тц глобал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 Feb 2021 09:56:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тц глобал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Општините кријат дали и колку пари донирале за обнова на опожарениот ТЦ „Глобал“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtinite-krijat-dali-i-kolku-pari-donirale-za-obnova-na-opozareniot-tc-global/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtinite-krijat-dali-i-kolku-pari-donirale-za-obnova-na-opozareniot-tc-global/#respond Thu, 11 Feb 2021 09:56:26 +0000 https://kurir.mk/?p=467163

Владата на 40-тата седница одржана минатиот месец усвои Информација со која им препорача на државните и јавни институции и на единиците на локална самоуправа да донираат средства за обнова и реконструкција на опожарениот трговски центар „Глобал“. Официјално во јавноста досега не излегоа многу детали за тоа дали институциите и општините ја послушаа Владата. Дали и колку пари одвоиле конкретно општините за оваа намена не е познато. Курир контактираше поголем број општини во Скопје и Македонија, но одговор добивме само од неколку до објавувањето на овој текст. Општините не откриваат дали и финансиски средства во колкав износ планираат да наменат за обнова на опожарениот приватен објект на име на солидарност. Во одговорите кои ги добивме, дел од општините кусо посочуваат дека немаат донесено одлука за финансиска помош, но не откриваат дали во следниот период планираат да донесат таква одлука иако и за тоа беа прашани. Ова се нивните одговори: -Град Скопје нема донесено одлука за давање на финансиска помош за обнова на опожарениот ТЦ „Глобал“ во Струмица. -Општина Штип се уште нема издвоено средства како финансиска помош за обнова на опожарениот ТЦ „Глобал“ во Струмица. -Општина Бутел нема издвоено финансиска помош за обнова на опожарениот ТЦ „Глобал„ во Струмица. -Засега, Општина Битола нема издвоено средства како финансиска помош за обнова на опожарениот ТЦ „Глобал“ во Струмица. Хуманоста е карактеристика која што Општина Битола ја покажала во минатото и за која одлучува Советот на Општина Битола. Најсвеж пример е испратената хуманитарна помош во Албанија по тамошниот земјотрес, како и помошта која Советот ја доделува на поединци во општината, кои се соочиле со последици од елементарни непогоди – поплави, пожари итн. -Во буџетот на општина Куманово нема предвидени средства, ниту донесена Одлука од Советот на општината за помош за обнова на опожарениот ТЦ “Глобал”-Струмица. Од страна на Градоначалникот на општината ќе биде организирана приватна акција за собирање на допринос за помош од опожарување на “Глобал” од вработените во општината на доброволна основа. Општина Карпош во својот одговор посочи дека засега не планира финансиски да ја помогне обновата на „Глобал“, додека од Прилеп наскоро ќе донесат одлука по ова прашање. -Општина Карпош нема издвоено финансиски средства за обнова на опожарениот ТВ ,,Глобал” во Струмица. Сега засега, не е ниту во план да се одвојат финансиски средства за оваа намена. -Одлука за тоа дали и колкава ќе биде висината на евентуално издвоените финансиски средства за обнова на ТЦ „Глобал“, ќе донесе Советот на Општина Прилеп, на следната седница која ќе се одржи на 19-ти февруари. Една од општините од кои не добивме одговор е и скопската општина Аеродром. На последната седница на советот се расправало за оваа точка, но официјално не е познато колкав износ општината ќе донира, иако одлуката за помош била усвоена од советниците. На социјалните мрежи, пак, кружеше документ на кој пишува дека Општината ќе донира 60.000 денари за „Глобал“. Во записникот од одржаната 50-та седница, објавен на официјалната страна на Општина Аеродром, во расправата по оваа точка, меѓу другото стои и објаснување од претставник од администрација Александар Ѓорѓиевски кој вели дека „повеќето општини веќе помогнаа“. -Појаснување даде Александар Ѓорѓиевски и кажа дека се работи за помош кон Здружение на граѓани Обнова Глобал Струмица. Повикот беше упатен и јавно преку сите медиуми, причините и последици евидентирани во дневник на МВР. До општините беше проследено и преку ЗЕЛС. Ние сме помеѓу последните кои издвојуваат средства за оваа помош. Повеќето општини веќе помогнаа. И во минатото општина Аеродром била солидарна и издвојувала на сличен начин средства за вакви или слични намени, пишува во записникот на одржаната седница. Пожарот во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица се случи во првите денови од јануари годинава. Во гаснењето учествуваа голем број пожарникари и од околните градови. Причинета беше голема материјална штета. Обвинителството информираше дека опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот, а урнат е и дел од покривот на трговскиот центар. Во јавноста се појавија и обвинувања дека во трговскиот центар не биле во функција хидрантите. Инаку, овој трговски центар во јавноста е познат по аболицијата на Зоран Заев. Во тоа време како струмички градоначалник беше уапсен па аболициран од тогашниот претседател Бранко Црвенковски под сомнение за вина за изградбата на „Глобал“ за која документите тогаш презентирани во медиумите покажуваа дека е бесправна. Актуелниот премиер Зоран Заев, кој своевремено беше градоначалник на Струмица, е единствениот аболиран политичар во Македонија, во случај токму поврзан со споменатиот трговски центар „Глобал“. Лидерот на СДСМ во повеќе наврати рече дека е подготвен да се соочи со обвинението за криминалот од 8 милиони евра кој му се става на товар за случајот „Глобал“ но всушност расветлување на слуачјот досега немаше. Во легализација на објектот поради кој во 2008 година беше уапсен Заев учествувале сопственици на фирмата „Де лукс инжинеринг“ кои истовремено биле и косопственици на фирмата „Сара инжинеринг“, каде сопственик е и родениот брат на Зоран Заев, Вице Заев. Двете фирми кои се јавуваа како сопственици на објектот „Глобал“ така директно биле поврзани со луѓе блиски со тогашниот градоначалник Заев. Тогаш упатени во случајот „Глобал“ сведочеа дека тоа е „школски пример“ како имот изграден на незаконски начин преминува во рацете на кланот Заеви.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtinite-krijat-dali-i-kolku-pari-donirale-za-obnova-na-opozareniot-tc-global/feed/ 0
Дрвошанов: Измина цел месец од пожарот во ТЦ Глобал во Струмица, како опозиција нема да изостане нашата задача и бараме одговорност и агилност од властите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drvoshanov-izmina-cel-mesec-od-pozarot-vo-tc-global-vo-strumica-kako-opozicija-nema-da-izostane-nashata-zadacha-i-barame-odgovornost-i-agilnost-od-vlastite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drvoshanov-izmina-cel-mesec-od-pozarot-vo-tc-global-vo-strumica-kako-opozicija-nema-da-izostane-nashata-zadacha-i-barame-odgovornost-i-agilnost-od-vlastite/#respond Fri, 05 Feb 2021 15:58:07 +0000 https://kurir.mk/?p=464801

Измина цел месец откако трговскиот центар Глобал во Струмица беше опожарен. До сега не разбравме ниту за причините за пожарот, ниту видовме одговорност. Особено не од општинската власт која не може да одговори како наводната најголема инвестиција на Заев се најде во таква незавидна состојба, изјави денеска на одржаната прес конференција пред Домот на културата во Куклиш, Жан Дрвошанов, претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица. - Ете денеска, се наоѓаме пред друг опожарен објект од редицата такви во Струмица. Домот на култура во Kуклиш и денеска, по изминати седум години, останува само рушевина. Да потсетиме дека зградата на домот со својата централна позиција има и општествено и стопанско значење, тука се одвива целокупниот живот на најголемото населено место-Куклиш. Очигледно е дека и во овој случај не функционира ниту општинската ниту државната власт на СДСМ, истакна тој. - Како опозиција во Струмица нема да изостане нашата задача постојано да бараме одговорност и агилност од властите: -до каде е одговорноста за опожарените објекти во Струмица? -до каде се проектите за ревитализација на овие објекти и нивно повторно ставање во функција на граѓаните? Би сакале да потсетиме дека во овој објект се одвиваше целокупниот културен живот на ова населено место но, воопшто не зачудува фактот за неговата запоставеност. Гледаме дека СДСМ деновиве е презафатен со спорни и несоодветни кадровски решенија од областа на културата во Струмица, посочи Дрвошанов. - Да потсетиме дека уште тогаш како градоначалник зоран заев најавуваше брзо изградување на овој значаен стопански и културен објект на куклиш и, виновна беше државната власт. Но, на лагата и се кратки нозете. Ете со четири маднати на локална власт и во втор мандат на национална власт на СДСМ објектот на домот на култура во куклиш останува рушевина , додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drvoshanov-izmina-cel-mesec-od-pozarot-vo-tc-global-vo-strumica-kako-opozicija-nema-da-izostane-nashata-zadacha-i-barame-odgovornost-i-agilnost-od-vlastite/feed/ 0
Владата им препорачува на државните институции да донираат пари за обновување на „Глобал“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-im-preporachuva-na-drzavnite-institucii-da-doniraat-pari-za-obnovuvanje-na-global/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-im-preporachuva-na-drzavnite-institucii-da-doniraat-pari-za-obnovuvanje-na-global/#respond Wed, 20 Jan 2021 08:35:59 +0000 https://kurir.mk/?p=457319

Пожарот кој на почетокот од годинава избувна во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица предизвика голема материјална штета. Премиерот Зоран Заев по посетата на опожарениот објект најави дека ќе помогнат во духот на солидарноста. И додека македонските граѓани се уште чекаат вакцини против коронавирус, додека бројот на невработени се зголемува, наместо Владата со конкретни проекти кои ќе донесат бенефит на граѓаните да им помогне, ќе му помага на „Глобал“. На вчерашната седница Владата усвои информација со која на сите државни и јави институции им се препорачува во духот на хуманизмот и солидарноста да донираат за обновување на опожарениот трговски центар „Глобал“. Ова значи дека со пари на граѓаните ќе се обновува приватен објект, за кој за потсетување Заев е аболициран. -Владата на Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата во врска со доставениот Повик за донација од Здружението на граѓани ОБНОВА НА ГЛОБАЛ – Струмица и донесе заклучок да им препорача на органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, на единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како на приватниот сектор имајќи ги предвид хуманизмот и солидарноста како темелни вредности на уставниот поредок, во рамките на своите финансиски можности да донираат средства на Здружението на граѓани ОБНОВА НА ГЛОБАЛ – Струмица со цел обновување и реконструкција на опожарениот објект на ГТЦ Глобал – Струмица, се вели во соопштението од Владата по одржаната седница. Овој трговски центар во јавноста е познат по аболицијата токму на Заев. Во тоа време како струмички градоначалник беше уапсен па аболициран од тогашниот претседател Бранко Црвенковски под сомнение за вина за изградбата на „Глобал“ за која документите тогаш презентирани во медиумите покажуваа дека е бесправна. Актуелниот премиер Зоран Заев, кој своевремено беше градоначалник на Струмица, е единствениот аболиран политичар во Македонија, во случај токму поврзан со споменатиот трговски центар „Глобал“. Лидерот на СДСМ во повеќе наврати рече дека е подготвен да се соочи со обвинениото за криминалот од 8 милиони евра кој му се става на товар за случајот „Глобал“ но всушност расветлување на слуачјот досега немаше. Во легализација на објектот поради кој во 2008 година беше уапсен Заев учествувале сопственици на фирмата „Де лукс инжинеринг“ кои истовремено биле и косопственици на фирмата „Сара инжинеринг“, каде сопственик е и родениот брат на Зоран Заев, Вице Заев. Двете фирми кои се јавуваа како сопственици на објектот „Глобал“ така директно биле поврзани со луѓе блиски со тогашниот градоначалник Заев. Тогаш упатени во случајот „Глобал“ сведочеа дека тоа е „школски пример“ како имот изграден на незаконски начин преминува во рацете на кланот Заеви.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-im-preporachuva-na-drzavnite-institucii-da-doniraat-pari-za-obnovuvanje-na-global/feed/ 0
Стоилковски: Во Глобал нема ПП заштита и тоа бара одговорност за намерно несовесно работење и за корупција која што со години доведува во опасност голем број на човечки животи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-vo-global-nema-pp-zashtita-i-toa-bara-odgovornost-za-namerno-nesovesno-rabotenje-i-za-korupcija-koja-shto-so-godini-doveduva-vo-opasnost-golem-broj-na-chovechki-zivoti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-vo-global-nema-pp-zashtita-i-toa-bara-odgovornost-za-namerno-nesovesno-rabotenje-i-za-korupcija-koja-shto-so-godini-doveduva-vo-opasnost-golem-broj-na-chovechki-zivoti/#respond Wed, 06 Jan 2021 10:43:16 +0000 https://kurir.mk/?p=452380

Зоран Заев се уште бега од одговор за тоа дали лично тој, заедно со неговиот бизнис - партнер во градежниот бизнис Горан Крстев, општинскиот урбанист Стојан Динев, градежниот и урбанистички инспектор Иринка Трајкова, одговорниот за локален економски развој Никола Годев и Кирил Парталов, тогашниот општински секретар, сите обвинети и аболицирани за дивата градба Глобал, се лицата заради чие што несовесното работење се пеплоса Глобал, а со години животи на огромен луѓе се доведувани во опасност, изјави на денешната прес конференција, Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. - Заев и останатите се аболицирани токму за градбата Глобал сега бегаат од одговор дали постоеле двата важни елаборати за градба на јавен објект, а тие се однесуваат на противпожарната заштита - односно како е регулирана хидрантската мрежа и системот за ПП заштита, како и за заштита од удар од гром? Зоран Заев и сите овие лица мора да одговорат дали тие два елаборати воопшто постоеле во првичната документација за реконструкција и за надградба на градското пазариште во Струмица, бидејќи без нив би било невозможно да се одобри градба ниту пак употреба на објект, два документи издадени од Заев за само една недела, за потоа да го изградат трговскиот центар, вели тој. - Глобал, најголемата легализирана дивоградба во Македонија, е изградена и легализирана со потписи на Зоран Заев, дури по шест години од изградбата. Пожарот покажа огромно несовесно работење при градбата, но постојат и силни индиции за пропусти при легализацијата на Глобал. Услов за легализација е објектот да претставува функционална целина, со поставени инсталации и системи за заштита. Па дали инспекциите под ингеренциите на општината Струмица воопшто ги испитале техничките предуслови, меѓу другото и за ПП заштита? Зоран Заев успева да го легализира Глобал во јануари 2014-тата година, а дури по седум години, при огромен пожар се открива вистинската катастрофа - се открива дека објектот на шест ката нема соодветна ПП заштита! Значи несовесно работење на надзорот за време на градбата, а го гради општината, несовесно работење и при легализацијата на објектот, од општинските инспектори, и на крај несовесно работење и сите овие години од општинско ЈП Комуналец Струмица кое што стопанисува со Глобал, тврди Стоилковски. - Вистинска среќа во несреќа е што до сега пожар не однел бројни животи во струмички Глобал, и тоа што пожарот избувна навечер, на празник! Хидрантите биле нестандардни, а противпожарните екипи залудно се обидувале да се поврзат и побрзо да се справат со огнената стихија. Јавен објект во кој што дневно циркулираат илјадници луѓе, НЕМА пропишан стандарден противпожарен систем, нема хидранти! И јавен објект, ТЦ кој што по сите закони мора редовно годишно да бидат проверуван ПП систем и заштита! Јавен објект со кој што стопанисува општинско ЈП! Општината и ЈП кое што стопанисува со Глобал бега од одговор кој бил одговорен за долгогодишните законски проверки на ПП заштитата односно на тој систем, посочи тој. - Одговорност мора да има за доведување во опасност на човечки животи! Глумењето добротвор за расчистување на опожарениот објект не го менува фактот дека во Глобал нема ПП заштита и тоа бара одговорност за намерно несовесно работење, за намерен превид при градба, и за корупција која што со години доведува во опасност голем број на човечки животи, додаде Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-vo-global-nema-pp-zashtita-i-toa-bara-odgovornost-za-namerno-nesovesno-rabotenje-i-za-korupcija-koja-shto-so-godini-doveduva-vo-opasnost-golem-broj-na-chovechki-zivoti/feed/ 0
Николоски: Ако ги читате документите „Глобал“ е изграден за неколку дена, што е рекорд за Гинис https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-ako-gi-chitate-dokumentite-global-e-izgraden-za-nekolku-dena-shto-e-rekord-za-ginis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-ako-gi-chitate-dokumentite-global-e-izgraden-za-nekolku-dena-shto-e-rekord-za-ginis/#respond Tue, 05 Jan 2021 11:06:44 +0000 https://kurir.mk/?p=452133

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски утринава гостуваше во радио „Лидер“. При своето гостување ексклузивно изнесе информации во јавноста со случај „Глобал“. Оваа градба според документи е изградена само за неколку дена. Невозможно е да зграда на шест ката се изгради за неколку дена. А, за ова треба да има одговорност од Зоран Заев кој што во тој период бил градоначалник на Струмица. -Ќе изнесам одредени ексклузивни информации тука за радио „Лидер“, јас сакам кога гостувам на медиум да не е сувопарно, да има одредени работи кои што после тоа предизвикуваат внимание во јавноста. Прво, по однос на случајот „Глобал“ и како политичар но пред се како секако човек кој што ги доби гласовите да биде пратеник токму во 4-тата изборна единица во која што е и Струмица. Секако дека сум загрижен и би сакал да ја изразам мојата загриженост за сите луѓе кои што таму изгубија бизнис, изгубија работа и изгубија долгогодишни животни вложувања, навистина е непријатна ситуација. Но затоа мора да има одговорност, нагласи Николоски. Николоски посочи дека на крајот од денот за секоја штета треба да има одговорност. Во јавноста се појави информација во однос на тоа дали имало систем за гаснење на пожари внатре во трговскиот центар. И има уште една информација која што е стара веќе 12-тина години така и започна кариерата на Зоран Заев, а тоа е во 2008 година кога како тогашен градоначалник на Струмица дозволи да се изгради дивоградба на местото на поранешниот пазар во Струмица. А, за таа дивоградба беше покрената и судска постапка и после тоа тогашниот претседател на државата го помилува. А, самата таа постапка докажува дека има криминал. „Во однос на „Глобал“ таму се работи за очигледно непочитување на процедурите, целосно во процесот на градба што веројатно доведува до бројни пропусти во изведбата на објектот и што доведе до овој огромен пожар, е што добро што не заврши и фатално во однос на човечки животи. Но јас она што го имам како сознание е дека првичното одобрение за „Глобал“ гласи реконструкција и наградба на градско пазариште, тоа е првичното одобрение кое што е издадено на 19.06.2008 година. Носител на одобрение за градба е Јавното комунално претпријатие во Струмица. И со вакво одобрение почнуваат да го градат објектот. Објектот на „Глобал“ е запишан во имотен лист врз основа на понатамошна легализација на дивоградба што значи дека легализациите на дивоградбите се надлежност на општините, што значи дека истиот кој што ја направил дивоградбата во 2008 година си ја легализирал во 2014 година“, потенцира Николоски. Николоски додаде дека друга поинтересна работа е тоа како почнала самата градба на „Глобал“. -Аномалиите во постапката за градбата датираат од претходно. Целата постапка со изградбата и документацијата започнува со донесувањето на решението за локациски услови, а тоа е решение пред да се даде одобрение за градба. Решение за локациски услови е дадено на 16.05.2008 година, за веќе на 19.06.2008 година, што значи за еден месец се донесува одобрение за градба. А, за неколку дена 23.06.2008 година веќе е донесено решение за ставање на употреба на објектот од што произлегува дека за неколку дена е изграден „Глобал“. За неколку дена е изграден објект на шест ката. Значи на 19.06.2008 година е издадено одобрение за градба, на 23.06.2008 година по неколку дена е донесено решение за ставање во употреба на објектот“, појасни Николоски. Николоски рече дека одобрение за градба се дава на почеток на градба, а решение за ставање во употреба се дава кога комплетно ќе заврши градбата. Не знае друг објект во светот на шест ката да се изгради само за неколку дена. -Оваа манипулација со документите покажува дека од самиот старт дека се работи за дивоградба, а кога имате дивоградба после тоа не се почитуваат процедурите. И со самото тоа што не се почитуваат процедурите доаѓаме до ваква ситуација во каква што сме, кажа Николоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-ako-gi-chitate-dokumentite-global-e-izgraden-za-nekolku-dena-shto-e-rekord-za-ginis/feed/ 0
Милошоски: Одговорноста за нефункциониот противпожарен систем во „Глобал“ води до општината и сопствениците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-odgovornosta-za-nefunkcioniot-protivpozaren-sistem-vo-global-vodi-do-opshtinata-i-sopstvenicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-odgovornosta-za-nefunkcioniot-protivpozaren-sistem-vo-global-vodi-do-opshtinata-i-sopstvenicite/#respond Tue, 05 Jan 2021 08:46:12 +0000 https://kurir.mk/?p=452081

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил објави дека одговорноста за нефункциониот противпожарен систем во „Глобал“-Струмица води до општината и сопствениците. Законот за градење чл.58 и чл.87, како и Законот за заштита и спасување чл.68 и чл.70 упатуваат на одговорност на градоначалникот на општината, но и на инвеститорот, и при издавање на дозвола за градба и при издавање на одобрение за употреба на објектот, кој мора да е изграден и според нормите за заштита од пожари, пишува Милошоски на Фејсбик. Тој додава дека доколку трговскиот центар ГЛОБАЛ немал функционални хидранти и друга задолжителна противпожарна заштита, тогаш не смеел да добие одобрение за употреба, бидејќи тоа е незаконски и претставува ризик за дуќанџиите, ризик за муштериите, за нивните животи и за материјалните добра во објектот. -Инвеститори, а потоа и сопственици на Глобал во 2014 година станаа фирмите Сим инженеринг и Де Лукс инженеринг, од кои едната е во сопственост на Горан Крстев, кој заедно со Зоран Заев беше аболициран за "ГЛОБАЛ". Медиумите известија дека во дел фирмите на Горан Крстев свој удел има и братот на Зоран Заев.Затоа би било солидарно доколку Заеви продадат еден Мајбах (380.000€) и едно Бентли (180.000€), и со парите од овие нивни скапи возила ги покријат загубите на дуќанџиите и пазарџиите чиј имот настрада во незаштитениот од пожари ТЦ ГЛОБАЛ, стои во објавата на Милошоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-odgovornosta-za-nefunkcioniot-protivpozaren-sistem-vo-global-vodi-do-opshtinata-i-sopstvenicite/feed/ 0
Детали од увидот во „Глобал“: Вешти лица на терен, ќе се вештачат видео снимките од камерите во трговскиот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-od-uvidot-vo-global-veshti-lica-na-teren-kje-se-veshtachat-video-snimkite-od-kamerite-vo-trgovskiot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-od-uvidot-vo-global-veshti-lica-na-teren-kje-se-veshtachat-video-snimkite-od-kamerite-vo-trgovskiot/#respond Mon, 04 Jan 2021 11:46:39 +0000 https://kurir.mk/?p=451842

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица од 10.00 часот утринава го започна увидот на самото место во ТЦ „Глобал“, каде ноќта на 2 јануари изби пожар. -Неопходни услови за вршење на увид се создадоа денеска поради предупредувања за можни повремени пожари дадени од Дирекцијата за заштита и спасување и противпожарните екипи во текот на вчерашниот ден. Надлежен јавен обвинител увидот го врши во координација со увидна екипа од крим техника МВР и СВР Струмица, а обвинителството повика и вешти лица за пожари и експлозиви и за електрика со цел утврдување на причините за настанатиот пожар. Воедно, повикани се и вешти лица од областа на градежништвото и архитектурата, како и од материјално финансиско работење со цел утврдување на видот и висината на настанатата штета, информираат од Обвинителството. Јавниот обвинител издаде наредби за подигање на траги од лице место и нивно натамошно вештачење, како и за одземање на видео записи – ресивери од видео камерите поставени во трговскиот центар. Издадени се и наредби за вршење на оперативни проверки и прибирање на информации од лица кои имаат сознанија во врска со настанување на пожарот]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-od-uvidot-vo-global-veshti-lica-na-teren-kje-se-veshtachat-video-snimkite-od-kamerite-vo-trgovskiot/feed/ 0
Почна увидот за утврдување на причините за пожарот во „Глобал“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-uvidot-za-utvrduvanje-na-prichinite-za-pozarot-vo-global/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-uvidot-za-utvrduvanje-na-prichinite-za-pozarot-vo-global/#respond Mon, 04 Jan 2021 10:54:14 +0000 https://kurir.mk/?p=451817

Увидот за причините за пожарот во Трговскиот центар „Глобал“ почна претпладнево во Струмица. Инспектори за пожар од Дирекцијата за заштита и спасување и дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство влегоа во трговскиот центар и почнаа со истражување за причините за избувнувањето на големиот пожар. Ова за МИА го соопштија од ОЈО Струмица, а почнувањето на увидот го потврди и Митко Димчев, инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување, кој информираше дека пожарот е изгаснат и истражителите можат да почнат со работа. Во пожарот, што избувна во саботата навечер во 23:12 часот, опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, како и дел од вториот. Пожарот во „Глобал“ бил пријавен од стражарската служба. Тој избувнал во делот каде се врши доставување на стока и брзо се проширил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-uvidot-za-utvrduvanje-na-prichinite-za-pozarot-vo-global/feed/ 0
Низа пропусти во „Глобал“: Нема одговор зошто хидрантите и прскалките не работеле во трговскиот центар за кој Заев доби аболиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/niza-propusti-vo-global-nema-odgovor-zoshto-hidrantite-i-prskalkite-ne-rabotele-vo-trgovskiot-centar-za-koj-zaev-dobi-abolicija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/niza-propusti-vo-global-nema-odgovor-zoshto-hidrantite-i-prskalkite-ne-rabotele-vo-trgovskiot-centar-za-koj-zaev-dobi-abolicija/#respond Mon, 04 Jan 2021 10:34:45 +0000 https://kurir.mk/?p=451807

Во големиот пожар кој се случи во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица изгореа над 10 продавници, внатрешниот дел каде е сместен пазарот и тезгите во најголем дел е изгорен, зафатен бил супермаркет во внатрешноста, а пламените јазици зафатиле и делови до третиот кат од трговскиот центар. Го гаснењето на големиот пожар учествуваа 61 пожарникар со 18 возила. Според информациите на телевизијата ВИС, огнот започнал од правецот на задниот влез којшто се користи за дотур на стока. Зафатен бил и голем дел од внатрешноста на објектот што им оневозможувало на пожарникарите да влезат и однатре да реагираат. Сепак, внатре имале нов проблем. Ниту еден хидрант од повеќето поставени во објектот не бил во функција, односно немал вода. Иста е ситуацијата и со хидрантите во градот. Тие се нефункционални. Вентилите на хидрантите во градот не се компатибилни со опремата и стандардите на приклучоците коишто ги користат струмичките пожарникари, па според тоа, и тие се бескорисни. Ваквите услови ги принудуваат пожарникарите да се враќаат до пожарната и да полнат вода, што ги забавува и трошат драгоцено време. Оттука се поставува прашањето дали се работи за корупција или за неодговорност? Како и за тоа кој направил технички прием на објектот и дал дозвола за работа на „Глобал“? Премиерот Зоран Заев кој вчера го посети опожарниот објект најави дека од денеска ќе се организира масовна солидарна акција за расчистување на зградата и за финансиско помагање. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на Фејсбук напиша дека е потреба солидарност, но исто така и одговорност за нефункционалните хидранти. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски пишува дека „Глобал“ е дивоградба за која Заев е амнестиран за криминал.   За потсетување, овој трговски центар во јавноста е познат по аболицијата токму на Заев. Во тоа време како струмички градоначалник беше уапсен па аболициран од тогашниот претседател Бранко Црвенковски под сомнение за вина за изградбата на „Глобал“ за која документите тогаш презентирани во медиумите покажуваа дека е бесправна. Актуелниот премиер Зоран Заев, кој своевремено беше градоначалник на Струмица, е единствениот аболиран политичар во Македонија, во случај токму поврзан со споменатиот трговски центар „Глобал“. Лидерот на СДСМ во повеќе наврати рече дека е подготвен да се соочи со обвинениото за криминалот од 8 милиони евра кој му се става на товар за случајот „Глобал“ но всушност расветлување на слуачјот досега немаше. Во легализација на објектот поради кој во 2008 година беше уапсен Заев учествувале сопственици на фирмата „Де лукс инжинеринг“ кои истовремено биле и косопственици на фирмата „Сара инжинеринг“, каде сопственик е и родениот брат на Зоран Заев, Вице Заев. Двете фирми кои се јавуваа како сопственици на објектот „Глобал“ така директно биле поврзани со луѓе блиски со тогашниот градоначалник Заев. Тогаш упатени во случајот „Глобал“ сведочеа дека тоа е „школски пример“ како имот изграден на незаконски начин преминува во рацете на кланот Заеви.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/niza-propusti-vo-global-nema-odgovor-zoshto-hidrantite-i-prskalkite-ne-rabotele-vo-trgovskiot-centar-za-koj-zaev-dobi-abolicija/feed/ 0
Пожарот во „Глобал“ го гаснеле 61 пожарникари со 18 возила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozarot-vo-global-go-gasnele-61-pozarnikari-so-18-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozarot-vo-global-go-gasnele-61-pozarnikari-so-18-vozila/#respond Sun, 03 Jan 2021 12:09:49 +0000 https://kurir.mk/?p=451528

Гаснењето на големиот пожар во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, кој избувна синоќа во 23:12 часот, траело скоро 5 часови, а во борбата со огнената стихија учествувале вкупно 61 пожарникари со 18 возила. Пожарот е изгаснат утрово во 3:50 часот. Покрај целиот состав на ТППЕ Струмица, во гаснењето учествувале и пожарникари од Радовиш, Кавадарци, Штип и Валандово, како и цистерни од струмичкото комунално претпријатие. Според Александар Гудев, командир на ТППЕ Струмица, пожарот во „Глобал“ бил пријавен од стражарската служба, а пожарникарите стасале за 3 минути. Најпрвин избувнал во делот каде се врши доставување на стока и брзо се проширил. -Опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, како и на дел од вториот. При гаснењето е повреден еден пожарникар, кој вдишал јаглероден монооксид и беше пренесен во болницата во Струмица каде по укажаната помош е пуштен на домашно лекување, рече Гудев. Тој побара од граѓаните да се воздржат од негативни коментари по социјалните мрежи и да не се шири говор на омраза. Како што рече, пожарникарите својата работа ја работат спопред прописи, правила и процедури и најостро ги демантираше информациите дека пожарникарите делувале ненавремено. И по осум часови од изгаснувањето на пожарот дежурна екипа на ТППЕ Струмица е на местото на пожарот заради догасување на одредени жаришта во приземјето каде се уште тлее. Увид од страна на инспектори за пожари се очекува да биде извршен утре, по што треба да се знае која е причината за еден од најголемите пожари на објекти во Струмица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozarot-vo-global-go-gasnele-61-pozarnikari-so-18-vozila/feed/ 0