тц буњаковец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 23 Jul 2022 17:15:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тц буњаковец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Скопјанецот кој искрши 18 автомобили кај Буњаковец бил пијан, еве колкава затворска казна му се заканува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopjanecot-koj-iskrshi-18-avtomobili-kaj-bunjakovec-bil-pijan-eve-kolkava-zatvorska-kazna-mu-se-zakanuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopjanecot-koj-iskrshi-18-avtomobili-kaj-bunjakovec-bil-pijan-eve-kolkava-zatvorska-kazna-mu-se-zakanuva/#respond Sat, 23 Jul 2022 17:15:04 +0000 https://kurir.mk/?p=709385

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. -Осомничениот 48-годишник, на 22 јули, во алкохолизирана состојба, во катната гаража наспроти Трговскиот центар „Буњаковец“ во Скопје, со метална шипка (хебла) и брава од врата оштетил 18 паркирани моторни возила, велат од Обвинителството. Со оглед на тоа што се утврди дека осомничениот со своите дејства причинил материјална штета од поголем обем чиј вкупен износ се проценува на најмалку 208.000 денари, јавниот обвинител оцени дека е исполнет елементот на наведеното кривично дело кое се гони по службена должност и за кое е предвидена казна затвор од една до десет години. До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори делото.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopjanecot-koj-iskrshi-18-avtomobili-kaj-bunjakovec-bil-pijan-eve-kolkava-zatvorska-kazna-mu-se-zakanuva/feed/ 0
Приведено лицето кое искрши 18 возила во катната гаража „Буњаковец“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeno-liceto-koe-iskrshi-18-vozila-vo-katnata-garaza-bunjakovec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeno-liceto-koe-iskrshi-18-vozila-vo-katnata-garaza-bunjakovec/#respond Fri, 22 Jul 2022 12:22:00 +0000 https://kurir.mk/?p=708940

Денеска (22.07.2022) полициски службеници од Полициска станица Центар при СВР Скопје го привеле С.А.(48) од Скопје, постапувајќи по пријави од граѓани примени во 07.25 и 07.40 часот, според кои во катна гаража во близина на трговски центар на подрачјето на Центар било извршено оштетување на нивните патнички возила. Од страна на полициски службеници веднаш е излезено на местото на настанот и по преземени мерки било констатирано дека станува збор за оштетување на 18 патнички возила коишто биле паркирани во катната гаража, според информациите од портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска. Извршен бил увид од страна на увидна екипа, а по дополнителни мерки утврден е сторителот кој ги извршил оштетувањата, кој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. За случајот е известен Јавен обвинител по чии насоки делото е класифицирано по чл.243 од Кривичниот законик и се гони по приватна тужба, а од страна на МВР ќе се преземат сите неопходни активности за документирање на делото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeno-liceto-koe-iskrshi-18-vozila-vo-katnata-garaza-bunjakovec/feed/ 0
ФОТО: Околу 20 автомобили се испокршени во катната гаража „Буњаковец“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-okolu-20-avtomobili-se-ispokrsheni-vo-katnata-garaza-bunjakovec/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-okolu-20-avtomobili-se-ispokrsheni-vo-katnata-garaza-bunjakovec/#respond Fri, 22 Jul 2022 10:47:33 +0000 https://kurir.mk/?p=708879

Утринава биле уништени околу 20 автомобили во катната гаража „Буњаковец“ во центарот на Скопје. На фотографиите може да се забележи дека се искршени предни и задни шофершајбни на автомобилите, но и уништени врати и други делови од возилата. Се уште официјално не е позната причината – што точно се случило, но од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“ го потврдија случајот. „На 22.07 во 07.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во катна гаража во близина на трговски центар на подрачјето на Центар имало оштетено неколку возила. На лице место излезени полициски службеници и се работи на расчистување на случајот“. се наведува во одговорот од МВР. Повеќе фотографии може да погледнете на „Фокус“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-okolu-20-avtomobili-se-ispokrsheni-vo-katnata-garaza-bunjakovec/feed/ 0