Тед Круз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 06 Nov 2020 10:14:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Тед Круз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Влијателни републиканци цврсто застанаа зад Трамп дека има изборна измама https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlijatelni-republikanci-cvrsto-zastanaa-zad-tramp-deka-ima-izborna-izmama/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlijatelni-republikanci-cvrsto-zastanaa-zad-tramp-deka-ima-izborna-izmama/#respond Fri, 06 Nov 2020 10:14:41 +0000 https://kurir.mk/?p=425775

Републиканците Линдзи Грем и Тед Круз ги бранат „лагите на американскиот претседател Доналд Трамп“ дека изборите биле со недостатоци, пишува весникот „Њујорк Тајмс“. Еден од синовите на шефот на државата вчера се пожали дека ниту еден од републиканците, кои размислуваат да се кандидираат за претседател на САД во 2024 година, јавно не застанал на страната на Трамп. Сенаторот од Јужна Каролина, Линдзи Грем ги бранеше неоснованите обвинувања на Трамп за масовна измама. Грем, еден од најлојалните сојузници на американскиот лидер во Конгресот, во изјава за „Фокс њуз“ не изнесе докази во поддршката за тврдењата на Трамп. Тој се спротивстави на пребројувањето на гласовите во Пенсилванија, но истовремено го поддржа процесот во Аризона. – Јас и верувам на Аризона, не и верувам на Филаделфија, истакна републиканскиот сенатор. Сенаторот од Тексас, Тед Круз го поддржа својот републикански колега и ги обвини демократите дека се обиделе да направат изборна кражба, но исто така не наведе докази. Двајцата сенатори се меѓу неколкумината републиканци, вклучувајќи го и лидерот на малцинството во Долниот дом, Кевин Мекарти и конгресменот од Џорџија, Даг Колинс, кои исто така без докази обвинуваат за изборни измами. – Секој што слуша, не може да молчи. Не молчете за ова. Не можеме да дозволиме тоа да се случува пред нашите очи, изјави Мекарти за „Фокс њуз“. Други републиканци ги критикуваа зборовите на претседателот Трамп или се воздржаа од коментари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlijatelni-republikanci-cvrsto-zastanaa-zad-tramp-deka-ima-izborna-izmama/feed/ 0
ФОТО: Ѓорчев се сретна со сенаторот Тед Круз и повеќе конгресмени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-gjorchev-se-sretna-so-senatorot-ted-kruz-i-povekje-kongresmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-gjorchev-se-sretna-so-senatorot-ted-kruz-i-povekje-kongresmeni/#respond Sun, 15 Dec 2019 15:44:13 +0000 https://kurir.mk/?p=277880

Владимир Ѓорчев, меѓународен секретар и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со сенаторот во Сенатот на САС Тед Круз, како и средби со високи конгресмени во Вашингтон. На средбата Ѓорчев истакна дека Круз е пријател на Македонија, додавајќи дека заеднички го градат пријателството и сојузништвото меѓу Македонија и САД. -Заеднички го градиме пријателството и сојузништвото меѓу Македонија и САД. Сенаторот Тед Круз секогаш е добар соговорник, вели Ѓорчев. Ѓорчев, оствари средба и со сенаторот Дан Коуц, кој беше шеф на државното разузнавање и советник на Доналд Трамп од 2017 до 2019 година. Ѓорчев истакна дека е потребно Република Македонија да има активна надворешна политика, бидејќи така се градат македонските позиции и се создава пријателства и партнерства. -Македонија мора да има активна надворешна политика. Важно е да градиме силни пријателства и партнерства во САД. Со силна надворешна политика, ги јакнеме нашите македонски позиции. Уште еднаш, тоа е важно за Македонија, додаде Ѓорчев. Ѓорчев при посета во Вашингтон оствари средби со Реп Бил Хуизенга, со конгресменот Роберт Питенџер, како и со Брент Мекинтош кој е актуелен потсекретар во Министерството на финансии на САД за меѓународни работи, со пратениците Елен Тране Норби од Данска, Емануелис Зингерис кој е потписник на актот за независна Литванија и пратеник од 1990 година до сега. Ѓорчев имаше свое обраќање и во Сенатот на САД во Вашингтон на парламентарниот форум за безбедност пред околу 200 учесници - сенатори, конгресмени, парламентарци од околу 40 земји, амбасадори, професори, експерти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-gjorchev-se-sretna-so-senatorot-ted-kruz-i-povekje-kongresmeni/feed/ 0