технички преглед – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 29 Oct 2022 10:10:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png технички преглед – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МВР: 84 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 26 возила се упатени на вонреден технички преглед https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-84-sankcii-za-avtobusi-shto-vrshat-prevoz-na-uchenici-26-vozila-se-upateni-na-vonreden-tehnichki-pregled/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-84-sankcii-za-avtobusi-shto-vrshat-prevoz-na-uchenici-26-vozila-se-upateni-na-vonreden-tehnichki-pregled/#respond Sat, 29 Oct 2022 10:10:59 +0000 https://kurir.mk/?p=752300

Во текот на влерашниот ден (28.10.2022) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата приведени се две лица поради нарушување на јавниот ред и мир, одземен е боксирач, а констатирани се и 84 сообраќајни прекршоци. Од нив 26 возила се испратени на вонреден технички преглед , а изречени се пет санкции за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила... Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-84-sankcii-za-avtobusi-shto-vrshat-prevoz-na-uchenici-26-vozila-se-upateni-na-vonreden-tehnichki-pregled/feed/ 0
Возачи внимавајте: За 4 часа 75 товарни моторни возила упатени на вонреден технички преглед https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vozachi-vnimavajte-za-4-chasa-75-tovarni-motorni-vozila-upateni-na-vonreden-tehnichki-pregled/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vozachi-vnimavajte-za-4-chasa-75-tovarni-motorni-vozila-upateni-na-vonreden-tehnichki-pregled/#respond Thu, 20 Oct 2022 10:00:15 +0000 https://kurir.mk/?p=748279

Во текот на вчерашниот ден (19.10.2022) во периодот од 10.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила. При контролата 75 товарни моторни возила биле упатени на вонреден технички преглед од кои неисправни биле 34 и тоа: 13 поради техничка неисправност на уредот за запирање, девет за неисправни системи и опрема, четири за претовар, едно возило било со неисправен уред за управување... Во однос на возачите: 18 возачи бесправно управувале со возило, двајца возачи управувале возило за време на впишана прекршочна санкција "забрана за управување"... При контролата санкционирани се и 94 останати прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, потенцираат од МВР.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vozachi-vnimavajte-za-4-chasa-75-tovarni-motorni-vozila-upateni-na-vonreden-tehnichki-pregled/feed/ 0
Отворена постапка – се испитува зошто со месеци се чекало да се затвори техничкиот преглед во кој поминал и автобусот на „Беса транс“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-postapka-se-ispituva-zoshto-so-meseci-se-chekalo-da-se-zatvori-tehnichkiot-pregled-vo-koj-pominal-i-avtobusot-na-besa-trans/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-postapka-se-ispituva-zoshto-so-meseci-se-chekalo-da-se-zatvori-tehnichkiot-pregled-vo-koj-pominal-i-avtobusot-na-besa-trans/#respond Thu, 05 May 2022 14:26:47 +0000 https://kurir.mk/?p=672452

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција истражува зошто во Министерството за внатрешни работи со месеци го чувале во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, во која на последна контрола бил и автобусот на „Беса транс“ што изгоре во Бугарија и изгореа 45 патници. Информацијата ја објави „360 степени“, а за „Фокус“ ја потврдија официјално од обвинителството. – Предистражната постапка во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е започната во текот на вчерашниот ден. Во моментов се прибира документацијата што е неопходна за расчистување на случајот. Со оглед на тајноста на предистражната постапка во моментов не можат да се споделат повеќе детали, велат од Обвинителството. Решението за забрана за работа, кое „360 степени“ го стави на увид на јавноста, е потпишано од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на 26 ноември 2021 г. (три дена по несреќата на автобусот на „Беса транс“ во Бугарија). Од документот се гледа дека неправилности во работата на станицата за технички преглед во село Глумово, Општина Сарај, биле откриени уште на 12 август 2021 г., но од засега необјаснети причини, министерот Спасовски не потпишал решение за привремена забрана за работа – до отстранување на пропустите, иако таков предлог бил изготвен од соодветните служби во Бирото за јавна безбедност. Во меѓувреме, на 5 октомври 2021 г., автобусот на „Беса транс“ што изгоре во Бугарија и со себе однесе 45 животи, поминал на технички преглед токму во оваа станица. Освен оваа постапка во исто време во скопското обвинителство во тек е предистражната постапка којашто се однесува на евентуални други пропусти од институциите надлежни да ја контролираат работата на „Беса транс“. До овој момент, Јавното обвиителство нема сознанија дека сопственикот на фирмата е недостапен на органите на прогонот, односно во текот на досегашната постапка тој соработувал со истражните органи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-postapka-se-ispituva-zoshto-so-meseci-se-chekalo-da-se-zatvori-tehnichkiot-pregled-vo-koj-pominal-i-avtobusot-na-besa-trans/feed/ 0
ОЈО истражува зошто во МВР со месеци се чувало во фиока решението за забрана за работа на станицата „Виа комерц“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ojo-istrazuva-zoshto-vo-mvr-so-meseci-se-chuvalo-vo-fioka-reshenieto-za-zabrana-za-rabota-na-stanicata-via-komerc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ojo-istrazuva-zoshto-vo-mvr-so-meseci-se-chuvalo-vo-fioka-reshenieto-za-zabrana-za-rabota-na-stanicata-via-komerc/#respond Tue, 18 Jan 2022 17:19:55 +0000 https://kurir.mk/?p=620830

Зошто забраната за работа на станицата е издадена веднаш по несреќата во Бугарија, а не три и пол месеци претходно кога бил изготвен таков предлог од надлежните служби? И покрај неколкуте наши обиди да добиеме објаснување од МВР, до денеска овој владин ресор не одговори на ниту едно прашање на „360 степени“ поврзано со темата. Основното јавно обвинителство Скопје истражува зошто во МВР повеќе од три месеци го чувале во фиока решението за привремена забрана за работа на станицата за технички преглед „Виа комерц“, во која на последна контрола бил и автобусот што изгоре во Бугарија. Министерот Оливер Спасовски и неговиот кабинет и натаму молчат – зошто станицата е затворена веднаш по трагедијата во Бугарија, иако пропустите во работата биле откриени многу порано. По сторијата на „360 степени“, одговори побараа и дел од партиите. „Поддржување министер кој три месеци во фиока го чува предметот за затворање на станицата за технички преглед, во која бил регистриран и кобниот автобус на „Беса Транс“, порача Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската дебата за избор на новата Влада. „Спасовски мора да каже зошто дозволил оваа станица да работи уште три и пол месеци по констатираните неправилности и до кога мислел да дозволи да работи?“ праша Зулфи Адили од Алијанса за Албанците. Дали и зошто се тактизирало? За едно возило да може да учествува во сообраќајот мора да помине низ процесот на технички преглед, осигурување, регистрација… Вакви услуги до неодамна нудеше и компанијатата „Виа Комерц – Џемаљ“ во скопско Глумово. Тука, во октомври, последна контрола минал и автобусот на „Беса транс“, кој изгоре во Бугарија на крајот на ноември при што загинаа 45 лица. Три дена по трагедијата, без да биде информирана јавноста, Спасовски привремено ја ставил компанијата под клуч. Пред четири дена, станицата се уште беше затворена. Целиот текст можете да го прочитате ТУКА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ojo-istrazuva-zoshto-vo-mvr-so-meseci-se-chuvalo-vo-fioka-reshenieto-za-zabrana-za-rabota-na-stanicata-via-komerc/feed/ 0