технички министер за внатрешни работи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Jan 2020 13:11:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png технички министер за внатрешни работи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски нема да дозволи Заев да избега од избори, денеска ќе предложат нов кандидат за МВР https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-nema-da-dozvoli-zaev-da-izbega-od-izbori-deneska-kje-predlozat-nov-kandidat-za-mvr/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-nema-da-dozvoli-zaev-da-izbega-od-izbori-deneska-kje-predlozat-nov-kandidat-za-mvr/#respond Thu, 02 Jan 2020 13:11:58 +0000 https://kurir.mk/?p=284800

Во текот на денешниот ден ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи ново име за технички министер за внатрешни работи со цел, како што денеска изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, да не и дозволат на СДСМ да избега од избори. Тој на прес-конференција рече дека станува збор за професионалец и оти јавноста наскоро ќе го дознае неговото име. – Чекам на последните консултации со Заев, уште еднаш да поразагораваме и да се консултираме, рече Мицкокси, додавајќи дека нема да има средба, туку телофонски консултации. Додаде дека можеби и овој пат СДСМ ќе најде забелешка на изборот само за да избега од избори, но се надева дека разумот ќе надвладее. Тој нагласи дека за новиот министер за внатрешни работи ќе се консултира и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. ВМРО-ДПМНЕ претходно го предложи Драган Ковачки за нов технички министер за внатрешни работи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-nema-da-dozvoli-zaev-da-izbega-od-izbori-deneska-kje-predlozat-nov-kandidat-za-mvr/feed/ 0
За СДСМ Уставот е „по потреба“ – Некогаш го газат, друг пат се колнат во него https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-sdsm-ustavot-e-po-potreba-nekogash-go-gazat-drug-pat-se-kolnat-vo-nego/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-sdsm-ustavot-e-po-potreba-nekogash-go-gazat-drug-pat-se-kolnat-vo-nego/#respond Mon, 30 Dec 2019 12:34:09 +0000 https://kurir.mk/?p=283859

Уставен или неуставен е предлогот полковникот Драган Ковачки да биде технички министер за внатрешни работи? Ова прашање веќе три дена се наметнува во јавноста откако ВМРО-ДПМНЕ го предложи Ковачки како професионалец, а СДСМ сака да го оспори повикувајќи се на неуставност. Ваквата игра на СДСМ јавноста ја смета за нов обид на власта да избега од превремените парламентарни избори. Како аргументација за неуставноста на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, министерката за правда, Рената Дескоска, се повика на членот 97 од Уставот, па не можејќи да најдат црна дамка во кариерата на предложениот кадар актуелната власт влегува во правни толкувања и ја презема улогата на уставен судија. И во минатото постојат вакви случаи, но тогаш немало никаква реакција од сега најгласните. Не се реагирало на истиот принцип при именувањето на заменикот на Радмила Шекеринска во министерството за одбрана, Беким Максути, кој пред да стапи на функција бил потполковник. Професорот Александар Даштевски во изјава за Курир вели дека СДСМ многупати досега не водел сметка за Уставот и истиот го прекршувал. Смета дека, според досегашната пракса предлогот треба да се прифати. -Да не заборавиме дека Пржинскиот договор е политички договор, по предлог на тогашната опозиција предводена од СДСМ. Тоа значи дека не се водело сметка за Уставот. Доказ за тоа е СЈО за кое сите знаеме дека тоа беше противуставна институција и имаше неколку иницијативи до Уставниот суд да се произнесе, иако тогаш опозицијата, а сега власта тврдеше дека тоа е резултат на политички договор, па поради консензусот на политичките партии, не треба да се произнесува Уставниот суд. Таканаречената „пржинска влада“ е исто така резултат на тој политички договор, па по правило треба да се прифати од политичките партии, како што беше направено со СЈО за кое сега гледаме дека беше фатална грешка, токму поради изборот на кадрите (затоа се предлага врвен професионалец во МВР) а потоа да се испитува уставноста, анализира професорот Даштевски. Тој вели дека се работи за една состојба која не е резултат на нормални туку на вонредни услови. -Сметам дека тоа треба попрецизно да се регулира во иднина, за да нема легално правни дилеми околу тие прашања. Што се однесува до тоа колку пати го прекршила Уставот владејачката пратија на чело со Зоран Заев, тешко е да се каже, бидејќи има многу прекршувања. Можам да ги наведам само оние кои нанесоа сериозна штета на демократијата, владеење на правото и виталните национални интереси на државата. Противуставен и спротивно на Деловникот на работата на Собранието беше избран претседателот на Собранието, противуставен е Преспанскиот договор со кој се укина постоењето на македонската нација, како еден од основните елементи на државата, противуставен беше факултативниот референдум, противуставно или насилно беше сменет Уставот на Република Македонија и конечно противуставен е „Законот за јазици“, за кој има официјална потврда од Венецијанската комисија. Дали тоа не е повеќе од доволно? На персоналните решенија не би се осврнувал, а ги има многу, дециден е Даштевски.

БОНУС: Светска пракса - Професионалците се најдобри министри во безбедносниот сектор

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-sdsm-ustavot-e-po-potreba-nekogash-go-gazat-drug-pat-se-kolnat-vo-nego/feed/ 0