театар за деца и младинци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 May 2023 09:41:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png театар за деца и младинци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Голем успех на Театарот за деца и младинци со претставата „Роња, ќерката на разбојникот“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/golem-uspeh-na-teatarot-za-detsa-i-mladintsi-so-pretstavata-rona-kerkata-na-razbojnikot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/golem-uspeh-na-teatarot-za-detsa-i-mladintsi-so-pretstavata-rona-kerkata-na-razbojnikot/#respond Tue, 16 May 2023 09:41:40 +0000 https://kurir.mk/?p=834723

Куклената претстава „Роња, ќерката на разбојникот“ на Театарот за деца и младинци од Скопје освои две значајни награди на годинешново издание на интернационалните Новосадски театарски игри, кои изминативе осум дена се одржаа во овој град во Србија. Најновата претстава на скопскиот театар  во режија на младиот, но веќе афирмиран чешки режисер Јакуб Максимов ја доби највисоката награда „Гран При за најдобра претстава во целина“, а жирито на фестивалот дополнително ѝ додели награда за „Мајсторство во анимацијата“ на актерката Матеа Јанковска за креацијата на улогата на Роња во истата претстава. „Претставата во сите сегменти е исклучителна и слоевита, во исто време архаична и модерна, а ги поседува сите компоненти кои ја прават врвна“, ја аргументираше својата едногласна одлука жирито на Игрите при прогласувањето на претставата за најдобра на годинешниот фестивал. Соопштувајќи ја пак наградата за актерката Матеа Јанковска, која исто така беше донесена едногласно, жирито со одбрани зборови оценува дека „Матеа опитно ги анимира куклите, енергично и од срце создава лик на храбро и смело девојче, користејќи широк спектар аниматорски и актерски вештини“. Овие високи признанија се освоени во конкуренција на 12 претстави од 10 држави, меѓу кои, покрај земјите од регионот, и од Германија, Шпанија, Израел и Унгарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/golem-uspeh-na-teatarot-za-detsa-i-mladintsi-so-pretstavata-rona-kerkata-na-razbojnikot/feed/ 0
Театарот за деца и младинци одбележува 33 години постоење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/teatarot-za-detsa-i-mladintsi-odbelezhuva-33-godini-postoene/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/teatarot-za-detsa-i-mladintsi-odbelezhuva-33-godini-postoene/#respond Sat, 25 Mar 2023 09:05:54 +0000 https://kurir.mk/?p=816273

Театарот за деца и младинци (ТДМ) денеска одбележува 33 години од основањето. Тој е единствениот национален театар специјализиран за програма за деца и млади. Со одлука на Владата е формиран на 2 февруари 1990, а првата претстава за публика ја има изведено на денешен ден во 1990 година. -Пред точно 33 години започна нашата приказна и денес нема ни родител ни дете што не сака да ја слуша и гледа. Пред повеќе од три декади група вљубеници во театарот и професионалци поставија темели со кои е незамисливо детството и растењето на секое дете... Пораснавме, а на нашата мала сцена уште се играат приказни во кои постојат огромни, невидени пространства. Пораснавме, а на нашата прескромна сцена сè уште актерите се бркаат и едвај се разминуваат за да не се судрат или закачат со костимите... Пораснавме, а сè уште нашето гледалиште брои 112 седишта и нема доволно карти колку што има желба да се биде на претстава кај нас..., наведува ТДМ на годишнината од постоењето. На триесет и третиот роденден, ТДМ на својот репертоар вечер од 19 часот ја има претставата „Палешка“, според мотивите од истоимената бајка на Ханс Кристијан Андерсен, во режија и драматизација на Давор Драгојевиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/teatarot-za-detsa-i-mladintsi-odbelezhuva-33-godini-postoene/feed/ 0
„РОЊА, ЌЕРКАТА НА ОГРАБУВАЧОТ“ праизведба во Театар за деца и младинци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ronja-kjerkata-na-ograbuvachot-praizvedba-vo-teatar-za-deca-i-mladinci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ronja-kjerkata-na-ograbuvachot-praizvedba-vo-teatar-za-deca-i-mladinci/#respond Fri, 23 Dec 2022 13:56:30 +0000 https://kurir.mk/?p=779691

На 26 декември 2022, во 19 часот на сцената на Театар за деца и младинци – Скопје, ќе се случи праизведба на претставата „РОЊА, ЌЕРКАТА НА ОГРАБУВАЧОТ“, на светски познатата авторка Астрид Линдгрен, а во режија на гостинот од Чешка Република, Јакуб Максимов. Станува збор за текст што до сега не е поставуван во форма на театарска претстава за деца во нашата земја и посебно сме среќни што направивме за прв пат нешто сосема различно и оригинален театарски продукт наменет за деца над шест години, велат од Театарот за деца и младинци . -Роња од Астрид Линдгрен е навистина ќерка на еден ограбувач – таа е дива, своеглава и од ништо не се плаши. Приказната за неа е полна со акција па затоа природно ни дојде да ја адаптираме во куклена претстава со многу ритмични и музички секвенци. Додека таа расте, доживува многу пресвртници. За едно такво дете, природно е што некои од нејзините сознанија ќе бидат малку поразлични од начинот на кој размислуваат нејзините родители, ќе посочи режисерот на претставата, Јакуб Максимов. -Драго ми е што имав можност да работиме со овие актери, со оваа екипа. Беше голем предизвик но нивниот влог е голем. И покрај технички пречки на еден минималистички начин успеавме да изградиме еден посебна приказна и тоа многу ми се допаѓа. Им благодарам на сите, на овој театар и го потенцирам влогот на Ангела Димитрова која се гледа дека актерка во вистинска смисла и одлично ја изведе својата дополнителна задача. Свири на виолина и ги води своите колеги во пеењето и одржувањето на ритамот, изјави Јакуб Максимов режисерот на претставата. Според директорката на театарот, Катарина Илиевска Силјановска претставата ќе донесе оригинална свежина во репертоарот. Во самата претстава актерите играат, водат кукли, пеат, свират и колективно создаваат едно оригинално сценско дело. -Да кажам дека Јакуб Максимов, што дипломирал и магистрирал на ДАМУ, академијата за драмски уметности во Чешка, беше поканет прво да одржи работилница во нашиот театар а потоа и да ја режира претставата Роња, ќерката на ограбувачот според истоимениот роман на Астрид Линдгрен позната по Пипи Долгиот Чорап. Чест ни е и задоволство да сме домаќини на авторска екипа Јакуб Максимов, Лазар Новков (композитор и корепетирор) и Олга Зјебинска (сценографка, дизајн на костим и кукли, изработка на кукли). Секој ден дишеме и живееме со оваа претстава и кога легнуваме и кога стануваме, потенцираше Катарина Илиевска Силјановска, актерка од претставата и директорка на театарот. Драматизацијата за претставата е на Горјан Милошевски, кој вели: -И покрај тоа што има ограбувачи и во самиот наслов на ова дело сепак е приказна што во голем дел се фокусира на две необични детства. Тие две деца покажуваат колку е битно да се градат и оддржуваат „мостови“ во животот. Екипата е меѓународна и тоа дава сосема поинаква слика, спој од германска прецизност што постои кај Јакуб и балкански дух кај македонскиот дел, вели Милошевски. Во претставата играат: Матеа Јанковска, Ангела Димитрова, Никола Наковски, Катарина Илиевска – Силјановска, Петар Стојанов, Мики Анчевски. Оваа претстава е различна од се’ друго што се правело и со неа одиме чекор напред. И важно ми и е и драго што сум дел од овој проект, истакна актерот Мики Анчевски. Претставата ја остава публиката да си замислува, ја буди нивната имагинација.Се користат многу метафори во сликите и зборовите од оваа претстава, вели актерката Матеа Јанковска. Јас долго време не сум изведувала композиции на виолина и ова беше навистин предизвик но драго ми е што носи ете ваков резултат. Интернационалниот состав навистина носи еден поинаков резултат и подобар. Во претставата се користат автентични методи, со помош на прсти и раце и предмети создаваме различна атмосфера: невреме, дожд итн. Речиси секој елемент е дел од приказната и вклопен во дејствието, вели актерката Ангела Димитрова. За прв пат работам ваква претстава и потребна ни е ваква дисцплина како на Јакуб што ете можам слободно да ја наречам германска. Ова е вистинско отклонување од секоја друг претстава што сум ја работел претходно и мене тоа многу ми значи затоа што многу научив од овој процес, потенцира актерот Никола Наковски. Сценографијата за претставата, дизајнот на куклите, маските, костимите и дизајнот на плакатот и брошурата  е авторско дело на Олга Зјебинска од Полска. Композитор и корепетитор е гостинот Лазар Новков (Р.Србија). Првата реприза е закажана за 27 декември 2022 (вторник) од 19 часот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ronja-kjerkata-na-ograbuvachot-praizvedba-vo-teatar-za-deca-i-mladinci/feed/ 0
Театарот за деца и младинци ќе гостува во Подгорица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/teatarot-za-deca-i-mladinci-kje-gostuva-vo-podgorica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/teatarot-za-deca-i-mladinci-kje-gostuva-vo-podgorica/#respond Fri, 16 Sep 2022 05:51:59 +0000 https://kurir.mk/?p=733504

Театарот за деца и младинци од Скопје денеска ќе гостува на Меѓународниот фестивал на кукларство во Подгорица, Црна гора, со претставата „Палешка“ во режија на Давор Драгојевиќ. Во претставата играат актерите Матеа Јанковска, Марија Ѓорѓијовска, Изабела Новотни, Мартин Јорданоски, Емра Куртишова и Петар Стојанов. Претставата „Палешка“ е ново и модерно читање на истоимената бајка од Ханс Кристијан Андерсен, во која главниот фокус е даден на мајчинската љубов и нејзината сила. Претставата допира актуелни теми во современото живеење и растење на децата како и прифаќањето на различноста кај себе и другите, соочувањето со суровоста на светот во процесот на растење и мајчинската љубов која е тука секогаш да нè заштити и спаси од сите тие опасности. „Палешка“, со која ќе биде отворен фестивалот, ќе има две изведби од 18 и 20 часот. „Палешка“ ќе биде во конкуренција со претстави од Шпанија, Србија, Словачка и Црна Гора.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/teatarot-za-deca-i-mladinci-kje-gostuva-vo-podgorica/feed/ 0
Куклено-визуелна претстава „Во детската соба“ во Театарот за деца и младинци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kukleno-vizuelna-pretstava-vo-detskata-soba-vo-teatarot-za-deca-i-mladinci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kukleno-vizuelna-pretstava-vo-detskata-soba-vo-teatarot-za-deca-i-mladinci/#respond Mon, 27 Jun 2022 07:15:14 +0000 https://kurir.mk/?p=696162

Во Театарот за деца и младинци – Скопје денеска од 19 часот, ќе биде изведена куклено-визуелната претстава „Во детската соба“, во рамките на програмата на фестивалот „Скопско лето“. Како што информираат од Театарот за деца и младинци, претставата е авторски проект на режисерката Милена Миланова од Бугарија и раскажува приказна за четворица чудни специјалисти вработени во компанијата ,,Kрени-носи”. – Тие ја имаат способноста да раскажуваат спомени, скриени во кутии. Нивното мото е „Крени-носи, секогаш подготвени да помогнеме”. Тие имаат задача да ги пренесат кутиите од детската соба на едно мало дете-Саша. Кутиите не се обични, туку волшебни, магични. Во секоја од нив се крие по една приказна, еден детски спомен за пријателството. Со помош на мачката Ѕвездана, со песни, кукли и бои, нашите храбри крено-носачи ќе ни ја раскажат приказната за детството на малиот Саша. За неговата средба со малото глувче, со големата риба, за подароците, за патувањата со родителите, за соништата, мечтите, борбите и пријателствата на малиот Саша. „Во детската соба“ е претстава за едно дете кое учи да се поврзува и да другарува со останатите стои во описот на претставата. Станува збор за куклена претстава работена по различни современи методи. Еден од нив е и методот за создавање визуелен театар и визуелна драматургија на Филип Женти и Мери Андервуд, француски режисери, кореографи, куклари со кои Миланова има соработувано во претходните години. Авторката, исто така, во претставата го користи и методот на театарот на материјалот. Во претставата играат Ангела Димитрова, Ана Левајковиќ Бошков, Никола Наковски, Петар Стојанов, Катарина Илиевска Силјановска и Ненад Митевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kukleno-vizuelna-pretstava-vo-detskata-soba-vo-teatarot-za-deca-i-mladinci/feed/ 0
Премиера на куклената претстава „Во детска соба“ во Театар за деца и младинци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-kuklenata-pretstava-vo-detska-soba-vo-teatar-za-deca-i-mladinci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-kuklenata-pretstava-vo-detska-soba-vo-teatar-za-deca-i-mladinci/#respond Tue, 19 Apr 2022 05:41:55 +0000 https://kurir.mk/?p=665059

На сцената на Театар за деца и младинци вечер премиерно ќе биде изведена куклената претстава „Во детска соба“ на режисерката Милена Миланова од Република Бугарија, која живее и работи во Франција. Како што информираат од Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје, станува збор за куклена претстава работена по различни современи методи. Еден од нив е и методот за создавање визуелен театар и визуелна драматургија на Филип Женти и Мери Андервуд, француски режисери, кореографи, куклари со кои Миланова има соработувано во претходните години. Авторката исто така во претставата го користи и методот на театарот на материјалот. Во претставата улогите ги толкуваат актерите Ангела Димитрова, Ана Левајковиќ Бошков, Никола Наковски, Петар Стојанов, Катарина Илиевска Силјановска и Ненад Митевски. Музиката за претставата е изработено од Ервин Тул од Франција, а сценографијата, дизајнот и куклите се авторско дело на Марина Червенкова од Бугарија. Првата реприза на претставата е закажана за 20.04.2022 со почеток од 19 часот. Претставата раскажува приказна за четворица чудни специјалисти вработени во компанијата „Kрени-носи”. Тие ја имаат способноста да раскажуваат спомени, скриени во кутии. Нивното мото е „Крени-носи, секогаш подготвени да помогнеме”. Тие имаат задача да ги пренесат кутиите од детската соба на едно мало дете-Саша. Кутиите не се обични, туку волшебни, магични. Во секоја од нив се крие по една приказна, еден детски спомен за пријателството. Со помош на мачката Ѕвездана, со песни, кукли и бои, нашите храбри крено-носачи ќе ни ја раскажат приказната за детството на малиот Саша. За неговата средба со малото глувче, со големата риба, за подароците, за патувањата со родителите, за соништата, мечтите, борбите и пријателствата на малиот Саша. „Во детската соба“ е претстава за едно дете кое учи да се поврзува и да другарува со останатите. Режисерката Миланова, која воедно е и драматург на претставата вели дека „Во детска соба“ е претстава која промовира нови методи на создавање куклени претстави. – Во процесот на создавање на претставата користевме некои елементи од методот на Филип Женти, но иста така користиме и елементи од театарот на кловнот. Имаме мешавина од елемнтите на Женти, кои се состојат од многу движење, куклено мајсторство, многу алатки како да се поврзи кукларот со куклата, манипулациите, односот и ставот на куклата, неговиот став кон телото и неговото движење. Најважната работа е што ние работевме во крвотокот на театарот на материјалот, еден од најновите вредности во светот на куклениот театар. Овој пристап на работа постои две декади, но не многу автори го употребуваат. Тоа е комплексен начин да се направи визуелна драматургија со кукли, материјал и актери, потенцира режисерката Милена Миланова. Секоја претстава што ја создаваме, сама по себе секогаш се разликува од останатите, вели таа и додава дека оваа претстава е многу интимна и со значења на повеќе нивоа. – Малите деца можат да ја видат магијата во неа, поголемите деца да размислуваат, а возрасните можат да почувствуваат дека се буди детето во нив. Претставата се разликува од другите по комплексноста. Во неа имаме: актери, куклари, драмски карактери, куклени карактери и сите заедно живеат во ист свет кој е волшебен и можеме да патуваме низ него. Сметам дека тоа е најважно во уметноста кога гледачите може да патуваат низ тој свет, да почувствуваат нешто ново, да ги натера да размислуваат за сопствената состојба во нивните животи. Впрочем, се работи за детето во нас, како ние се чувствуваме во однос на тоа дете, како се грижиме за него и како всушност понекогаш забораваме на него, вели Миланова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-kuklenata-pretstava-vo-detska-soba-vo-teatar-za-deca-i-mladinci/feed/ 0
Премиера на претставата за бебиња „Облак во мала кутија“ во Театарот за деца и младинци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-pretstavata-za-bebinja-oblak-vo-mala-kutija-vo-teatarot-za-deca-i-mladinci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-pretstavata-za-bebinja-oblak-vo-mala-kutija-vo-teatarot-za-deca-i-mladinci/#respond Tue, 01 Dec 2020 06:36:56 +0000 https://kurir.mk/?p=436617

Првата претстава наменета за бебиња на возраст од над една година „Облак во мала кутија“ вечер премиерно ќе биде изведена во Театарот за деца и младинци. Режисер на претставата е Бојана Лазиќ од Србија. „Облак во мала кутија“ е првата интерактивна театарска претстава за бебиња во државава. Претставата се изведува за ограничен број посетители согласно протоколите за заштита од Ковид-19. Во претствата играат Симона Спировска, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски и Никола Наковски. Нејзини гледачи се деца кои штотуку наполниле 12 месеци, како и нивните родители. Разни визуелни изненадувања, колективни игри, весела музика, палави зборови, необични форми и пријатна атмосфера се преплетуваат во претставата. „Облак во мала кутија“ споредено со претставите за постари деца, младинци и возрасни луѓе, не е заснована на наратив туку на дејствија кои будат и провоцираат љубопитност. Содржините се прилагодени за возраста на публиката и осмислени се со цел да ги стимулираат сетилата и да ја поттикнуваат фантазијата. Просторот во кој актерите ги дочекуваат бебињата и родителите е безбеден, удобен, мек и нежен. Во тој простор сите можат да се опуштат и да уживаат, информираат од Театарот за деца и младинци. Идејата, како што посочуваат, е актерите/изведувачите да ги инспирираат дечињата за да ги поведат во лавиринт од апстракции, нежна музика, пријатни изненадувања, сетилни сензации и соновна атмосфера. „Облак во мала кутија“ им нуди на бебињата и родителите доживување што не можат да го почувствуваат ни во една соба полна играчки, ни во парк, игротека, а ни во некоја градинка… Оваа магија не може да се случи никаде освен во театар, нагласуваат од Театарот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-pretstavata-za-bebinja-oblak-vo-mala-kutija-vo-teatarot-za-deca-i-mladinci/feed/ 0
Три децении постоење на Театарот за деца и младинци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tri-decenii-postoenje-na-teatarot-za-deca-i-mladinci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tri-decenii-postoenje-na-teatarot-za-deca-i-mladinci/#respond Wed, 25 Mar 2020 11:22:04 +0000 https://kurir.mk/?p=321913

На денешен ден во 1990 година со претставата „Чудовиштата од нашиот град“ почна со работа Театарот за деца и младинци – единствениот специјализиран професионален театар посветен на детската театарска продукција. – Три децении исполнети со многубројни детски насмевки, рекордни изведби на претстави, награди и меѓународни признанија, соопшти денеска Театарот за деца и младинци. По повод 30-годишниот јубилеј, од Театарот информираат дека изработиле монографија во која е сумиран три деценискиот развој на овој театар. Како што посочуваат, монографијата заедно со останатите активности по повод роденденот, ќе бидат поместени за друга прилика]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tri-decenii-postoenje-na-teatarot-za-deca-i-mladinci/feed/ 0
„Сонот на Вилијам“ – премиера на Театарот за деца и младинци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sonot-na-vilijam-premiera-na-teatarot-za-deca-i-mladinci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sonot-na-vilijam-premiera-na-teatarot-za-deca-i-mladinci/#respond Tue, 19 Jun 2018 12:43:57 +0000 https://kurir.mk/?p=67485

Театарот за деца и младинци утревечер премиерно ќе ја изведе претставата „Сонот на Вилијам“ во режија на Кренаре Невзати-Кери, работена според делата на Вилијам Шекспир. Режисерката и кореограф е и автор на адаптацијата на драмите на Шекспир, според преводите и препевите од Богомил Ѓузел, Драги Михајловски и Георги Сталев. Претставата раскажува за сонот што малиот Вилијам (кого го игра Бојан Кирковски) го сонува ноќта спроти училишната претстава во која треба да настапи. На Вилијам му се привидуваат ликовите од претставата - неговите другари, соученичката Јулија, како и други ликови од Шекспировите дела. Не знае дали е јаве или сон тоа што му се случило и во разговорот со мајка му (која ја игра Катарина Илиевска-Силјановска) сфаќа дека ноќта била волшебна. - „Сонот на Вилијам“ претставува бесконечна игра меѓу сонот и јавето, реалноста и фантазијата, спокојот и страста, светот на децата и светот на возрасните. Во претставата, како впрочем и во делата на Шекспир, се поставуваат вечните прашања за другарството, љубовта, емпатијата, добрината, правичноста, доблеста, храброста... И како да ги препознаеме нивните контрапункти. Најсуштествените прашања и дилеми што човекот го прават да биде личност и темел на едно цивилизирано, емпатично, еколошки освестено и хумано општество, соопшти Театарот за деца и младинци. Во претставата ќе има музика од класиката по избор на режисерката Невзати-Кери, која е и автор на сценографијата. Костимографија е на Барбара Цвејиќ-Рив, а за видеоанимација и фотографија е задолжен Емил Петро. Покрај Бојан Кирковски и Катарина Илиевска-Силјановска, во актерската екипа се и: Симона Спировска, Мики Анчевски, Мартин Јорданоски, Марија Ѓорѓијовска, Бојан Лазаров, Бојан Лазаров, Наташа Петровиќ, Изабела Новотни, Ана Левајковиќ-Бошков, Емра Куртишова, Винета Дамческа-Мојаноска. По утрешната премиера на матичната сцена, „Сонот на Вилијам“ ќе биде дел и од програмата на претстојниот „Битола Шекспир фестивал“. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sonot-na-vilijam-premiera-na-teatarot-za-deca-i-mladinci/feed/ 0
„Убавицата и ѕверот“ – 20 години на репертоарот на ТДМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ubavicata-i-dzverot-20-godini-na-repertoarot-na-tdm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ubavicata-i-dzverot-20-godini-na-repertoarot-na-tdm/#respond Tue, 06 Feb 2018 08:53:32 +0000 http://kurir.mk/?p=18612

Театарот за деца и младинци вечер во 19.30 часот свечено ќе одбележи 20 години активно играње на „Убавицата и ѕверот“ - рекордно најиграна претстава во Македонија. На прославата ќе биде поставена ретроспективна изложба за оваа претстава и за 20-те години од вселувањето на ансамблот во сегашниот простор. - Од премиерата на 6 февруари 1998 година, „Убавицата и ѕверот“ цели 20 години е на тековниот репертоар на театарот. Наскоро ќе ја доживее својата 350-та изведба, а со тоа ќе го постави рекородот на најиграна претстава во Македонија, соопшти Тетараот за деца и младинци. Оваа претстава се играше и на многу други сцени во Македонија, но и на престижни меѓународни фестивали. Ги има освоено наградите за најдобри костими изработени од Александар Ношпал, како и награда за најдобро актерско остварување за актерката Тања Кочовска на фестивал во Суботица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ubavicata-i-dzverot-20-godini-na-repertoarot-na-tdm/feed/ 0