тец неготино – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Dec 2022 10:38:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тец неготино – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вклучен вториот котел во ТЕЦ Неготино https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vkluchen-vtoriot-kotel-vo-tec-negotino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vkluchen-vtoriot-kotel-vo-tec-negotino/#respond Mon, 12 Dec 2022 10:38:59 +0000 https://kurir.mk/?p=774338

Вклучен е и вториот котел во ТЕЦ Неготино и термоелектраната во моментот работи со полн капацитет. Вториот котел е синхронизиран на мрежа пред 42 часа, по сите протоколи на вклучување, односно по првично стабилизирање на системот со работа со еден котел, информираат од ЕСМ. Согласно планот за производство, ТЕЦ Неготино треба непрекинато да работи со два котли до крајот на април. Покрај ТЕЦ Неготино, АД ЕСМ произведува преку два блока во РЕК Битола, РЕК Осломеј, гасната електрана Енергетика, хидроелектраните и ветерниот парк. Од ЕСМ информираат дека се прават подготовки за стартување и на Блок 3 по пристигнувањето на носечката единица од трансформаторот. АД ЕСМ целосно од сопствено производство ги задоволува потребите за електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи, како и значаен дел од количините за дополнителни снабдувања по одлуки на Владата. Помал дел од количините за дополнителни снабдувања преку ЕСМ Продажба се набавуваат, а се однесуваат на последните мерки за снабдувања на училишта, јавни претпријатија и дел од стопанството.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vkluchen-vtoriot-kotel-vo-tec-negotino/feed/ 0
Почнуваат активности за ставање во функција на електраната ТЕЦ Неготино https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuvaat-aktivnosti-za-stavanje-vo-funkcija-na-elektranata-tec-negotino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuvaat-aktivnosti-za-stavanje-vo-funkcija-na-elektranata-tec-negotino/#respond Mon, 05 Dec 2022 07:22:59 +0000 https://kurir.mk/?p=770999

АД Електрани на Северна Македонија соопшти дека ТЕЦ Неготино од изутринава ќе почне со пуштачки активности за ставање на електраната во функција на производство. – Вечерва завршуваат сервисните и ремонтните активности на генераторот и на другата опрема во ТЕЦ Неготино, и утре во 7.30ч почнуваат пуштачките активности за ставање на електраната во функција на производство, информираа синоќа од Електрани на Северна Македонија. Како што посочија од компанијата, во договорот со економскиот оператор кој ги изведувал работите бил наведен 15 декември како датум за завршување на зафатите. – Но, со засилен интензитет на работа на економскиот оператор, и зголемен ангажман на вработение кој во изминатите денови се вршеше под засилен надзор од генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и на директорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, рокот е скратен за 10 дена. Во услови на енергетска криза тоа ќе значи економски и енергетски бенефит, наведоа од Електрани на РСМ. Во сервисните и ремонтните активности беа вклучени економскиот оператор Монтинг Инженеринг, вработените во ТЕЦ Неготино, АД ЕСМ, РЕК Битола и консултанти од производителот од Украина. Генераторот е произведен во 1975г и во ТЕЦ Неготино е ставен во употреба во 1978г. Ова е прво отворање и големо ремонтирање на генераторот. Од АД ЕСМ посочија дека вложуваат максимални напори и засилено ги ставаат во функција сите капацитети, со цел да се задоволи зголемената потреба од домашна електрична енергија, со оглед на зголемените задолжувања од страна на Владата кон АД ЕСМ за испорака на енергија кон Универзалниот снабдувач, институциите, како и бизнис секторот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuvaat-aktivnosti-za-stavanje-vo-funkcija-na-elektranata-tec-negotino/feed/ 0
„РЕК Битола прави набавка од фирма на директор на ТЕЦ Неготино“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rek-bitola-pravi-nabavka-od-firma-na-direktor-na-tec-negotino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rek-bitola-pravi-nabavka-od-firma-na-direktor-na-tec-negotino/#respond Sat, 26 Nov 2022 10:40:46 +0000 https://kurir.mk/?p=766834

Нема крај на криминалите и сомнителните зделки во електро енергетскиот систем воден од СДС. Ова е договор тежок 632.000 евра со којшто РЕК Битола набавува од семејна фирма на директорот на ТЕЦ Неготино! Тој е единствен понудувач, а според РЕК Битола, „оваа набавка е неопходна за превенција за заштита од емисии на прашина на отворено, особено при високи температури, суво и ветровито време“, така е наведено во одговорот од РЕК Битола за медиумите. Набавка на средство за спречување на кревање прашина, потребно во топли сушни денови со високи температури, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека како што веќе е објавено во јавноста, На 20 октомври АД ЕСМ за потребите на РЕК Битола склучува договор за јавна набавка на стоки со семејната фирма на директорот на ТЕЦ Неготино и висок функционер во СДС, Небојша Стојановиќ од Неготино, „Хем алијанс“ со седиште во Пепелиште. - Сопственик на фирмата е неговиот татко, а управител неговата сопруга Милица Стојановиќ. „Хем алијанс“ се обврза во наредните 12 месеци за потребите на РЕК Битола да набавува „чисто органско биоразградливо соединение за спречување на појава на прашина од одложена пепел (РЕК Битола)“. Вредноста на овој договор со ДДВ е 39.117.000 денари. Потписник во име на РЕК Битола е директорот Пеце Матевски. Со владина одлука од 14 јуни, ТЕЦ Неготино АД во сопственост на државата е присоединето со АД ЕСМ, а во тек било склучувањето на спогодбата за присоединување. Е па почитувани, јасна е намерата, уште повидлив е судирот на интереси. Оттука прашуваме: Зошто во услови на тешка криза енергетска и финансиска сега се прави набавка за суви, топли денови? Дали причината е токму присоединувањето на ТЕЦ Неготино, управувано од кадар и функционер на СДС со АД ЕСМ, односно да се фати последниот воз за набавка? Дали сега кога имало само еден понудувач не можело да се прекине постапката? Дали не било потребно да се запре постапката ако се има предвид дека единствен понудувач е семејната фирма на директорот на ТЕЦ Неготино, запраша портпаролот. Стоилковски појасни дека според медиумите, од РЕК Битола не прашани споменуваат дека „немало судир на интереси“ што директно отвора сомнеж дека во компанијата точно знаат за што се работи и дека работата не е до крај чиста! - Со електроенергетскиот систем воден од СДС, РЕК Битола набавува од семејната фирма на директорот на ТЕЦ Неготино, а двете се дел од АД ЕСМ! И РЕК Битола и ТЕЦ Неготино се водени од високи функционери на СДС! Системот, односно институциите како ДКСК и ЈО веднаш би требало да отворат истрага и да одговорат дали ова не е судир на интереси и дали ова не е директно прелевање на буџетски пари кај партиски функционери. Секој ден со СДС на власт државата тоне се подлабоко во кризи и сиромаштија предизвикани од криминал и корупција на власта. Потребни се избори веднаш, додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rek-bitola-pravi-nabavka-od-firma-na-direktor-na-tec-negotino/feed/ 0
Завршуваат ремонтните активности во ТЕЦ Неготино, термоелектраната на мрежа на почетокот на декември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zavrshuvaat-remontnite-aktivnosti-vo-tec-negotino-termoelektranata-na-mreza-na-pochetokot-na-dekemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zavrshuvaat-remontnite-aktivnosti-vo-tec-negotino-termoelektranata-na-mreza-na-pochetokot-na-dekemvri/#respond Wed, 23 Nov 2022 10:36:48 +0000 https://kurir.mk/?p=765298

Во ТЕЦ Неготино завршуваат сервисните и ремонтните активности, и електраната се подготвува за враќање на мрежа на почетокот на декември, информира ЕСМ. Проверките и санирањата се изведуваат од страна на вработени во термоелектраната, домашни стручни лица и стручен тим од Украина, односно од производителот на опремата вградена при изградбата на ТЕЦ Неготино. -Во завршна фаза е санирањето на намотката и статорското јадро на турбогенераторот, се завршува контролното електрично испитување на намотката, по што ќе се пристапи кон затворање на турбогенераторот и завршни контролни електрични испитувања и заптивноста на истиот. Вклучувањето на термоелектраната на мрежа е планирано на почеток на декември, во првиот кус период со еден котел, а потоа и со втор, согласно протоколите за работа, велат од ЕСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zavrshuvaat-remontnite-aktivnosti-vo-tec-negotino-termoelektranata-na-mreza-na-pochetokot-na-dekemvri/feed/ 0
МКД.мк: Мажот е директор на ТЕЦ Неготино, а сопругата со РЕК Битола потпишува договор вреден 630 илјади евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mkd-mk-mazot-e-direktor-na-tec-negotino-a-soprugata-so-rek-bitola-potpishuva-dogovor-vreden-630-iljadi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mkd-mk-mazot-e-direktor-na-tec-negotino-a-soprugata-so-rek-bitola-potpishuva-dogovor-vreden-630-iljadi-evra/#respond Thu, 17 Nov 2022 07:07:39 +0000 https://kurir.mk/?p=762124

Милица Стојановиќ се потпишува како одговорно лице на фирмата „Хем алијанс“ на договорот со ЕСМ заверен на 20 октомври вреден 632 илјади евр. Нејзиниот сопруг е Небојша Стојановиќ, директор на ТЕЦ Неготино. Од РЕК Битола велат дека нема некаков конфликт на интереси и дека за тоа била потпишана дури и изјава, пишува порталот МКД.мк. На 20 октомври АД ЕСМ за потребите на РЕК Битола склучува договор за јавна набавка на стоки во директна спогодба со семејната фирма на директорот на ТЕЦ Неготино и висок функционер во СДСМ, Небојша Стојановиќ од Неготино, „Хем алијанс“ со седиште во Пепелиште. Сопственик на фирмата е неговиот татко, а управител неговата сопруга Милица Стојановиќ. „Хем алијанс“ се обврза во наредните 12 месеци за потребите на РЕК Битола да набавува „чисто органско биоразградливо соединение за спречување на појава на прашина од одложена пепел (РЕК Битола)“. Вредноста на овој договор со ДДВ е 39.117.000 денари. Потписник во име на РЕК Битола е директорот Пеце Матевски, објавува порталот. Од РЕК Битола, како дел од системот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), велат дека наведената набавка е јавна набавка која е спроведена во РЕК Битола и истата не се однесува во никој случај за ТЕЦ Неготино. Целиот текст прочитајте го на МКД.мк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mkd-mk-mazot-e-direktor-na-tec-negotino-a-soprugata-so-rek-bitola-potpishuva-dogovor-vreden-630-iljadi-evra/feed/ 0
АД ЕСМ произведува со два блока од РЕК Битола и еден блок РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино во сервисни и ремонтни активности https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ad-esm-proizveduva-so-dva-bloka-od-rek-bitola-i-eden-blok-rek-oslomej-tec-negotino-vo-servisni-i-remontni-aktivnosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ad-esm-proizveduva-so-dva-bloka-od-rek-bitola-i-eden-blok-rek-oslomej-tec-negotino-vo-servisni-i-remontni-aktivnosti/#respond Fri, 21 Oct 2022 13:34:05 +0000 https://kurir.mk/?p=749087

АД ЕСМ соопшти дека во моментот произведува електрична енергија преку двата блока во РЕК Битола, едниот блок во РЕК Осломеј и хидроелектраните кои се користат пред се за системски услуги. Според компанијата, со оглед на тоа што се произведува со три блока од термоектраните и со оглед на топлото време, конзумот се задоволува со наведените капацитети. -ТЕЦ Неготино работеше во периодот додека се изведуваше ремонтот на Блок 1 во РЕК Битола, и со повторното вклучување на Блок 1 во системот, се создадоа услови за исклучување на ТЕЦ Неготино и вршење сервисни и ремонтни активности врз истиот со цел зајакнување на постројката, заради поголема довеерливот за следниот период, кога потрошувачката ќе се зголеми и кога сите капацитети на ЕСМ ќе мора да бидат вклучени, информира ЕСМ. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ad-esm-proizveduva-so-dva-bloka-od-rek-bitola-i-eden-blok-rek-oslomej-tec-negotino-vo-servisni-i-remontni-aktivnosti/feed/ 0
Кражба на турбинско масло во кругот на ТЕЦ „Неготино“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krazba-na-turbinsko-maslo-vo-krugot-na-tec-negotino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krazba-na-turbinsko-maslo-vo-krugot-na-tec-negotino/#respond Thu, 21 Jul 2022 13:30:25 +0000 https://kurir.mk/?p=708479

Кражба на турбинско масло во кругот на ТЕЦ „Неготино“ била пријавена во полиција. Оваа информација денеска ја потврдија за МИА од СВР Велес. -На ден 13.07.2022 година во 12 часот, од страна на лицето Н.A е пријавено дека во кругот на АД ТЕЦ Неготино, има кражба на турбинско масло, кое било складирано во резервоар и тоа по нивно интерно мерење, недостасуваат 3500 литри турбинско масло, рекоа од СВР Велес. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krazba-na-turbinsko-maslo-vo-krugot-na-tec-negotino/feed/ 0
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: РЕК Битола повторно работи само со еден блок, а ТЕЦ Неготино исклучен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-rek-bitola-povtorno-raboti-samo-so-eden-blok-a-tec-negotino-iskluchen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-rek-bitola-povtorno-raboti-samo-so-eden-blok-a-tec-negotino-iskluchen/#respond Sat, 05 Feb 2022 18:43:01 +0000 https://kurir.mk/?p=627502

Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека РЕК Битола повторно работи само со еден блок, а ТЕЦ Неготино исклучен. -По пожарот на третиот блок и нестручната санација на истиот со кој се нанесе милионска штета, односно се уништи главниот трансформатор на блок 3, РЕК Битола веќе два дена се соочува со нови проблеми. Блокот 1 е исклучен поради пукање на цевки во котелскиот дел! Самонаречените „шампиони“ во енергетиката се дефинитивно шампиони, ама во негативна смисла на зборот. Најголемиот производител на електрична енергија веќе два дена работи само со еден блок со половина снага. Ситуацијата е уште поалармантна ако се знае дека поради нестручност, небрежност или намерно поради неисчистени канали за довод на техничка вода, надвор од мрежа е ТЕЦ Неготино. ТЕЦ Осломеј и покрај бомбастичните најави има јаглен за само неколку денови. Со ваквото хаотично работење се доведува и безбедноста на сите вработени како и на енергетските објекти од витално значење. Неспособноста и некомпетентноста со поставување на партиски неискусни кадри, донесени од кафеани како свирачи, рецепционери, автомеханичари на раководни позиции во АД ЕСМ и РЕК Битола, се главна причина за ваквата катастрофална состојба на електроенергетските објекти. Деновиве најчувана тајна е колкав е моменталниот увоз на електрична енергија и по која цена ќе се палти истата, а сето тоа поради неспособноста на оваа власт. Овој товар на македонската економија ќе биде претежок за граѓаните, бидејќи сега недостатокот на електрична енергија ќе биде од увоз, а цените на берзите се екстремно високи. Дали ваквото дилетанско, неодговорно, клептоманско и мафијашко управување со енергетските објекти е дел од планираното сценарио на СДСМ најавено како зелена енергетска стратегија и престанок на работа на РЕК Битола? За вакво управување на енергетиката во Македонија, СДС и ДУИ ќе мора да понесат одговорност!, стои во постот на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-rek-bitola-povtorno-raboti-samo-so-eden-blok-a-tec-negotino-iskluchen/feed/ 0
ЕСМ доби одобрение, ТЕЦ „Неготино“ стартува со работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-dobi-odobrenie-tec-negotino-startuva-so-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-dobi-odobrenie-tec-negotino-startuva-so-rabota/#respond Thu, 25 Nov 2021 21:04:43 +0000 https://kurir.mk/?p=599947

Владата на денешната 121 седница, даде согласност на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) да го активира со работа ТЕЦ „Неготино“ за времено дополнително производство на електрична енергија во услови на енергетска криза. – Владата даде согласност да се склучи договор за деловно-техничка соработка меѓу АД „ЕСМ“ и АД ТЕЦ „Неготино” за набавка на мазут и за производство на електрична енергија, во периодот декември 2021 – април 2022, со можност за понатамошна соработка доколку за тоа има потреба. Според овој договор, кој ќе ги регулира правата и обврските на двете страни, АД „ЕСМ“ ќе ја набави потребната количина мазут за функционирање на ТЕЦ „Неготино“ и ќе ја преземе целокупната произведена електрична енергија, соопштија од владината Прес-служба. Оттаму додадаваат дека произведената електрична енергија во ТЕЦ „Неготино“, ЕСМ ќе ја искористи во еден дел за потребите за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи во случаи на кусоци, дел ќе понуди за потребите на АД „МЕПСО“, додека вишокот електрична енергија, „ЕСМ Продажба“ преку Стопанската комора ќе ја понуди на продажба на слободниот пазар на домашните стопански субјекти, по цени пониски од цените на берзата. Владата на Северна Македонија, како што информираа оттаму, ќе ја помогне набавката на мазут потребен за период од еден месец, во што ќе учествува и ЕСМ со свои средства. – Обртните средства кои ќе се остварат со производството на електрична енергија во првиот месец, ќе бидат искористени од страна на АД „ЕСМ“ за набавка на мазут за понатамошно производство, доколку од истото има потреба, додадоа од Влада. Со оваа одлука, како што посочија од Влада, ќе се овозможи зајакнување на домашниот електро-енергетски систем, зголемување на домашното производство на електрична енергија, а со тоа зголемување и на БДП, а ТЕЦ „Неготино“ кој 12 години беше ладна резерва, ќе биде ставен во функција и ќе даде економски придонес за државните енергетски компании и стопанството во услови на глобална енергетска криза. – Цената на електричната енергија на берзите секојдневно расте и во моментот изнесува 283 евра за мегаватчас. Со сегашната регулирана цена на мазутот од 36 денари за колиграм, производната цена на ТЕЦ „Неготино“, доколку работи со еден котел ќе изнесува околу 175 eвра за мегаватчас, додека ако работи со два котла ќе изнесува околу 150 eвра за мегаватчас, истакнаа од владината Прес-служба. ТЕЦ „Неготино“ има вкупен расположив капацитет за производство од 180 мегавати, што е приближно еден блок на РЕК „Битола“. Државната термоелектраната „Неготино“ е изградена во 1978 година и истата последен пат работела во 2009 година. Целокупниот процес на рестартирање на ТЕЦ „Неготино” ќе подлежи на пробен период и проверка на сите функционалности на опремата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/esm-dobi-odobrenie-tec-negotino-startuva-so-rabota/feed/ 0
„Дали и ТЕЦ Неготино ќе се најде на листата на фирми за кои власта на чело со Заев е трганата во целосна распродажба?“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-i-tec-negotino-kje-se-najde-na-listata-na-firmi-za-koi-vlasta-na-chelo-so-zaev-e-trganata-vo-celosna-rasprodazba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-i-tec-negotino-kje-se-najde-na-listata-na-firmi-za-koi-vlasta-na-chelo-so-zaev-e-trganata-vo-celosna-rasprodazba/#respond Thu, 15 Oct 2020 11:52:00 +0000 https://kurir.mk/?p=416761

ДАЛИ И ТЕЦ НЕГОТИНО ЌЕ СЕ НАЈДЕ НА ЛИСТАТА НА ФИРМИ ЗА КОИ ВЛАСТА НА ЧЕЛО СО ЗОРАН ЗАЕВ Е ТРГНАТА ВО ЦЕЛОСНА РАСПРОДАЖБА?, ова денеска преку статус на Фејсбук го прашува Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. -Мафијата на власт на чело со Зоран Заев очигледно е тргната во целосна распродажба на Македонија. Откако ја ликвидираа Еуростандард банката преку кој се вршеше платниот промет, следна во низата најави е продажбата на Македонски пошти, а потоа и ТЕЦ Неготино. До сега СДСМ знаеше да се присети на ТЕЦ Неготино само кога ќе дојдат избори. Не е далеку 2016 година, кога на тогашните избори ветуваа пренамена на ТЕЦ Неготино во енергетско-земјоделски комбинат и користење на природниот гас во оваа електрана (Слика 1). Дека ова било една од многуте лаги, се докажа со тоа што изминативе четири години ниту се модернизира ТЕЦ Неготино, ниту се гасифицира, ниту се пренамени во некаков си енергетско-земјоделски комбинат. Исто така, никаде ги нема производството на раноградинарски култури и прехранбено преработувачката индустрија за кои ветуваа дека како евтин енергенс ќе ја користеле произведената топлинска енергија од оваа електрана. На изборите во јули повторно се фалеа со истиот проект. Имено, во Програмата за избори на СДСМ во јули 2020 година стои дека во текот на 2020 година ќе биде објавен тендер за модернизација и трансформација на ТЕЦ Неготино, во постројка која ќе користи природен гас и ќе обезбеди можности за зголемено земјоделско производство (Слика 2). После изборите во јули имаме ново изненадување: приватизација на ТЕЦ Неготино. Во овие 4 години власт ништо не изградија, ниту еден посериозен инвеститор не донесоа, ама први се да направат некоја распродажба. Наместо да се направи стратегија гасоводот да влезе во ТЕЦ Неготино и истата наместо на мазут да се префрли да работи на гас, СДСМ повторно ќе го раскрчмува државниот имот. Но, за нив ништо не е чудно. Откако во 2006 го продадоа делот на дистрибуцијата на електрична енергија од тогашното Електростопанство на Македонија, па во 2019 година распишаа тендер за изградба на ХЕЦ Чебрен во кој на новиот инвеститор на подарок му ја даваат ХЕЦ Тиквеш, оваа информација за продажбата на ТЕЦ Неготино воопшто и не изненадува. Ваквото лицемерие нема да остане неказнето од страна на граѓаните, а посебно од оние кои живеат во населените места во околината од ТЕЦ Неготино, стои во нивниот пост на Фејсбук. https://www.facebook.com/EnergetikaVMRODPMNE/posts/354437702660993  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-i-tec-negotino-kje-se-najde-na-listata-na-firmi-za-koi-vlasta-na-chelo-so-zaev-e-trganata-vo-celosna-rasprodazba/feed/ 0