тегла мед – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Sep 2023 12:28:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тегла мед – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Денови на медот“ во Скопје до недела, 600 денари за тегла https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denovi-na-medot-vo-skopje-do-nedela-600-denari-za-tegla/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denovi-na-medot-vo-skopje-do-nedela-600-denari-za-tegla/#respond Thu, 28 Sep 2023 12:28:49 +0000 https://kurir.mk/?p=882785

Мед, полен, матичен млеч, прополис, мешавина на мед со лековити растенија и природна козметика од мед, се само дел од палетата производи што ги нуди годинашната манифестација „Денови на македонскиот мед 2023“. Манифестацијата почна денеска и ќе трае до недела, 1 октомври, а се одржува на улица „Македонија“ во Скопје. Тегла мед чини 600 денари, а цената, како што велат производителите, е унифицирана на сите штандови. -Сакаме да укажеме колкава е важноста на медот и другите пчелни производи во секојдневниот живот и исхраната. За жал, кај нас медот се повеќе се користи како лек, отколку како храна. Според некои статистички податоци, трошиме помалку од еден килограм мед годишно по глава на жител, за разлика од другите земји каде потрошувачката е десет пати поголема. Неминовно е да го смениме ваквиот однос и да го прифатиме медот како значен продукт во исхраната, беше речено на отворањето. Според производителите, навистина можеме да се пофалиме и да се гордееме со нашиот квалитетен мед за кој во светот добиваме високи признанија. -Ние сме меѓу ретките земји чии природни услови се одлични за произвиодство на мед. Затоа, сакаме да ја промовираме државата како регион од каде може да се набави природен мед според највисоките стандарди за храна, истакнаа од здружението „Матица“ кое ги организира „Деновите на македонскиот мед 2023“. Настанот, како и секоја година, овозможува директна комуникација меѓу пчеларите и купувачите, како и одлична шанса за младите потенцијални пчелари да се запознаат со начинот на одгледување пчели и со производството на мед. „Деновите на македонскиот мед 2023“ се поддржани од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Општина Центар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denovi-na-medot-vo-skopje-do-nedela-600-denari-za-tegla/feed/ 0
Ли Кертис: Атиџе ми остави тегла – ветив половина за мене, половина за нив (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/li-kertis-atidze-mi-ostavi-tegla-vetiv-polovina-za-mene-polovina-za-niv-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/li-kertis-atidze-mi-ostavi-tegla-vetiv-polovina-za-mene-polovina-za-niv-foto/#respond Fri, 14 Feb 2020 06:17:49 +0000 https://kurir.mk/?p=303739

Холивудската актерка Џејми Ли Кертис на својот Инстаграм на кој ја следат преку два милиони луѓе од цел свет се пофали дека добила подарок од Атиџе. -Изненадување. Директно од изворот. Атиџе ми остави тегла. Ветив „Половина за мене, половина за нив“. Во случајот кои се тие „нив“? Најслаткиот подарок и најчистата приказна. Ако сѐ уште не сте го гледале „Медена земја“, одете! – напиша таа под фотографијата со подарокот.
Уште пред доделувањето на Оскарите, Кертис на своите профили на Инстаграм и на Твитер ги напиша впечатоците за документарниот филм „Медена земја“. Актерката беше воодушевена од филмот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/li-kertis-atidze-mi-ostavi-tegla-vetiv-polovina-za-mene-polovina-za-niv-foto/feed/ 0