ТЦР Европа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Jun 2021 06:01:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ТЦР Европа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Давидовски на четврто место на трката „Пол Рикар“ во Франција https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/davidovski-na-chetvrto-mesto-na-trkata-pol-rikar-vo-francija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/davidovski-na-chetvrto-mesto-na-trkata-pol-rikar-vo-francija/#respond Tue, 01 Jun 2021 06:01:30 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517448

Виктор Давидовски го освои четвртото место на трката што се возеше викендот на „Пол Рикар“ за Големата награда на Франција, а овој пласман е највисок во историјата за македонските возачи откако се организираат трките од првенството на ТЦР Европа. Согласно пропозициите, неделниот стартен распоред беше по обратен редослед од местата освоени во квалификациите, па возачот на „ПСС Рејсинг“ беше промовиран од 10 место на пол позицијата, а неговиот тимски колега Франко Џиролами беше на второто стартно место. – Направивме подготовки и имавме изградено стратегија како да одиме и да се бориме за победа. Целта беше еден од нас да има шанса за победа и во трката влеговме подготвени, но анализата покажа дека сепак сме направиле две ситни грешки. И јас и Џиролами добивме порака преку радио врската, која ја протолкувавме дека ни се сугерира брзо менување на степените на пренос по стартот, па и двајцата направивме иста грешка, со што го испуштивме водството,- објаснува Давидовски. За разлика од ова, втората грешка се покажала дури во последните кругови, кога Давидовски беше нападнат од Сами Тафик, кој во финишот возеше побрзи времиња за половина секунда по круг. – Kога го штелувавме возилото, сметавме на пониска температура на асфалтот во втората трка, но според интерните мерења, таа се покажа 3-4 степени Целзиусови над онаа што ја измеривме на саботната трка. Тоа придонесе пневматиците да почнат побрзо да откажуваат и при крајот на трката се забележа дека автомобилот има тенденција за подуправливост. Мислам дека доколку го задржевме водството на почетокот, со ладниот воздух пред мене кој би го имал како лидер, гумите ќе траеја подолго. Со расплетот кој го имавме, на крајот не можев да парирам уште еден круг и ривалот ме достигна. Знам дека можевме повеќе и тоа е она што боли, но научивме многу од овие ситни грешки и во иднина ќе бидеме подобро подготвени. За утеха, Давидовски е лидер во ова натпреварување во конкуренција на возачи на возраст над 40 години, за што го доби пехарот во категоријата „Дајмонд“. Следната трка од ТЦР Европа се вози на холандската патека Зандворт, на 19 и 20 јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/davidovski-na-chetvrto-mesto-na-trkata-pol-rikar-vo-francija/feed/ 0
Џиролами со автомобилот на Давидовски го освои второто место на ТЦР Европа https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dzirolamipo-so-avtomobilot-na-davidovski-go-osvoi-vtoroto-mesto-na-tcr-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dzirolamipo-so-avtomobilot-na-davidovski-go-osvoi-vtoroto-mesto-na-tcr-evropa/#respond Mon, 24 Aug 2020 08:25:35 +0000 https://kurir.mk/?p=394466

Нестор Џиролами го освои 2. место првата трка од ТЦР Европа во Ле Кастеле, крај Марсеј. Аргентинецот се најде зад воланот на Хонда Сивик подготвена за македонскиот возач Виктор Давидовски од тимот ПСС Рејсинг, откако француските власти не дозволија влез на Македонецот поради мерките за заштита од коронавирусот. За официјалниот веб сајт на европското првенство во туринг возила (ТЦР), Џиролами откри дека резултатот се должи на добриот план пред трката, како и на перфектната реализација. – Навистина сум среќен со овој резултат. На првата трка во саботата имавме послаба крајна брзина поради високите температури, па одлучив да нападнам веднаш, во првиот круг. Од седмо до четврто место стигнав речиси веднаш. Потоа дојде и дуелот за третото место, па тогаш помислив дека би можел да одам и на второто, но Таофик од Ауди доби казна и мораше во бокс, па всушност втората позиција ја добив без труд. Џиролами беше петтопласиран на првата трка, па со вчерашните бодови за второто место сега е трет во генералниот пласман, зад вчерашните победници Даниел Лојд со Хонда и Мехди Бенани со Ауди. Првиот има 69 бода, вториот 68, а Џиролами е трет со 66 поени, по што следуваат Кларе со 62, Филипи со 58, Халдер со 52 и Бекман со 48 бода. Следните две трки се закажани на 12 и 13 септември на патеката Золдер во Белгија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dzirolamipo-so-avtomobilot-na-davidovski-go-osvoi-vtoroto-mesto-na-tcr-evropa/feed/ 0