тц скопјанка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Sep 2018 12:21:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тц скопјанка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нови детали за случајот „Скопјанка“: ОЈО ќе истражува евентуална злоупотреба на малолетно лице https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-za-sluchajot-skopjanka-ojo-kje-istrazuva-eventualna-zloupotreba-na-maloletno-lice/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-za-sluchajot-skopjanka-ojo-kje-istrazuva-eventualna-zloupotreba-na-maloletno-lice/#respond Fri, 21 Sep 2018 12:21:46 +0000 https://kurir.mk/?p=104198

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за настанот што се случи на 19-ти овој месец во населбата Аеродром. Предметот е оформен во насока на проверка дали детето што живее во станот со неговата баба е запоставено од родителите. Како што соопшти Основното јавно обвинителство, предметот е оформен по дојава на жители од зграда во скопската населба Аеродром. Во стан во истата зграда, како што се наведува, беше откриено дека семејство со едно малолетно дете живее во исклучително лоши хигиенски услови. ОЈО издало наредба до СВР-Скопје да ги направи сите неопходни проверки со родителите на детето. Од Центарот за социјални работи на Град Скопје побарале да формира стручен тим, кој ќе изготви детален извештај за семејството во кое живее детето. Тимот ќе треба да провери дали семејството досега било пријавувано во Центарот, дали било интервенирано од нивна страна и дали има пропусти во грижата на родителите за развојот на детето. По направените проверки и обезбедените докази ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-detali-za-sluchajot-skopjanka-ojo-kje-istrazuva-eventualna-zloupotreba-na-maloletno-lice/feed/ 0
Град Скопје се огласи во врска со немилиот настан во „Скопјанка“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-se-oglasi-vo-vrska-so-nemiliot-nastan-vo-skopjanka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-se-oglasi-vo-vrska-so-nemiliot-nastan-vo-skopjanka/#respond Thu, 20 Sep 2018 13:34:15 +0000 https://kurir.mk/?p=103693

По синоќешниот немил настан што се случи во зградата на булеварот Кузман Јосифовски Питу број 15 во станбено-деловниот комплекс „Скопјанка“ во Аеродром, кога поради непријатна миризба во заедничките простории беа евакуирани сите станари, Градот Скопје изразува благодарност до Противпожарната бригада на Град Скопје, ЈП „Комунална хигиена“, до припадниците на МВР и на АРМ и на вработените во Центарот за социјални работи за нивната брза интервенција. Градот Скопје упатува благодарност за несебичната помош што овие служби им ја дадоа на граѓаните во моментите на паника и им помогнаа брзо да ја напуштат зградата и да бидат на безбедно. Нивната координирана акција овозможи во синоќешниот настан никој да не биде повреден и граѓаните по само неколку часа да се вратат во своите домови. Градоначалникот Шилегов пристигна пред зградата на булеварот Кузман Јосифовски Питу уште по самото пријавување на непријатната миризба од граѓаните во противпожарната бригада и ги координираше активностите на службите. Денеска, станот во зградата од каде што се ширеше непријатната миризба е веќе исчистен од екипа на ЈП „Комунална хигиена“, а по овој случај понатаму ќе постапуваат социјалните служби, информираат од Градот. -Дополнително и исто така многу важно, Град Скопје реагира и на денешниот малициозен потег на младите од ВМРО-ДПМНЕ кои што кукавички оставија пелени пред портата на Град Скопје. Град Скопје остро го осудува исмејувањето од ДПМНЕ за паниката на стотина загрижени граѓани за своето здравје, како и исмејувањето на едно семејство на кое му е потребна и неопходна социјална грижа. Ако загриженоста и паниката на стотина граѓани се основа на потсмевање за младината на ДПМНЕ, тогаш каква грижа да се очекува од ДПМНЕ за било кој друг граѓанин во Скопје и Македонија? Наместо истите тие млади лица, да се солидаризираат и да сочуствуваат со загрижените граѓани кои вчера беа во паника, како и со семејството на кое му е потребна сериозна социјална грижа и помош, партијата решила да ги стимулира и да ги поддржи во исмевањето на ваквите немили настани и социјални случаи. Тоа е тотално несериозно и е вон сите човечки особини на емпатија и солидарност со граѓаните. Но, емпатијата не е нешто кое треба да се очекува од ДПМНЕ. Ова исмевање и навреда кон тие граѓани е само резултат на деструктивната агенда што тие ја имале и ја водат како здружение. Додека некој се обидува да им помогне на тие луѓе, ДПМНЕ може да продолжи во тоа што единствено умешно знае да го прави, да ги навредува и да ги исмева ваквите семејства и граѓани, стои во соопштението од Град Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-se-oglasi-vo-vrska-so-nemiliot-nastan-vo-skopjanka/feed/ 0
Се следи случајот: Жената живеела сама во станот во „Скопјанка“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-sledi-sluchajot-zenata-ziveela-sama-vo-stanot-vo-skopjanka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-sledi-sluchajot-zenata-ziveela-sama-vo-stanot-vo-skopjanka/#respond Thu, 20 Sep 2018 11:05:35 +0000 https://kurir.mk/?p=103580

По пријава од градоначалникот Петре Шилегов, тим од Центарот за социјална работа Скопје направил увид во станот во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром и констатирал дека таму живее сама 65-годишна жена, која е сопственичка на станот и корисничка на пензија. Таа имала и ќерка, која не живее со неа, но во согласност со Законот за социјална заштита е должна да се грижи за неа.

-До јануари оваа година со неа живеела нејзината 90-годишна мајка, која починала. Социјалните работници не се стручни да дадат мислење за здравствената состојба на жената. Во однос на социјалниот аспект, констатирано е дека жената има ќерка, која во согласност со Законот за социјална заштита е должна да се грижи за неа и според нејзина изјава повремено ја посетувала мајката. Жената е корисничка на пензија и има стан во нејзина сопственост. Во согласност со Законот за социјална заштита, Центарот за социјална работа нема надлежност да постапува бидејки ќерката има обврска да се грижи за мајката, за нејзината здравствена состојба и одржувањето на личната и хигиената во станот​, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Посочуваат дека, со оглед на целокупната состојба, стручен тим од ЦСР Скопје од Службата за заштита на стари и возрасни лица е на терен за да изврши разговор со ќерката и да и укаже на нејзините обврски во согласност со законот и остварувањето на правата од областа на социјалната заштита. Од Министерството за труд и социјална политика истакнуваат дека социјални работници и во иднина ќе го следат случајот.

-Исто така, сакаме да известиме дека во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во изминатиот период во врска со ова немало никаква пријава за постапување и излегување на терен, се додава во соопштението.

Од МВР претпладнето за МИА информираа дека е исчистен станот во зградата во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром, од каде што синоќа се ширеше непријатна миризба. Од страна на екипа на АРМ, со апаратура е констатирано дека се работи за амонијак од употребени пелени. На местото на настанот излегле и служби од Министерството за здравство- Центар за јавно здравје, Дирекцијата за заштита и спасување. Од МВР информираа дека синоќа околу 18.50 часот било пријавено дека во влезот број 1 на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ се чувствува непријатна миризба и граѓаните се жалат на печење на очите и оти претпоставуваат дека најверојатно е фрлен солзавец. Излезено е на местото на настанот, при што е констатирана силна непријатна миризба. -Од страна на Противпожарна екипа отворени се сите врати од помошните простории, по што миризбата се изгубила, освен на вториот кат во стан сопственост на С.С.(64), каде живее со нејзината ќерка и двајца внуци, велат од МВР. Како што претходно објави МИА, непријатна миризба од употребени пелени беше причината за евакуација на жителите од зградата во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром. По извршената дезинфекција и по шест часа минати надвор, доцна синоќа граѓаните се вратени во своите домови. Синоќа жителите ги посети скопскиот градоначалник Петре Шилегов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-sledi-sluchajot-zenata-ziveela-sama-vo-stanot-vo-skopjanka/feed/ 0
Детали за „Скопјанка“: Жителите мислеле дека е фрлен солзавец во влезот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-za-skopjanka-zitelite-mislele-deka-e-frlen-solzavec-vo-vlezot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-za-skopjanka-zitelite-mislele-deka-e-frlen-solzavec-vo-vlezot/#respond Thu, 20 Sep 2018 08:27:27 +0000 https://kurir.mk/?p=103474

На 19.09.2018 година околу 18.50 часот било пријавено дека во влезот брoj „1“ на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ се чувствува непријатна миризба и граѓаните се жалат на печење во очите и дека претпоставуваат дека најверојатно е фрлен солзавец. Излезено е на местото на настанот при што е констатирана силна непријатна миризба. Од страна на Противпожарна екипа отворени се сите врати од помошните простории, по што миризбата се изгубила, освен на вториот кат во стан сопственост на С.С.(64), каде истата живее со нејзината ќерка и двајца внуци. Од страна на екипа на АРМ со апаратура е констатирано дека се работи за амонијак од употребени пелени. Станот е исчистен од страна на екипа на Комунална хигиена. На местото на настанот излегле и служби од Министерство за Здравство - Центар за јавно здравје, Дирекција за заштита и спасување и Меѓуопштински центар за социјални работи на град Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detali-za-skopjanka-zitelite-mislele-deka-e-frlen-solzavec-vo-vlezot/feed/ 0
МВР: Исчистен е станот во „Скопјанка“ од непријатната миризба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-ischisten-e-stanot-vo-skopjanka-od-neprijatnata-mirizba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-ischisten-e-stanot-vo-skopjanka-od-neprijatnata-mirizba/#respond Thu, 20 Sep 2018 07:51:55 +0000 https://kurir.mk/?p=103436

Станот во зградата во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром, од каде синоќа се ширеше непријатна миризба, е исчистен од екипа на Комунална хигиена, информираа утрово за МИА од МВР. Од страна на екипа на АРМ, со апаратура е констатирано дека се работи за амонијак од употребени пелени. На местото на настанот излегле и служби од Министерство за здравство - Центар за јавно здравје, Дирекцијата за заштита и спасување и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на Скопје. Од МВР информираат дека синоќа околу 18.50 часот било пријавено дека во влезот брoj 1 на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ се чувствува непријатна миризба и граѓаните се жалат на печење во очите и оти претпоставуваат дека најверојатно е фрлен солзавец. Излезено е на местото на настанот, при што е констатирана силна непријатна миризба. - Од страна на Противпожарна екипа отворени се сите врати од помошните простории, по што миризбата се изгубила, освен на вториот кат во стан сопственост на С.С.(64), каде живее со нејзината ќерка и двајца внуци, велат од МВР. Како што претходно објави МИА, непријатна миризба од употребени пелени беше причината за евакуација на жителите од зградата во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром. По извршената дезинфекција и по шест часа минати надвор, доцна синоќа граѓаните се вратени во своите домови. Синоќа жителите ги посети скопскиот градоначалник Петре Шилегов. ФОТО: МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-ischisten-e-stanot-vo-skopjanka-od-neprijatnata-mirizba/feed/ 0
Евакуација на жителите од ТЦ „Скопјанка“, остар мирис им го отежнува дишењето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evakuacija-na-zitelite-od-tc-skopjanka-ostar-miris-im-go-oteznuva-dishenjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evakuacija-na-zitelite-od-tc-skopjanka-ostar-miris-im-go-oteznuva-dishenjeto/#respond Wed, 19 Sep 2018 18:18:32 +0000 https://kurir.mk/?p=103302

Поради остар мирис кој го отежнува дишењето евакуирани се жителите од станбениот комплекс во ТЦ „Скопјанка“, во скопската општина Аеродром. Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје Звонко Томески за МИА изјави дека повредени нема. Во тек е интервенција и известени се и другите служби. Според првичните информации, пријавено е во полиција дека некој фрлил непозната материја во еден од влезовите. Во моментов полицијата врши увид, а на терен се противпожарно и амбулантно возило. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evakuacija-na-zitelite-od-tc-skopjanka-ostar-miris-im-go-oteznuva-dishenjeto/feed/ 0