od-kumanovo-koja-imashe-koronavirus-i-se-porodi-pred-nekolku-dena/#respond Wed, 08 Apr 2020 14:00:52 +0000 https://kurir.mk/?p=329246

Министерството за здравство со големо жалење ја информира јавноста дека предмалку почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово на 27 години. Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот. Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март поради влошена клиничката слика и отежнато дишење. И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста беше фатален. Клиниката за гинeкологија и акушерство информира дека бебето е во добра состојба, се уште е на интензивна нега и под постојан надзор на тимот од клиниката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-pochina-27-godishnata-zena-od-kumanovo-koja-imashe-koronavirus-i-se-porodi-pred-nekolku-dena/feed/ 0
Тажна вест: Почина ѕвездата на „Монти Пајтон“, Тери Џонс (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tazna-vest-pochina-dzvezdata-na-monti-pajton-teri-dzons-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tazna-vest-pochina-dzvezdata-na-monti-pajton-teri-dzons-foto/#respond Wed, 22 Jan 2020 13:29:17 +0000 https://kurir.mk/?p=293229

На 77-годишна возраст почина ѕвездата на „Монти Пајтон“, Тери Џонс, потврди неговиот менаџер. -Тери почина синоќа на 77 години по долга и храбра битка со редок облик на деменција, со која се бореше со својот хумор. Во изминатите денови, сопругата, децата, роднините и пријателите постојано беа покрај него, додека тој полека заминуваше, стои во соопштението на семејството. Џонс беше еден од основачите на хумористичната група „Монти Пајтон“, која засекогаш го промени светот на комедијата кога дебитираше на Би-Би-Си во 1969 година. Роден во 1942 во Колвин Беј, Велс, Џонс студирал англиска книжевност кога го запознал Мајкл Пејлин, со кого потоа почнал да пишува сценарија и да настапува во низа ТВ-серии. Заедно со Џон Клиз, Грем Чепмен, Ерик Ајдл и Тери Гилијам, тие во 1969 ја формираа групата „Монти Пајтон“, чиј „Летечки циркус“ се емитуваше до 1974 година. Продолжувајќи ја соработката со членовите на групата, Џонс потоа ги режираше филмовите „Монти Пајтон и Светиот грал“, „Житието на Брајан“ и „Смислата на животот“. Во 2016 година, Џонс објави дека боледува од деменција и дека се повлекува од сите натамошни настапи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/tazna-vest-pochina-dzvezdata-na-monti-pajton-teri-dzons-foto/feed/ 0
Почина археологот Станковски кој го пронајде Кокино https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-arheologot-stankovski-koj-go-pronajde-kokino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-arheologot-stankovski-koj-go-pronajde-kokino/#respond Mon, 13 Jan 2020 07:55:18 +0000 https://kurir.mk/?p=288758

Почина археологот и машински инженер Јовица Станковски. Семејството информира дека Станковски починал по кратко боледување. Станковски  е роден 1949 година во Куманово. Дипломирал на Машински факултет во Скопје во 1975 година, а во 1986 година дипломирал на Историја на уметност со археологија исто така во Скопје. Тој е археологот кој го пронајде Кокино. Мегалитската опсерваторија е откриена случајно во 2001 год. од страна на  Станковски, а кон крајот на 2001 година биле започнати истражувањата од страна на Народниот музеј во Куманово. Станковски беше долгогодишен директор на НУ Музеј Куманово, како и советник во советот на Општина Куманово. Погребот ќе се одржи утре на градските гробишта во Куманово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-arheologot-stankovski-koj-go-pronajde-kokino/feed/ 0
Тажна вест: Почина Љубе Рајевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-pochina-ljube-rajevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-pochina-ljube-rajevski/#respond Sun, 10 Nov 2019 20:15:37 +0000 https://kurir.mk/?p=262386

По тешко боледување на 10 ноември 2019 година почина Љубе Рајевски. Роден е на 11 март 1955 година во Скопје. Беше долгогодишен директор и член на Управниот одбор во НЛБ банка и придонесе во развојот од штедилница до една од водечките банки во земјата и НЛБ групацијата. Беше активен и во други професионални и општествени подрачја, претседател и член на одбори (Македонската развојна фондација за претпријатија, Триглав). Љубе Рајевски важеше за еден од најпочитуваните банкари во Македонија, но почитта ја стекна со тоа што беше човек пред се, посветен на семејството, другарството, соседството и заедницата. Погребот е на 12 ноември 2019 на гробиштата Бутел Скопје во 13 часот (капела 12 до 13 ч.).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tazna-vest-pochina-ljube-rajevski/feed/ 0
Почина актерката Љупка Арсова Џундева https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akterkata-ljupka-arsova-dzundeva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akterkata-ljupka-arsova-dzundeva/#respond Fri, 07 Dec 2018 10:19:50 +0000 https://kurir.mk/?p=136884

Македонскиот народен театар со голема болка и огромно жалење ја споделува веста за смртта на актерката Љупка Арсова Џундева (1934-2018), тивката дама на македонското актерство. Џундева секогаш со гордост истакнуваше дека припаѓа на втората генерација актери на некогашната Висока театарска школа, а со тоа е дел од создавањето на поновата историја на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот ентузијазам и копнеж по театарската сцена, но и нежниот и милозвучен карактер, безвременска убавина, романтична појава и жесток став во негувањето на звучниот мајчин јазик ја направиле миленичка на театарските режисери, но и на широката театарска, филмска и телевизиска публика. Во Македонскиот народен театар работеше во текот на целиот свој професионален живот од 1951 до 1990 година, кога замина во пензија. Нејзината последна улога на сцената на МНТ се случи во 2015 година, како Марина во претставата „Вујко Вања“ од Чехов во режија на Зоја Бузалковска. Љупка знаеше да каже дека треба да се најде мирот и љубовта кон луѓето, и колку што е можно човек треба да му се радува на животот. „Ние сме многу малку гости на овој свет“, знаеше нашата Буба. „Човек треба да се научи прво да си ги прости своите грешки самиот на себе, а потоа да ги прости и на другите. Кога ќе простиш, ќе го најдеш својот мир и ќе се ослободиш“. Вечна ѝ слава, стои во објавата на МНТ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-akterkata-ljupka-arsova-dzundeva/feed/ 0
Срцепарателни фотографии: Моментот кога Пандев и соиграчите на Астори дознаа за трагедијата https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/srceparatelni-fotografii-momentot-koga-pandev-i-soigrachite-na-astori-doznaa-za-tragedijata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/srceparatelni-fotografii-momentot-koga-pandev-i-soigrachite-na-astori-doznaa-za-tragedijata/#respond Sun, 04 Mar 2018 14:07:40 +0000 http://kurir.mk/?p=27244

Фудбалскиот свет е во тага по ненадејната смрт на Давиде Астори, поради што сите натпревари од Серија А се одложени. Џенова и Каљари требаше од 12:30 часот да го одиграат својот натпревар, но токму кога играчите излегоа на теренот се дозна дека во Удине, во текот на вечерта починал фудбалерот на Фиорентина и италијански репрезентативец. Следуваше молк на „Луиџи Ферарис“, играчите, меѓу кои и нашиот Горан Пандев, и навивачите беа во шок, многумина и заплакаа кога им беше соопштено дека животот го загубил италијанскиот репрезентативец. Капитенот на Фиорентина во сон почина во хотелот во Удине каде неговиот тим требаше да одигра натпревар со домашниот Удинезе.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/srceparatelni-fotografii-momentot-koga-pandev-i-soigrachite-na-astori-doznaa-za-tragedijata/feed/ 0