техеран – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 08:09:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png техеран – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Новите билборди со поезија во Иран предизвикуваат загриженост https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novite-bilbordi-so-poezija-vo-iran-predizvikuvaat-zagrizhenost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novite-bilbordi-so-poezija-vo-iran-predizvikuvaat-zagrizhenost/#respond Tue, 31 Oct 2023 08:09:19 +0000 https://kurir.mk/?p=894744

Неодамна во Иран се покрена прашањето „дали поезијата може да предизвика сообраќајна несреќа“, поради стотиците билборди со поеми на улиците на Техеран што може да им го одвлекуваат вниманието на возачите. Посебно дизајнирани билборди се појавија во иранскиот главен град кон средината на октомври на иницијатива на општината. Има околу 600 билборди, од коишто некои заземаат и важно место над градските автопати што минуваат низ огромните сообраќајници. Елегантно калиграфски, панелите нудат извадоци од делата на 104 современи поети, меѓу кои Нима Јуши, Мехди Ахаван-Салеса, Сохраб Сепехри и Хушанг Ебтехаја. Во Иран поезијата се почитува како уметност. Новата иницијатива, сепак, предизвикува загриженост бидејќи читањето на овие долги текстови може да го одвлече вниманието на возачите и на тој начин да биде причина сообраќајни несреќи, според полицијата. Надлежните за безбедноста во сообраќајот сметаат дека текстовите треба да бидат куси, за возачите „да не навлегуваат“ во напишаното. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novite-bilbordi-so-poezija-vo-iran-predizvikuvaat-zagrizhenost/feed/ 0
Неверојатни сцени во Техеран: Иранците „полудеа“ по Роналдо, навивачи влетаа и во хотелот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/neverojatni-stseni-vo-teheran-irantsite-poludea-po-ronaldo-navivachi-vletaa-i-vo-hotelot-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/neverojatni-stseni-vo-teheran-irantsite-poludea-po-ronaldo-navivachi-vletaa-i-vo-hotelot-video/#respond Tue, 19 Sep 2023 06:15:50 +0000 https://kurir.mk/?p=879336

Ал-Наср ќе му гостува на Персеполис во првото коло на азиската Лига на шампиони. Пресметката ќе се одигра на „Азади стадион“ во Техеран, а Кристијано Роналдо и соиграчите веќе пристигнаа во иранскиот град. Снимките од улиците на Техеран се неверојатни. Илјадници навивачи откако го здогледаа автобусот со одбележјата на Ал-Наср, тргнаа да трчаат по него извикувајќи го името на Роналдо. Љубителите на фудбалот беа во транс, прво го опколија, а потоа и трчаа по автобусот. Сепак, ситуацијата излезе од контрола кога Роналдо, Мане и соиграчите пристигнаа во хотелот. Бргу навивачите го пробија обезбедувањето и влегоа до рецепцијата. Илјадници фанови извикуваа „Роналдо, Роналдо“ во затворените предели на хотелот. Персеполис ќе го дочека Ал-Наср пред празни трибини, меѓутоа Роналдо нема лесно да се движи низ Техеран. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/neverojatni-stseni-vo-teheran-irantsite-poludea-po-ronaldo-navivachi-vletaa-i-vo-hotelot-video/feed/ 0
Убиен шефот на обезбедувањето на Амбасадата на Азербејџан во Техеран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-shefot-na-obezbeduvaneto-na-ambasadata-na-azerbejdhan-vo-teheran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-shefot-na-obezbeduvaneto-na-ambasadata-na-azerbejdhan-vo-teheran/#respond Fri, 27 Jan 2023 10:14:00 +0000 https://kurir.mk/?p=792730

Маж вооружен со автоматска пушка „калашников“ денеска ја нападна амбасадата на Азербејџан во главниот град на Иран, Техеран, при што го уби шефот на обезбедувањето и рани двајца чувари, соопштија официјални лица. Се уште никој не кажа кој би можел да биде мотивот за нападот во Техеран. Иранските медиуми не објавија веднаш за нападот. Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Азербејџан се наведува дека истрагата за тој „предавнички“ напад е во тек. Министерството соопшти дека напаѓачот со истрели го уништил безбедносниот пункт. Азербејџан се граничи со Иран на северозапад. Во октомври, Иран одржа воени вежби во близина на границата со Азербејџан демонстрирајќи воена сила во услови на големи протести во земјата. Азербејџан, исто така, одржува блиски врски со Израел, кој Техеран го смета за свој главен регионален непријател. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-shefot-na-obezbeduvaneto-na-ambasadata-na-azerbejdhan-vo-teheran/feed/ 0
Загадениот воздух ги затвори градинките, училиштата и универзитетите во Техеран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagadeniot-vozduh-gi-zatvori-gradinkite-uchilishtata-i-univerzitetite-vo-teheran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagadeniot-vozduh-gi-zatvori-gradinkite-uchilishtata-i-univerzitetite-vo-teheran/#respond Mon, 02 Jan 2023 12:38:54 +0000 https://kurir.mk/?p=783231

Иранскиот Комитет за итни случаи за загадување на воздухот денеска одлучи да ги затвори градинките, училиштата и универзитетите во Техеран во следните два дена поради невообичаено високото ниво на загаденост. Наставата ќе се одвива онлајн, јави државната новинска агенција ИРНА. Квалитетот на воздухот во Техеран се смета за „нездрав“ за сите групи. Секој кој е чувствителен на загадување или е од високоризична група треба да работи од далечина, соопшти Комитетот. Во оваа група се вклучени и бремени жени, мајки, сите вработени над 50 години и вработени со срцеви, белодробни и респираторни заболувања. Жителите на Техеран се повикани да избегнуваат излегување надвор освен ако тоа не е неопходно и да носат маски Н-95 доколку е потребно. Иранската Метеоролошка служба објави црвен аларм за огромно загадување на воздухот во главниот град Техеран и градовите Карај за вторник и среда. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagadeniot-vozduh-gi-zatvori-gradinkite-uchilishtata-i-univerzitetite-vo-teheran/feed/ 0
Училиштата во Техеран се затвораат поради висока загаденост на воздухот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uchilishtata-vo-teheran-se-zatvoraat-poradi-visoka-zagadenost-na-vozduhot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uchilishtata-vo-teheran-se-zatvoraat-poradi-visoka-zagadenost-na-vozduhot/#respond Wed, 23 Nov 2022 09:00:35 +0000 https://kurir.mk/?p=765216

Сите училишта во главниот град на Иран, Техеран, денеска ќе бидат затворени поради лошиот квалитет на воздухот кој се смета за опасен, јави државната телевизија. Основните училишта беа затворени во последните два дена во Техеран, кој има повеќе од 10 милиони жители, но поради зголеменото загадување денеска ќе бидат затворени сите училишта. Часовите ќе се одржуваат онлајн. Слични мерки се најавени и за соседната провинција Алборз. Училишната недела во Иран трае од сабота до среда. Надлежните ги повикаа и постарите, болните и децата да преземат мерки на претпазливост. Воздухот во Техеран е меѓу најзагадените во светот, а училиштата редовно се затвораат поради лошиот квалитет. Смогот е предизвикан од густиот сообраќај, како и од фабричко загадување и обично се влошува во зимскиот период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uchilishtata-vo-teheran-se-zatvoraat-poradi-visoka-zagadenost-na-vozduhot/feed/ 0
ЕУ воведува санкции против Техеран заради дроновите испорачани за Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-voveduva-sankcii-protiv-teheran-zaradi-dronovite-isporachani-za-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-voveduva-sankcii-protiv-teheran-zaradi-dronovite-isporachani-za-rusija/#respond Thu, 20 Oct 2022 13:24:50 +0000 https://kurir.mk/?p=748475

Државите-членки на ЕУ усвоија санкции против Техеран поради испраќањето ирански беспилотни летала за Русија, што се користат за напади врз Украина, објави денеска преку Твитер чешкото претседателство на ЕУ. Санкциите стапуваат на сила со нивното објавување во Службениот весник на ЕУ. Согласно санкциите, ќе биде замрзнат имот на правен субјект во ЕУ и на три физички лица, на кои нема да им биде дозволено да патуваат во Унијата. Против две физички лица и два субјекти се воведуват и построги санкции.Изминатите денови руската армија користи ирански беспилотни летала „Шахед-136″ за напади врз градови на Украина и енергетската инфраструктура. ЕУ веќе воведе неколку пакети санкции против Иран како и серија економски и финансиски мерки, вклучително трговски и транспортни ограничувања и замрзнување на средствата на големите ирански банки. Последната рунда санкции беше воведена во понеделникот поради обидите на Техеран за насилно справување со антивладините протести предизвикани од смртта на Махса Амини.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-voveduva-sankcii-protiv-teheran-zaradi-dronovite-isporachani-za-rusija/feed/ 0
ВИДЕО: Песочна бура во Иран ги затвори училиштата и владините канцелари, а во Ирак илјадници луѓе побараа помош https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pesochna-bura-vo-iran-gi-zatvori-uchilishtata-i-vladinite-kancelari-a-vo-irak-iljadnici-lugje-pobaraa-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pesochna-bura-vo-iran-gi-zatvori-uchilishtata-i-vladinite-kancelari-a-vo-irak-iljadnici-lugje-pobaraa-pomosh/#respond Tue, 17 May 2022 08:29:10 +0000 https://kurir.mk/?p=677688

Уште една песочна бура го погоди Техеран и затвори училишта и државни канцеларии, јавија денеска локални медиуми. Се наведува дека квалитетот на воздухот е многу лош, има високо загадување од прашина. Станува збор за трета силна песочна бура што го погодува Иран од средината на април. Минатата недела исто така се затворија училишта во Техеран и во други провинции поради слични песочни бури. За првпат денеска се затворени и канцеларии на Владата. Техеран спаѓа меѓу најзагадените градови во светот. Во западниот дел на земјата, чести се затворањата на училишта и деловни згради поради песочни бури. Десетици летови вчера беа откажани или одложени на аеродромите во западен Иран. Кај соседот Ирак, поради песочни бури, најмалку осум од април, илјадници луѓе побараа помош во болници со тешки респираторни проблеми, а најмалку едно лице почина. Во Сирија, најмалку три лица ги изгубија животите поради песочната бура. Експертите сметаат дека лошите државни политики, опустинувањето, ниското ниво на вода, како и климатските промени, се одговорни за честите песочни бури во изминатиот период, како и нивниот интензитет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pesochna-bura-vo-iran-gi-zatvori-uchilishtata-i-vladinite-kancelari-a-vo-irak-iljadnici-lugje-pobaraa-pomosh/feed/ 0
Иран: Можно заживување на нуклеарниот договор доколку САД ги исполнат барањата на Техеран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-mozno-zazivuvanje-na-nuklearniot-dogovor-dokolku-sad-gi-ispolnat-baranjata-na-teheran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-mozno-zazivuvanje-na-nuklearniot-dogovor-dokolku-sad-gi-ispolnat-baranjata-na-teheran/#respond Tue, 01 Mar 2022 07:13:35 +0000 https://kurir.mk/?p=638376

Иран соопшти дека напорите за заживување на нуклеарниот Договор од 2015 би можел да успее доколку САД донесат политичка одлука да ги исполнат преостанатите барања на Техеран, во момент кога преговорите влегуваат во фаза оценета од ирански дипломат како „сега или никогаш“. Влоговите се високи, бидејќи неуспех на десетомесечните преговори носи ризик од нова регионална војна, заострени санкции на Западот кон Иран и континуиран притисок врз цената на нафтата веќе поскапена поради кризата во Украина. Саеб Хатибзадех, портпарол на Иранското министерство за надворешни работи, соопшти дека преостанатите прашања се однесуваат на тоа до кој степен ќе бидат повлечени санкциите, гаранциите на САД дека нема да го напуштат Договорот и решавање на прашањата за откриени трагови на ураниум на неколку постари, но непријавени локации во Иран. Страните вклучени во преговорите велат дека е постигнат напредок што води кон обновување на Договорот за контрола на иранската нуклеарна програма во замена за ублажување на санкциите што САД од 2018 година. Но, и Техеран и Вашингтон со оценка дека се уште има разлики што треба да бидат надминати. „Можно е да се постигне добар договор“, изјави Хатибзадех на неделната прес-конференција, истакнувајќи дека западните сили се уште не донеле одлука по посочените три прашања. Фрацуското МНР денеска укажа на итноста разговорите да бидат заокружени веќе до крајот на оваа седмица. Главниот преговарач на Техеран за нуклеарните прашања, Али Багери Кани, вчера оствари средба со Енрике Мора, координаторот на ЕУ во разговорите што се водат во Виена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-mozno-zazivuvanje-na-nuklearniot-dogovor-dokolku-sad-gi-ispolnat-baranjata-na-teheran/feed/ 0
Иранско МНР: Техеран ќе ги продолжи меѓународните разговори за нуклеарната програма https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iransko-mnr-teheran-kje-gi-prodolzi-megjunarodnite-razgovori-za-nuklearnata-programa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iransko-mnr-teheran-kje-gi-prodolzi-megjunarodnite-razgovori-za-nuklearnata-programa/#respond Mon, 06 Sep 2021 13:55:55 +0000 https://kurir.mk/?p=560202

Иран „дефинитивно“ ќе ги продолжи разговорите во Виена насочени кон заживување на договорот за иранската нуклеарна програма, изјави Саид Катибзаде, портпарол на Министерството за надворешни работи на Иран, јави ДПА. – Дефинитивно наскоро ќе ги продолжиме преговорите почнати во април за имплементација на нуклеарниот договор од 2015 година во Виена, изјави Катибзаде, без да прецизира кога тимот назначен од иранскиот претседател Ебрахим Раиси ќе ги продолжи преговорите. Минатата недела, Раиси повтори дека Иран ќе ги поздрави преговорите „насочени кон целта“ како дипломатски начин за решавање на нуклеарниот спор. Сепак, тие треба да се случат без никаков притисок и да се фокусираат на спроведување на договорот – особено укинување на американските санкции – нагласи тој. Во април, преостанатите страни во иранскиот нуклеарен договор започнаа преговори за враќање на Техеран и Вашингтон, откако САД еднострано се повлекоа во 2018 година и повторно воведоа драстични економските санкции. Иран оттогаш ги крши условите од договорот. Преговорите беа прекинати поради претседателските избори во Иран кон средината на јуни и сега треба да продолжат со новиот тим назначен од Раиси. Катибзаде зборуваше и за планираната посета на Техеран од страна на Рафаел Гроси, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), но рече дека тоа се уште не е потврдено. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iransko-mnr-teheran-kje-gi-prodolzi-megjunarodnite-razgovori-za-nuklearnata-programa/feed/ 0
Носењето маска на отворено стана задолжително во Техеран https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nosenjeto-maska-na-otvoreno-stana-zadolzitelno-vo-teheran/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nosenjeto-maska-na-otvoreno-stana-zadolzitelno-vo-teheran/#respond Sun, 11 Oct 2020 07:34:51 +0000 https://kurir.mk/?p=414950

Иранскиот претседател Хасан Рохани им соопшти на Иранците дека носењето маска на отворени јавни места во главниот град Техеран станува задолжително, а оние што нема да ја почитуваат оваа нова мерка ќе бидат казнети. Иран поминува низ третиот бран од епидемијата, а дневниот број на смртни случаи неделава достигна црн рекорд, со 239 лица жртви на инфекцијата со коронавирусот. Во последните 24 часа во земјата умреа 195 лица, со што вкупниот број на смртни случаи од коронавирус достигна 28.293, а бројот на заразени во просек дневно изнесува 3.875, соопшти Министерството за здравство, пренесе Гардијан. Иран уште во јули ја воведе обврската за носење маска на затворени јавни простории, но без казни за прекршителите на оваа мерка. Маските сега се задолжителни и на отворен и на затворен јавен простор во Техеран. Рохани во телевизиско обраќање рече дека сите што ќе се најдат без маска ќе бидат казнети со 500 ријали, а заразените кои не биле во карантин ќе треба да платат два милиони ријали (речиси 2.000 американски долари). Британските медиуми пренесуваат дека од 3 октомври во Техеран се затворени училиштата, продавниците, рестораните и другите јавни институции. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nosenjeto-maska-na-otvoreno-stana-zadolzitelno-vo-teheran/feed/ 0