театарска претстава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Jul 2021 18:49:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png театарска претстава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонците од Белград го одбележаа Илинден со театарска претстава и македонска етно музика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-od-belgrad-go-odbelezaa-ilinden-so-teatarska-pretstava-i-makedonska-etno-muzika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-od-belgrad-go-odbelezaa-ilinden-so-teatarska-pretstava-i-makedonska-etno-muzika/#respond Fri, 30 Jul 2021 18:49:59 +0000 https://kurir.mk/?p=544167

Во пресрет на најголемиот македонски национален празник Илинден, Македонците од Белград и здружението „Македониум“ традиционално и годинава по дванаесетти пат го одбележаа 2 август со пригодна културно-уметничка програма што се одржа во земунскиот амфитеатар Гардош, во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. – И годинава се собравме по тој повод, организиравме пригодна програма и се надеваме дека овој историски настан ќе биде убав повод да се дружиме, да се видиме и да се потсетиме на нашиот јазик, култура и традиција, изјави Елисавета Ивановска Стојановиќ од здружението „Македонум“ од Белград. На одбележувањето на Илинден кое беше во рамките на земунското култутурно лето покрај гостите од Северна Македонија, тетовското драмско друштво при Домот на културата Иљо Антевски Смок кои ја одиграа преставата „Султанот се враќа“ учествуваше и етно музичката група „Македониум“ од Белград. – Оваа група постои пет години чија цел е негување на македонската музика и со неа се преставуваме во Србија, кажа Ѓурѓа Авокатов од етно група „Македониум“ во Белград. Покрај „Македониум“, на одбележувањето на Илинден во Белград настапи и етно музичката група „Исток 10“ од Вршац со сплет на македонски народни песни. – Групата „Исток 10“ е основана со цел сочувување на традиционалната музика на овие простори, српска, македонска, руска и друга музика. Особена чест ми е да пееме и македонски песни, бидејќи повеќе членови се со македонско потекло и затоа ни е најзастапена македонската песна, изјави Дарко Ристевски од Гудирца крај Вршац член на групата „Исток 10“. Македонците во Србија традиционално го одбележуваат Илинден, а централно место е положувањето на свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во населеното место Јабука крај Панчево. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedoncite-od-belgrad-go-odbelezaa-ilinden-so-teatarska-pretstava-i-makedonska-etno-muzika/feed/ 0
Изведба на театарската престава „Да го поздравиш и да ми го бациш” во МКЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izvedba-na-teatarskata-prestava-da-go-pozdravish-i-da-mi-go-bacish-vo-mkc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izvedba-na-teatarskata-prestava-da-go-pozdravish-i-da-mi-go-bacish-vo-mkc/#respond Wed, 26 May 2021 06:14:50 +0000 https://kurir.mk/?p=515080

На сцената на МКЦ вечерва и утревечер ќе биде изведена театарската претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“, во продукција на зружението „Артопија“. „Да го поздравиш и да ми го бациш“ е документарна претстава, авторско дело на четворица актери и еден режисер и ја раскажува приказната за растењето, за соништата за себеостварувањето и за соочувањето со општествените механизми на функционирање. Темите што се отвораат во претставата (уметноста во себе, надежите, стравовите, борбите за остварување на креативниот потенцијал…) се одраз на личните искуства на актерите и зборуваат за борбата за индивидуална слобода. Претставата зборува и за емотивната слика на индивидуалниот внатрешен конфликт помеѓу интутитивното и рационалното, за слика за вакуум просторот помеѓу „каков сакаме да биде животот“ и „каков животот навистина е“ итн. Севкупно, актерите на сцена поставуваат прашања и отворат дилеми барајќи начин да ги одговорат. Во ова престава играа Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Симона Спировска Костовска, а режијата е на Билјана Радиноска. Претставата, како што истакнуваат организаторите, не е наменета за лица под 16 години. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izvedba-na-teatarskata-prestava-da-go-pozdravish-i-da-mi-go-bacish-vo-mkc/feed/ 0
Викендов во МКЦ прва детска магионичарско- театарска претстава, билетите речиси распродадени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vikendov-vo-mkc-prva-detska-magionicharsko-teatarska-pretstava-biletite-rechisi-rasprodadeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vikendov-vo-mkc-prva-detska-magionicharsko-teatarska-pretstava-biletite-rechisi-rasprodadeni/#respond Tue, 10 Dec 2019 08:15:54 +0000 https://kurir.mk/?p=275379

Првата македонска детска магионичарско – театарска претстава „Како Хокус го пронајде Покус“ ќе се одржи во Скопје овој викенд, на 14 и 15 декември. Организаторите на претставата најавуваат спектал и гарантираат многу забава, илузија, интеракција и едукација. Главните актери се Гого Реквием (Георги Гавровски) и Мартин Јорданоски, а идејата за претставата и сценариото се на Гого Реквием. Шесте термини за претставата се речиси распродадени, па доколку сакате да бидете дел од магионичарско – театарското шоу побрзајте и набавете го вашиот билет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vikendov-vo-mkc-prva-detska-magionicharsko-teatarska-pretstava-biletite-rechisi-rasprodadeni/feed/ 0