техничка влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 24 Jan 2022 11:43:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png техничка влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ поднесе Предлог закон за укинување на техничката Влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-podnese-predlog-zakon-za-ukinuvanje-na-tehnichkata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-podnese-predlog-zakon-za-ukinuvanje-na-tehnichkata-vlada/#respond Mon, 24 Jan 2022 11:43:37 +0000 https://kurir.mk/?p=622443

Македонија и нејзините граѓани не смеат повеќе да живеат во страв и неизвесност за својата иднина. На Македонија веднаш и се потребни итни предвремени парламентарни избори. За таа цел, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денес до Собранието денес поднесе Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за Влада на Република Македонија, изјави денеска Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија. Во продолжение интегрален текст од изјавата на Мицевски: -Со овој Предлог на Закон, ние предвидуваме и бараме бришење на одредбите од законот за начинот на избор на Владата кои предвидуваа сто дена пред одржувањето на парламентарни избори да се избере нова, преодна Влада. Во овој момент, кога се актуелни неколку кризи и кога владее општ хаос во државава, Македонија не смее и не може повеќе да губи ниту ден, а не пак сто дена за техничка Влада која што нема да реши ниту еден од проблемите со кои се соочуваат државата и граѓаните. Втората клучна интервенција во овој Предлог на Закон е тоа што предлагаме и бараме согласно Деловникот за работа на Собранието, овој Предлог на Закон да биде ставен како точка на дневен ред на 61-та седница на Собранието на Република Македонија која што треба да се одржи во среда, 26.01.2022 година. Токму од овие причини, овој Предлог на закон го поднесовме по скратена постапка. Дополнително, сакам да ја информирам јавноста дека денес на редовната понеделничка координација кај Претседателот на Собранието, ги понудивме овие измени на Законот за поддршка и потпис и до парламентарното мнозинство, но тие не се изјаснија по ова прашање. Очигледно тие се’уште немаат став и желба за надминување на оваа катастрофална состојба во која што се наоѓа Република Македонија. Очигледно, тие се плашат од гласот на народот и се плашат од брзи и предвремени парламентарни избори со кои што граѓаните ќе добијат народна, ефикасна и посветена Влада насочена исклучиво кон решавање на секојдневните проблеми на граѓаните. Оттука, ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ очекуваме барањето да се стави како точка на дневен ред на седницата која што ќе се одржи во среда, согласно Деловникот, да биде прифатено и да добиеме можност пред целата македонска јавност да дискутираме и аргументирано да дебатираме за оваа проблематика и за клучната потреба од измени на Законот за Влада. На крајот, би сакал уште еднаш да упатам порака до парламентарното мнозинство дека за Македонија и нејзините граѓани времето забрзано тече и немилосрдно работи против доброто и иднината на сите нас. Единствениот излез и решение за Македонија и сите нас се брзи предвремени парламентарни избори и народна Влада која што веднаш ќе ги засука ракавите и посветено ќе работи на излез од оваа безизлезна и катастрофална состојба, порача Мицевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-podnese-predlog-zakon-za-ukinuvanje-na-tehnichkata-vlada/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Пиунот Ковачевски да се охрабри, ајде на брзи избори без техничка влада, а за помалите партии една изборна единица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-piunot-kovachevski-da-se-ohrabri-ajde-na-brzi-izbori-bez-tehnichka-vlada-a-za-pomalite-partii-edna-izborna-edinica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-piunot-kovachevski-da-se-ohrabri-ajde-na-brzi-izbori-bez-tehnichka-vlada-a-za-pomalite-partii-edna-izborna-edinica/#respond Mon, 24 Jan 2022 07:44:27 +0000 https://kurir.mk/?p=622362

Пиунот Ковачевски да се охрабри, ајде на брзи избори без техничка влада, а за помалите партии една изборна единица, стои во денешното партиско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку Ковачевски има страв со техничка влада, нека не се плаши, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за нејзино укинување, еве му го Оливер Спасовски во МВР ќе му го држи стравот, само нека се охрабри. Ако пиунот Ковачевски верува во тоа што го зборува, тогаш тој нема да чека и ќе излезе на избори веднаш. Помалите партии кои имаа проблем со изборниот модел, ВМРО-ДПМНЕ директно ветува дека ќе поддржи една изборна единица, само нека излезат од владата и да се распишат избори веднаш. Ако ЛДП, ДОМ и ДС се искрени со своите гласачи, тие ќе го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја напуштат владата. Една изборна единица е заложба за која зборуваат со години, сега ќе ја имаат, доколку не излезат ќе покажат дека се било само за политички поени, а всушност се декор на мафијата СДСМ-ДУИ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-piunot-kovachevski-da-se-ohrabri-ajde-na-brzi-izbori-bez-tehnichka-vlada-a-za-pomalite-partii-edna-izborna-edinica/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Ајде на брзи избори без техничка влада, за малите партии понуда за една изборна единица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ajde-na-brzi-izbori-bez-tehnichka-vlada-za-malite-partii-ponuda-za-edna-izborna-edinica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ajde-na-brzi-izbori-bez-tehnichka-vlada-za-malite-partii-ponuda-za-edna-izborna-edinica/#respond Tue, 18 Jan 2022 07:49:39 +0000 https://kurir.mk/?p=620643

Ајде на брзи избори без техничка влада, за малите партии понуда за една изборна единица, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. ЛДП, ДОМ и ДС да не се кријат зад криминалните интереси, туку еве понуда за една изборна единица. Еве понуда да ја напуштат владата и да прифатат избори. Единствено важно за државата е излез од 4 кризи во кои ја втурна оваа гарнитура на СДСМ и ДУИ, и тие не се решение за тие кризи. До решавање и справување со кризите ќе дојде само со нова влада по спроведени парламентарни избори. Доколку пречка за СДСМ или ДУИ е техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара да дојде до промени во изборниот законик, но и за помалите партии кои како несогласување со СДСМ и ДУИ го посочија проблемот за една изборна единица. ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара по овие прашања, ако тоа гарантира предвремени избори, кои ќе бидат решение за проблемите и кризите, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ajde-na-brzi-izbori-bez-tehnichka-vlada-za-malite-partii-ponuda-za-edna-izborna-edinica/feed/ 0
Заев и Ахмети сами ќе ја укинуваат техничката влада која се формираше по барање на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-ahmeti-sami-kje-ja-ukinuvaat-tehnichkata-vlada-koja-se-formirashe-po-baranje-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-ahmeti-sami-kje-ja-ukinuvaat-tehnichkata-vlada-koja-se-formirashe-po-baranje-na-sdsm/#respond Tue, 18 Aug 2020 15:45:17 +0000 https://kurir.mk/?p=392311

Во најавата за формирање на новата влада, лидерот на СДСМ, Зоран Заев напомена дека ќе ја укинуваат техничката влада. Оваа влада за првпат беше воспоставена на барање на СДСМ пред изборите во 2016 година кога тие беа во опозиција, пишува Република. Тогаш СДСМ сметаше дека немаат фер услови за избори па затоа четирите лидери, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи договорија да се формира техничка или т.н Пржинска влада.Договорот беше постигнат во населбата Пржино на 2 јуни 2015 година во амбасадата на тогашниот ЕУ амбасадор Аиво Орав комесарот Хан и амбасадорот на САД Џес Бејли. Тоа значеше дека во владата ќе влезат технички министри на СДСМ, од кои најважно беше минитерствтото за внатрешни работи, но и повлекување на премиерот Груевски на сто дена до изборите закажани за 15 април. Така и бидна, Груевски се повлече во јануари,но СДСМ бегаше од избори најпрвин во април, а потоа и во јуни.Избори имаше дури во декември 2016 година. Влада не се формираше до јуни 2017 година па техничка влада имаше речиси година и половина наместо предвидените три месеци. По втор пат, техничката влада се формираше на почетокот на јануари оваа година кога Заев си поднесе оставка и на негово место дојде Оливер Спасовски.Во владата влегоа министри на ВМРО-ДПМНЕ и таа трбаше да функционира до април за кога беа закажани изборите. Но, тие се одложија поради короната и оваа влада ќе функционира до формирањето на новата власт. Оваа техничка влада функционираше и во вонредна состојба поради корона кризата. Се поставува прашањето како Заев и Ахмети мислат да ја укинуваат техничката влада која беше изгласана во договор со сите партии и дали за тоа ќе има согласност од ВМРО-ДПМНЕ и останатите партии?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-i-ahmeti-sami-kje-ja-ukinuvaat-tehnichkata-vlada-koja-se-formirashe-po-baranje-na-sdsm/feed/ 0
Собранието ја избра новата техничка влада: Ова се замениците на министрите и дополнителните заменици министри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ja-izbra-novata-tehnichka-vlada-ova-se-zamenicite-na-ministrite-i-dopolnitelnite-zamenici-ministri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ja-izbra-novata-tehnichka-vlada-ova-se-zamenicite-na-ministrite-i-dopolnitelnite-zamenici-ministri/#respond Fri, 03 Jan 2020 19:03:50 +0000 https://kurir.mk/?p=285366

Собранието на Република Македонија со 101 глас „за“, без воздржани и против ја избра новата техничка влада, која треба да ги организира предвремените парламентарни избори на 12-ти април согласно договорот на политичките партии. Премиер во техничката Влада е Оливер Спасовски. На предлог на Спасовски, Собранието денеска ги именуваше замениците министри и дополнителните заменици на министрите во Владата. Министер за внатрешни работи во техничката Влада е Наќе Чулев, а министер за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, кои се предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија предложи и дополнителни заменици министри во земјоделство, информатичко општество и администрација и во финансии. СДСМ предложи дополнителни заменици министри во министерствата за внатрешни работи и во труд и социјална политика. Замениците министри ќе бидат избрани на нова седница. На именувањето на замениците и дополнителните заменици на министрите во Владата, му претходеше обраќање на  Спасовски во кое тој ја образложи предлог листата за заменици на министрите и за дополнителни заменици. Врз основа на членот 94 од Уставот на Република Македонија, како и врз основа на членовите 42, 43, и 44 од Законот за Владата на Република Македонија, тој му предложи на Собранието на за заменици на министрите во Владата да ги именува: Беким Максути, за заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана; Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи; Оливер Ристовски, за заменик на министерката која раководи со Министерството за правда; Неџад Мехмедовиќ, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците; Андреј Жерновски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи; Ширет Елези, за заменичка на министерката која раководи со Министерството за финансии; Кирил Колемишевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија; Благе Цветковиќ, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство; Арменд Арслани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство; Елизабета Наумовска, за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука; Ѓонул Бајрактар, за заменик на министерката која раководи со Министерството за труд и социјална политика; Дејан Павлевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа; Владимир Лазовски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за култура; Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација; Садик Беќири, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски; и Јани Макрадули, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање. За дополнителни заменици на министри во соодветните министерства Славјанка Петровска, за дополнителна заменичка на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи; Санела Шкријељ, за дополнителна заменичка на министерката која раководи со Министерството за труд и социјална политика; Гордана Димитриеска Кочоска, за дополнителна заменичка на министерката која раководи со Министерството за финансии; Цветан Трипуновски, за дополнителен заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство; и Невенка Стаменковска, за дополнителлна заменичка на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ja-izbra-novata-tehnichka-vlada-ova-se-zamenicite-na-ministrite-i-dopolnitelnite-zamenici-ministri/feed/ 0
Претседателот Пендаровски ги прими членовите на новиот состав на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-gi-primi-chlenovite-na-noviot-sostav-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-gi-primi-chlenovite-na-noviot-sostav-na-vladata/#respond Fri, 03 Jan 2020 18:48:28 +0000 https://kurir.mk/?p=285363

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги прими членовите на новиот состав на преодната Влада за спроведување на избори на пратеници. Пендаровски го честиташе изборот на новиот владин состав и изрази очекување во овие историски моменти за нашата држава, кога треба да се заокружи полноправното членство во НАТО и да се одреди датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, да го потврдиме демократскиот капацитет на Македонија и да се спроведат предвремените парламентарни избори во фер и демократска атмосфера.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-gi-primi-chlenovite-na-noviot-sostav-na-vladata/feed/ 0
Трипуновски: Влегуваме во институциите и ќе работиме на постигнување на стандарди за да обезбедиме фер и демократски избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-vleguvame-vo-instituciite-i-kje-rabotime-na-postignuvanje-na-standardi-za-da-obezbedime-fer-i-demokratski-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-vleguvame-vo-instituciite-i-kje-rabotime-na-postignuvanje-na-standardi-za-da-obezbedime-fer-i-demokratski-izbori/#respond Fri, 03 Jan 2020 18:32:53 +0000 https://kurir.mk/?p=285353

Нема поголема одговорност од таа да се служи на граѓаните и да се работи за Република Македонија, особено во време кога државата стагнира,  кога назадува и кога е во слепа улица заради сите штетни и погрешни политики, изјави Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер на МЗШВ. -За жал Македонија денес има криминализирано општество, преполно со корупција, недоследности и неправди. Да бидеме искрени, оваа техничка влада не е влада која што ќе направи чуда ниту пак ќе може да ги реши проблемите напластени со години на стагнација, но јас и моите колеги до мене ветуваме беспоштедна работа со која што ќе обезбедиме волјата на граѓаните да биде изразена во слободни и фер избори. Оваа техничка влада има за број еден цел да ја заштити волјата на граѓаните и да овозможи заштита на нивните права и слободи. Денес Зоран Заев повеќе не е премиер, но неговата оставштина на погрешни чекори и политики сеуште владее во земјава. Добрата вест е што секој еден граѓанин во секој еден од нас може да најде заштитник и борец за неговите права и интереси, рече тој. Трипуновски порача дека Заев е поразен, но неговиот систем треба да се порази на избори. -Воедно реалноста говори дека во овие моменти се врши масовна партизација во администрацијата, а непотизмот се шири како зараза низ Република Македонија. Илјадници решенија за прераспределба се испечатени во Министерството за внатрешни работи. Деградирани се професионалци на сметка на партиски и политички решенија. Наместо професионализација, се прави груба и безобразна партизација. А, Македонија нема повеќе години за трошење на истите работи кои како камен околу вратот и тежат и ја влечат надоле. Потребна е итна борба против криминалот и галопирачката корупција. Мора да престанат притисоците врз земјоделците, да се пресретнат информациите на отворено корумпирање на власта врз гласачите. Потребна е борба против кои се загрозуваат ранливите категории граѓани, борба против безредието и хаосот кој што владее, борба против оние кои поради профитерски причини се во политиката. Од денес влегуваме во институциите и ќе работиме на постигнување на стандарди, за да обезбедиме заштита на волјата на народот и да биде кажана на фер и слободни избори. После 12-ти април доаѓа вистинската обнова во Република Македонија, порача дополнителниот заменик министер на МЗШВ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-vleguvame-vo-instituciite-i-kje-rabotime-na-postignuvanje-na-standardi-za-da-obezbedime-fer-i-demokratski-izbori/feed/ 0
Собранието ја избра техничката Влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ja-izbra-tehnichkata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ja-izbra-tehnichkata-vlada/#respond Fri, 03 Jan 2020 16:53:01 +0000 https://kurir.mk/?p=285312

Собранието на Република Македонија со 101 глас „за“, без воздржани и против ја избра новата техничка влада, која треба да ги организира предвремените парламентарни избори на 12-ти април согласно договорот на политичките партии. Премиер во техничката Влада е Оливер Спасовски. Спасовски во експозето пред пратениците истакна дека нашата држава се наоѓа во исклучително значаен период кога од нас се очекува непречено функционирање на сите институции. -Ова е време кога треба да се организираат фер и демократски избори, но и да се завршат активностите за членство во НАТО и во ЕУ, рече тој. Токму затоа предводењето на Владата во ваков период за него, како што рече, претставува силен предизвик и голема лична, професионална и политичка одговорност. Спасовски до Собранието достави програма за работа на Владата, чија основна цел е организирање  фер и демокрарски избори. Според Програмата за работа што Спасовски ја достави до Собранието, Владата во периодот до изборот на следната политичка влада за свои стратешки приоритети ги потврдува успешно организирање слободни фер и демократски предвремени парламентарни избори, полноправно членство на РМ во НАТО, успешно започнување и водење на пристапните преговори со ЕУ, развој на економијата, зголемување на продуктивното вработување и подигнување на животниот стандард на граѓаните, реформи во правосудството, целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор и градење на граѓанска држава и етничка кохезија врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување, намалување на аерозагадувањето, одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупцијата, јакнење на владеењето на правото преку непристрасно и недискриминирачко спроведување на законите, изградба на независни институции и функционален систем на локална самоуправа и реформи во образованието и инвестирање во иновации и информатика технологија. Промени во составот во однос на последната Влада на премиерот Зоран Заев, кој утрово поднесе оставка, има само во делот на предложените министри и заменици од ВМРО-ДПМНЕ, како и на вицепремиерското место за економски прашања. На местото на Кочо Анѓушев, кој поднесе оставка, ќе биде Мила Царовска, која беше министерка за труд и социјална политика. Министер за внатрешни работи во техничката Влада е Наќе Чулев, а министер за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, кои се предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија предложи и дополнителни заменици министри во земјоделство, информатичко општество и администрација и во финансии. СДСМ предложи дополнителни заменици министри во министерствата за внатрешни работи и во труд и социјална политика. Замениците министри ќе бидат избрани на нова седница. За време на седницата според договорот на парламентарните групи зборуваа Артан Груби од ДУИ, Панчо Минов, независен пратеник, координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски. Артан Груби од ДУИ истакна дека за него и за неговата партија ова беше најуспешниот мандат досега со реализирани 100 отсто од нивните партиски и програмски приоритети- воведување двојазичност на целата територија на земјата, решавање на спорот со името, договорот со Бугарија, првпат претседател на Собранието стана Албанец, како и на ФФМ, да влеземе во НАТО, платите се зголемени, минималната плата е зголемена, се зголеми бројот на вработувањата, формирана е Агенција за спроведување на албанскиот јазик, формиран е национален ансамбл на Албанците, спроведена е Декларацијата на Албанците…Груби изрази надеж дека сега во заедничката влада со опозицијата ќе бидат донесени некои клучни закони како оној за администраицијата. Фокус во следниот период за нив ќе биде селективната правда, борбата против корупцијата и криминалот и ветингот. Јован Митревски од СДСМ посочи на достигнувањата на последната Влада на сега веќе поранешниот премиер Зоран Заев, како намалување на невработеноста на 17,1 отсто, достигнување на економскиот раст над 3,6 отсто… -Сега живееме во нормална демократска држава. Направивме многу во краток период и во исклучително тешки услови, рече Митревски. Следните 3,5 месеци до изборите се надева дека нема да бидат потрошени само за изборна кампања и залудно и дека ќе се организираат фер и демократски избори, но оти, исто така ќе продолжат економскиот раст и реформите, особено во правосудството. За тоа, според Митревски, сега одговорност ќе имаат и министрите од ВМРО-ДПМНЕ. Независниот пратеник Минов рече дека очекува оваа преодна влада да изгласа промена на изборниот модел и отоврени листи за следните избори и да биде донесен законот за јавно обвинителство. Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека според образованието и подготвеноста, новите министри предложени од неговата партија ќе можат да се „носат“ со целата предложена Влада од страна на Спасовски. -Како дојдовте, така ќе си одите. Дојдовте со техничка влада, ќе си одите со техничка влада, рече Димовски. Според него, Спасовски со оваа функција си отвора пат, по „поразот на изборите на 12 април“ да биде претседател на СДСМ. Димовски ја критикуваше работата на претходната Влада на Заев, како и работата на Спасовски како министер за внатрешни работи. Министрите во новата Владата дадоа свечени изјави, а во 18 часот ќе почне собраниската седница на која треба да бидат избрани дополнителните заменици-министри. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ja-izbra-tehnichkata-vlada/feed/ 0
Седницата почна, се избира составот на новата техничка Влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednicata-pochna-se-izbira-sostavot-na-novata-tehnichka-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednicata-pochna-se-izbira-sostavot-na-novata-tehnichka-vlada/#respond Fri, 03 Jan 2020 16:03:33 +0000 https://kurir.mk/?p=285295

Собранието на Република Македонија ја започна 128. седница за избор на новата техничка влада, која треба да ги организира предвремените парламентарни избори на 12 април согласно договорот на политичките партии. Мандатар на новата влада е Оливер Спасовски, досегашен вицепремиер и министер за внатрешни работи, кој до Собранието достави предлог за состав на новата влада и програма за нејзина работа. Спасовски во експозето пред пратениците истакна дека нашата држава се наоѓа во исклучително значаен период кога од нас се очекува непречено функционирање на сите институции. -Ова е време кога треба да се организираат фер и демократски избори, но и да се завршат активностите за членство во НАТО и во ЕУ, рече тој. Токму затоа предводењето на Владата во ваков период за него, како што рече, претставува силен предизвик и голема лична, професионална иполитичка одговорност. Според Програмата за работа што Спасовски ја достави до Собранието, Владата во периодот до изборот на следната политичка влада за свои стратешки приоритети ги потврдува успешно организирање слободни фер и демократски предвремени парламентарни избори, полноправно членство на РМ во НАТО, успешно започнување и водење на пристапните преговори со ЕУ, развој на економијата, зголемување на продуктивното вработување и подигнување на животниот стандард на граѓаните, реформи во правосудството, целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор и градење на граѓанска држава и етничка кохезија врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување, намалување на аерозагадувањето, одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупцијата, јакнење на владеењето на правото преку непристрасно и недискриминирачко спроведување на законите, изградба на независни институции и функционален систем на локална самоуправа и реформи во образованието и инвестирање во иновации и информатика технологија. Во техничката или преодна Влада министерски места имаат најголемите политички партии, вклучувајќи ја и опозицијата. Промени во составот во однос на последната влада на премиерот Зоран Заев, кој утрово поднесе оставка, има само во делот на предложените министри и заменици од ВМРО-ДПМНЕ, како и на вицепремиерското место за економски прашања. На местото на Кочо Анѓушев, кој поднесе оставка, ќе биде Мила Царовска, која беше министерка за труд и социјална политика. Министер за внатрешни работи во техничката Влада ќе биде Наќе Чулев, а министер за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, кои се предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија предложи и дополнителни заменици министри во земјоделство, информатичко општество и администрација и во финансии. СДСМ предложи дополнителни заменици министри во министерствата за внатрешни работи и во труд и социјална политика. Замениците министри ќе бидат избрани на нова седница.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednicata-pochna-se-izbira-sostavot-na-novata-tehnichka-vlada/feed/ 0
Пленарната седница за избор на техничката влада закажана за 16:30 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/plenarnata-sednica-za-izbor-na-tehnichkata-vlada-zakazana-za-16-30-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/plenarnata-sednica-za-izbor-na-tehnichkata-vlada-zakazana-za-16-30-chasot/#respond Fri, 03 Jan 2020 15:04:41 +0000 https://kurir.mk/?p=285282

Собранието на Република Македонија во 16:30 часот треба да ја започна седницата за избор на новата техничка влада, која треба да ги организира предвремените парламентарни избори на 12 април. Мандатар на новата влада е Оливер Спасовски, досегашен вицепремиер и министер за внатрешни работи, кој до Собранието достави предлог за состав на новата влада и програма за нејзина работа. Претседателот на државата Стево Пендаровски попладнево му го врачи мандатот на Спасовски, а претходно на 127. седница беше констатирана оставката на премиерот Зоран Заев. Во преодната влада, според Пржински модел, министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика ќе има и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/plenarnata-sednica-za-izbor-na-tehnichkata-vlada-zakazana-za-16-30-chasot/feed/ 0