тц мавровка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Oct 2021 13:51:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тц мавровка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Условна казна и 50 евра за инвеститорот на дивоградбата кај „Мавровка“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uslovna-kazna-i-50-evra-za-investitorot-na-divogradbata-kaj-mavrovka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uslovna-kazna-i-50-evra-za-investitorot-na-divogradbata-kaj-mavrovka/#respond Fri, 08 Oct 2021 13:51:18 +0000 https://kurir.mk/?p=575467

Една година по уривањето на дивоградбата, на истото место во полн ек работи кафулето „Фонтана“, а дел од останатите простории се нудат за издавање. Случајот со дивоградбата кај „Мавровка“ доби и правна разрешница. Како што пишува „Призма“, инвеститорот Мевљудин Алити, чија дивоградба лани се уриваше со полициска придружба, признал вина и добил условна казна од две години, како и паушал за судски трошоци во висина од 3 000 денари (50 евра). „Колку што беше силен одекот во јавноста дека спроти судската палата, во центарот на Скопје, ‘непознат’ инвеститор си ѕида објект и тоа трае со месеци, толку незабележано помина пресудата, која судски го запечати овој случај. Една година по оваа епизода, излегува дека правдата е задоволена. Едно признание на вина, условна казна, и судски паушал од 3 000 денари. Накусо, ова е среќниот крај на приказната за тоа бетонско здание пред трговскиот центар. Ако лани во септември, Мевлудин Алити заедно со неговиот адвокат пред медиумите говореше дека правдата е на нивна страна и оти потрагата по неа ќе стигне до судот во Стразбур, приказната доби сосема поинаков тек, и тоа буквално во само едно судско рочиште. Обвинетиот инвеститор, како што е наведено во правосилната пресуда објавена по барање на БИРН, во јуни годинава признал дека е виновен“,се вели во текстот на „Призма“. Како што понатаму се појаснува, ова значи дека за овој предмет не се изведувале докази, туку судот ја прифатил неговата вина и во пресуда од четири и пол страници го осудил со условна казна затвор од две години, кои ќе бидат активни ако во следните пет стори ново кривично дело. Во диспозитивот се наведува оти Алити во јуни и во јули, без одобрение за градење, градел објект со површина од 330 квадратни метри. Неговиот адвокат пред судот, меѓу другото, го бранел клиентот дека „градел на сопствени објекти“. Како што пишува „Призма“, Алити, пак, рекол дека „се кае за ова што го направил, не бил свесен за последиците од неговото однесување, сметал дека со тоа што градел е само обнова на неговиот објект, сметал дека со тоа не врши кривично дело…“ и ветил дека во иднина нема да го повтори делото. Целиот текст прочитајте го ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uslovna-kazna-i-50-evra-za-investitorot-na-divogradbata-kaj-mavrovka/feed/ 0
Митева: Објектот кај ТЦ Мавровка е доказ дека со Шилегов и Заев нема правна држава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-objektot-kaj-tc-mavrovka-e-dokaz-deka-so-shilegov-i-zaev-nema-pravna-drzava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-objektot-kaj-tc-mavrovka-e-dokaz-deka-so-shilegov-i-zaev-nema-pravna-drzava/#respond Fri, 27 Aug 2021 11:17:00 +0000 https://kurir.mk/?p=555604

Градбата кај трговскиот центар „Мавровка“ со месеци беше тема во јавноста, беше тема и во предизборниот период за изборите што се одржаа на 15 јули, истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Една од првите работи е да падне објектот пред Мавровка. Заради тоа што е дивоградба и ќе направиме се како влада, разработивме идеи, верувам дека ќе ги утврдиме со правните прописи во државата,- изјави Зоран Заев, тогашниот мандатар за составување на Влада. Неговиот апологент, Петре Шилегов ја продолжи темата со изјава дека преку вакви ситни примери ја гледаме нивната решеност правото да важи подеднакво за сите, вели Митева. Посочува дека идеите на Заев и решеноста на Шилегов кај трговскиот центар Мавровска резултираа со нов, реконструиран објект кој денес претставува засолниште на функционерите од власта. Партиите на власт континуирано ја заматуваат линијата помеѓу помеѓу државата и партијата. Правда и правичност од Заев и Шилегов нема, има само логична дилема до кога ќе ги потценувате скопјани, до кога ќе ги потценувате нашите сограѓани? На локалните избори во октомври изборот е јасен, имаме можност да ги промениме работите. Да ставиме крај на лагата, неспособноста и градежното дивеење. Почитувани граѓани, да го запреме нискобуџетниот театар на Шилегов и СДСМ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-objektot-kaj-tc-mavrovka-e-dokaz-deka-so-shilegov-i-zaev-nema-pravna-drzava/feed/ 0
Спасен човекот кој сакаше да се самоубие кај Мавровка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/spasen-chovekot-koj-sakashe-da-se-samoubie-kaj-mavrovka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/spasen-chovekot-koj-sakashe-da-se-samoubie-kaj-mavrovka/#respond Tue, 08 Jun 2021 09:50:43 +0000 https://kurir.mk/?p=520427

Успешно заврши спасувачката акција во близина на трговскиот центар „Мавровка“. Човекот, кој сакаше да се самоубие, скокајќи од тераса на станбена зграда, е спасен. Полицијата успеа да го разубеди во неговата намера. Повеќе часови се преговараше со него. Во близина на зградата беше поставен и душек за спасување. На терен, покрај полицијата, имаше и екипи на Противпожарната единица на Град Скопје и на Брза помош.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/spasen-chovekot-koj-sakashe-da-se-samoubie-kaj-mavrovka/feed/ 0
Затворен нерегистрираниот локал во „Бисер“- нема да работи 30 дена, следуваат и прекршочни пријави! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvoren-neregistriraniot-lokal-vo-biser-nema-da-raboti-30-dena-sleduvaat-i-prekrshochni-prijavi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvoren-neregistriraniot-lokal-vo-biser-nema-da-raboti-30-dena-sleduvaat-i-prekrshochni-prijavi/#respond Wed, 02 Sep 2020 09:55:42 +0000 https://kurir.mk/?p=398157

Видео од забава без протоколи, која се одржала синоќа во кафуле во трговскиот центар „Бисер“ во скопски Аеродром, од утрово покрена лавина реакции на социјалните мрежи. Како што може да се види на видеото, на забавата присуствувале голем број млади лица, без да ја почитуваат мерката за социјална дистанца. Во еден дел од видеото се гледа и како младите меѓусебе делат наргиле. Со случајот е запознаен и Пазарниот инспекторат, од каде што велат дека настанот го пријавиле совесни граѓани, 15-ина минути пред полноќ. За помалку од половина час, велат оттаму, најблиската екипа инспектори се упатила во локалот и констатирала низа неправилности. Било констатирано дека локалот е сè уште нерегистриран, а било пречекорено и работното време, кое од 1 септември (освен во петок и сабота кога е до 1 часот) е до полноќ. Директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски, за „360 степени“ вели дека инспекторите направиле записник, ќе биде поднесена прекршочна пријава и ќе има забрана за работа до 30 дена. За непочитување на протоколите, пак, со оглед дека локалот е сè уште нерегистриран, ќе биде поднесено барање до МВР да постапува понатаму. Ова не е единственото прекршување на протоколите за заштита од ковид-19. Од Инспекторатот велат дека имаат и повеќе „поситни“ случаи, кога локалите не се придржуваат до нив, како што недоволно растојание на масите. Во голем дел од случаите, како што велат, пишуваат само опомени. Меѓутоа, она што исто така претставува проблем се свадбите и други семејни веселби, кои се организираат во приватна режија во дворови, а инспекторатот не може да реагира бидејќи нема надлежност, па мора да се повикува полицијата. Од тие причини, од Пазарниот инспекторат велат дека денеска побарале од Комисијата за заразни болести да направи одредени протоколи за одржувањето на ваквите настани за тие да може да се организираат во локали, со цел да може да бидат контролирани дали се почитуваат мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvoren-neregistriraniot-lokal-vo-biser-nema-da-raboti-30-dena-sleduvaat-i-prekrshochni-prijavi/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: По принципот на бесплатно рушење кај Мавровка, бараме владата да ги сруши дивоградбите на Кале, Матка и во Охрид, во спротивно докажува дека прави крими театар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-po-principot-na-besplatno-rushenje-kaj-mavrovka-barame-vladata-da-gi-srushi-divogradbite-na-kale-matka-i-vo-ohrid-vo-sprotivno-dokazuva-deka-pravi-krimi-teatar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-po-principot-na-besplatno-rushenje-kaj-mavrovka-barame-vladata-da-gi-srushi-divogradbite-na-kale-matka-i-vo-ohrid-vo-sprotivno-dokazuva-deka-pravi-krimi-teatar/#respond Wed, 02 Sep 2020 06:37:05 +0000 https://kurir.mk/?p=398048

Кога веќе владата го откри идентитетот на инвеститорот на дивоградбата во Мавровка која се изгради во нивно време, и се понуди бесплатно да ја сруши, тогаш по истиот принцип ВМРО-ДПМНЕ бара Владата бесплатно да ги сруши и следниве дивоградби:
  1. Дивоградбата на дивата платформа на Матка
  2. Дивоградбата во близина на Скопското Кале кај касарната Илинден
  3. Дивоградбата на Нефи и летната тараса кај охридскиот Чинар
  4. Дивоградбите по долж на охридското крајбрежје.
-Доколку не го направи ова владата покажува дека сето ова е евтин театар. Затоа сметаме дека крими-тендерашката власт на Заев се обидува да направи театар со дивоградбата кај Мавровка. Вистината е дека токму оваа иста старо-нова власт дозволи дивоградбата да никне на едно од најфрекфрентните места во Скопје, па со месеци се натегаа чија надлежност е, па бараа преку платени огласи кој е инвеститорот, за сега наводно да поднесуваат кривична пријава и да најавуваат рушење. Сето ова граѓаните ги чинеше и ќе ги чини пари, како преку циркусот со огласи во весници, така и преку рушењето со народни пари. Тешко на таа држава во која Владата мора вакви драмолетки да прави од нешт кое не смеело ниту да се појави, велат од партијата. Од таму додаваат дека смешна е кривичната пријава од страна на Јавното обвинителство откако дозволија да се изгради. Па оттука логично се поставува прашањето како и кога се дознал идентитетот на сопственикот на дивоградбата кај Мавровка? Дали ЈО знаело за ова и зошто чекало толку време? Дали Зоран Заев е вмешан во ова и дали поради откажување на непослушност од страна на сопственикот на објектот, Заев го откри сторителот? -Што друго да се очекува од влада-дивоградба на која личното богатење, корупцијата и криминалот и се главната одлика, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-po-principot-na-besplatno-rushenje-kaj-mavrovka-barame-vladata-da-gi-srushi-divogradbite-na-kale-matka-i-vo-ohrid-vo-sprotivno-dokazuva-deka-pravi-krimi-teatar/feed/ 0
ФОТО: Двајца новинари се пријавија да ја рушат дивоградбата кај Мавровка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-dvajca-novinari-se-prijavija-da-ja-rushat-divogradbata-kaj-mavrovka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-dvajca-novinari-se-prijavija-da-ja-rushat-divogradbata-kaj-mavrovka/#respond Fri, 07 Aug 2020 07:56:57 +0000 https://kurir.mk/?p=387551

Двајца новинари  на социјалните мрежи се пријавија да ја рушат дивоградбата кај Мавровка. Откако истекоа законските рокови во кои непознатиот инвеститор требаше сам да ја урне дивоградбата, општината Чаир објави тендер за избор на фима која ќе ја отстрани истата. Но, според информациите ниту една фирма не се пријавила на тендерот за рушење. Ова предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, па новинарите почнаа  доброволно да се пријавуваат  за рушење на дивоградбата. Јас се пријавувам за уривање на нелегалниот објект кај Мавровка, напиша Дарко Чекеровски.
Јас се пријавувам за уривање на нелегалниот објект кај Мавровка. Posted by Darko Chekerovski on Thursday, August 6, 2020
  Затоа што фирма нема да се најде, по примерот на Darko Chekerovski, и јас се пријавувам доброволно за рушење на дивоградбата кај Мавровка. Не треба дневница, само хилта, напиша и новинарот Огнен Чанчаревиќ.
Затоа што фирма нема да се најде, по примерот на Darko Chekerovski, и јас се пријавувам доброволно за рушење на дивоградбата кај Мавровка. Не треба дневница, само хилта. Posted by Ognen Cancarevik on Thursday, August 6, 2020
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-dvajca-novinari-se-prijavija-da-ja-rushat-divogradbata-kaj-mavrovka/feed/ 0
ПРОПАДНА ТЕНДЕРОТ: Ниту една фирма не се пријавила да ја руши дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/propadna-tenderot-nitu-edna-firma-ne-se-prijavila-da-ja-rushi-divogradbata-kaj-tc-mavrovka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/propadna-tenderot-nitu-edna-firma-ne-se-prijavila-da-ja-rushi-divogradbata-kaj-tc-mavrovka/#respond Wed, 05 Aug 2020 11:32:44 +0000 https://kurir.mk/?p=386541

Пропадна тендерот на општина Чаир за фирма која ќе ги урива дивоградбите во општината. Ниту една фирма не се пријави на отворениот повик, објавува телевизија 24. Оттаму велат дека веднаш ќе биде отворен нов јавен повик, со истите критериуми. Нелегалниот објект пред ТЦ „Мавровка“ останува и понатаму да стои, иако градоначалникот Висар Ганиу најави дека доколку по дадениот рок непознатиот инвеститор сам не го сруши објектот, неговото уривање ќе го направи општината. Но иако во јавниот повик за фирма која ќе го врши ова уривање, но и сите останати во општината, немало посебни услови, сепак до затворањето на повикот не аплицирала ниту една фирма. Од општината велат дека веќе утре повторно ќе биде објавен нов повик, но не дадоа информација што доколку и по следниот повик не се појави фирма која ќе се пријави, кој и како ќе ја сруши дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“, која никна на местото на опожареното кафуле „Фонтана“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/propadna-tenderot-nitu-edna-firma-ne-se-prijavila-da-ja-rushi-divogradbata-kaj-tc-mavrovka/feed/ 0
Истече рокот за уривање на дивоградбата кај Мавровка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/isteche-rokot-za-urivanje-na-divogradbata-kaj-mavrovka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/isteche-rokot-za-urivanje-na-divogradbata-kaj-mavrovka/#respond Tue, 04 Aug 2020 07:29:23 +0000 https://kurir.mk/?p=385747

Истече рокот од 8 работни дена за пронаоѓање на инвеститорот на дивоградбата која што е во изградба пред Трговскиот центар Мавровка. Од општина Чаир за Сител велат дека утре почнува постапката за јавната набавка за избирање на економски оператор кој ќе го отстрани безправно изградениот објект. Оттаму појаснуваат дека во зависност од времетраењето на процедурата, објектот кој никна пред ТЦ Мавровка би требало да се отстрани за 30 до 40 дена. Градежните работи на објектот прекинаа пред точно две седмици. На ова место до лани постоеше кафулето Фонтана кое изгоре во пожар. Наместо тенда од времен карактер, каква што имаше претходно, на местото никнаа широки столбови кои се поставени на цврста бетонска подлога.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/isteche-rokot-za-urivanje-na-divogradbata-kaj-mavrovka/feed/ 0
МВР постапува по дивоградбата кај ТЦ Мавровка, известено и ЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-postapuva-po-divogradbata-kaj-tc-mavrovka-izvesteno-i-jo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-postapuva-po-divogradbata-kaj-tc-mavrovka-izvesteno-i-jo/#respond Wed, 29 Jul 2020 13:35:02 +0000 https://kurir.mk/?p=383235

Единицата за економски и компјутерски криминал – СВР Скопје постапува за нелегални градежни активности во реонот на трговскиот центар Мавровка и презема соодветни мерки и активности за утврдување постоење елементи на кривично дело што се гони по службена должност по чл.244-а „Бесправно градење“. Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека за преземените мерки и активности до Основното јавно обвинителство во Скопје е доставено писмено известување согласно Законот за кривична постапка. – Единицата за економски и компјутерски криминал и понатаму презема мерки и активности во координација и по насоки на ОЈО Скопје, а по завршување на активностите и комплетирање на документацијата до Основното јавно обвинителство во Скопје ќе достави соодветен поднесок, за што дополнително ќе биде известена јавноста, се наведува во соопштението од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-postapuva-po-divogradbata-kaj-tc-mavrovka-izvesteno-i-jo/feed/ 0
ВИДЕО: Голем пожар во Мавровка, изгоре познатото кафуле https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-golem-pozar-vo-mavrovka-izgore-poznatoto-kafule/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-golem-pozar-vo-mavrovka-izgore-poznatoto-kafule/#respond Fri, 01 May 2020 06:11:40 +0000 https://kurir.mk/?p=340163

Голем пожар избувна синоќа Трговскиот центар Мавровка. Причината за пожарот засега не се познати. Причинета е голема материјална штета, но нема жртви. Во гаснење на пожарот учествувале 21 пожарникар кои успеале да го локализират огнот кој го зафатил целиот објект. Повеќе детали се очекува да бидат познати во текот на денешниот ден. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-golem-pozar-vo-mavrovka-izgore-poznatoto-kafule/feed/ 0