театарски фестивал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 May 2022 11:15:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png театарски фестивал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Театарски фестивал „5ре“ во Велес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/teatarski-festival-5re-vo-veles/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/teatarski-festival-5re-vo-veles/#respond Thu, 19 May 2022 11:15:28 +0000 https://kurir.mk/?p=678886

На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов –Џинот“ во Велес вечер во 20 часот почнува програмата на новиот театарски фестивал „5ре“ во чест на доајенот на македонското глумиште велешанецот Петре Прличко. На отворањето ќе биде врачена годинашната награда за животно дело во актерската дејност „Петре Прличко“ на годинашниот добитник актерот и шоумен Игор Џамбазов, внук на Петре Прличко. Во негова чест велешкиот театар ќе ја одигра комедијата „Слуга на двајца господари’. Фестивалот, кој ќе трае до 28 мај, продолжува утревечер во 20 часот со претставата „Странци“ во изведба на Драмскиот театар од Скопје, на 21 мај во сабота ќе гостува прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ со комедијата „Да Инспекторе“. На 25 мај е претставата „Вардарски пастуви“ на Тетарот Комедија од Скопје, а на 26 мај „Пасивно пушење“ со гостување на штипскиот театар. Сите претстави ќе бидат на сцената на велешкиот Народен театар освен последната на 28 мај кога е и затворањето на фестивалот на отворено на сцената во Младинскиот парк STAND UP со Тино и Атанас. Во рамки на фестивалот ќе има и две детски претстави кои се бесплатни за децата првата е на 26 мај во 13 часот „Чунголунговски, Пепелашка и Принцот Тортичка“ и втората на 28 мај во 12 часот кога ќе гостува Театарот за деца у младинци со претставата „Супербајкастично“. Билетите за сите претстави за фестивалот може да се набават на билетарата од велешкиот театар. Основач и покровител на фестивалот е Општина Велес и повеќе спонзори, а организатор е Здружението со делегирана надлежност „Плус публика“ Велес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/teatarski-festival-5re-vo-veles/feed/ 0
„5ре“ – театарски фестивал во Велес посветен на Петре Прличко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/5re-teatarski-festival-vo-veles-posveten-na-petre-prlichko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/5re-teatarski-festival-vo-veles-posveten-na-petre-prlichko/#respond Tue, 17 May 2022 13:31:35 +0000 https://kurir.mk/?p=677883

Велес, родниот град на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко, во негова чест почнува да организира нов фестивал – „5ре“. Фестивалот ќе има ревијален карактер и годинава ќе претстави седум хит комедии од македонските театари и две претстави за деца. Ќе биде отворен в четврток во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ кога ќе биде врачена и традиционалната награда „Петре Прличко“ за животно дело во актерската дејност, годинава на Игор Џамбазов, внук на Петре Прличко. Во чест на наградениот ќе биде изведена претставата „Слуга на двајца господари“ на велешкиот театарски ансамбл со што ќе биде отворен фестивалот кој ќе трае до 28 мај. Ненад Витанов, режисер и член на организациониот одбор, денеска на прес-конференција потенцира дека преку овој фестивал ќе му се оддаде почит на Петре Прчилко преку популарни претстави како што беше популарен и Петре. Тој информираше дека на програмата се девет фестивалски претстави, од кои шест на сцената на Велешкиот театар, една на отворена сцена во Младинскиот парк, а во дополнителната програма и две претстави за деца. Зоран Љутков, актер и актуелен претседател на Советот на Општина Велес, истакна дека со години наназад велешката театарска публика може да види одлични театарски продукции, како и комедии кои се од потешките жанрови за играње. .-Ова не е ниту случајно, ниту инцидентно, туку логичен потег, Велес да добие ваков театарски фестивал, со домашни популарни претстави на македонските театри. Се надевам дека ќе доживее голем успех, рече Љутков. Воедно информираше дека по подолга пауза велешани повторно ќе имаат секојдневни културни настани од мај до октомври. Во претстојното лето ги најави: забавната рекреативна манифестација во Градскиот парк од 2 до 5 јуни, Рациновите средби, потоа Меѓународниот фолклорен фестивал, Фестивалот на античка драма „Стоби“, Фестивалот на џез и светска музика и Скулпторската колонија. Влезниците за новиот фестивал „5ре“ се веќе пуштени во продажба и се по цена од 200 денари, освен за детските престави кои се бесплатни, но со претходно набавување на билетите. Основач и покровител на фестивалот е Општина Велес која и го финансира, а организатор е велешкото Здружение „Плус публика“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/5re-teatarski-festival-vo-veles-posveten-na-petre-prlichko/feed/ 0
Отворен 53. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoren-53-makedonski-teatarski-festival-vojdan-chernodrinski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoren-53-makedonski-teatarski-festival-vojdan-chernodrinski/#respond Sat, 09 Jun 2018 07:03:47 +0000 https://kurir.mk/?p=63829

Со доделувањето на наградите за животно дело на актерот Петре Арсовски и на композиторот Љупчо Константинов и со првата претстава во официјалната конкуренција за награди, претставата на МНТ „Ничија Земја“ од Денис Тановиќ во режија на Александар Морфов, синоќа во големата сала од Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп беше отворен 53. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот, официјално за отворен го прогласи заменик минисерот за култура, Владимир Лазовски. - Го прогласувам за отворен 53 Македонски театарски фестивал. Уживајте во театарските денови, рече Лазовски. Годинашните лауреати, добитници на наградата за животно дело, актерот Петре Арсовски и композиторот Љупчо Константинов нагласија дека со овие признанија се докажува дека не се заборавени, а нивната професија не престанува со пензионерањето. - Наградата секогаш е поттик. Јас се уште ќе работам предано на она што досега го правев - сценска музија и музика за театар, филм, за серија. Секогаш е најбитно да ја почувствувам темата за која ја создавам музиката. Сето другото доаѓа од душа и со љубов, рече Константинов. Арсовски икстакна дека оваа награда е доказ дека колегите не го заборавиле и дека се уште е жив како на сцената, така и во нивните сеќавања и кај публиката. На младите им порачуа да се занимаваат што повеќе со театар во која било форма, аматерски или професионален. Според уметничкиот директор и селектор на Фестивалот Катарина Коцевска, Фестивалот ќе и понуди на публиката осумдневна сценска и театарска магија. - Театарската магија ќе живее наредните осум фестивалски дена. Ќе уживаме заедно со публикаат која веќе најавува дека ќе имаме полни сали. Тоа ме одушевува, изјави Коцевска. За прилепскиот градоначалник Илија Јованоски Прилеп живее за театарот и за Фестивалот и тој е дел од него. Најави дека прилепските актери ќе добијат нова театарска куќа. -Како градоначалник на градот којшто 53 години е домаќин на најреномираната театарска манифестација во државата, чувствувам одговорност кон фестивалот, кон актерите на матичната театарска куќа „Војдан Чернодрински“, но и кон сите годинешни и идни генерации уметници, кои со својата посветеност го плетат уметничкото театарско платно на Македонија. Затоа сакам да најавам и од оваа уметничка сцена, Прилеп и Министерството за култура остваруваат интензивна соработка, со цел градот да добие нов и репрезентативен театар, кој ќе ги исполнува сите современи стандарди за работа и современа техничка логистика на актерите, сценаристите, режисерите, на сите уметници кои се дел, од, без поговор, единствената професија, која твори со најнепосреден фитбек, рече Јованоски. Тој им оддаде почит на двајца прилепчани, доајени на македонскиот театар - Илија Милчин и Кирил Ристоски. Годинава се навршуваат 100 години од раѓањето на Милчин и 70 години од раѓањето на Кирил Ристоски. Како прва од 12-те претстави во конкуренцијата за награди, публиката ја виде претставата на МНТ „Ничија земја“ од Денис Тановиќ во режија на Александар Морфов. На полноќ беше прикажана и првата претстава во придружната фестивалска програма. На сцената од прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ беше прикажана испитната претстава на студентите по актерска игра од трета година во класата на професорот Мими Таневска Србиновска, претставата „Ревизор“ од Гогољ. Во очи отворањето на Фестивалот, во фоајето од Домот на културата беше отворена изложбата „Моќта на театарот“ со оригинални експонати од музејот на МНТ за неговата историја од 1945 до денес. - На изложбата се претставени оригинални експонати, фотографии, од сцени, костими, плакати за се што се подготвувало во МНТ од 1945 година до денес. Ова сето е големо богатство за театарот и за неговата историја, рече кустосот во музејот на МНТ, Ивана Јарчевска. Денеска на репертоарот на фестивалот е богата програма. Напладне во Домот на културата „Марко Цепенков“ ќе се одржи трибина со наслов „Театарската критика денес“. Модаератор ќе биде професор д-р Ана Стојаноска. Вечер на програмата на Фестивалот се две претстави во конкуренцијата за награди. Од 19.30 часот на сцената во Домот на културата „Марко Цепенков“, Битолскиот народен театар ќе ја изведе претставата „Доктор Фауст“ од Кристофер Марлоу во режија на Андраш Урбан, а од 22 часот на матичната сцена, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ќе ја изведе „Клетници“ од Виктор Иго во режија на Мартин Кочовски. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoren-53-makedonski-teatarski-festival-vojdan-chernodrinski/feed/ 0