техничари и акушерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 May 2021 12:26:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png техничари и акушерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пендаровски денеска оствари средба со претставници на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-deneska-ostvari-sredba-so-pretstavnici-na-nacionalnoto-zdruzenie-na-medicinski-sestri-tehnichari-i-akusherki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-deneska-ostvari-sredba-so-pretstavnici-na-nacionalnoto-zdruzenie-na-medicinski-sestri-tehnichari-i-akusherki/#respond Thu, 20 May 2021 12:26:58 +0000 https://kurir.mk/?p=512942

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки, на која беше информиран за нивните заложби во професијата, со нивните визии за здравствената нега и заштита, како и за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат во нивната работа, особено во однос на едукацијата. Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, тие на средбата посочија дека се залагаат за унапредување на положбата на сестрите и акушерките во државата и нагласија дека инвестирањето во сестринството е одржлива инвестиција во здравството која придонесува за здравствена превенција како придобивка на граѓаните и општеството. Претседателот Пендаровски истакна дека изминатиов период, од почетокот на пандемијата на Ковид-19, здравствените работници заслужуваат огромна почит за нивната секојдневна работа. Претседателот им оддаде признание и се заблагодари за нивниот севкупен ангажман и порача дека, како што пандемијата на Ковид-19 ја направи повидлива нивната професија, така очекува и поддршката од институциите во иднина да биде поизразена и посилна. Претставниците на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки, кое е член на Светската здравствена организација и на Меѓународниот совет на медицински сестри, истакнаа дека лобираат на локално и национално ниво за да се развиваат политики со кои ќе се унапредува квалитетот на негата на пациентите и преку кои ќе се гради и вреднува важноста на сестрите и акушерките. Оваа средба, стои во соопштението, се реализира во месецот во кој се одбележуваат два значајни датума за медицинските сестри и акушерки, 5 мај – Меѓународен ден на акушерките и 12 мај – Меѓународен ден на медицинските сестри. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-deneska-ostvari-sredba-so-pretstavnici-na-nacionalnoto-zdruzenie-na-medicinski-sestri-tehnichari-i-akusherki/feed/ 0
Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки: Ние сме од витална важност, поддршка за протестот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-medicinski-sestri-tehnichari-i-akusherki-nie-sme-od-vitalna-vaznost-poddrshka-za-protestot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-medicinski-sestri-tehnichari-i-akusherki-nie-sme-od-vitalna-vaznost-poddrshka-za-protestot/#respond Tue, 17 Sep 2019 10:44:21 +0000 https://kurir.mk/?p=241609

Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија (ЗМСТАМ) го дига гласот против насилството на здравствените работници и го поддржува јавниот протест кој ќе се одржи во среда на 18 септември, инициран од АСМЛ. -Медицинските сестри и акушерки  како и другите здравствени професионалци кои се жртви на насилство не се одговорни и не се криви за насилството кое што го преживеале. Било какво насилство нема оправдување  е недозволиво  и претставува кршење на основните човекови права и треба да биде казниво за лицето кое го починило. Ние кои се грижиме за Вас, ги почитуваме вашите права, ве слушаме и разговараме со Вас, 24 часа се грижиме и ве негуваме, се обидуваме да ги разбереме луѓето од сите возрасти, вери и  култури. Ние кои се движиме напред секојдневно унапредувајќи се во полето на здравствената нега, за да ја зголемиме безбедноста на нашите пациенти Ви благодариме  и што секој ден и на секој чекор не критикувате, а ако некој ден не сме по ваша мерка  па и ние сме само луѓе.  Мeѓутоa  најостро  го осудуваме агресивното однесување и нападите врз нас. Мора да имаме меѓусебен однос на доверба и взаемно почитување - ЗАТОА ШТО СМЕ ОД ВИТАЛНА ВАЖНОСТ,  СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ И НЕГУВАЊЕ, А И МАЛКУ СМЕ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА, се наведува во нивното соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenie-na-medicinski-sestri-tehnichari-i-akusherki-nie-sme-od-vitalna-vaznost-poddrshka-za-protestot/feed/ 0