течен гас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 Aug 2022 09:01:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png течен гас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Општина Гази Баба субвенционира вградување на уред за течен нафтен гас на возилата https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gazi-baba-subvencionira-vgraduvanje-na-ured-za-techen-naften-gas-na-vozilata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gazi-baba-subvencionira-vgraduvanje-na-ured-za-techen-naften-gas-na-vozilata/#respond Tue, 23 Aug 2022 09:01:05 +0000 https://kurir.mk/?p=722510

Општина Гази Баба од денес 23.08.2022 година распиша Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на течен нафтен гас, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата за граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за 2022 година. За јавниот повик, на социјалните мрежи информираше градоначалникот Стефковски кој на својата официјална страна на фејсбук напиша: Субвенционирање на граѓаните за вградување на уред за погон на течен нафтен гас, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата за граѓаните на општина Гази Баба. За прв пат општина Гази Баба ги субвенционира граѓаните за вградување на уред за погон на течен нафтен гас, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата. Јавниот повик е објавен денес 23.08.2022 година и ќе трае се до исцрпување на финансиските средства определени во буџетот на општина Гази Баба за 2022 година. Уште едно ветување кое го дадов пред граѓаните станува реалност! За условите за учество на јавниот повик граѓаните можат да се информираат на следниот линк: http://gazibaba.gov.mk/.../a-v-e-n-p-o-v-i-k-za... Ги повикувам граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат. - напиша Стефковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gazi-baba-subvencionira-vgraduvanje-na-ured-za-techen-naften-gas-na-vozilata/feed/ 0
До крајот на месецов ќе почна да функционира нов резервоар за течен природен гас на грчкиот остров Ревитуса https://arhiva.kurir.mk/svet/region/do-krajot-na-mesecov-kje-pochna-da-funkcionira-nov-rezervoar-za-techen-priroden-gas-na-grchkiot-ostrov-revitusa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/do-krajot-na-mesecov-kje-pochna-da-funkcionira-nov-rezervoar-za-techen-priroden-gas-na-grchkiot-ostrov-revitusa/#respond Wed, 03 Aug 2022 19:53:29 +0000 https://kurir.mk/?p=713724

За да обезбеди доволна количина на природен гас, до крајот на август ќе биде ставен во функција нов пловен резервоар за течен природен гас на терминалот на Ревитуса во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Малиот ненаселен остров Ревитуса во Сарноскиот залив во близина на Атина, денеска го посетија министерот за животна средија и енергија на Грција Костас Скрекас, неговиот заменик Јоргос Амирас, генералната секретарка во Министерството Александра Сдуку, како и главната извршна директорка на Грчкиот национален оператор за пренос на гас (ДЕСФА) Марија Рита Гали. Скрекас рече дека новиот пловен резервоар, речиси двојно ќе го зголеми капацитетот за складирање за 145.000 кубни метри. -Во тесна соработка со ДЕСФА, навремено ги извршивме сите неопходни дејствија за новиот резервоар да биде готов до крајот на август. Систематски се подготвуваме да обезбедиме енергетска доволност за земјата, надградувајќи ги клучните енергетски инфраструктури. Воедно, продолжуваме со реализација на проекти кои ќе ја зајакнат енергетската конкурентност на нашата земја. Во комбинација со новите терминали во Коринт и Александруполи земјата ќе стане клучна порта за природен гас за цела Југоисточна Европа и тројно го зголемуваме капацитетот за складирање на течен природен гас, истакна Скрекас. Извршната директорка на ДЕСФА посочи дека со додавањето на нова пловна единица за складирање се зголемува вкупниот капацитет на Ревитуса на 360.000 метри кубни, што придонесува за обезбедување на алтернативни извори на снабдување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/do-krajot-na-mesecov-kje-pochna-da-funkcionira-nov-rezervoar-za-techen-priroden-gas-na-grchkiot-ostrov-revitusa/feed/ 0
Течниот гас од американски производител во септември ќе пристигне во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/techniot-gas-od-amerikanski-proizvoditel-vo-septemvri-kje-pristigne-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/techniot-gas-od-amerikanski-proizvoditel-vo-septemvri-kje-pristigne-vo-evropa/#respond Wed, 15 Jun 2022 14:32:53 +0000 https://kurir.mk/?p=691295

Американскиот производител на течен гас Freeport LNG објави дека нивниот погон во Тексас, оштетен од експлозија, ќе продолжи со работа дури во септември, најавувајќи нови проблеми за Европа која бара замена за рускиот гас. Погонот сочинува една петтина од извозот на ЛНГ на САД и е главен снабдувач на европските купувачи кои се во потрага по алтернативни извори на снабдување. Пукнатина на гасоводот под прекумерен притисок предизвика експлозија и пожар на 8 јуни, па работата во фабриката Квинтана беше прекината, соопшти компанијата, додавајќи дека погоните за преработка не се оштетени. Погонот ќе продолжи да работи и во септември, но во ограничен обем, посочија оттаму и додадоа дека очекуваат враќање на полн капацитет до крајот на годинава. Погонот Фрипорт втечнува околу шест милиони кубни метри природен гас дневно и работи со речиси полн капацитет во последните месеци, според консултантската компанија Ристад енерџи. Околу 3,3 милиони кубни метри отишле во Европа од мај, во споредба со 2,3 милиони во март, објави Ристад. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/techniot-gas-od-amerikanski-proizvoditel-vo-septemvri-kje-pristigne-vo-evropa/feed/ 0
Василев: Бугарија ги доби првите количества течен гас од САД https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vasilev-bugarija-gi-dobi-prvite-kolichestva-techen-gas-od-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vasilev-bugarija-gi-dobi-prvite-kolichestva-techen-gas-od-sad/#respond Tue, 07 Jun 2022 07:59:02 +0000 https://kurir.mk/?p=687621

Бугарија го доби првиот танкер со американски течен гас, соопшти Министерството за енергетика на оваа соседна земја. Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот вицепремиер и министер за финансии Асен Василев соопшти дека американскиот течен гас пристигнал и порано од планираното. Неговото истоварување почнало и од денеска Бугарија ќе може да го користи. Растоварувањето на течниот гас од САД ќе трае 18 часа. Околу Бугарија има терминали во Грција и Туркије. Според бугарскиот енергетски експерт Васил Начев, течниот гас пристигнал на терминал во Туркије, а не според очекувањата на терминал во Грција. -Бугарија и Туркије имаат привремен договор, бидејќи немаме постојана интерконекција, додаде тој. Грција има четири точки каде е можно да се истовари течниот гас, да полни и да се испумпува. Големото прашање, според Начев, е дали цената на природниот гас во Бугарија ќе падне. За јуни бугарската државна компанија за гас Булгаргаз предложи цената на снабдувањето со гас да биде 141,28 лева (70,51 евра), што е за околу 20 лева (10 евра) поевтина од мај. Како што јави дописникот на МИА од Софија, американскиот гас за Бугарија е договорен за време на посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Вашингтон по неговиот разговор со американската потпретседателка Камала Харис и голем број високи експерти и претставници на американската државна администрација. Ова се случи откако Русија еднострано ја прекина испораката на гас за Бугарија, откако земјата одби да плати во руски рубљи, бидејќи постои заедничка одлука на ЕУ да ги исполни договорите со Газпром во евра, како што беше договорено при нивното потпишување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vasilev-bugarija-gi-dobi-prvite-kolichestva-techen-gas-od-sad/feed/ 0
Македонија се приклучи кон Платформата на ЕУ за заедничко купување на течен гас и хидроген https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-prikluchi-kon-platformata-na-eu-za-zaednichko-kupuvanje-na-techen-gas-i-hidrogen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-prikluchi-kon-platformata-na-eu-za-zaednichko-kupuvanje-na-techen-gas-i-hidrogen/#respond Sat, 26 Mar 2022 10:33:46 +0000 https://kurir.mk/?p=653690

Како резултат на политиката на солидарност, Северна Македонија се приклучува кон Платформата на ЕУ за заедничко купување течен гас и хидроген, напиша на Фејсбук претседателот на владата Димитар Ковачевски. -Преку колективно настапување на пазарот, целта е да се обезбеди пониска цена за гас. Во ова време полно предизвици заедничката стратегија „заедно сме посилни“ дава резултати. Благодарност до ЕУ што во време на енергетска криза донесе одлука Северна Македонија да стане дел од оваа платформата за заедничко купување течен природен гас како дел од стратегијата за справување со последиците од руската агресија врз Украина, истакна Ковачевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-prikluchi-kon-platformata-na-eu-za-zaednichko-kupuvanje-na-techen-gas-i-hidrogen/feed/ 0