Тедрос Аданом Гебрејсус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 30 Nov 2021 16:53:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Тедрос Аданом Гебрејсус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЗО ПРЕДУПРЕДУВА: Некои земји претерано реагираат на омикрон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predupreduva-nekoi-zemji-preterano-reagiraat-na-omikron/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predupreduva-nekoi-zemji-preterano-reagiraat-na-omikron/#respond Tue, 30 Nov 2021 16:53:22 +0000 https://kurir.mk/?p=602103

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денеска изрази загриженост поради претераната реакција на некои земји на појавата на варијантата омикрон, велејќи дека наметнатите ограничувања можеби не се неопходни и дека со нив неправедно се казнуваат африканските земји. – Добро ја разбирам загриженоста на сите земји да ги заштитат своите граѓани од варијанта што сè уште не ја разбираме целосно, рече шефот на СЗО. – Подеднакво сум загрижен што некои земји-членки воведуваат поопшти мерки кои сами по себе не се засновани на докази или ефективни и само ќе ги зголемат нееднаквостите, додаде тој. Првпат забележана во Јужноафриканската Република пред една недела, варијантата омикрон предизвика глобален аларм, доведе до забрана за патување и дополнително покажа разлика помеѓу масовната вакцинација кај богатите и ниските вакцинации во сиромашните земји. Обраќајќи се на состанокот зад затворени врати, лидерот на СЗО апелираше до 194 земји-членки да се придржуваат до „рационални и пропорционални“ мерки, се наведува на веб-страницата на СЗО. Сè уште има повеќе прашања отколку одговори за сериозноста на варијантата и ефективноста на вакцината, рече Тедрос. Досега не се пријавени смртни случаи поради варијантата омикрон, иако СЗО вели дека таа варијанта на коронаирус претставува висок ризик за нагло зголемување на бројот на заразени. – Уште еднаш им благодарам на Боцвана и Јужноафриканската Република што толку брзо ја открија, секвенционираа и пријавија оваа варијанта, рече Тедрос. – Длабоко загрижувачки е што другите сега ги казнуваат тие земји затоа што ја направиле вистинската работа, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predupreduva-nekoi-zemji-preterano-reagiraat-na-omikron/feed/ 0
Тедрос е единствен кандидат за директор на СЗО, наведуваат западни дипломати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tedros-e-edinstven-kandidat-za-direktor-na-szo-naveduvaat-zapadni-diplomati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tedros-e-edinstven-kandidat-za-direktor-na-szo-naveduvaat-zapadni-diplomati/#respond Fri, 29 Oct 2021 10:32:43 +0000 https://kurir.mk/?p=587633

Тедрос Аданом Гебрејсус е на добар пат за втор петгодишен мандат на чело на Светската здравствена организација (СЗО) како единствен кандидат номиниран од 28 земји, открија денеска западни дипломати. Дипломатите се повикаа на писмото испратено од СЗО до нејзините 194 членки и ги информираа за доверливите номинации содржани во запечатените пликови доставени кон крајот на септември. Британските медиуми наведуваат дека членките на ЕУ и три африкански земји се меѓу 28-те земји што го номинираа за старо-новата функција. Портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, запрашана на брифинг во Женева за номинациите, претходно кажа дека Агенцијата на ОН ќе издаде соопштение подоцна во текот на денот.  (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tedros-e-edinstven-kandidat-za-direktor-na-szo-naveduvaat-zapadni-diplomati/feed/ 0
СЗО разработува мастер план за истражување на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-razrabotuva-master-plan-za-istrazuvanje-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-razrabotuva-master-plan-za-istrazuvanje-na-koronavirusot/#respond Thu, 13 Feb 2020 07:22:03 +0000 https://kurir.mk/?p=303175

Светската здравствена организација (СЗО) разработува мастер план за координирање на клиничките испитувања на коронавирусот, изјави генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејсус. По дводневниот собир во Женева, тој вчера рече дека се во тек состаноци на истражувачки групи со водечки истражувачи, за да може веднаш да се почне со работа за решавање на најтешките проблеми. – Некои од тие проблеми подразбираат еднострана дијагностика, најдобар пристап за превенција на инфекцијата, потенцијални терапии кои би можеле да се користат за лекување пациенти, рече Гебрејсус. Тој додаде дека СЗО испратила маски, ракавици и медицински униформи во 18 земји заради заштита на здравствените работници од вирусот. – Ние продолжуваме да ги поддржуваме земјите со алатки и опрема што им се потребни за дијагностика, но и за заштита на здравствените работници. Доставивме дијагностички комплети до лабораториите ширум светот и ќе продолжиме да го правиме тоа. Исто така, испративме залихи со маски, ракавици и опрема за здравствена заштита, рече генералниот директор на СЗО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-razrabotuva-master-plan-za-istrazuvanje-na-koronavirusot/feed/ 0