Тедрос Аданом Гебрејесус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 15:23:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Тедрос Аданом Гебрејесус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЗО: Помошта за цивилите во Газа е подготвена, се чека отворање на преминот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-pomoshta-za-tsivilite-vo-gaza-e-podgotvena-se-cheka-otvorane-na-preminot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-pomoshta-za-tsivilite-vo-gaza-e-podgotvena-se-cheka-otvorane-na-preminot/#respond Thu, 19 Oct 2023 15:23:28 +0000 https://kurir.mk/?p=890882

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека помошта за цивилите во Газа е подготвена и дека се чека отворањето на преминот Рафа. Тедрос изрази надеж дека преминот ќе биде отворен утре и рече дека СЗО е „длабоко загрижена за здравјето и благосостојбата на цивилите во Газа“, пишува британскиот весник „Гардијан“. „Бомбата што ја погоди болницата Ал Ахли во градот Газа во вторникот вечерта и загубата на животи што ја предизвика, без оглед на тоа кој е одговорен, не може да се толерира“, рече тој. Тедрос додаде дека СЗО го поддржува повикот на генералниот секретар на ОН за итен хуманитарен прекин на огнот и ослободување на заложниците. „Апелираме до Израел и Хамас да ги почитуваат своите обврски според меѓународното право за заштита на цивилите и здравствената заштита. Апелираме до Израел да го врати снабдувањето со електрична енергија и вода“, рече Тедрос. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-pomoshta-za-tsivilite-vo-gaza-e-podgotvena-se-cheka-otvorane-na-preminot/feed/ 0
Шефот на СЗО предупредува на влијанието на климатските промени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-szo-predupreduva-na-vlijanieto-na-klimatskite-promeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-szo-predupreduva-na-vlijanieto-na-klimatskite-promeni/#respond Mon, 21 Aug 2023 11:49:05 +0000 https://kurir.mk/?p=869116

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди на влијанието на климатските промени. „Опасни пожари, катастрофални поплави, екстремни топлотни бранови и продолжени суши. Климатските промени не се далечна закана - тоа се случува сега, влијаејќи на животите и екосистемите“, напиша Тедрос Аданом Гебрејесус на X, социјалната платформа порано позната како Твитер. „Ајде да се здружиме, да ги намалиме емисиите, да промовираме издржливост и да изградиме одржлив пат напред. Нашата планета и идните генерации зависат од тоа“, додаде тој. Во последните месеци се забележани зголемени топлотни бранови, циклони, поплави, суши и шумски пожари, а јули е забележан како најтопол месец во светот досега.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-szo-predupreduva-na-vlijanieto-na-klimatskite-promeni/feed/ 0
Гебрејесус: Високи претставници ја напуштаат СЗО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gebrejesus-visoki-pretstavnici-ja-napushtaat-szo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gebrejesus-visoki-pretstavnici-ja-napushtaat-szo/#respond Wed, 23 Nov 2022 07:14:39 +0000 https://kurir.mk/?p=765092

Двајцата главни службеници на Светската здравствена организација што беа задолжени за борбата против коронавирусот, како и поранешната француска министерка за здравство, Агнес Бузин, задолжена за мултилатералните прашања, наредната седмица ќе ги напуштат нивните позиции во СЗО. Индискиот педијатар и клинички лекар, Сумја Сваминатан, ја напушта функцијата научен шеф на СЗО, а Бразилката Маријанџела Симао ја напушта функцијата заменик-генерален директор задолжен за пристап до лекови. Обајцата беа дел од високите претставници на Светската здравствена организација што ги предводеа глобалните напори за координирање на одговорот на пандемијата на Ковид-19. Организацијата ја напуштаат и поранешната француска министерка за здравство, Агнес Бузин, задолжена за мултилатерални прашања, како и поранешната британска министерка Џејн Елисон, извршен директор за надворешни работи и управување. Претседателот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, со писмо ги информирал колегите за заминувањата, како дел од реконструкцијата на неговиот менаџерски тим по неговиот реизбор за втор петгодишен мандат во мај. „Сакам да го изразам своето признание и почит до членовите на мојот менаџерски тим чиј мандат истекува на 30 ноември“, се вели во своето писмо Гебрејезус. Нема најави за нови именувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gebrejesus-visoki-pretstavnici-ja-napushtaat-szo/feed/ 0
СЗО: Во Гамбија повеќе од 60 деца починаа од индиски сируп за кашлица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-vo-gambija-povekje-od-60-deca-pochinaa-od-indiski-sirup-za-kashlica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-vo-gambija-povekje-od-60-deca-pochinaa-od-indiski-sirup-za-kashlica/#respond Thu, 06 Oct 2022 05:45:53 +0000 https://kurir.mk/?p=741608

Смртта на десетици деца од Гамбија од акутни повреди на бубрезите можно е да е поврзана со контаминирани сирупи за кашлица и настинки од индиски производител на лекови, генералниот директор на Светска здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус. Тој додаде дека биле тестирани четири медицински сирупи на „Мејдн фармацеутикалс“ (Maiden Pharmaceuticals), за кои постои сомневање дека предизвикале смрт на 66 деца во Гамбија. Лабораториските анализи потврдиле „неприфатливи“ количини на диетилен гликол и етилен гликол, кои можат да бидат токсични и да доведат до акутно оштетување на бубрезите. Индиската компанија сè уште е недостапна за коментар, како и индиското Министерство за здравство. СЗО побара спорните медицински производи да бидат отстранети од пазарот. Производите можеби се дистрибуирани на други места преку неформални пазари, но досега тие се идентификувани само во Гамбија, се наведува во предупредувањето на СЗО. Предупредувањето се однесува на четири производи – „Прометазин орал солушн“ (Promethazine Oral Solution), „Кофексмалин бејби коу сируп“ (Kofexmalin Baby Cough Syrup), „Макоф бејби коу“ (Makoff Baby Cough) и „Магрип Н колд сипруп“ (Magrip N Cold Syrup).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-vo-gambija-povekje-od-60-deca-pochinaa-od-indiski-sirup-za-kashlica/feed/ 0
Тедрос: Не можам да му помогнам ниту на моето семејство кое гладува во Тигра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tedros-ne-mozam-da-mu-pomognam-nitu-na-moeto-semejstvo-koe-gladuva-vo-tigra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tedros-ne-mozam-da-mu-pomognam-nitu-na-moeto-semejstvo-koe-gladuva-vo-tigra/#respond Fri, 26 Aug 2022 14:14:22 +0000 https://kurir.mk/?p=724453

Генералниот секретар на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус оцени дека ситуацијата во етиопскиот регион Тигра, зафатен од војна, е исклучително тешка и се пожали дека не може да им помогне ниту на членовите на своето семејство кои, како што рече, таму гладуваат. „Имам многу роднини таму. Сакам да им испратам пари, но не можам“, рече тој. Тедрос додаде дека не ни знае „кој од нив е жив, а кој не е“. Од почетокот на конфликтот во Тигра во 2020 година, овој регион е отсечен од светот и нема телефонски или интернет врски. Како што пренесуваат странските агенции, десетици илјади цивили загинаа, а на милиони им е потребна помош во храна. Светската програма за храна соопшти дека речиси половина од населението на Тигра од 5,5 милиони е во сериозен недостиг на храна. Тедрос, поранешниот министер за здравство на Етиопија, неодамна оцени дека ситуацијата е полоша од онаа во Украина.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tedros-ne-mozam-da-mu-pomognam-nitu-na-moeto-semejstvo-koe-gladuva-vo-tigra/feed/ 0
Шефот на СЗО доби нов петгодишен мандат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-szo-dobi-nov-petgodishen-mandat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-szo-dobi-nov-petgodishen-mandat/#respond Tue, 24 May 2022 15:48:04 +0000 https://kurir.mk/?p=680989

Тедрос Аданом Гебрејесус е реизбран за шеф на Светската здравствена организација (СЗО) за нов петгодишен мандат, соопштено е во Женева. Тедрос, првиот човек од Африка на чело на СЗО, немаше противници на годишното собрание на организацијата. Честитки веднаш упати германскиот министер за здравство, кој на Твитер напиша дека Тедрос е избран со 155 гласови од вкупно 160. -Спектакуларен резултат. Честитки, заслужено, напиша Карл Лаутербах на Твитер.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-szo-dobi-nov-petgodishen-mandat/feed/ 0
Тердос: Војната има разурнувачки здравствени последици за украинскиот народ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/terdos-vojnata-ima-razurnuvachki-zdravstveni-posledici-za-ukrainskiot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/terdos-vojnata-ima-razurnuvachki-zdravstveni-posledici-za-ukrainskiot-narod/#respond Fri, 18 Mar 2022 07:43:26 +0000 https://kurir.mk/?p=649224

Првиот човек на Светската здравствена организација предупреди на катастрофалните последици од војната за украинскиот народ и тешките нарушувања во обезбедувањето здравствени услуги и залихи и нагласи дека „мирот сега е неопходен лек за спасување животи“. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, пред Советот за безбедност на ОН вчера изјави дека организацијата потврдила 43 напади врз болници и здравствени установи во Украина, со 12 мртви и 34 ранети. Тој преку видео врска кажа дека „нарушувањето на здравствените услуги и снабдувањето претставува екстремен ризик за луѓето со кардиоваскуларни болести, рак, дијабетес, ХИВ и туберкулоза, кои се меѓу водечките причини за смрт во Украина“. Шефот на СЗО дополни дека бегалството на едните и големите маси народ во засолништвата кај другите, веројатно ќе го зголемат ризикот од болести како што се Ковид-19, сипаници, пневмонија и детска парализа. -Покрај тоа, повеќе од 35.000 ментални пациенти во украинските психијатриски болници и установи за долгорочна нега се соочуваат со сериозен недостиг на лекови, храна, здравствена заштита, па дури и ќебиња, рече тој. Досега СЗО испратила околу 100 тони медицински материјал, што е доволно за 4.500 ранети и 450.000 пациенти од примарната здравствена заштита за еден месец, како и друга опрема.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/terdos-vojnata-ima-razurnuvachki-zdravstveni-posledici-za-ukrainskiot-narod/feed/ 0
СЗО: Пандемијата на коронавирусот е далеку од завршена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-pandemijata-na-koronavirusot-e-daleku-od-zavrshena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-pandemijata-na-koronavirusot-e-daleku-od-zavrshena/#respond Wed, 09 Mar 2022 18:18:57 +0000 https://kurir.mk/?p=644303

Пандемијата на коронавирусот е далеку од завршена, предупреди денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус. -Во петок ќе бидат точно две години откако кажавме дека ширењето на коронавирусот може да биде означено како пандемија, рече Гебрејесус на онлајн прес-конференцијата во Женева, додавајќи дека две години подоцна од вирусот умреле над шест милиони лица. Гебрејесус кажа и дека коронавирусот продолжува да се шири и дека се уште има пречки во дистрибуцијата на вакцини, тестови и третмани. Според него, тестовите што можат да откријат нови варијанти на коронавирусот се извор на загриженост, бидејќи многу земји драстично ја намалиле употребата на овие тестови. -Тоа не спречува да видиме каде е вирусот, како се шири и како се развива, рече Гебрејесус, додавајќи дека таквата стратегија за тестирање во Јужна Африка овозможи кон крајот на ноември 2021 година да се открие омикронот, сој што сега е доминантен во светот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-pandemijata-na-koronavirusot-e-daleku-od-zavrshena/feed/ 0
Тедрос: СЗО треба да се зајакне за да се засили глобалната здравствена безбедност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tedros-szo-treba-da-se-zajakne-za-da-se-zasili-globalnata-zdravstvena-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tedros-szo-treba-da-se-zajakne-za-da-se-zasili-globalnata-zdravstvena-bezbednost/#respond Thu, 17 Feb 2022 11:50:32 +0000 https://kurir.mk/?p=632642

Напорите за зајакнување на глобалната здравствена безбедност во идната здравствена криза ќе успеат само ако се зајакне улогата на Светската здравствена организација, изјави денеска шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Тедрос се приклучи на состанокот на Г-20 во главниот град на Индонезија преку видео врска и одговори на предлозите за формирање посебен глобален здравствен фонд задолжен за доставување средства за итни случаи, вакцини и други медицински материјали. – Јасно е дека во срцето на оваа архитектура, на светот му е потребна силна и одржливо финансирана Светска здравствена организација … со единствен мандат, единствена техничка експертиза и единствена глобална легитимност, рече Тедрос. – Сите напори за подобрување на управувањето, системите и финансирањето на глобалната здравствена безбедност можат да бидат успешни само ако ја зајакнат и улогата на СЗО, рече тој. Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанза на дебатата рече дека „СЗО мора да остане во срцето на глобалната здравствена архитектура“, но додаде дека „мора да работиме уште понапорно за да создадеме посилна архитектура на здравствените политики“. Индонезија е домаќин на средбата на Г-20 оваа година, а министерот за здравство на земјата минатата недела праша дали СЗО е во најдобра позиција да собере капитал за глобален здравствен фонд за доставување итна помош, вклучувајќи средства, вакцини и дијагностика за време на идни пандемии. Индонезискиот министер за здравство изјави пред странските новинари дека земјите, според сегашниот систем, се „во основа сами“ кога станува збор за обезбедување вакцини и витални медицински материјали. САД, најголемиот донатор на СЗО, исто така се залагаат за посебен фонд директно контролиран од донаторите за финансирање на превенција и управување со здравствени кризи. Зајакнувањето на глобалната здравствена архитектура е еден од приоритетите на Индонезија, која претседава со Г20, рекоа претседателот Џоко Видодо и министерот за здравство Буди Гунади Садикин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tedros-szo-treba-da-se-zajakne-za-da-se-zasili-globalnata-zdravstvena-bezbednost/feed/ 0
СЗО ќе ја разгледа кандидатурата на Тедрос за втор мандат како генерален директор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-kje-ja-razgleda-kandidaturata-na-tedros-za-vtor-mandat-kako-generalen-direktor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-kje-ja-razgleda-kandidaturata-na-tedros-za-vtor-mandat-kako-generalen-direktor/#respond Mon, 24 Jan 2022 06:54:35 +0000 https://kurir.mk/?p=622352

Извршниот совет на Светската здравствена организација (СЗО) ќе ја разгледа кандидатурата на Тедрос Аданом Гебрејесус за втор петгодишен мандат како генерален директор на СЗО за време на својата 150-та сесија која почнува денеска во Женева и ќе трае до 29 јануари. Вниманието ќе биде фокусирано и на подготовките за 75-то годишно Светско здравствено собрание во мај, посветено на контролата на пандемиите, искоренувањето на полио, контролата на ХИВ, подготвеноста и одговорот при вонредени ситуации. Генералниот директор е главен административен и технички службеник на СЗО кој ја надгледува меѓународната работа на СЗО во областа на здравството. Тедрос Аданом Гебрејесус, кој првпат ја презеде функцијата во 2017 година, е единствениот кандидат. Во согласност со Статутот на СЗО, генералниот директор го именува Светското здравствено собрание на предлог на Извршниот совет, кој врши првично разгледување на кандидатурите. Одлуката мора да биде донесена со тајно гласање на собранието, кое ќе се одржи во Женева од 22 до 28 мај. Вкупно 28 од 194 земји-членки на СЗО претходно го номинираа актуелниот генерален директор. На тековната сесија, претставници на 34 земји-членки ќе го интервјуираат кандидатот за да ја презентира неговата визија за СЗО и да одговара на прашања. Тедрос ја извршува својата сегашна функција од 2017 година. Тој е роден во Асмара на 3 март 1965 година и е првиот претставник на африканскиот регион кој ја извршува функцијата генерален директор на СЗО. Магистрирал имунологија на заразни болести и докторирал по јавно здравство. Пред неговото назначување за генерален директор на СЗО, тој беше на чело на Министерството за надворешни работи (2012-2016) и Министерството за здравство (2005-2012) на Етиопија. На оваа сесија на Советот ќе се разгледуваат повеќе од 40 точки од дневниот ред. Покрај изборот на нов генерален директор, тие вклучуваат подготовка за глобални здравствени вонредни ситуации, обезбедување одржливо финансирање за СЗО, борба против грип и детска парализа, глобална стратегија за ХИВ, вирусните хепатити и сексуално преносливи инфекции, како и патоказ за 2021-2030 година за запоставени тропски болести, што вклучува дваесетина болести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-kje-ja-razgleda-kandidaturata-na-tedros-za-vtor-mandat-kako-generalen-direktor/feed/ 0