тец осломеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 22 Apr 2023 10:14:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тец осломеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: ТЕЦ Осломеј три дена работи – два дена одмара, поради испад или “планиран” застој https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-tets-oslomej-tri-dena-raboti-dva-dena-odmara-poradi-ispad-ili-planiran-zastoj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-tets-oslomej-tri-dena-raboti-dva-dena-odmara-poradi-ispad-ili-planiran-zastoj/#respond Sat, 22 Apr 2023 10:14:03 +0000 https://kurir.mk/?p=826345

Излегувањето на медиуми и срамното констатирање дека домашните енергетски капацитети произведуваат повеќе од потребните количини на електрична енергија за Македонија е веќе смешно и трагикомично. Оправдувањето дека термоенергетските постројки (ТЕП) не работат затоа што цената на берза е поефтина од производствената паѓаат во вода, бидејќи сите веќе знаат дека овие постројки не смеат да имаат чести прекини во работењето. Честите испади и застои придонесуваат за предвремено амортизирање и скратување на животниот век на електромашинската опрема, а и секое стартување на еден термо блок кое чини над 100 илјади евра за ТЕЦ Осломеј, а над 200 илјади евра за РЕК Битола. Многу се чести непланските застои и во останатите капацитети, но посебна приказна е ТЕЦ Осломеј, каде како намерно да се уништува опремата. Проблемите во ТЕЦ Осломеј се слични со проблемите во РЕК Битола, но никој до сега нема констатирано што е причината за дефектите. Дали е тоа квалитетот на јагленот или квалитетот на мазутот? Никој не презема одговорност за склучените договори со фиктивни економски оператори кои нудат најниски цени за неквалитетни услуги, а потоа секојдневно се случуваат разни хаварии и застои во производството. Јавна тајна е дека во ТЕЦ Осломеј нема ремонт на котловските цевки изминатите неколку години. Овој енергетски капацитет после хаварија го вклучуваат без да се изврши ладна проба на заварените цевки. Кај овој енергетски капацитет од 6 (шест) млинови најчесто во работа се 4 (четири), а тоа е минималниот потребен број за работа. Сите овие пропусти се евидентни и кога на ова ќе се додаде неквалитетен мазут и јаглен, тогаш и очекувано е дека турбината и генераторот не можат да постигнат снага поголема од 70 MW. Никој не води сметка за степенот на искористување на горивото и добиената снага на излез од генераторот. Партиските нестручни кадри на СДС поставени на раководни позиции без идеја и стратегија не сносат никаква одговорност за нестручното и безидејно раководење на енергетските објекти, ниту пак некој го бара тоа од нив. Дали ТЕЦ Осломеј ќе влезе на мрежа за два до три дена и ќе работи десет или петнаесет дена веќе не е важно, бидејќи ниту судската власт, ниту ЈО или антикорупциската комисија не реагираат соодветно, а нивното пасивно дејствување остава сомнеж дека сите институции се немоќни или заедно синхронизирани, а поради тоа нема кој да го заштити општествениот капитал на оваа држава. Исто така состојбата и во РЕК Битола е драматична и многу неизвесна. Се поставува прашањето дали овие два енергетски објекти намерно се уништуваат и дали набавката на електрична енергија е поисплатлива за една мала група од власта, кои очигледно и сигурно се издвојуваат како нова класа жители на оваа држава со псевдонимот „недопирливи”. Медиумите блиски до власта секојдневно шират информации дека фотоволтаиците се иднината на енергетиката во оваа држава. За оваа Влада очигледно е дека базната енергија е заменета со вршна енергија и никој веќе како да не се грижи за енергетската стабилност на земјата. За жал оваа Влада нема долгорочна стратегија за изградба на енергетски капацитети кои ќе произведуваат базна енергија. Причина за ваквото уништување на енергетиката е изградбата на фотонапонски централи кои се привилегија на определена група луѓе блиски до власта, кои преку овие инвестиции сакаат да ги легализираат криминално стекнатите пари, кои беа наменети за ублажување на оваа енергетска и економска криза. Ефтини парцели дадени од државата кои се привилегија само за нив е лажната слика за енергетските успеси на Македонија и енергијата добиена од обновливи извори на енергија. Поради погоре наведеното, ВМРО ДПМНЕ има морална обврска да алармира дека ако вака се продолжи да се третира опремата во термоцентралите, како и на ваков начин да се управува енергетиката, последиците од тоа ќе бидат уште поголеми хаварии и уништување на капацитетите за производство на базна енергија, а со тоа нарушување на стабилноста на електроенергетскиот систем на Македонија, а тоа ќе значи увоз на скапа балансна енергија, која за жал ќе ја плаќат граѓаните преку идни енормни поскапувања на цената на електричната енергија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-tets-oslomej-tri-dena-raboti-dva-dena-odmara-poradi-ispad-ili-planiran-zastoj/feed/ 0
ТЕЦ Осломеј превентивно исклучен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tec-oslomej-preventivno-iskluchen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tec-oslomej-preventivno-iskluchen/#respond Mon, 02 Jan 2023 12:00:21 +0000 https://kurir.mk/?p=783219

Термоелектраната Осломеј од превентивни причини е исклучена од работен режим по забележана појава на вибрации во системот во делот на вентилацијата, кој минатата недела беше зафатен со пожар при самозапалување на јаглен и кој дел подлежеше на санирање. Се вршат повторни проверки од страна на надворешната овластена фирма и се очекува набрзо пречката да биде отстранета и термоцентралата да биде вратена на мрежа. Нема да има недостиг на електрична енергија во производството на АД ЕСМ, бидејќи капацитетите работат  според планот и се компензира секое отстапување на одреден капацитет. Во текот на вчерашниот ден АД ЕСМ произведе 17.454MWh електрична енергија, што далеку ги надминува потребите на домаќинствата и малите потрошувачи (регулираниот пазар), а покрива и најголем дел од дополнителните снабдувања на субјекти на слободниот пазар, доделени на снабдување на ЕСМ Продажба со посебни одлуки на Владата во текот на енергетската криза. (МИА)
 ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tec-oslomej-preventivno-iskluchen/feed/ 0
ТЕЦ Осломеј работи, мештаните бегаат (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tec-oslomej-raboti-meshtanite-begaat-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tec-oslomej-raboti-meshtanite-begaat-video/#respond Sun, 06 Jun 2021 13:28:01 +0000 https://kurir.mk/?p=519714

Читатели на МКД.мк ги испратија овие фотографии и видео од Осломеј. Термоцентралата Осломеј денеска пак почна да работи и гледајте што излегува од оџакот. Ова е страшно, велат мештаните. „Вака е секои 5-6 дена. Никој не знае што се пали внатре“, велат тие. Во очекување на официјална информација погледнето го и видеото. Васко Ковачевски, директорот на ЕСМ пред неколку дена изјави дека се планира целосно затворање на ТЕЦ „Осломеј" и изградба на фотоволтаични електрани на просторот на термоцентралата со инсталирана моќ од 100 мегавати, кој проект веќе се гради на терен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tec-oslomej-raboti-meshtanite-begaat-video/feed/ 0
ФОТО: ТЕЦ „Осломеј“ стартува, но мерната станица за квалитет на воздухот не работи, еве што ќе дишат кичевчани од денес! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-tec-oslomej-startuva-no-mernata-stanica-za-kvalitet-na-vozduhot-ne-raboti-eve-shto-kje-dishat-kichevchani-od-denes/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-tec-oslomej-startuva-no-mernata-stanica-za-kvalitet-na-vozduhot-ne-raboti-eve-shto-kje-dishat-kichevchani-od-denes/#respond Mon, 11 Nov 2019 11:40:48 +0000 https://kurir.mk/?p=262579

Мерната станица за квалитет на воздухот во Кичево не праќа податоци за истиот, што треба тоа да значи!? Ова е еден извадок од портал во етерот напишан пред скоро 1 година, кој гласи: „Околу 115 предвремени смртни случаи годишно се последица на емисиите на штетни супстанци емитувани од термоелектричната централа „Осломеј“, се проценува во техничкиот извештај „Здравствено влијание на термоелектричните централи на јаглен на Западен Балкан“, што во 2016 година го изработила група експерти од  Алијансата за здравје и животна средина (HEAL) од Брисел, Белгија“. Според студијата, централата, која работи на нискокалоричен јаглен лигнит, со сегашната технологија емитува 18 пати повеќе сулфур диоксид,  двапати повеќе азотни оксиди и дури 21 пат повеќе ПМ 2,5 честички од европските стандарди. Двете термоелектрани во земјава, ТЕЦ „Осломеј“ и РЕК „Битола“ немаат А-интегрирана еколошка дозвола, но имаат специјален статус и рок до 1 јануари 2028 година да го намалат загадувањето на нивото потребно да ја добијат дозволата. Типична термоелектрана создава повеќе од 125 000 тони пепел. Токсичните материи во отпадот, вклучувајќи ги арсенот, живата, хромот, ураниумот – директно ја загадуваат почвата и околната вода, забележува Александра Бујароска од еко-здружението „Фрон 21/42“. Термоелектраните на јаглен, појаснува таа, емитираат значителни количини на прашина (ПМ10 и ПМ2,5 честички), сулфур диоксид азотни оксиди и јаглерод моноксид, кои имаат директно негативно влијание на живиот свет и човековото здравје. Долгорочната изложеност на гасовите може да предизвика хронични респираторни болести и кардиоваскуларни заболувања, предупредува Бујароска. „Други опасни супстанции што ги емитираат електраните на јаглен се тешките метали и неразградливите органски загадувачи, како што се диоксини и полициклични ароматични хемикалии. Влијанието може да биде директно преку дишење или индиректно преку консумирање на контаминирана храна и вода. Посебна загриженост предизвикува контаминацијата со жива, метал кој може да резултира со нарушување на когнитивниот развој на децата и да предизвика непоправлива штета на виталните органи на фетусот. Дополнително, на листата на тешки метали кои ги емитуваат ваквите термоелектрани вклучува и олово, арсен, кадмиум и ураниум“, вели таа. Бујароска не верува во ветувањата на властите дека при увозот и согорувањето на новиот јаглен ќе се почитуваат еколошките стандарди – додава Бујароска во интервјуто дадено за Radiomof на 10.08.2018 кое целосно може да го прочитате ТУКА Инаку токму од ноќеска 11.11.2019 понеделник, ТЕЦ „Осломеј“ започна да работи, а емисијата на загадување има голем коефициент. Иако граѓаните на кичево и кичевско на повеќе наврати очекувале филтри за прочистување на целата штетност која излага од оџаците тоа до ден денес го нема. Многу анализи, документарни емисии, не помогнаа да се заангажираат властите и да го решат проблемот. Кичевчани јавуваат дека интензитетот не е намален и дека во текот на денот и во наредниот период најверојатно работата ќе продолжи во полн ек, а како што некогаш биле сведоци при вакво стартување после одредени часови се долевало и мазут кој дополнително шири непријатна миризба! Рано ден во овој град изгледаше денес вака: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-tec-oslomej-startuva-no-mernata-stanica-za-kvalitet-na-vozduhot-ne-raboti-eve-shto-kje-dishat-kichevchani-od-denes/feed/ 0
Владата и ЕЛЕМ прават еколошки геноцид на Кичево: Согоруваат пепел во ТЕЦ Осломеј, канцерогена маса над градот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-i-elem-pravat-ekoloshki-genocid-na-kichevo-sogoruvaat-pepel-vo-tec-oslomej-kancerogena-masa-nad-gradot-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-i-elem-pravat-ekoloshki-genocid-na-kichevo-sogoruvaat-pepel-vo-tec-oslomej-kancerogena-masa-nad-gradot-video/#respond Tue, 12 Jun 2018 08:29:18 +0000 https://kurir.mk/?p=64838

Здравјето на граѓаните изгледа не е приоритет за власта во Република Македонија, здравјето и животот на кичевчани и граѓаните од околината на Кичево е под сериозна закана после одлуката на Владата и ЕЛЕМ да го активираат ТЕЦ Осломеј. Имено, по откажувањето на блокот во РЕК Битола и функционирањето на само еден блок, донесена била одлука за активирање на ТЕЦ Осломеј Кичево. Но, она што е скандалозно е што таму сега се согорува пепелта од веќе употребуваниот и согорен јаглен, наместо да согоруваат јаглен. Коментарите се дека ова предизвикува еколошки геноцид во Кичево, дека со ова се трујат илјадници граѓани. Инаку, веќе четврти ден не работи еден од блоковите на РЕК Битола. Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, кажаа дека еден час неработење на еден блок државата ја чини 7600 евра, додека пак еден ден неработење 182.400 евра. -Пред само неколку месеци е извршен ремонт на вториот блок тежок неколку милиони евра. Недозволиво е по толку скап ремонт, истиот блок два пати во рок од  десет дена да паѓа од мрежа! Заради неспособноста и неодговорноста на раководството на РЕК Битола, се уште не се знае кога вториот блок ќе биде ставен во употреба. Истовремено, во опасност е и третиот блок на РЕК Битола, кој што подолго време работи надвор од сите технички прописи, пред три дена изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковси. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-i-elem-pravat-ekoloshki-genocid-na-kichevo-sogoruvaat-pepel-vo-tec-oslomej-kancerogena-masa-nad-gradot-video/feed/ 0